Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.618
    И јас бев фина со сите и дозволував некое време да ми се мешаат во животот. Сега не, јас бирам со кој ќе се дружам. Негативни луѓе избегнувам, сезнајковци што делат лекции. Кратко и јасно им кажувам дека не ми е грижа за туѓо мислење, за ничие мислење. Кој не ме почитува и јас не го почитувам. Гајле да не ти е. Те плашат ќе останеш сама? Моја професорка од факс има над 50 и никогаш не била мажена, а секогаш е позитивна и насмеана. Мојата мајка е во брак, има деца, ама што кога не била среќна. Колку пати сум слушала пцовки и навреди меѓу нив, трауми имам за три животи.
     
    На rose60, Gosh, Wahnsinn и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Angela349

    Angela349 Нов член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Дали немам среќа или што е работава не знам.
    Не дека не ми се пуштаат ама прашање е какви ми се пуштаат. Физичкиот изглед навистина не ми е битен бидејќи јас работите поинаку ги гледам за разлика од повеќето. Вистина е дека кмам високи критериуми ама знам колку вредам и знам што ми одговара а што не. Карактерот ми е мноогу важен. Не барам совети туку да се искажам негде што ме мачи.
     
    На strawberry06, Tanjamm, biGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. stela22

    stela22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Eee jas imam 17 godini i nit se imam smuvano nit decko..nikoj ne mi pisuva a ni mi se pustaa... So e problemot stvarno nz dali sum odbivna ili nesto a da reces za neprivlecna ili grda ne sum i mn mi e nezgodno zosto site moi drugarki imale muvatori pa i vrski a samo ja ne i to custvo ne mozam da go opisam grdo se custvuvam ;(;(;(
     
    На twilight123 и krEM4Eto им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Јас сум малку постара од тебе и досега сум имала еден дечко и неколку мувачи. И не ми е воопшто криво што ги немало повеќе. Си уживам во слободата, затоа што искрено и не е толку убаво понекогаш некој да те контролира кај си, со кого си. Имаш цел живот пред тебе кој ќе го поминеш со некого сигурна сум. Засега уживај си во слободата и не ја барај љубовта, туку остави самата да се појави. Најважно од се е да бидеш весела, позитивна личност и да се дружиш, а за мувачи и дечковци ќе ги има верувај :hai:
     
    На jasbi и twilight123 им се допаѓа ова.
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Не се преоптеретувај со тоа, се ќе дојде во свое време. Не мисли многу на тоа и ќе видеш кога најмалку очекуваш ќе си најдеш мувач или дечко. ;)
     
  6. s.w-e.e-t.y

    s.w-e.e-t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    432
    Ве молам за совет...имам 20 години и досега не сум имала дечко. Не сакам да сум повеќе сингл бидејќи ми е тешко да ги гледам сите мои другарки како излегуваат заедно со нивните дечковци, а јас сум постојано сама. Незгодно ми е да излегувам со нив бидејќи некако ми се чини дека им сметам иако тие ми велат дека не е така. Сите кои сум ги симпатизирала или сакала или сакаат некоја друга или пак се во врска :( Инаку дружељубива сум и често излегувам..но најмногу ме кочи срамот. Кога сум во близина на некој што ми се допаѓа незнам што да правам, не можам да се вклопам во разговорот и постојано молчам, а кога сум со друштво сум сосема поразлична. :emo: Како да го променам тоа? Што да направам?
     
    На twilight123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Твојот срам ги тера машките подалеку од тебе, да ти пријдат, не само затоа што имаат друга или сакаат некоја, туку,што незнаат на што се кога ќе почнат да зборат со тебе.Они мислат, дека си дигната, и не ти се интересни тие. Како да се однесуваш спрема, некој и да се однесуваш нормално, на 20 год девојка. Нормално ако зборат теми, како фудбал или нешто, кажи смени тема, и така не гледам фудбал и тоа е, ако не дај ти нешто тема да се збори. Срамот те убива, не само тебе, туку и машките, незнаат на што се, ако видат дека не ги фермаш, може си мислам, или не ти се допагаат, или имаш некој.:D
     
    На s.w-e.e-t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Blondie.18

    Blondie.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2016
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Немој да се оптеретуваш воопшто. Остави работите да течат сами по себе. И јас се оптеретував со тоа дека сите на моја возраст имаат по 5 сменато, а јас не се имав ни измувано. Но еве сега 1 година си сум со мојот прв и последен. И тоа дојде воопшто кога не очекував и кога не се замарав...
     
    На krEM4Eto и s.w-e.e-t.y им се допаѓа ова.
  9. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    СЕ ЧУВСТВУВАМ МНОГУ ОСАМЕНО! Сум имала неколку мувачи и една сериозна врска, прекинавме и немам веќе никакви чувства за него но цела година сум сама. Сега тргнав на факултет, ги гледам сите нашминкани, дотерани, запознаваат луѓе, се смеат, имаат дечковци, се обидувам и јас но не оди.. Имам друштво, запознав и нови луѓе но сепак се чувствувам тажно, без ентузијазам, мислев дека кога ќе тргнам на факултет се ќе биде поинаку, бев многу позитивна но разочарана сум, не можам да се препуштам, заминувам тажна и се враќам тажна, моите другарки почнаа да забележуваат дека сум во депресија и се поретко излегувам веќе немам ни желба да запознавам нови луѓе, ве молам посоветувајте ме
     
    На the drummer му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Машки
    Само позитива.Без затварање дома и бедови.Младоста ти е тука и само насмевни се и ќе ти се насмевни.
    Шминкај се и дотерувај се...зар некој ти го забранува тоа?
    Не се затварај спрема лугето и некој ќе знае да го цени тоа :)
     
    На elimkd и Leat им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    @Leat
    Не биди будалче
    Ги живееш најубавите години од твојот живот
    Никој не сака депресивен пријател кој ќе шири негативна енергија
    Каде ја изгуби желбата за живот?
    Помисли само колку луѓе има околу нас со тажни судбини, болни, па се борат, живеат, се радуваат на секој нареден ден
     
    На biGirl, Jean-Baptiste и Leat им се допаѓа ова.
  12. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Само шо започна академската година и сигурно не си ги запознала сите па само една недела се оди на факс.. не очајувај има време можеби нема да биде од факс можеби долго време ќе се знаеш па ќе се засакате ;)8)
     
  13. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли дека и јас самата се прашувам каде ја изгубив желбата за живот, јас се правам по старо но не со уживање како порано туку по навика, по навика се шминкам по навика ја одбирам најубавата облека по навика се смеам и никој не забележува дека сум тажна забележуваат само дека сум повлечена оние што ме знаат долго време. Порано се средував, слушав весела музика, играв додека се подготвував а сега слушам тажна музика и во себе многу страдам се осеќам немоќно и осеќам дека ништо нема да биде во ред со мојот љубовен живот

    @krEM4Eto мора да биде некој нов очајно ми фалат нови луѓе во животот бев многу повредена од врската и се дистанцирав од машки не се форсирав по секоја цена да најдам дечко рукутуку ги запознавав и чекав некоја нормална прилика, фин добар и културен дечко и ми беше во ред се до сега кога почнав да чувствувам дека такво нешто нема да се случи
     
    Последна измена: 25 септември 2016
    На fallenangel и DeepBlue им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    @Leat , гледај да бидеш смирена. Сите поминуваме низ вакви депресивни фази во животот. Некој повеќе, некој помалку, некој почесто, некој поретко. Така што не е нешто невообичаено што ти се случува. Иако имаш симптоми на депресија, сепак обично ако ваквото лошо чувство трае повеќе од 2 недели се нарекува депресија и потребно е да се превземе нешто. Колку време ти трае овој период?

    Батали ја идејата дека со фаќање дечко ќе ти се реши чувството на осаменост. Во ваква состојба не би те советувал да избрзаш со фаќање дечко. Стапување во врска од осаменост е многу лош потег. Нема никогаш да знаеш дали навистина го сакаш или си стапила во врска за да ти ја „пополни“ осаменоста. А верувај дека нема да ти ја пополни, туку тоа ќе произведе една напорна и исцрпна врска и кога ќе се раскине уште повеќе ќе те боли (дури и ако ти ја раскинеш).
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Вака ми е точно една недела... Сум била и посама, значи без ниедна другарка, без дечко, без никој но не ми било вака.. Сега е поинаку, без надеж сум и и меѓу луѓе се чувствувам осамена
     
  16. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    jas ich nesakam da sum vekje singl mi se smachi vishe
     
    На MomceTurce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bojana_Ilcevska

    Bojana_Ilcevska Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Не се оптоварувај со негативни мисли, само полошо си правиш. Пробај се за да можеш да уживаш, тоа ти е многу убав период, факултет, друштво, забава.. Немој да се затвараш во себе, облечи се, дотерај се, нашминкај се и дружи се! :) Одбери си ги луѓето што те прават среќна и имаат позиивна енергија и поминувај го времето со нив.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dzeliii

    dzeliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    442
    mi se place od sto ne sakam da sum povekje single. kako stignav do ova deredze ni sama ne znam. imam 21god i nikat se neam muvano. mojata samodoverba e totalno fake. se plasam koga nekoj kje pokaze interes za mene, pocnuvam da panicam deka koga vistinski kje me zapoznae nema da mu se dopagjam poradi red raboti kako na primer moite zabi, moite nesmasni komunikaciski sposobnosti, mojata totalna anonimnost na socijalnite mrezi, moeto ne odenje po diskoteki i glavnoto: ja ne znam da se lapam. Poslednava godina mnogu rabotam na sebe, no sepak treba vreme za da celosno gi otstranam ovie nesigurnosti. Za zal ovie raboti pocnaa da mi vlijaat i na prijatelstvoto so edna bliska drugarka. Bevme bliski na pocetok na faks i stalno sme zaedno no periodov taa se promeni, na podobro, no jas sum i ljubomorna bidejki se cuvstvuvam nevidlivo koga sum so sea, interesna e, zabavna, sekogas znae kako da im go svrti vnimanieto na maskite, iako fizicki e privlecna kaj nea e karakterot toj sto privlekuva, gledam da ucam od nea, znae da koketira, da napravi nekoj totalno da go izgubi umot po nea. Sega koga sme zaedno izlezeni i koga nekoj mi se dopagja duri strav mi e da se zapoznae so nea bidejki verojatnosta deckoto da se zatreska vo nea e golema, seto ova me tera na nervozi i napnatost koi iako sakam ne mozam da gi izbegnam
     
  19. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Некако постов не ми е баш за во оваа тема ама нема врска. Девојче не на 21 ни на 41 не треба да се обидуваш да бидеш некоја друга што би му се допаднала на овој или оној. Не знам што е фрката околу тоа мување, ако значи исто што и во наше време беше, бакнеж и се гледаме во подобри времиња, не пропушташ мн искрено, а и за тоа не ти треба некоја голема потрага. Ако толку си запнала направи го со првиот што ќе ти пријде.
    Друга работа, што ќе ти е слава на социјалните мрежи ??? За лајк ???
    Биди си тоа што си и надоградувај се себе си, ќе се најде некој што ќе те сака таква каква што си. Самодовербата ти е на мн ниско ниво, на тоа треба малку да поработиш, не на учење како се кокетира, тоа доаѓа само по себе спонтано кога ќе се чувствуваш добро во својата кожа.
     
    На Читател, eliesaab и dzeliii им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.008
    Допаѓања:
    12.353
    Пол:
    Женски
    @dzeliii зошто се споредуваш? Ете, свесна си дека имаш проблем.Преземи нешто и направи некои промени.

    Едноставно е, само претерано си опседната со некои нешта.
    Мување, лапање? Љубомора од постот..(делот со описот на другарка ти)?
    Да бидеш малку поопуштена, да смениш средина, да вложуваш во себе ама тоа да биде од што навистина сакаш да се подобриш? Друго решение не гледам.И да, промените не се случуваат преку ноќ.Батали популарност, батали да бидеш пластична фигура, ако внатрешно не се чувствуваш убаво.


    Мислењево да не биде сфатено во негативна смисла.
    Се надевам дека по извесен период ќе има промена. :hai:
     
    На dzeliii му/ѝ се допаѓа ова.