Излегувајте со различни друштва, искористувајте ја секоја можност за ново запознавање, излезете со другарката од факултет (сигурно има слатки другари што не сте ги запознале ), има многу можности се додека си опуштен и самоуверен
Јас само еднаш сум била во врска и мислам дека пак би можела само да бидам во истата врска и со истиот човек. Кога станува збор за самодовербата немам воопшто самодоверба и не знам како да поработам на тоа, односно не можам. Кај и да е и јас би сакала да си најдам некој нормален дечко, не можам и не сакам да сум сингл, кога сум сингл ништо не ми оди како што треба.
А тоа е врската со твојот секс-пријател? Дека имаш пишувано и во други теми за тоа,па да си прашам јас. Конкретно за темата 'искористена'.Ти така се чувствуваш,и сепак би била со тој? И како тоа не може да бидеш сингл? Јас стварно не можам да ги разберам девојките кои даваат таква изјава.Демек не можеле. А може да бидеш со некој 3 години за секс само?На лагер да си му?Кога му се сака тогаш да те бара? Се додека не научите да се почитувате доволно,ќе ги пунете темите во 'Љубовни проблеми'. И најискрено ме изиритира твојата последна реченица.Де просветли не шо е тоа шо не ти оде оти си слободна 19-годишна девојка?
Не зборам за врската со мојот секс-пријател. Не ми е убаво кога сум сингл што да правам и јас не сакам ама ете кај меен така одат работите, откако раскинав со дечко ми ете навлегов во врска со овој пријателов, ги паднав сите испити, изгубив многу другарки и се по ред. А со овој пријателов еве прекинав секаква комуникација. И немам убаво се опшано затоа не можете да ме разберете.
Пишиш оглас неќам повеќе да сум сингл и удворувачи колку сакаш Мајтапот настрана Здосадено ми е да сум сингл. Имам и јас такви периоди не велам не ама си се тешам си викам поарно сама отколку со погрешна личност. Не велам дека не би ми пријало да имам некој да ме мази да ме пази ама ете го нема, велат надежта последна умира.
Девојче,најверојатно поради скудните информации кои ги даде не те разбрав. Јас се извинувам,ако на некој начин си почувствувала грубост во моите зборови. И ако си слободна,не значи дека ништо не ти оде.Напротив.Имаш целосна слобода за журки до раните утрински часови,идење на кафе,пријателства со машки(шо е реткост во денешните врски,со оглед на тоа дека паровите меѓусебно се си забрануваат) итн.Значи немаш никакви ограничувања за за уживаш во најубавите години. А знаеш која е причината за зависноста од партнер? 3 год. имаш секс пријател,а претходно друг дечко.Тоа му доаѓа од 16год. возраст,запливување во љубовните води Така? Епа девојче да си уживаше во младоста ,детството(барем за мене),дружба со другарки,читање книги итн,сеа интересно ќе ти беше да имаш дечко.Значи интересно! А сега само ти е зависност.Лошо,лошо. Пробај да сменеш нешто околу тоа.
Во право си за ова последново. Многу далеку отидов од мала, чувствувам како да сум прескокнала еден важен период од животот и многу убав, за кој мислам дека не е воопшто касно за да го вратам. Инаку не почуствував грубост уживај си, се можам да разберам. Мислам дека веќе тргнав на подобро па да видиме до каде ке продолжам вака, еве веќе две недели сум паметна
мислам дека никој не сака ама ете судбина. и јас несакам ама ете .. се поднесува некако се навикнавме
Проблемот што сум сингл? Па вака сите мои другарки имаат дечко само јас немам Незнам во што е проблемот, не сум грда, нормално не сум ни принцеза, онака средно. Малку сум страмежлива но кога ќе се запознеме подобро не сум веднаш се опуштам. Друштвена сум и комуникативна. Дали е проблемот во тоа што сум ниска и имам мали гради или пак грешам?
Проблемот што сум сингл? проблемот е во тоа што не се трудиш доволно,ако доволно го сакаш тоа верувам дека ќе успееш.
Проблемот што сум сингл? не треба многу да мислиш на тоа, ниту да се трудиш многу. кога најмалку очекуваш, се случува, така да препушти на времето.