1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)оправдана грижа за своите ќерки

Дискусија во 'Дете' започната од Bitter-Sweet, 19 јуни 2018.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Бубале, на оние во темата, освен грижа и ограничувања – им треба(ло) уште повеќе и отворен разговор и едуцирање во врска со сексот од страна на родителите.

    На тинејџери без разлика на полот им е потребна контрола за разни штетни работи – цигари, пијанчење, дрога, лошо друштво, (незаштитен) секс на прерана возраст. Ама има граници на оправдана грижа, и делењето според полот и повеќе слобода на машките не е океј – затоа и има толку сексуално вознемирување на девојчиња, а и машки кои затруднуваат девојки, ги оставаат и на крај тие се за околината „убијци“ кога немаат излез освен да абортираат.
     
    На La.loca, Doozy, theowndemon и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Ако е можно ќерката да остане бремена, треба да седи дома под клуч? Нели, ако излезе, може да има секс со некој и оп, трудна.
    Мајка ми со мене никогаш не разговарала околу теми за секс, контрацепција, алкохол, цигари итн, па никогаш не би имала незаштитен однос ако не сум спремна за мајка, досега не сум запалила цигара иако ми нуделе, а алкохол скоро никогаш. И не сум останала покасно од 12 надвор, а 19 имам. И не, не ми е да се фалам колку сум примерна ќерка. Јас истата личност ќе бидам и после 12, истата ќе бидам и со и без дечко, истата ќе бев и да разговарале моите со мене. Прво мислам на себе, а не на нив.

    Ќерката може да затрудни и денски ако отиде кај дечкото, макар и да сте и забраниле да излегува навечер до покасно. Може и во 10 навечер да ја нападне манијак, а сте и рекле да се врати во 11 дома. Може да фати дечко дури на 22 години кој ќе ја злоупотреби на некаков начин, може да фати дечко на 17 кој ќе биде добар со неа, ќе ја сака и почитува.
    Поентата ми е, некои работи зависат од самото дете и неговите погледи кон ваквите работи, не од ограничувањата на родителот, или се игра на случајност. Исто така или е потребна целосна контрола, или воопшто не се потребни ограничувања во некој случај.

    Едит - Ако веќе сака некој да биде авторитетен родител, треба да биде и пријател со своето дете. Авторитет без блискост е изигрувње супериорност врз детето и кршење на неговото достоинство, што дополнително влијае баш да погреши.
     
    На Doozy, shz, theowndemon и 13 други им се допаѓа ова.
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Дали сум само јас со обратен случај? Никогаш,ама никогаш,моите не ме контролирале.Освен првиот пат, некаде 7-8 одделение кога почнав да излегувам,прашав:Мамо,може да излезам? После тоа,не.Излегувам кога сакам,се враќам кога сакам.Не се грижат родителите дека „ќе им донесам некој срам“.Порано ме чекаше мајка ми дури да си дојдам,или ако останував до подоцна само ја известував за да си легне.Сега,не.И брат ми,иако е помал,и него веќе не го чека.Нормално,си разговараме со кого сум била,како сум си поминала,што било...Ама не испитување,ако сакам ќе и кажам.Татко ми секогаш ме охрабруваше во се,од мала,и тоа придонесе да сум пргава и да не се плашам од ништо.Ме научи и некои техники на самоодбрана(учевме заедно со брат ми,не дека јас женско).
    Не ме ограничуваат за ништо,ми ја почитуваат приватноста.Немам страв од нив,ниту ги гледам како авторитети.Со нив ми е односот другарски,па можам се да им кажам.Ниту некогаш ми спомнале за „невиност“,демек женско пази што правиш,или не носи кратко,апсолутно ништо.Едноставно сметаат дека тоа е моја приватност,и се додека сум безбедна,не се грижат.Сами знаат дека е нормално и да имам дечко,па дури и да е од друга вера,националност...Никогаш не би ми рекле нешто.
    Брат ми го држат малку построго од мене,не знам зошто.Ама јас сум тука секогаш да интервенирам да попуштат :rofl: Во секој случај,никогаш не ми забраниле нешто по однос на женскиот пол.Дури и машките кои флертувале со мене ги знаат,па тато си прави шеги за тоа.Ме почитуваат,и тоа многу ми значи.Благодарна сум што ме оставиле некои работи во животот да ги искусам сама,па да донесам заклучок на своја кожа.Тоа ме изгради во самостална и независна личност,бестрашна,и подготвена да го освои светот.
    И за сите што мислат дека слободата не чини,не сум расипана воопшто.Не сум направила глупост,ниту сум западнала во неволја,ниту сум трудна.Напротив,најдобар студент сум во генерацијата,и моите секогаш се гордеат со мене.
    Некогаш,кога ќе имам свои деца,ќе ги воспитувам на истиот начин.Сакам од нив да извадам цврсти личности,како мене.
    А има и такви случаи,кај што ги држат ќерките како во Среден век.Знам примери,некои од нив се мажени,па сега контролата од таткото-премина кај мажот.Некои моја генерација,дома ги третираат како слугинки,не ги пуштаат ништо,ги ставаат на рамнише со стока.А на нивните браќа,се им е дозволено.Аман со овие турски обичаи :@ Еден ден,би сакала да покренам кампања за свеста кај конзервативните возрасни и воспитувањето и правата на девојчињата и девојките(овие од 18 години нагоре,да не ги наречам сега жени).
    П.С.Повремено пушам цигари,и не се кријам.Заедно со тато пушиме цигари,и тоа од неговите :rofl: Исто и со алкохолот.Не ми рекол никој никогаш:женско си,не треба да пиеш.Кога ми сака душата,ќе се напијам.Нормално,ништо претерано (лошо е,и за машко и за женско).
     
    На Doozy, Sanjichka007, КикиМаус и 5 други им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Поентата ми е: заштита и едукација, ама не од гледање кучки и кучиња на улица како се парат.
     
    На DAngel, Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Затоа треба да се разговара со децата и за секс и за контрацепција.
    Не сите родители се спремни да зборуваат на тие теми со своите деца, ниту пак има на школо сексуално образование.
     
    На SummerGirl, Lolo5 и Annath им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Јас како дете ептен маки имам тргано општо а и давење од родители башка. Но сега ќе зборувам јас како родител. Имам син а не ќерка. да излезе и да не ми каже каде и со кого ќе оди никогаш повеќе нема да излезе. А кога би знаела каде е и со кого може и 3 дена да не се враќа. Девојки фаќање барем 17 да има. Да оцрни некоја на помала возраст од таа или тој да стане татко а уште да е дете не бива. Ајде не од полнолетство ама од 17 год веќе очекувам да е созреан да може да си ја заслужи слободата.
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    4.407
    Пол:
    Женски
    З
    А како ќе бидеш сигурна дека е со тој со кого ти кажал? Ќе го следиш?
    Ако сака да те лажи, ќе те лажи и ќе најде начин.
    Многу ми падна во очи тоа "да излезе без да ми каже со кого, никогаш повеќе нема да излезе".
     
    На Joi, Sanjichka007, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Во која смисла 'да оцрни'?
     
    На makedonkamak и Lolo5 им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Ако сме реални и отворено правиме муабет, еден голем дел од родителите првенствено се загрижени дали некое машко ке ја 'искористи' нивната ќерка. Поголеми се шансите да се напие и да легне во кревет со некој неискусен тип од нејзина генерација или тип кој е година-две постар од неа и да забремени, отколку манијак да ја силува на улица.
    Можеме само да се преправаме дека родителите не се шовинисти. Мајката се плаши да не случајно ќерка и остане неомажена, а таткото знае како тој се однесувал на тие години, јер така е воспитан, па сега му е мака бидејки таа е негова крв.
    Секоја чест на исклучоците, ама постарите генерации сеуште имаат ваква замисла за животот. Се додека мажите 'помагаат' во извршувањето на домашните обврски, имаме проблем.

    Помладите генерации конечно почнаа да се освестуваат, дека доколку синот ја 'искали честа' на некоја девојка, тоа е голем проблем, пред се, затоа што од другата страна има девојка, нечија ќерка, која исто така има чувства.

    Забраните и казните најчесто имаат негативен ефект. Пример, девојката може да бега од часови и да остане бремена, ете, баш преку ден.
    Знам за девојка која често спиеше кај баба бидејки таму живееше симатијата нејзин. Кога жената ке заспиеше, оваа излегуваше надвор и се враќаше кога и е кеиф. Дури некогаш го враќаше часовникот назад, бабата поспана гледа дека е 11 и нема проблем. :smirk:
     
    На Tan4ence, Doozy, Sanjichka007 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    јас го напишав во смисла да некоја девојка многу млада остане бремена. И девојче на 15-16 години да стане мајка е еден вид на траума. И се скратува младоста и е зголемуваат одговорностите,психички е потешко да се издржи. Со оглед на тоа дека денешниве баш рано се впуштаат во сексуални односи.
    јас не толерирам "ЗАМИНАВ" а да се врати после 10 саати.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Со забрани и казни најчесто се постигнува контра ефект па после децата се ко од ланец пуштени и не знаат што глупост да направат попрво, или пак ќе станат затворени личности несигурни во себе.
    Сега зборам за ова ако е во екстремни размери, и другата екстрема на распашана команда не иде.
    Мислам дека родителот треба да му всади некои вредности на детето без разлика дали е машко женско за самото да е свесно што треба а што не треба да направи а машките се реално повеќе склони на бељи и пороци а ако еднаш се почне со тоа после да се врати е малку потешко.
    Искрено мене никогаш ништо не ми било забрането, на одмор сама отидов кога завршив прва година и сама со друштво секогаш ме пуштале во викендици или други градови, за излез колку другите толку и јас само да знаат кај сум и со кој сум.Никогаш не сум го злоупотребила тоа, јес да имам некоја глупост направено од типот да се начукам или да се вратам во 5 ама нешто посериозно не.
     
    На Lolo5, Joi, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    и јас сакав претходно во коментарите да го кажам тоа. Доколку родителот знае каде си и со кого си помалку стамој би се правеле. Доколку јас не знам кај ми е детето а излегло пред 7 саати богами цел град нас ќе ни се смее. На крај сепак е до родителот и карактерот на родителот. Јас на мојата мајка никогаш не можев да и ги кажам проблемите маките или да споделам ситуации и случки.
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Секој родител ќе се загрижи со кој му е детето и каде.Дома ми ги знаат лично повеќето другари/ки бар се уверени дека не сум во лошо друштво, ниту пак збор ми имаат кажано што се дружам со машки (а искрено и побезбедно се осеќам со нив)
    И на пример ако кажам дека одам во диско нема да ме очекуваат во 12 дома, исто од кафе во 4 сабајле.
    А дека сум стегната за некои други теми сум за секс или дечковци, за тоа никогаш не сум зборела со мајка ми.
     
  14. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    4.407
    Пол:
    Женски
    Ама тоа не беше одговорот на моето прашање.
     
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Ова само во теорија е така. Здравје, некој ден син ти ке наполни 17 години и ке видиш дека во пракса, речиси е невозможно да го контролираш.

    Можеш да го контролираш до 18 години, ама ако има таков карактер, ке се вработи веднаш откако ке замине средно, ке си замине од дома. Или ке запише факултет, ти го мислиш на предавања, он во студентски. Па уште ако си од друг град, е тогаш ке се чудиш 'зошто, каде погрешив?'.

    Јас не сум родител, ама имам брат на приближно таа возраст, па дури и јас растев во едно помодерно време, го поминав тој пат, знам како е и можам да ти гарантирам дека не е така како што замислуваш ти.

    Не сакам редам примери на блиски луѓе, пред се затоа што станува збор за туѓа интима, ама станува збор за строги родители чии деца се питоми дома, а всушност се во оро со самиот ѓавол.
     
    На Lolo5, Joi, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Да,те разбирам. Јас и ден денес ја уверувам мајка ми дека некаде погрешила со нас со оглед на тоа дека имам помала сестра која и за неа треба одговорност од родител а не да е пуштена ко "говедо" по улици но не и да ја чува зарворена дома. И јас како и тебе живеев во помодерно време како што велиш и поради никаквиот карактер на мајка ми да не речам често скривав но исто така и кога требаше знаеше каде сум и со кого. Никој никого во целост не може да контролира секој си има свој живот и карактер но сепак родителите и покрај тоа што треба да се постават зашитнички спрема децата треба да имаат и разбирање и попусливост а децата да имаат малку повеќе "мозок" а не вулгарност и непочитување према родителите. После она "што сакам ќе правам" не вреди "леле мамо ова не требаше да го направам нити да ми се случи".
     
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се разбравме, погрешен ти е пристапот. Тој може да ти каже дека е со некого, а всушност да е со сосема трета личност. Кога е мал можеби ке успееш да го контролираш тоа, ама со тек на време ке станува се потешко да знаеш каде е и со кого е.

    Ми делуваш премногу самоуверена и строга, сакав да ти посочам дека баш таквите родители имаат најмногу проблеми со децата. Муабетот дека нема да смее од дома да излезе ако не ти се јави е тотално нефункционален.

    Пример, другарка ми имаше дечко, ама родителите стоги ја контролираа на секој можен начин. Е затоа одевме во група, јас, таа, дечко и уште една другарка или негов другар. Ако и се јавеше мајка и, често знаеше да праша да ме слушне и мене, а не бевме воопшто мали.
     
    На Lolo5, Joi, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    епа да,да те слушне и тебе за да знае дека е со тебе. Од една страна душата и е мирна дека сепак знае дека е со тебе. А кој има друг со неа родителот никогаш нема дознае,таа никогаш нема да каже. Ни мајка ми моја знаеше ни јас сум и кажувала и свесна сум дека може и мене детето нема да ми каже. Но ако нешто се случи ќе знам тој еден кој е (во вашиот случај ти ) и ќе има кај да го побарам. Во друг случај се зависи до карактерот на децата/родителите. Братучед мој со свои 38 години и со жена и дете сеуште комуницира со мајка му и таа знае каде е. А живеат одделно како семејство
     
  19. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Повеќето од родителите се грижат за своите деца, само што некои родители тоа не го покажуват тоа.
    Од друга гледна точка, точно е и дека има родители кои завземаат страна на едно од децата. Е тука е малце полошо.
     
  20. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    7.392
    Пол:
    Женски
    И ова е нормално? Значи детето лаже. А од твоја страна е недоверба.

    Треба да постои строгост до одредени граници, но треба и да бидеш пријател со детето.
    Детето треба да има стравопочит кон родителите, јас и ден денес имам. Ама и сум прв пријател со мајка ми.
    Не треба да има страв од тебе и од она што следува, ако ти каже со кого вистина е или каде е.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.