епа изи кажуваш дека срамежливи биле не го правеле потребниот чекор, а сакаш да имаш некој до тебе....превземи нешто у врска со тоа.....или ќе и праиш и ти друштво на батерфлај со витлерите
сакам да имам некој крај мене,ама срамежливите не ме привлекуваат....не е муабетот јас да преземам нешто ... имам пробано да му дадам шанса на некој такви,немам ништо против срамежливите ,ама со тоа шо сум спуштила критериуми,физички не ме привлекуваат многу и уште ако се срамежливи ..... не е то то... немам мотивација друга ,освен тоа шо ми е потребно да имам некој покрај мене, за да преземам нешто....ама на крај краеви,сепак тој некој шо сакам да е крај мене треба да ме привлекува,ако не толку физички барем да има некој шарм ...а кај срамежливите не можам да го забележам тој шарм
Значи знам точно како ти ни излегување ни ништо не помага сето е катастрофа значи а не се трпи повеќе ќе полудам значи не прибирам јас не барам совршенство и пак ништо не можам да најдам....
Е не се трпи повеќе значи осаменоста е најстрашна од сите болести Single becuse I`m to busy chaingin the world. You want a perfect girl go buy a Barbie .
Значи девојки, ве читам и искрено сте ми чудни... Велите дека сте осамени и сингл, како тоа да ви е наметнато, а не ваш избор. А од друга страна наводно никој дечко не ви приоѓа или не ги исполнува потребните критериуми... Доколку не сте сингл, не значи дека сте небаре „верени“. Експериментирајте, запознавајте нови дечковци, бидете и вие похрабри, влегувајте во авантури без однапред изградени ставови за тоа во која насока ќе одите со дечкото и не очекувајте секој да е потенцијалниот „принц на бел коњ“. Ќе минете низ многу коњи претходно, некои од нив бели, други црни, но на крајот искуствата се тие што се носат со себе и што ви ја градат сликата при средбата со „вистинскиот“. И аман, спуштете малку критериумите, кај останаа малку дечки кои денес без срам и решително ќе ви пријдат во живо, а не само преку смс/мсн/скајп/фб..., па не е работата да се осеќаат како да бркаат вонземјанки, туку фини, млади моми, што всушност и сте под тој „несрушлив“ ѕид што го градите.
Абре луѓе, уживајте додека можете, излегувајте, дружете се, запознавајте нови фаци, флертувајте, заљубувајте се и одљубувајте се инстантно, летајте во облаци а во стомаците нека ви летаат пеперутки... Не можам да ве сфатам, некои од вас имаат по само 15-16-17 години и кукаат што биле сингл...!? За сериозни врски и дечковци секогаш има време. Уживајте во се' што нуди младоста, во се' што правите наоѓајте забава. Е тек кога ќе се најдете во сериозна врска тогаш ќе вe видам колку нема да сакате да сте сингл бар за миг. Секогаш сакаме да сме на некоја друга позиција од онаа на која што моментално сме. Радувајте се на она што сте, а не на она што би сакале да бидете. Ве гушкам ол д сингл лејдис
Еден автор на неколку мои омилени книги би рекол ''Тоа што силно го посакуваш,ќе го добиеш''.И така е,за секое лонче капаче,убаво велат старите.И јас долго време бев сингл,бев и во врска која немаше врска,постојано ми се случуваа некои шпански серии со дечковците и мислев дека за мене не постои лонче или капаче Но не очајував,излегував, се журкав си поминував најубаво а кукав по дома,пред да заспијам,со другарки па понекад и на форумов И се додека еден ден (една вечер на излегување) не си најдов дечко ама баш по мерка.Како скроен за мене.Како да сум си го нарачала по каталог.Таков за каков што сонував.Да ме сака,почитува,да ме третира како принцеза е така де Да не се фалам да не бидам сфатена погрешно,тоа што сакам да кажам е дека не треба да очајувате. Додека сте сингл излегувајте,дружете се,флертувајте... СЕ си има своја убавина.Вашиот принц ќе се појави,порано или подоцна,тоа што си е ваше ќе си дојде.Верувајте,така е.Не дека ќе е принц ама ваша посилна половина во добро и лошо,тоа секако.
Се согласувам со предходниве неколку мислења. 16-17-18 години НЕ се години за кукање и плачење по дома !!! И од мое име ќе зборам бидејќи имам 17 а и за сите на оваа и слична возраст. Ова е време кога треба најубаво да си поминеме, време кое нема да се врати и време на ерата на журките , а не за плачење по нешто што кога тогаш ќе завршело, ако не денес, задутре. Јас до пред некое време кукав и пекав за мојот бивши, се трескав од земја дека сум го повредила и незнам што, никогаш нема да ми се вратии.. ме сака ли уште? Ма не ме занима, тоа е тоа идеме понатаму. Верувајте ми дека од ова до сега, можеби не е големо шивотно искуство, но сепак сум сфатила дека кога конечно некои работи ќе ги оставуш позади тебе, подобри те чекаат. Тоа се докажа и кај мене.. Кога конечно сфатив дека со бившиот нема враќање назад, и конечно се вратив во живот и ги отворив очите, пред мене здогледав дечко со кој знам дека барем во моментов ќе бидам среќна. Но си кажав самата на себе, времето ми е за забави и така ќе помине, а ако ова заврши нема кукање и плачење, а за да не дојде до тоа и нема терање сериозна врска и заљубување до лудост. Милички феминки.. ужувајте во секој момент од животот и нека ве води помислата дека убави работи чекаат на нас, кога тогаш ќе ги стигнеме
Jас имам 17 години и сум сингл и да знаете дека ми е најубаво вака имам друраки кои имаат 17 години а нивното однесување со нивните дечковци е како да се мажени и тоа воопшто не ми се допаѓа уживајте додека можете сега на овие 16 17 18 години се најубавите журки со пријателите најголемите лудости кои верувајте не сака никој да ги пропушти. A не 17 годишни девојки се жалат дека немаат дечко верувајте сега на овие години и не ви е потребен
Види, сите ние сме направиле по неколку утки. Некој една, некој две, а некои па и до 100 затерале. Ако седиш дома и само селектираш луѓе ништо нема да направиш, правиот нема да дојде туку така. А како тоа се срами да оди на следен чекор? Ако мислиш се срами да праша, па прашај ти, позабавно е така.
И јас сум сингл скоро 2 години скоро, од кога ми заврши последната врска. Постојано ми се пуштаа момчиња, но сите ги проценував за 5 минути, и им наоѓав по некоја маана... и ако не ми фатеше око некој, одма го откачував. Бев ладна скоро со сите. Ретки беа тие кои можеја да го задржат моето внимание. Во градов од кој потекнувам ме сметаат за една од поубавите девојки, и мислим дека самото тоа ги тера машките да ми се пуштаат и се натпреваруваат кој ќе ме фати. Преку глава ми е од сето тоа. Сите ја гледаат мојата надворешна убавина, и никој не ја гледа внатрешната, тоа што сум јас...како личност. Мн пати сум била разочарана во љубовта и толкууу се чуствувам осамена, што не можам да ви опишам. Толку мн имам љубов да дадам и понудам...само немам на кого.
Епа и јас сакам да најдам некоја што ке ме сака вистински ама нема,ако има некоја таква тука нека пише!
Леле да ви кажам јас во живот се немам мувано не ли па дечко Другарките ми велат дека сум била убава ама ако е тоа точно тогаш зашто на никого не му се допаѓам? Моето оделение е прилично перверзно, па девојчињата ги маваат по газ, не дека сакам да ме маваат ама зашто сите освен мене? Сите машки ме одбегнуваат Помош ве моламм
Девојче (MaciMiay), немора толку да се грижиш, бидејќи има време за се во животот! Ќе дојде и тој ден, кога среќата ќе ти се насмевне. А очигледно и сеуште си мала...така да, уживај, и не се грижи за такви нешта, за кои допрва ќе дојде време!
не дека сум многу време сингл, ама не ми се допаѓа вака. Па си сакам некој да си имам до мене, кога ми се излегува да имам со кој, кога ке ми се седи дома, да имам со кој.... не сакам да сум повеќе сингл
Одделение? Колку години имаш 12-13 преку сила 14... Што ќе ти е дечко на тие години... На тие години има само една поголема симпатија кон спротивниот пол љубов НЕ ... Ги маваат по гзз ... Сметаш дека е тоа убаво однесување? Никогаш немој да дозволиш да се однесуваат така со тебе бидејки тоа е непочитување кон тебе...
и јас несакам повеке да сум сингле ... се гледам со момчето веќе едно 8 месеци ..овие последните 3 сме многу приврзани се сме заедно повеќе зборуваме се си кажуваме се шетаме низ град заедно фатени за раце сите не гледаат тој не се страми од мене нити јас од него го сакам и тој ми вели дека сум су убава итн ...но сепак тој знае а и јас дека не сме официјално заедно и ми вели деке подобро му е сингл дека ја сакал слободата а јас му велам дека и да е со мене никој нема да му ја земе слободата негова си е нема да го врзам буквално но ете нез што да направам што да му кажам ...помош..
Епа можеби само малку треба да го промениш начинот на гледање а идејата со журката и женската вечер е супер ...во секој случај незнаеш како ке заврши good luck