1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. JackNicholson

    JackNicholson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    40
    Клинот со клин се вади, за преболување најдобро е да си најдеш некој друг (твоја грешка е што не си имала резерва). Никој не е совршен, сигурно и твојот бивши дечко имал некои маани само не си имала можност да го откриеш.Мајка, татко, брат не можат да се заменат, а дечко- ехеее има замени колку сакаш. Така да стегни го фустанот, монтирај ги штиклите и шпринт по нова љубов.[/quote]


    клинот со клин се вади ама дупката секогаш останува, :) во секој сучај во право си подполно се сложувам
     
  2. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Не сакам да сум сингл,но многу пребирам..Пребирам во смисла не сакам луди машки,машки што се прават фраери..а сега повекето се такви...Машкиве сега сакат луди женски,да се прекрасни,да го истакнуваат своето тело и сл..Ме нервира сето тоа.Едноставно нема во градов дечко каков што сакам,има толку машки од нив ниту еден не ми е по кеф. Сакам да си фатам мирен дечко,да учи,да е искрен,да не лажи,да ме прави среќна.
    West разбуди се,само на сон тоа!!
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sladok-bitola

    sladok-bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    46
    и јас несакам али ете јбг дојде таков момент да сум сам , (освен мувачките кои не ги бројам) тие се за потреба , можи до мене е проблемот со неможам да бидам со секоја, барам и карактер и физишки изглед. али не иде излеа тоа заедно па зато вака ке си седам се додека не се најди/ :?:
     
  4. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Абе јас ни мувач немам :D Имав врска година и три месеци..пред два месеци раскинав,што дека пак ме моли сега сватил што изгубил,но џабе е се! Хармонијата јас ја внесував во врската,бев другарка,женска но откако се скаравме тој свати што изгубил..Сепак,кога ке ги видам некои девојчиња секој викенд се со различен а јас еден неможам да фатам мака ми е навистина..Но ете..јбг
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sladok-bitola

    sladok-bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    46
    ке си најдиш :) само полека ;)
     
  6. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Westlife си раскинала врска, си го направила тој голем чекор, сепак голем е да не се лажеме и си само 2 месеци сингл, само 2. Па што очајуваш бре, излегувај, шетај, забавувај се, изживеј си го животот, посвети си го времето на самата себеси.

    Всушност и самата си го даде одговорот, во врската како што те сфатив, ти си била таа што се грижела за него, за врската да функционира, а при тоа многу често луѓето знаат да се занемарат себеси.

    Зошто наместо да жалаш што си сингл не си го посветиш времето на себеси. Најди си активности, некое хоби, оди во теретана, на пилатес, аеробик, зумба, читај книги, кратко кажано прави она што ТИ сакаш.

    Ќе запознаеш некој со тек на време, нормално, а и момците повеќе сакаат кога девојките се сакаат себеси, а не изгледаат очајно да си фатат дечко. А за девојките со многу мувачи, па тоа е во главном кога не пребираш со кого, каде, што. Ако мислиш дека тоа исполнува, па не баш. Телесно можеби да, но духовно се чувствуваш уште попразно. Барем тоа е мое мислење и искуство. ;) :*
     
    На Westlife му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617

    Ти благодарам женска! :*
     
  8. Haste

    Haste Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Здраво, нов сум на сајтов :$
    пред се да расчистиме, машко сум.
    Немав храброст да побарам мислење а посебно од женски сајт можеби поради моето его :(
    Епа вака... сингл сум можеби веќе 1.5 год. и веќе почнува да ме фаќа сафра... Сите кои ги знам се во „активна и здрава“ долга врска, но само јас некако штрчам во друштвото :@ ... Последниот пат бев со една типка која премногу ја сакав, ја сакав повеќе од се а таа гадно ме испозаеба... идевме околу 6 месеци и се беше ок но на крајот почна да прави секакви глупости и (сиг. се има смувано или нешто сл. со некои други) ме шутна, ме остави така дури и без да ми каже зошто ми го прави ова... по некое време дознав дека ме оставила само затоа што и здосадило (фак ме рајт?) и бидејки повеќе не сум и бил интересен. Ја потполно разбирам ако не иде, не иде ке ставиме крај но ова е една од нај глупите и мизерни причини кои сум ги слушнал. Бев многу повреден неможев да спијам со денови, неможев да јадам (среќа што не си пресудив) буквално бев скршен. Од тогаш едноставно се ми е променето, неможам да им верувам, несакам пак да бидам повреден затоа што на некој му здосадило или слично... се што сакам е да имам некоја која ке биде покрај мене, која ке можам да ја сакам и која ке ми ја возврати нејзината љубов... зошто неможам да ја најдам онаа вистинската? зошто постојано налетувам на "Attention whores" ?! зошто сите девојки трчаат по оние лоши момци и после некое време, сад-фејс па оној муабет: сите машки биле исти... зошто неможам да имам нормална девојка? зарем треба да станам кретен и да иам многу пари, да почнам да ги игнорирам сите со цел да ми се крене популарноста помеѓу припадничкиве од понежниот пол? стварно не разбирам каде сум згрешил и зошто сево ова мене ми се случува... а можеби и сум само еден бед-лак Брајан и ке си останам таков осамен до крајот на мојот живот :angel: |( :drunk: :@ :@ :@
     
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Стани кретен,игнорирај ги сите,биди и ти лошо момче,па можеби ќе ти успее.Ако мислиш дека е до тоа.
    Изгледа си премногу добар,а и разочаран од претходната врска па сега ти е страв да се впуштиш во нова врска.
    Пробај со друга.Опушти се.Не значи дека сите други ќе бидат како претходната.
    Биди малку подрзок.Ако бидеш премногу добар,девојките ќе го искористат тоа и на крај пак ти ќе бидеш разочаран.
    Ќе ја пронајдеш вистинската.Нема потреба да те фаќа "сафра".
    Се си доаѓа со тек на време.
    А уствари,колку години имаш?
     
    На 1bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Добредојде Haste :hai:
    Прво и основно,мислам оти работата не е за претерување-сам до крајот на животот :?: .Не знам колку години си,но според напишаниот муабет,не ми изгледаш како пубертетлија од 16,17 год..би рекла дека си 20/1 :P .
    Друго,по прочитаниот пост,јас би рекла дека ти си момче што секоја девојка би посакала-кога сакаш,сакаш вистински,добар си.Но,не дозволувај твоето претходно искуство во врската,да влијае на промената на твојата личност.Можеби навидум изгледа дека девојките ги сакаат оние bad-boys,но во суштина секоја девојка на крајот од денот би сакала да гушне предобра личност,чијашто прегратка ќе и даде спокој,која бескрајно ќе ја сака,личност која би направила се за неа итн...Тоа со bad bays некако ми е како urban legend |(, само на филмовите е така,но во суштина..реалноста е друга.
    Моето мислење е дека карактерно нема потреба да се менуваш,да ја менуваш твојата личност за да се допаднеш некому,НО,мораш да најдеш начин да дојдеш до израз!На пример тоа да е волонтирање во Црвен Крст,некои хуманитарни-или какви било др акции на кои би учествувал,одење во теретана,спортувај или на било кој др начин стани 'трн во око на девојките',но само со правење на позитивни работи.
     
  11. Haste

    Haste Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    hittin the gym
     
  12. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    И јас сум за темава , има година како сум сама . Излечив мозок и срце од последната врска , и сакам и сум спремна за нешто ново .Ама не иде све ние како што сакаме за жал , сакам а неам , а неам ни кај да го барам ..... а околку мене сите се со долги врски , сериозни до коска . Пола се омажија , по некоја трудна , по некоја бебе .... сакам некој да ме сака , чува , гледа , гушка .... :(
     
    На Gioia, smigool и SkrsenoSrce им се допаѓа ова.
  13. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    каде шетаат слободните женски?!
     
  14. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Е многу воа машкиве сте свилени, се вас некој ве заебува. Дали ти си се запрашал дека можеби во тебе е проблемот. Чекај како јас се однесував овие 6 месеци со девојкава? Очигледно дека не. Велиш на крајот почна да прави секакви глупости, да не било тоа во твојата имагинација, зошто гледам не си навел со сигурност дека е така. И сигурен ли си дека те шутнала туку така и не ти кажала зошто.М? И друго нешто не значи дека ако сите околу тебе имаат здрави сериозни врски, и ти треба да бидеш со некоја само за да не си сам, мислиш дека девојката нема да свати дека си со нејзе само за да не си сам. Прво треба да го бараме проблемот во себе а потоа да ги обвинуваме другите.
     
  15. Butterrfly

    Butterrfly Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Оваа тема е точно тоа што јас го мислам.Сингл сум веќе 2 години и претешко ми е кога сите околу мене се со некој,имаат долги врски,некои допрва ке прават свадба,па бебиња...само јас си сум самичка!Имав врска подолго време и кога се разделивме решив малку да здивнам од излевања и барајне дечковци и гадно се заебав,сега никој не може од дома да ме извади.Со моите 27 години преку глава ми е секој ден да ме прашуваат зошто немам дечко и затоа решив од денеска да сменам многу работи и да почнам да се дружам ;)
     
    На CrnceSK му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Барајќи го господинот совршен останавме сами.

    Ми се здосади ми треба љубов дефинитивно.
     
    На Anja98, richgirl998 и Hipica им се допаѓа ова.
  17. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Скоро една година сум сингл... Тоа може и не би било толку лошо доколку не се сите околу мене парови со долги врски. Кога не сакав да чујам за нова врска, имав милиони удварачи и потенцијални кандидати, а сега кога сакам и сум спремна за врска и ми треба некој и мене во животов (дури ни карти не можам да играм без партнер -.-), нема никој... Како да се потрошија слободните или па 80% се женски во Скопјево, не ми е јасно стварно :D
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    И јас бев таква.Сингле..едно 3 години.Да да 3.Но не гледав на тоа како на нешто трагично.
    Шо е твое ќе си дојде.И тоа кога најмалку се очекува.А ако се форсираш,тогаш како напротив-нема удварачи.Барем кај мене така некако функционира.
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nema-smisla

    nema-smisla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    зарем е можно женско да биде 3 год, сингл... ти честитам стварно, многу на твое место би заминале по лоште патишта место стрпливо да чекаат што носи животот.
     
  20. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    не би било лошо да се насмевнеш на насмеано лице што те гледа, прати некој заводлив поглед, кажи здраво прва на фаца која ти се свиѓа, не се плаши да поразговараш со било кој, нема да те изедат.