1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)оправдана грижа за своите ќерки

Дискусија во 'Дете' започната од Bitter-Sweet, 19 јуни 2018.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Со сестра ми бевме строго третирани. До 18 години моравме да се враќаме дома најдоцна до полноќ, односно до 00:00. После полнолетство бевме слободни. Ама ни беше кажано дека ако секој ден се прибираме во рани зори, ќе бидеме избркани од дома. Дечко не смеевме да фатиме додека не завршиме средно. Можеби некои ќе помислат дека е претеризам, ама јас мислам дека е сосема во ред. Подобро така, отколку да биде распашена команда. Ова од искуство на други. Лошо е кога ќе си ги испуштиш децата од раце, без разлика дали се работи за син или ќерка.
     
    На Dream-Girl, КикиМаус, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Разговор со објаснување зошто е нешто во ред, а нешто не е. А не забрани.
    Имав многу другарки кои од дома им беа забранети работи (како и мене), па пак правеа се' што им беше забрането, а дома не кажуваа. Јас како што напоменав, правев и кажував дома, па така и стегите попуштаа.

    И не беше ист односот кон мене и кон брат ми кога бевме помлади. Разбирам да се грижат да не ни се случи нешто, но за мене имаше повеќе грижи кои не се однесуваа на брат ми, како: дечко, секс...

    Ама нели.. за женско е срамота да игра чочек на маса, за машко не е. За женско е срамота ако смени 15 дечковци, за машко, 15 девојки не е срамота. За женско е срамота да ја изгуби 'невиноста', за машко не ни има поим 'невиност'. За женско е срамота ако си дојде во 5 наутро (ради луѓето што гледаат), за машко не е... итн.

    Тоа се двојни аршини за истите постапки.
     
    На Lolo5, Harper, Dream-Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Е добро де ќе трпиш до 18 години после ако сакаш да се оптарасаш од нив отиди учи во друг град работи во друга држава што ти можат? освен ти ако и се предаваш и оправдуваш за се?
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Останав до 25 со нив. Ме преживеаа :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Јас живеам со родители што не се замараат некако ми се современи повеќе кога си доаѓам од излавање или спијат или ми кажат само добра вечер не ме питуваат со кој сум и кај сум вака имам слобода и повеќе ми годи не зависам од никој немам страв што да кажам дома како да си одам бла бла..и после илјада години да поминат па ќе биде тоа така на овие простори машките деца како злано јајце. Типичен пример таткото колата ќе ја дае на синот не на ќерката да ја вози за излавање иако ќерката е 25 а синот 17..
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ако не требаат забрани, тогаш да ги оставиме децата да прават што сакаат. Нормално дека е потребен и разговор. Имам позната која ја испушти ќерката од раце, па кога таа и кажа дека е трудна, женава почна да се фаќа за глава. А да ја учеше на време можеби немаше да биде така.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Не треба да се пуштаат децата да прават што сакаат ама не треба ни да се претерува со забраните. Така често се појавува бес кај децата и за инат прават глупости. За се има златна средина.
    Јас кога тргнав средно ме пуштаа до 12, сега веќе до колку сакам. Некои другарки мои не ни имаа забрани, туку им имаа објасенето родителите некои работи и ги оставија сами да проценат до кога треба да бидат испаднати. И сите бевме релативно примерни за време на тинејџерството, не скитавме по цела вечер секоја ноќ, не се пијанчевме, дури не ни останавме трудни.
    Многу зависи од детето, ако гледаш дека е зрело и одговорно треба да го пуштиш само да одлучува за себе, но ако се однесува незрело, мисли дека се што лета се јаде, океј е да се држи малку построго. :)
     
    На Lolo5, Lianna Anna, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Како и да е, зависи до детето. Треба некои работи да му влезат во глава. И да се почитува домот на родителите.
     
    На cresa-jagoda и Joi им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Едно е да ги учиш, информираш, предупредиш, друго е да им забрануваш.
     
    На Lolo5, Lianna Anna, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Е па нека фатат дечко на 14 години и на 15 ќе ги мажиме, затоа што останале трудни. Честа појава, за жал. Треба и самото дете да е свесно што е во ред, а што не.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Кој рече такво нешто? Зборувам за добар пристап во спречување на несакани последици. Забрани, најчесто, само контраефект имаат.
     
    На Lolo5, Lianna Anna, Joi и 4 други им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Со мене и брат ми исто се однесуваат. Никогаш ништо не ни било забрането, а ние никогаш ништо лошо не сме направиле за да ги засрамиме и да ја изгубиме нивната доверба.
    Докажано е дека колку построго се однесувате со децата, тие толку повеќе прават забранети работи.

    Кога излегуваме истите прашања ни ги поставуваат. Не прашуваат со кого одиме и каде, а кога ќе дојдеме како сме поминале. Јас тоа не го сфаќам како контролирање, туку нормална грижа и разговор, зашто со кого и да речам дека ќе излезам тие ми викаат убаво да си поминеш а никогаш не сум слушнала НЕ МОЖЕ.
    Ако сум сакала и кога сум била помала сум можела да ги лажам со кого одам, ама дека не се строги со мене (барем во тој поглед) никогаш немало потреба да лажам.
    Значи не не контролираат ама сепак знаат каде сме во секое време, што е најнормално.

    Со тие забрани, претерани контролирања, јавувања на секој саат се постигнува обратен ефект...само нервоза и инает кај децата, ништо друго.
    Затоа уште од мали се воспитуваат и женски и машки деца па во тинејџерски години да се нема големи проблеми.

    И не можам да ги сфатам луѓето што синовите ги пуштаат слободно што сакаат да прават, а ќерките ги држат под клуч дома :o па таа ако решила да излезе од прозор ќе скокне и сепак ќе избега без да ја сетат и трудна ќе се врати :|
     
    На christinnn, M&M, Lolo5 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ти рече. Убаво викам дека си лоша. :lol:

    И јас сум за тоа да се тера со добро. Ама жалосно е што многу родители си ги запоставуваат децата.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Јас реков? Ај да видиме што реков точно? Препрочитај.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.997
    Пол:
    Женски
    Ако го информираш и поучиш за се што треба, и да размислува со своја глава (што секако е тешко во лудите години, ама не е неизводливо) небитно дали е машко или женско, детето ќе стане свесно за тоа што е добро, а што не. Забраните често предизвикуваат љубопитност и желба да се направи токму она што не треба.
     
    На Lolo5, crimson, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Јас имам два сина и со маж ми кога и да разговараме на тема воспитување, он коментира - Машки се и ќе прават што сакаат. Не ми е јасно како може да го коментира тоа. Му реков - Кога ќе ти дојде еден од нив двајца и ќе ти каже дека девојка му е трудна, ќе се чешаш. Ова во случај ако се малолетни.

    Искрено, имавме страв од татко ми. Цитирам - татко ми, затоа што ја немав таа среќа да ме воспитува мајка ми. Почина уште пред да влезам во пубертет. Многумина се чудат како он успеа да не подучи двете.
     
    На M&M, Lolo5, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    17.714
    Ние сме две сестри и од секогаш сме биле строго "држени", строго воспитувани.
    Нормално дека како деца, особено јас, сме биде брливи и сами сме се изложувале на опасни ситуации, но благодарение на тој срог начин на воспитување, сме знаеле која е границата и каде треба да знаеме или повлечеме два чекори назад.
    Во тие години, особено во тинејџерките, нормално ми одело на нерви што татко ми имал мал милион закани кои сме морале да ги почитуваме, но денес сум му бескрајно благодарна за тоа. Да не бил толку строг, не би денес јас и сестра ми прераснале во личности какви што сме.

    Еден ден доколку имам и јас свои деца, би дала се од себе да ги воспитам на потполно ист начин.
     
    На cresa-jagoda, Dream-Girl и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.997
    Пол:
    Женски
    И јас имав страв од татко ми, ама никогаш ништо не ми забранувал. Знаев до каде ми се границите и ги почитував, затоа што и тој ме почитуваше мене како личност, никогаш не се постави како некој што решава за се и неговата е последна.

    Исто имам два сина, и знам дека нема да прават што сакаат. Двајцата со мм нема да дозволиме.

    Родителот треба да има авторитет, ама тој авторитет не се постигнува со забрани.
     
    На M&M, cresa-jagoda, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Вие што се грижите за тоа девојките да не останат бремени... извинете, ама сте слушнале некогаш за кондоми и орален секс? Или тоа само на филмови го има?!
     
    На Sanjichka007, Lolo5, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Си ја видела ли темата "дали сум бремена "?
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.