1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)оправдана грижа за своите ќерки

Дискусија во 'Дете' започната од Bitter-Sweet, 19 јуни 2018.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Кога ќе напуниш 18 ништо никој не дозволувај да ти кажува така ке се навикнеш прво татко после маж биди своја и независна живеј по свое ништо не се мора.Ислушај совет и терај по свое.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Не дека нешто ми е забрането, само се грижат и сакаат да знаат каде сум и со кого, толку. Не ми е мене проблем тоа верувај :) И секако сум си своја личност и ги донесувам повеќето одлуки сама :)
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda и Lolo5 им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Да ама утре и мажот ти и дечкоти кога ќе те прашуваат кај си со кого си ке мислиш дек а е океј и дека се грижат ама тоа е повеќе да бидат над некој не грижа така да нема што испрашување... Со мене дома не се замараај од како ве прочитав дури сум и среќна од некоја страна сама буткам сама си најдов работа сама се, одам на одмор имам дечко. :D :D Дури сум и благодарна што не посветуваа грижа толкава за мене не дека не ме сакаат ама не се грижат на тој начин бидејќи сум самосталнаа личност и за пари и за се.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.222
    Допаѓања:
    259.948
    Пол:
    Женски
    Не постои родител кој не се грижи за своите деца без разлика машко или женско.
    Посебно кога се во таква возраст од тинејџерсто па и понатака,децата секогаш ќе бидат деца на своите родители без разлика на возраста.Грижата треба да е подеднаква и за двата пола:и едните и другите можат да бидат жртва на педофили,на сексуални или психолошки манипулатори ,на лошото друштво,алкохол,дрога....
    Можеби претеруваме како родители понекогаш ама тоа ние во менталниот сколоп,едноставно не можеш против тоа. Еве јас како родител на две женски деца на возраст од 17 и 13 години признавам дека претерувам понекогаш и знам дека сум досадна во зборување и кажување што како ,ама не за ништо велат:да не ти се случи тоа што мајка ти мисли туку тоа што партнер/ка мисли.Знам дека воглавном не ме слушаат и разбираат но еден професор на еден семинар еднаш рече :по 2% од се да ви остане во глава добро е ,па и јас се надевам на истото барем....
    Ми падна во очи тоа што некој спомна на 19 години едвај и дозволиле да има дечко;па зарем има некоја млада личност уште што тоа го прашува:мамо смеам ли да фатам дечко еден ми се удвара?! А бре пред 25 години ние на 15/16 имавме дечко и никого не прашувавме па сега овие денешниве кои се толку самостојни во одлуките...
     
    На mal.ecka, M&M, marchi-cool и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Значи каде ја отеравте работава. Прашањата што ги има девојчето од родителите се нормални. Не бе ајде. Распашана команда. Оди каде сакаш и со кого сакаш. Ич не морам да знам каде си. Тоа нема врска со самосталноста. Ами има врска со градење доверба родител-дете. И јас имав такви прашања од моите. Па еве гледам сега маж ми ме контролира. :rofl:
    Дај не претерувајте. Нема такво правило.
     
    На M&M, Rebecca_R, marchi-cool и 12 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Ја сфаќам грижата, ама ја сфаќам и потребата за слобода.
    Јас сум била како под клуч до касно средно, додека еден ден сама не пресеков. Им требаше на моите да се привикнат ама ете конечно видоа кој човек сум подалеку од правилата. Не можам да се жалам како сите примери со браќата тука. Брат ми е едно десет години помал од мене, па сега почнува да излегва и сега него го држат под катанец. :D И од денешен аспект, не го сфаќам само него и како му е тешко шо не е слободен, туку ги сфаќам и моите, нивната загриженост зошто истата ја осеќам и јас секој пат кога е излезен и треба да пробвам јас, а воедно да ја терам и мајка ми да не му јавува на секој сат зошто сепак е греота тој, ама тука е грутката на грижа.
     
    На cresa-jagoda, Lolo5, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Значи ако веќе ме цитирате прво читајте ги сите мои постови тука.
    Моите синови се 2 и 4 години, така да...
    Секако дека ги воспитувам што да (не)прават во игра со дечињата, но од мојот муабет за ГРИЖА за децата ептем во друга насока тргнаа муабетиве!

    Секако дека ни јас нити која и да е мајка не сака да и биде синот обвинет за силување нити па постои кантар за мерење кој грев е поголем!
    Мојата изјава за бременоста ја дадов не како личен став туку како општоприфатен по основ темата.
    Секако дека е шок и да ти дојде тинејџерот син и да ти каже дека девојката му е трудна колку што е шок и да ти дојде тинејџерката ќерка и да ти каже дека е трудна :!: ама упс, НЕ Е ИСТО! може да ја силувале па да затрудне, да е од некој со кого одела а ја лажел и има жена, да е трудна од секс за една ноќ со непознат, да и рече дечко и баш ми е гајле и сл.

    На крај, сите ќе се сложиме дека родителите од моментот кога ќе ги фатат за прв пат па се дур се живи ќе се грижат за своите деца та биле машки та биле женски.

    И колку и да се модернизира и оди напред светот, сепак секогаш ќерќите ќе бидат покревкиот пол.

    За крај, колку и лошо да звучи, морам, ама морам да речам : кога ќе станете родители ќе може да го разберете ова
     
    На mal.ecka, M&M, m.i.g и 4 други им се допаѓа ова.
  8. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    Би било убаво кога родителите наместо да ги заштитуваат своите ќерки од момчињата, ќе почнат да ги воспитуваат своите синови како треба да почитуваат и сакаат една жена. Тогаш ситуацијата би имала поинаков тек.
     
    На WildMk, Lolipop23, SummerGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Од каде заклучи дека не ги воспитуваме? :^)

    И педофилот е од мајка роден. Таа е крива шо е таков? И оние кои киднапираат женски за бело робје исто така. И оние кои силуваат. И сериските убици. Мајките се криви?
     
    На mal.ecka, M&M и DAngel им се допаѓа ова.
  10. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Едно е грижа друго е да се претерува. Се што е претерано не чини.

    Мене дома никогаш не ме контролирале премногу и за тоа сум благодарна. Посамостојна сум и поснаодлива.

    Детето не е куче па да го врзиш. Со разговор се учи а не со забрани.
    Не е битно машко или женско, секое дете треба да се контролира ама се во границите.
     
    На WildMk, Lella, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    А демек сите жени се научени како се почитува и сака маж. :rofl: :rofl: Не ги ставај сите во еден кош ако си била повредена од еден. Јас мислам дека е далеку подобро да почнат да си ги воспитуваат децата без разлика на полот. Ако светот денес тежнее кон потполна еднаквост помеѓу половите зошто некој би имал посебна почит кон жената од онаа кон мажот?
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  12. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    Секоја личност е личност сама за себе, но неретко примерот земен од родителите влијае доста во изградбата на персоната. Домашно насилство на маж врз жена може да има два исходи: едниот е детето да го земе истиот пример од својот родител, а другиот е да научи дека е погрешен. Но поголема е веројатноста ако детето порасне во семејство без насилство истото да не биде насилно во иднина. Велам поголема, но не и исклучена! Важно е од сам старт на детето да му се посочат вистинските вредности во животот.


    Не сум била повредена физички никогаш поради тоа што моите ме воспитале кога треба да заминам од некој и да ставам крај. Ако зборуваме за физичко насилство, силување и омаловажување жените се далеку послаби за да ги извршат овие акти. Сум слушнала маж да силува жена, но не и обратно.

    Секако дека се согласувам со тоа дека и женските и машките деца треба да бидат воспитувани да го почитуваат другиот, но моето мислење укажуваше на нешто друго.
     
    На WildMk и Lolo5 им се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Дали физички повредена или душевно сеедно, не ми беше тоа поентата. Туку сакав да кажам зошто потенцираше само воспитување на машките како да сакаат и почитуваат девојки, како демек сите девојки знаат да почитуваат и сакаат.
     
    На carangigia и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Имам и син и ќерка кои се во многу осетливи години.Двајцата се во пубертет.Грижата ми е подеднакво голема и за двајцата,може за син ми малку повеќе затоа што почна да излегува во град,да има нови пријатели...
    Не заспивам навечер додека не си дојде,мора или јас или маж ми да го пречекаме.

    Има еден интересен момент,сите го прашуваат син ми дали има девојка.Не верувам дека така ќе ја прашуваат ќерка ми за некоја година.

    Грижата е оправдана,без разлика на полот на детето.
     
    На mal.ecka, M&M, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  15. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    Ако ми го прочита последното мислење каде те цитирав ќе ми ја сфатеше поентата на напишаното. Не се повторувам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Треба да ѓи забранат овие турските серии им ѓи испраа мозоците и на децата и на родителите тамо е типично дикриминирана ќерката дека е покорена од родителите или мажот. Можеби ова е надвор од темата малку но искрено вистина е ...
     
    На Stephen Amell и Lolo5 им се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    потполно се согласувам со тебе за овој цитат, но она што претходно го напиша :
    е сосем друго, каде се потенцираат половите и воспитувањето.

    А што ако во семејство со ќерки има семејно насилство??
     
  18. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    Исто би имало два исходи: првиот би бил ќерката да го прифати идниот сопруг како супериорен врз неа и да го премолчува идното евентуално насилство или да увиди дека премолчувањето може само да ја влоши ситуацијата за неа, па да има храброст кога би дошло до тоа, да го крене својот глас и да се заштити самата. :)
     
    На WildMk, Lolo5 и Joi им се допаѓа ова.
  19. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.299
    Пол:
    Женски
    Точно е дека само девојка може да дојде дома и да каже "трудна сум", но можеби треба да се обрне внимание на момчињата, еве зошто:
    Девојката може да забремени еднаш во година додека момчињата можат да забременат повеќе девојки во година.
    Единствен ЕФЕКТИВЕН начин за заштита од сексуално вознемирување, силување итн. на девојките е воспитување на машките.
    Нови и нови генерации доаѓаат, ако повеќе обрнувате внимание на женските а ги оставате на машките да праат шо сакаат, се повеќе и побрзо ќе се зголеми бројот на сексуално вознемирување и насилство, така да, повеќе обрнувајте внимание на синовите, како треба да се однесуваат спрема девојчињата, да пазат што прават итн, само на овој начин ќе може да се воведе напредок и почит.
     
    На WildMk, Lolipop23, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Ако генерализираме, да, ќерката како послаб пол има поголема веројатност да биде мета на насилници и манијаци, па оправдана е грижата. Но исто така, поверојатно е машките во пубертет да станат дел од тепачки, да се повредат во сообраќајки, да се пијанчат, да бидат промискуитетни и слично. Така да одприлика исто би требало да бидат загрижени родителите и исто строго да ги држат.

    Ама кај нас не е така, ќерките построго се држат, нешто од грижа, нешто од ,,што ќе кажат комшиите'', иако некои родители нејќат да си признаат.
    Океј е да се има време за прибирање дома, да не се дозволува пијанчење, пушење, дрога, промискуитетност, ама кај женските често тенка е границата меѓу ,, не е безбедно да се опиваш во клубови каде што може некој да те злоупотреби'' и ,,женско си не личи да пиеш''.

    Ова особено е изразено кога се работи за женски и дечковци. Синот се охрабрува да менува разни женски, а ќерката мора внимателно да бира дечко кој мора да биде одобрен од семејството и да не менува многу. Што реално е поради двојни аршини, не бидејќи ќерката е послаба. И ќерката да забремени, и синот да забремени некоја исто сериозно е, не е детето повеќе на женското.

    Моите се конзервативни за некои работи, ама не претерано, освен за излез генерално добро се сложувам со нив. Сепак уште зависам од нив, морам да го почитувам нивниот збор. Ама тоа не значи дека некои родители не претеруваат со строгоста и оправдано е што се бунат децата.
     
    На boo3, Belgin1, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.