1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Главниот проблем кај тебе, без било каков сомнеж, е самодовербата. Иако не се чувствувам целосно компетентен да ти дадам конкретен совет, идејата е да се чувствуваш ништо помалку од удобно во својата кожа. Јас сум ти врсник, и до пред некоја година бев срамежлив пубертетлија со самодоверба на долна граница. Ама ете, пубертетот си ја заврши својата работа, си најдов фрузира што ми прилега, почнав да внимавам на изгледот и сега веројатно толку ми рипна самодовербата што многу луѓе не ни гледаат ништо друго освен егово.

    Еве една реплика што ја имам напишано на форумов, за дечко што исто така имал проблем со самодовербата. Верувам дека ќе ти помогне да добиеш некаква претстава за големата слика:

    seks/nevini-maski-nad-21-godina-t14317/#p1301777

    Следно, признавам дека отсекогаш сум бил забавен момак со уникатна смисла за хумор. Но според тоа што го имам прочитано и проучено, хуморот и целата шоу-мен персона може да се стекне со вложување на труд во вистинската насока.

    Според ова што го имаш напишано, при социјална интеракција си премногу напната и под притисок. Таа комбинација ти е рецепт за дебакл. Со стекнување на самодоверба, ти би била онаа што ќе го диктира муабетот и атмосферата при разговорот/флертот.

    Ова претходно се условите за да фатиш дечко. Од друга страна, ако целта ти е да фатиш паметен и физички привлечен дечко тогаш треба да да се преиспиташ што нудиш. Најпрво, дали си ти паметна? Не верувам дека е лесно самата да дадеш одговор на ова прашање, ама со малку анализа и ретроспекција ќе ги поставиш маргините. Прво нешто што ми падна во очи е тоа што го спомна хороскопот. Хороскопот е ништо повеќе од чиста неоснована(неоснована по СИТЕ критериуми) глупост и не верувам дека една паметна и реализирана личност воопшто би ги регистрирала фактите кои хороскопот ги презентира како релевантни.

    Потоа, дали инвестираш во физичкиот изглед? Колку и да е тешко да се прифати овој факт, денеска физичкиот изглед игра огромна, ако не и пресудна улога во било каква средина. Физички попривлечните мажи и жени имаат поголеми шанси за напредок во кариерата, персоналот во услужната индустрија се однесува пољубезно со нив и нормално имаат помал проблем при одбирање на партнерот. Основа се гените, но секогаш има простор за подобрување.

    Ова се неколку појдовни точки за кои би било убаво ако размислиш, последниот избор е секако твој :).
    Убаво би било да не`/ме известиш ако дојдеш до некаков напредок, затоа што до пред некоја година, близу-совршено се идентификував со твојата ситуација. Се најдобро :)
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JackNicholson

    JackNicholson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    40
    Девојко со малце повејќе труд и ќе нема повеќе сингл од машки род на форумов, толку добро го објасна ова што имене ми се јави некоја желба да те пронајдам :rofl:
     
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ако,ако бијте си вие шега со мене, јас сум многу сериозна. :D Дури и најголемиот женкар што го знам уопште во мојот живот, бевме два месеци заедно, и после тоа за неполн месец оп, во врска. Не знам дали е оти им ја цицам крвта со памук па си велат уште еднаш низ ова не поминувам, дај да си ја фатам наредната и ич да не ми е гајле или поима немам што е, али нешто е ...
     
  4. Akiii

    Akiii Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    14
    Оваа и на мене ми се случува после мене цветаат хахаха трагично али и смешно добра терапија добијат совети и знаат за наредна врска како не тагувај ние сме црвен крст хаха
     
  5. cookie-monster

    cookie-monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    9
    Supernice стварно добар ти е советот за самодовербата. Се е во тоа како ти се гледаш себе си, колку самодоверба имаш. Мислам, на крај на краиштата како да те сакаат други ако ти не се сакаш себе си?
    Од друга страна пак, познавам човек кој има преголема самодоверба. Ни тоа не е добро. Тој беше толку полн со себе, мисли бог е... дури и одбивен ми беше толку што се перчеше. Како и да е, сметам дека е важна самодовербата, и ти благодарам на советот, бидејки и мене ми е потребен во моментов, и јас моментално работам на тоа да си ја подигнам самодовербата :)
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.786
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    @mysterious зошто велиш дека им ја цицаш крвта со памук? Пробај на друг начин, и верувам дека сеуште не ти дошол редот тебе за вистинскиот.

    Поарно среќа да им носиш отколку сите да ги упропастуваш. Сите бивши немале женска после мене. Не, не сум горда. :D
     
  7. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ама неможам да пробам на друг начин, едноставно јас сум таква. Тежок карактер сум, но сите се предупредени уште на почетокот со што си фаќаат работа. Ама сите се во стилот не, сакам да пробам, остај ме!
    И после сите се со изговорот, неможам тешка си на карактер. :rofl:
    Ами нели ти реков, што ми мрчиш само и ми го трошиш времето.. Имам јас уште мал милион мажи за упропастување.. :D


    Ќе видиме.
     
    На supersonic и VIN.diesel им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    а да не е тоа што ти сама се заречуваш и си кажуваш колку тежок карактер имаш :?: ?смени малку тактика и се ќе се среди,не верувам да е некој малер.а тоа што одма си фаќале женска нема никаква врска со тебе,тоа е нормално.секој различно и со можностите ;)
     
  9. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Луѓе, значи секако имам пробано, секоја една тактика, и со убаво, и со лошо, секогаш вака завршува. :rofl: Озбилно ви кажувам. Веќе не знам ни како да се поставам, оти како и да се поставам, крајот не ми бега.
     
  10. little-barbie

    little-barbie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    25
    Несакам повејќе да сум сингл... но неможамм... секогаш во мислите ми е бившиот.. неможам никако да го заборавам... :( секогаш кога ке контактирам со некое друго момче и ке се договориме да излезиме и од нигде никаде јас постојано одложувам.. ми идат само некоии мисли за бившиот.. незнам повејќе што да правам.. колку и да се трудам да не мислам на него секогаш кога ке помине некое време и ќе си речам дека е готово тој одненадеш се појавува .... :( и кај мене повторно истоо....
     
  11. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Кога ти го читав постот се си мислам читам нешто што сум го напишала јас пред една година. Потполно бев во иста ситуација, ми пишуваат ми се јавуваат згодни момци јас таман ќе решам да излезам со некој од нив бившиот ми изглегува пред очи и така неможев, моите другарки сите со дечковци а јас сама. Само да ми се јави да го видам и повторно се враќам во негова прегратка иако знаев каков е и како ќе биде.
    Мој совет ти е да донесеш цврста одлука да бидеш одлуча еднаш засекогаш да ставиш крај на ова со бившиот, да бил добар нема да бил бивши. Кога ќе се појави повторно во твојот живот само сети се зошто не сте заедно се лошо што има направено и стој си црсто зад својата одлука, научи се да му кажеш не. Приказната завршила и ете имала тажен крај зошто сакаш истото да го доживуваш уште еднаш кога можеш да создадеш сосема нов почеток без него. Кога конечно ќе се справиш со тоа работите ќе почнат да ти се средуваат, ќе запознаеш некој посебен кој заслужува да биде покрај тебе.
     
    На glosipgirl и little-barbie им се допаѓа ова.
  12. little-barbie

    little-barbie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    25
    leighton23 толку многу пати сум пробала да ставам крај.. сум рекла готово од денес тој за мене не постои.. ми се има случено да излезам со друго момче да потоа кога ќе се вратам дома плачам цела вечер... секогаш кога останувам дома сама мислам само на него.. некогаш дури помислувам дека нешто не е во ред со мене ... дека имам некој психички проблем што ова само мене ми се случува... :(
     
  13. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Добро да те прашам зошто не сте заедно мислам зошто раскинавте ?
     
  14. little-barbie

    little-barbie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    25
    ти испратив во ЛП :)
     
  15. lady.LDR

    lady.LDR Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    јас би сакала да ти помогнам.. за да заборавиш бивши, особено некој кој ти значел и имаш многу спомени со него е потребно доста време.. али нормално и тоа не ти е апсолутно.. повеќе фактори би можеле влијателно да ти помогнат во тоа.. едно доста битно потребно е самата ти да сакаш да го заборавиш. Ако знаеш дека повеќе не можете да бидете заедно помогни си самата себеси. Контролирај си ја сопствената психа. Делувај позитивно. На кој начин? Не чувствувај лутина и горчина кон него поради тоа што се случило на крајот [ не знам точно за тебе како завршило али у најголем број на случаеви се разминуват ко странци ]. Лутината може уште повеќе да го разгори она жарче кое останало во тебе. Би си помогнала кога би научила смирено да мислиш на она што било меѓу вас..едноставно му простуваш нему истовремено и себеси што си дозволила да стигне оваа состојба до ова да мислиш дека нешто не е во ред со тебе и си воспоставуваш еден долго посакувам мир. Убавите спомени и да сакаш и да ги потиснуваш во себе тие секогаш би испливувале на површина, во таквата битка тие секогаш се the winners, но откако ќе го почувствуваш тој мир ќе успееш да ги задржиш нив но со чувство на насмевка и задоволство дека си имала нешто толко убаво со некој. Тие би те потхранувале и би ти биле големо искуство понатаму во животот. Запомни! Тој мир можеш да го добиеш само ако силно го посакуваш! Со тоа си ја контролираш својата психичка состојба, се помируваш и сваќаш дека мора да продолжиш! Рече дека си излегла и со друг но сеуште мислиш на него. Тоа ми дава впечаток дека ти сеуште се држиш за минатото и не посакуваш доволно силно да ја промениш состојбата во која се наоѓаш. Промени го тоа! Кога ќе го постигнеш тоа, веќе се ќе биде друго.. Аголот под кој го гледаш животот во моментот, ќе ти се смени.. ќе сфатиш дека со причина е дошло до крај. Многу посилна од претходно ќе успееш да продолжиш понатаму.. Кога ке помислуваш на него ќе ти биде мило што ти помогнал да сфатиш некои работи а и те вооружил добро за понатамошните врски. Да помислуваш дека нешто не е во ред со тебе не би требало воопшто. Голем процент на луѓе се мачат да стават крај на минатото. А и како би ти го пишувала тоа толку детално ако и сама не сум се наоѓала во таква состојба. Ќе научиш дека и додека си сама животот сепак може да биде убав. Без него и убав!!! Раната во почетокот сеуште ќе биде тука но нема да пече толку како претходно и со тек на времето ќе зараснува а колку брзо тоа зависи само од тебе и никој друг! :) good luck
     
    На glosipgirl, little-barbie и malaka им се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Бивши се знае како се прежалува (исто како мртовец)
    До девет дена плачам урлам како крава по него се трескам од земја.
    До 40 дена онака, ми фали до мене, ама никакво плачење цвикање спомнување пред другарки.
    После тоа се потсетувам на него само еднаш или два пати годишно.

    Клинот со клин се вади, за преболување најдобро е да си најдеш некој друг (твоја грешка е што не си имала резерва). Никој не е совршен, сигурно и твојот бивши дечко имал некои маани само не си имала можност да го откриеш.Мајка, татко, брат не можат да се заменат, а дечко- ехеее има замени колку сакаш. Така да стегни го фустанот, монтирај ги штиклите и шпринт по нова љубов.
     
    На jasBia, glosipgirl и little-barbie им се допаѓа ова.
  17. little-barbie

    little-barbie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    25
    ви благодарам девојки на прекрасните совети.. се надевам дека ќе успеам да го пребродам овај период... :) :*
     
  18. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Има разлика помеѓу самодоверба и ароганција, ама малку бегаме од темата. :)
     
  19. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Да се биде сингл не значи дека никој не те сака, туку да не може секој да те има.....
     
    На richgirl998, Jule.Sk, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    :bow: :bow: :bow: