многу е грдо да си сам а твоите другарки да имаат дечковци/мажи и цело време си напнат со ситуацијата што ти сам,и немаш никој и си мислиш дали некогаш и ти ќе имаш и ќе бидиш среќен
Pa i ne mora da slusas najiskreno....taka da uzivaj i ne slusaj moabet sto ne ti ofgovaraat da go slusas :
Не знам дали прочита убаво. Не ми рекла на мене, туку колешки една на друга. Како да не слушнам кога седевме на иста маса и пиевме кафе?Не е работата дали мене ми одговара или не тој муабет, туку е одраз на лични фрустрации и потреба да се навреди некој друг. Која е таа да кажува на некој друг како да живее кога и самата својот живот не го средила. Дури и да имаш нај најсреден живот и убав, тоа не ти дава за право да му солиш памет на друг (зборам општо). Луѓе см,е и не сме имуни на ништо. Секој може да биде сингл, секој може да се разведе, секој може да остане без пари во џеб. И сега кој е најпаметен да суди на друг.
Мене тука ме иритира фактот што ај немаш дечко, работи и така немаш ништо во животот.Како да маж да треба да ти биде бог пред кој се покоруваш.Ти немаш пријатели, семејство и никакви други цели во животот освен маж да најдеш.Жално навистина.
Тоа е најподло и сељачко потенцување. Девојчето не изреагира никако. А другава што навреди во случајот е бесна и хистерична оти нема дете, а очајно сака. плус живее невенчана со партнерот кој сме чуле дека ја пцуе по телефон и слушалка и спушта, и таа нашла на некого да кажува. Зарем требаше оваа да и врати дека е хистерична и своите фрустрации ги лечи на работа, со тоа што се истура на недолжни луѓе. Многу грдо и нечовечки. Секогаш има што да се прави во животот. Посебно на 23-24 години колку што девојкава има.
@Tanjamm абе работава битно она има некој, тоа што ја пцуе, не се обврзува не е битно, а на 24 год девојчето што нема дечко (може и има, ама не „се фали“ на сите, нагаѓам само) ај нека не искача од работа ако не, нема на кој ручек да прави.Поврзано со темава, подобро сингл отколку ради реда со некој
Море го издржува и ја третира како ѓубре. Може и да има девојчето некој ама можеби не сака да меша работа со приватни муабети.
Ispravi me ako gresham, mi lichi na izgovor da ja teraat da raboti za vikend..? Trebalo i devojcheto nekako da izreagira za da ne prodolzhi da ja maltretira. Ova shto ti ni go kazha za taa, suptilno da i go plesnela vo faca.Vo stilot "Sho kje mi e dechko, da me pcue po telefon i da mi spushta slushalka?" Nikoj samiot ne smee da dozvoli tugji frustracii da bidat lecheni vrz nego i da mu se meshaat vo privatnosta.
Девојчето од култура не и врати. Сама се предложи дека за викенд може да сработи нешто иако не е дежурна, а оваа и врати демек што ќе правиш друго во животот.
Надја немој да се преоптеретуваш и да размислуваш вака, сите луѓе се различни, некои порано некои покасно си ја наоѓаат својата среќа, верувај во тоа. Народот секогаш ќе ломоти и ќе збори, за било што ..за се, ако не е оваа причина тогаш друга ќе е.. битно секој бери гајле за туѓото. Биди сигурна дека за се има време, дека времето е лек за секоја рана, дека еден ден ќе се случи и тоа чуство што го посакувате одамна, дека и на вашата врата ќе чукне љубовта и ќе ви се насмее. И вие треба да се потрудите, да ги отворите вашите врати во срцето, да дозволите љубовта да влезе во вашиот живот и да ви подари светлина. Сите ние пробуваме и се трудиме, учиме на своите грешки, и сето тоа е ок, бидејки од грешките сваќаме всушност што сакаме а што не, што ни годи а што не, да така можеби судбината и животот сеуште не ви го подарила вашето подобро..вашето совршенство.. но еден ден ќе дојде, ќе дојде кога најмалку очекувате!
Mene gazdaricata takvi muabeti mi kazuvase za da porabotam prekuvremeno dodeka oni si terat muabeti,demek sto ke pravis doma mackite li ke gi dois mi veli pa duri so navredliv tonduri nekolku pati mi vika sto ke ti e maz nemoj da se mazis samo ke te nervira za nisto drugo ne sluzi a ona mazena zena mazot po gaz i odi celo vreme,ama budalce bev golemo,sega po zavrsuvanjeto na rabotnoto vreme ne ostanuvam ni minuta i ne im dozvoluvam da mi se mesaat vo privatnosta i namerno vo nejzino prisustvo si zboruva kako ke bide koga ke se mazam ubavo,ona ke mi kazala da ne se mazam,puuuf ako mi e gazdarica ne e Gospod ili majka mi,abe nekoi luge mnogu si zemat za pravo ama rabotata e kolku ti ke im dozvolis.
Напната сум од моите дома зошто сум сама зошто немам дечко,баба ми стара мома ќе останеш не знам уште што и ме нервира.а секогаш со погрешни сум идела и сум ги правела постојано истите грешки,јас брзо се заљубувам но секогаш патам,но се надевам дека ќе најдам некој што ќе ме сака и почитува
Баш така како да се Господ се однесуваат. Дома на децата можат да кажуваат што сакаат, но не и на работа.
Кажи дека не ти помагаат со такви коментари и дека те полнат со негативна енергија. За секое грнче има капаче не му ја мисли. Биди јака карактерно и не давај да ти се мешаат во животот.
Миличка немој не се оптеретувај вака со вакви мисли, старите знаеш дека се стари и имаат свои сваќања, бабати и за нејзиното време ќе ти ја тупи со години нанапред, не и обрнувај внимание на постарите толку не ги сваќај здраво за готово, од едно уво влегло од друго излегло ич не ставај на памет вакви бабини застарени муабети. Не е работата да најдеш само некој и да заврашиш работа за да на ним им ја затвориш устата, не живеј и не прави за нив туку за себе, ако сеуште сметаш дека не си го нашла вистинскиот, причекај и дај му време на времето, ќе видиш дека ќе се поправат работите дека и кога најмалку ќе очекуваш ќе почне да ти бие срцето и ќе ја почуствуваш убавината. Воопшто нека не те напнуваат муабетите од страна, народот секогаш ќе зборува, живеј онака како што ти мислиш дека треба, како што е најдобро за тебе и за тоа што те прави среќна, најверојатно сеуште не си ја пронашла вистинската среќа за тебе, а сигурна сум дека те чека таа среќа таму некаде и еден ден ќе ја пронајдеш.
и јас сум сеа у таква ситуација у која што се мрзам себе си и гневна сум на себе незнаж да ги цемат добрите луѓе а лошитњ фи ценам и дпбро им правам секоја вечер плачам
Не за џабе рекле дека од грешките човек се учи, бидејки си ја увидела својата грешка сега потруди се да ја поправиш и да одиш напред. Сега би знаела со кој и како да постапиш за да не патиш, цени се и сакај се прво себеси, отвори го срцето за нови љубови и потруди се да дадеш шанса на некој што навистина те цени и почитува.
@Tanjamm ова ме потсеќа на една познаничка која постојан добива коментари: „е зошто немаш дечко?“, „леле колку те личи со дете...“, „не си малце стара за во кафичи и дискотеки, треба дечко да си најдиш, да се мажиш.“ - а сеуште е во средината на 20тите. Сепак мислам дека нечија одлука или неможност да напрај нешто да не биди крајно осудена или исмевана. И тие имаат чувства бе ... @Zvezdicka11 ме потсеќаш на другарка ми :') ќе ти кажам само ова шо му го кажав неа кога остана сама еден месец после раскинвањето со дечко ѝ - една жена не треба да зависи од маж и ни еден маж не треба да зависи од жена. Убо е да ги имаме ама да немаме живот зошто ги немаме - нема смисла. Релаксирај се малце, како оди времето ќе запознаваш различни луѓе, средно, факултет, работа - и шо уште не. Во машко друштво биди опуштена зошто кој неќи некој во добро и позитивно расположение? Немој да бидиш нападна и верувај ми, кога флиртоваш отворено и без трошка срам ќе успејш во тоа што си наумила. Ај со среќа, немој да бидиш несреќна само зошто си сама @nadja29 сакаш да кажиш пријателите ти напнуваат на тоа дека ти си сингл а тие не и тоа те прави да се чувстуваш лошо? Исто како што напишав на @Tanjamm , таквите коментари подобро занемарувај ги. Вистина е дека зборовите на луѓето или ќе те кренат или ќе те спуштат. Ако некој ти речи дека имаш многу убави очи и ти ќе поверваш во то ќе речиш „еј шубај очи имам“, ама ако некој ти речи „леле дечко неможиш да си фатиш немаш шо да прајш“ ти во крпче ќе си го врзиш то и ќе си велиш себеси „јас сум неспособна“ ама место то, ти не си неспособна, ти си само со недоволна самодоверба, не? Па докажи им на тие така шо зборат обратно! Да, против инаетење кога се работи сопствен живот сум ама еј, вака ќе биди win-win ситуација, тие нема да можат да ти зборуваат, а ти ќе бидиш среќна и не-- немој да велиш дека неможиш. Секој е способен да освои нешто шо сака. ---- сега го видов твојот друг коментар, ама сепак е истата ситуација како што ја опишав горе па сега место да ја парафразирам мислам дека ќе послужи и како ваква, дека нема потреба. ---- многу зависи од родителите, некои зборуваат и мислат дека со тоа помагаат на детето ама фактички многу одмагаат и само доведуваат до тоа да им ја намалат самодовербата уште повеќе. Како би очекувале некој да не сака ако самите не се сакаме? Твоите дома со добро замоли ги да не зборуваат за тоа, објасни им дека ти е како надохнаден притисок и дека со тој притисок дефитивно нема да ги исполниш „нивните“ барања. Ајде, chin up, се ќе биди океј <3 @esperansa777 абе ако сте имале некоја блискост би разбрала да сака да ти надовести нешто, не? Ама сепак било кој газда/рица нема право да се меша во приваноста на нивниот работник. И згора на тоа работното време е исто за сите, ако денес јас останам поќе - ќе ми биди платено. Ако утре ти останиш поќе - ќе ти биди платено. @Slatkarka94 треба да видиш душо, кој има добро влијание кон тебе, а кој не. Како индивидуа, како човек, цени ги сите ама дозволувај блиску до тебе само неколку и така ќе превентираш да бидиш повредена минимално.