Е дечкото ме сака се прави да сме заедно вчера дојде кај мене болен ии јас несакам па да сме ми вика ќе се уништам и нз сп да правам морам да се смирам уффффф уффф
Ви благодарам за убавите совети @theowndemon @Tanjamm i @vitamina ќе се трудам и да бидам оптимист и да и кажувам на моите дома да не ме претискаат повеќе
Надја доколку претерано сносуваш притисоци од домашните а воедно и од бабати седни и кажи и еден убав и воочлив муабет, дај и до знаење јасно и гласно дека треба да те остават да живееш и дека не треба да те притискаат бидејки не е работата да најдеш само некој колку да им го исполнеш кејфот туку напротив да престанат да те третираат како мала и несозреана личност и да те остават да го избереш најдоброто што го сметаш за тебе, и дека треба да сватат дека треба да те подржат и да ти дадат слободно да живееш без претискања, а тоа што е твое ќе си дојде со тек на време, бидејки со нивните пририскања и малтретирања нема да ти бидат од помош туку само напротив нервози ќе ти ствараат и дополнителни стресови за нешто што навистина е безвезе... твој живот и твои одлуки.
Повеќе снесувам притисоци од баба ми и од сестра ми одколку од моите родители.еднаш ми пререче баба ми што сум чекала 25 години сум имала за да фатам дечко стара ли мома ќе му била и се развикав и пак почна со истото.а сестра ми и таа ме напнува ајде фаќај дечко што чекаш мала да не си .и не можам повеќе да го трпам тоа
Ти кажи и на сестрати да си го бери нејзиното гајле и нејзиниот живот, нема потреба да ти се меша во твојот и да те притиска, најлесно е да советуваме и да претискаме кога не сме му во кожа на тој што има мака, а јас во твојот случај воопшто не гледам дека со твои 25 год си стара мома, боже мој сачувај, баш си во убави и прекрасни години каде што можеш комотно да се забавуваш и покрај тоа да си тражиш сродна душа. Да така немој воопшто да се нервираш и мачиш околу ова бидејки си сеуште млада и пред тебе сеуште има време и време додека си ги оствариш твоите цели, баш си во години за забава и уживање во младоста. Воедно кажи и и на бабати дека не живееме повеќе во нејзиниот свет и дека работите денес се изменети, дека сеуште си млада и животот е пред тебе, да не се грижи и да не те протиска бидејки тоа е твој живот и твои правила. Поздрав и се најдобро.
Кажи им дека ако те притискаат само штета ќе ти направат. Размислуваат ли тие колку разводи има во денешно време. Размислуваат ли дека со притисок ќе те наведат на погрешен избор. Баба ти може мисли дека како во нејзино време, се мажиш и среќен крај. Веќе не се тие времиња. Сега никој никого не почитува и само гледа кој кого да искористи. Затоа очи отварање. Ако немаат осет не им прави муабет некое време. А што мислат тие дека ако фатиш дечко ќе мора да се мажиш со него? За брак се потребни двајца, а баба, дада, мама, тате не треба да се мешаат.
Знаеш она кога сакаш да запознаеш некој нов ама ти е веќе смачено од запознавања, почетен small talk, па „кај сакаш да идеме?“ -„ти кај сакаш.“ -„кажи ти.“, -„не, ти кажи.“... особено кога ненормално си ги спуштила своите стандарди заради притисокот од околината дека треба да излегуваш со некого... И не ти се седи ама ич со таа личност, ама ај си викаш, можеби ќе ме импресионира, моеби ќе ми се допадне повеќе со тек на време, можеби... А паметот ти е кај некој сосема друг, некој кој живее таму некаде далеку и си има свој живот и љубов и веројатно никогаш нема ни да бидеш во негова близина, но се убедуваш дека еден ден и ти сепак ќе најдеш некој како него и ќе имаш своја љубов како неговата... Ми зборат луѓево околу мене „ама не го барај принцот на белиот коњ, минува времето, најди некој“, малте не ми викаат најди било кој. Но не сфаќаат дека не барам принц на бел коњ, оној кој ми е лика и прилика на совршенство по мои стандарди, за 90% од девојките кај нас е фуј, нема коцкици, не оди во теретана, не поседува автомобил, тотален гик е, иако има 28 години игра игрици и гледа аниме, носи различни чорапи на двете стапала, и блузончиња со Марио и еднорози, е најголемиот трапчо на светот, но е најубавото и најмилото суштество што сум го видела на планетава... Зошто нема такви дечки кај нас? Зошто мора да се прават фраери, или мачо типови или господа... Мора да ги има, сакам да верувам дека ги има... бидејќи ако престанам да верувам.... .....
Jas se izvinuvam ama ne znam zosto nemam kirilica na kompjuterov! Probav so shift (kliknav 2 pati edno po drugo na brzina ama ne biduva, a nemam mak podrska za kirilica) ): Kako i da e... i jas sum vo ista situacija, nemam decko veke 3 godini, duri ni friend with benefit ne sum imala. Do dusa nikogas ne sum imala sreka vo ljubovta i ne, ne preteruvam. Se naviknav nekako so toa i pocnuvam da si mislam deka mozebi Gospod taka saka. Probav jas da go napravam prviot cekor poveke pati i nikogas ne uspealo ama toa ne e edinstveniot problem. Imalo poveke licnosti sto sakaa vrska so mene ama site gi odbivav navagajki im sekakvi mani, iako jas sum prvata sto ima mnogu mani i problemi. Ne znam, sega koga imam skoro 24 godini pocnuvam da svakam deka sama sum si ja odbrala ovaa situacija na eden ili na drug nacin. Problemot e sto sega koga znam deka edinstveno i samo jas sum kriva za se i koga sakam da najdam nekoj, nema nikoj hahah. Pogolemiot problem e sto site okolu mene, a najmnogu majka mi i tatko mi sekoj den za toa mi zboruvaat i se osekam se podepresivna bidejki ne e vo moja mok da napravam bilo sto. Ako trcas i gi gonis ovie raboti, nikogas nema nisto da se sluci i kolku poveke mi ja dujat glavata tolku poloso e, ama tie ne mozat da go razberat ova. Se osekam stara, glupa i kriva.
@Unica alt + shift е командата, ама прво мора да наместиш подршка за да менваш. Ретко кој со инсталацијата мести. 1) Имаш 24 години, животот е пред тебе. Коментарите на твоите ако им дајш значење само ќе те омаловажат и ќе ти ја намалат самодовербата, а ако ти сакаш да напредиш во било кое поле ти треба самодоверба. Да не се сфатиме грешно, не ти велам да не ги слушаш твоите родители туку да не им даваш до значење на работи кои во моментов не ти се приоритет. - Што ти е приоритет? - До кој степен ти сметаат коментарите на твоите? 2) Среќа во љубовта, не. Јас не вервам во среќа, конкретно во љубовта. Ако ти сакаш нешто ќе се бориш за то нешто. Ако сакаш некој покрај тебе ќе се трудиш да го имаш. Во тие сите на кои си наоѓала ти маани - сигурно некој беше доволно добар, но ти сакаше да најдиш само мана. Сега се каиш за тоа, но не е прекасно да се испрај се. Не си стара како што мислиш. - Не можеше да ги занемариш тие маани и проблеми на потенцијалните дечковци? - Дали можеби чувсутваше конкретен страв од стапување во врска? Можеби страв од тоа да бидиш повредена па мааните и проблемите ги изнесуваше на површина баш така? - Дали можеби имаш некои лични фрустрации кои се одразуваат на твојот љубовен живот? Среди се малце, насмеј се. Не ја губи самодовербата, излези надвор. Малце поопушти се, смеј се, биди пријатна и разговарај на секоја тема. Друг совет и не би ти дала, млада си, претпоставувам убава, како и секоја девојка на твоја возраст. Со среќа!
Oh i jas vekje odamna sum si sama. Mozebi glupavo zvuci ama vo posledno vreme sum preokupirana so fakultet i rabota i pocnav mnogu retko da izleguvam vo petok i sabota nekako nemam vreme , a i ona sedenje po celi nokji me ubiva,utredenta sum pospana i cel den mi minuva vo spienje. Znam deka mozebi e glupavo dodeka moite vrsnici setaat uzivaat jas kako da treba da izdrzuvam semejstvo i sum nasocena premnogu aj da kazam na kariera. No ,se tesam sebe si deka eden den ke zapoznaam nekoj .
Mi smetaat komentarite na moite mnogu zaradi toa sto ne se naoga nekoj od denes za utre, a tie sekoj den mi povtoruvaat "skoro 24 godini imas a uste decko nemas" ili "moras da si najdes decko", sekoj Bozji den. Inaku se sto napisa, site tvoi pretpostavki se tocni. Ako sum sama, toa e zatoa sto edno mi bese strav da ne me povredat, drugo ne bev sigurna deka sakav da bidam vo vrska i se ostanato sto napisa ti. Ke se trudam da go ispocituvam tvojot sovet, bidejki bas toa i mi treba, da se opustam, sredam i da uzivam. Fala ti sto izdvoi vreme za mene i sto me natera da poglednam i priznaam nekoi raboti sto samata nemav jajca da priznaam. <3
Олабави се малку и седни со смирена глава размисли и гледај да почнеш да си го организираш времето малку од малку. Сите ние имаме кариери, обврски и работа кои не чекаат нели? Човекот живее со работата и таа работа никогаш нема да стивне но суштината во тоа е да се обидеш да извлечеш, да се организираш и да најдеш малку време за тебе за опуштање и релаксација на секојдневните обврски. Ако успееш да се ирзорганизираш со времто ќе пронајдеш некој час повеќе за дружба и запознавање на нови личности кои би можеле да додирнат до тебе и да вродат некако плод во твојата иднина. Помисли и малку на тебе и твоите желби, надеж за подобро утре и иднина, не дозволувај така лесно да се предадеш на тие мисли и да наоѓаш оправдување во сонот и работата, животот не се состои во тие две нешта, животот е многу поисполнет баш кога одделуваш време за себе и твоите желби. Ете што повеќе согледуваш на реалноста за твојот проблем тогаш биди храбра и соочи се со твојот страв, обиди се да се промениш за себе и да почнуваш да правиш работи кои досега не си се осмелила. Токму и во тоа е суштината на животот, треба да најдеш сила и да се бориш во она што го посакуваш и те исполнува. Биди храбра и почни од некаде, дотерај се и дигни ја главата, реагирај и откорени го стравот од тебе, биди посамоуверена и никогаш не се откажувај.. сепак животот и младоста се пред тебе, сигурна сум дека ќе ја пронајдеш вистинската личност. Родителите и роднините секогаш ќе зборуваат, ако не за овој проблем тогаш за друг за тоа треба да си свесна бидејки на нив тоа и е всушност работата, секогаш да зборуваат. Игнорирај доколку не се разбираат од збор и терај онака како што тебе ти одговара.
Насловот ми е толку апсурден. Како прво, зошто да си сингл се сфаќа како некоја маана? Како некој проблем? Најверојатно го кажале оние што без дечко/девојка право не знаат да стојат, не знаат да бидат среќни сами со себе, да бидат независни или пак оние чиј брак/врска им е животно достигнување. И како второ, љубовта е нешто што не можеш да го форсираш.
Види, не е баш апсурден и не се работи веројатно за форсирање ама се смачува верувај колку и да ти е ок што си single, подобро така отколку во лоша врска ама и тоа има лимит.