Е и јас не сакам..ама то е то и лажи сликата мене No One(како во онаа песната со Кисми или Алиша Дојди да те бацам,во превод,односно Алиша Кис беше така?)loves мене иако сум weird
Не сакам ни јас, ама така ми е кога дозволувам некој друг да ми го крои животот.... Смачено ми е веќе....
Пола од форумов се сингл, како може така да биде? Кога ќе искочиш надвор секој втор е пар, се држат за раце и се лапаат некад и драпаат.
КОГА ГЛЕДАМ КАКО СЕ НЕРВИРАТЕ ШТО СТЕ СИНГЛ А ИМАТЕ ПО 17-18-19 ГОДИНИ МЕ ФАЌА СМЕА ЖИМИ СЕ.....ЈА ИМАМ 28 ПОЛНИ ЗА НЕКОЈ МЕСЕЦ И 29 ТОЧНО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СИНГЛ СУМ...ДРУГАРКИТЕ СИТЕ СКОРО МАЖЕНИ И НЕ ИСКАЧААТ ИСКАЧАМ СО КОЛГИ И КОЛЕШКИ ОД РАБОТА АМА ОНАКА ПОСЛЕ РАБОТА НА КРАТКО ПОШТО СЕ Е ЗАФАТЕНО...ЗНАЧИ ЈА СО СКОРО 29 ТРЕБА ДА СЕ УБИВАМ...ХЕ ХЕ...ИНАЧЕ КАКО ОДМИНУВА ВРЕМЕТО ВЕЌЕ И НЕ МИ ПРЕЧИ ПОШТО СУМ НАВИКНАТА ВАКА ДУРИ И ДА НАЈДАМ НЕКОЈ МИСЛАМ ДЕКА САМО ЌЕ МИ СМЕТА ...ПОШТО ОД СЕКОГАШ СУМ САМА НАЈДОЛГА ВРСКА МИ Е 2 МЕСЕЦИ И ТОА СЕ ГЛЕАВМЕ ЗА ВИКЕНДИ СО ТИПОТ..СЕ ДРУГО БИЛО ОНАКА ПОВРШНО ЕПТЕН ПОВРШНО.....ГАЈЛЕ МИ Е ......
Подобро квалитетно сингл, отколку неквалитетно во врска Се шалам, се во свое време Ете, мојот љубовен живот не е на завидно ниво, ама тоа е што е, едноставно не дошол вистинскиот Сите имаме одредени критериуми кои спротивниот пол треба да ги исполнува, јас се уште не сум сретнала таков човек Според мене, овие работи се случуваат спонтано, не е поентата само да се биде во врска, туку да се најде некој кој ќе не сака и почитува
Знам дека за ова најмногу ќе ме критикувате бидејќи сеуште сум мала.Ми здосади веќе да бидам сингл, гледајќи ги оние помалите од мене како имаат дечко и како се муваат со секој втор.Животот е пред мене, знам дека имам време, но кога ќе ме прашаат дали имам дечко или пак дали се имам мувано ми е глупаво.Не ми веруваат кога ќе кажам дека се имам мувано со 1 бидејќи не сум имала дечко до сега.Секој ден се повеќе и повеќе сакам.А најлошо од се е тоа што сакам да ми биде тој што го сакам, никој друг.Пусти желби. Некој совет како да му пријдам? Инаку немам зборувано до сега со него.Читав во хороскоп дека раковите најмногу сакаат кога некој ќе им ги покаже чувствата.Помагајте ако можете.А и нема да се лутам ако ме критикувате.
Имам 17 години и сум сингл.Знам дека не сум нешто престарена ама сепак ми се смачи живот без љубов (љубов од машко) Зошто не се отвори некоја тема каде што ќе се запознаваат сингл девојките со сингл момчињата,можеби е подобро отколку сите само да кукаме за сингл статусот
имаш безброј страни по интернет за сингл девојки и машки.па и невидов дека некој кука дека е сингл,освен ти секако.
Извини што скокам како падобранец. Но имаш 17 год. најубавите год од некој што може да посака. Викаш дека си сингл и дека ти е смачено. не мислиш дека малце треба да уживаш во животов? А тоа дека си сама, па може е до тебе, можеби, ги одбиваш машкиве? Мислам дека Македонциве и не баш користат сајтови за упознавање. Башка и нема такви само за МКД.
И ти на 17 години сакаш на таков начин да запознаваш сингл момчиња ццц Во најубавите години си излегувај дружи се запознавај ,можеби ќе се вљубиш наскоро и ќе почуствуваш љубов од машко каква што велиш дека сака
Не знам што си запнала за дечко,јас во тие години бев во фазон „Who needs boys,let's get drunk“ Уживај во животот,пиј,скокај,танцувај,шетај,забавувај се со друштво,а ако ти пријде некој и ти се засвиѓа смувај се,фати си го дечко,прај што ќе прајш Темава ми е ужасно бесмислена. Не гледам како би се помогнало на тие што не сакаат да бидат сингл,освен ако им најдеме дечковци виртуелно
Не знам дали спаѓа овде ова што сакам да го кажам, но некако морам да го искажам, да излезе од мене. До сега, во животов, никогаш не сум била во врска со некој во кого сум била вљубена, никогаш не сум почувствувала пеперутки за личностите со кои сум одела. И секогаш ми викале дека отпосле ќе се вљубам, но времето си минуваше и никогаш се нема случено. Веќе некое време сум сингл, и сум решена дека нема да влезам во нова врска ако навистина не сум вљубена во дечкото. Не знам колку ќе чекам, и дали ќе се случи, но едноставно сакам да сум вљубена и среќна поради тоа. Можеби некои од нив го искусиле истово како мене, не знам... ете, тоа сакав да кажам.
Точни ти се годините на профилов? Тоа вљубувањето не доаѓа кога ќе посакаш, ќе се случи кога ти најмалку ќе очекуваш, а дотогаш уживај си.
Да, точни ми се, за жал. Сум била вљубена претходно, но не сум имала среќа да бидам со таков во кого сум била вљубена.
И јас од бившите дали спрема еден, двајца сум имала чувства, привлечност. Исто си ветив дека нема да почнувам веќе врска со надеж дека ајде ќе се навикнам дека е добар, па ќе се заљубам. Не оди тоа така. Тие двајцата кон кои имав емоции се покажаа во лошо светло, така да се осеќам сега како да сум во ќорсокак. Како да не знам што сакам. Поточно знам што сакам, ама го нема тоа. Нема денеска искрени луѓе, нема искрени пријатели, нема партнер кој прво ќе ти биде пријател па се друго по ред.
Со вакви негативни мисли мислам дека ништо не правите. Најлошо е во животот да имаш па да немаш, а и да снема се со тек на време се се стекнува. Далеку од тоа дека на светов не постојат луѓе кои се искрени. Почнете да размислувате малку попозитивно и нема реакција ако нема акција. Направете листа на карактеристики кои досега не послужиле како корисни во однос на тоа да се смени вашата ситуација. Јас сум исто скоро 2 години сингл со неколку катастрофални обиди за да се направи нешто, но точно знам кога грешката била кај мене кога не и зошто е тоа така. Не седете дома, излегувајте барем секоја од вас има една другарка преку која може да рашири познанство. Преку ноќ ништо не се менува. Работете прво на себе да го смените погледот кон светот и сигурно тоа ќе резултира со успех, само имајте барем малку трпение во целокупниот прогрес. Возраста не е важна во никој случај, очевидци сме на многу луѓе кои и во постари години знаат да си најдат партнер тогаш зошто да не можете и вие.