Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    17.574
    Секако дека е не сватливно :)
    Затоа се потрудивме, не знам дали воопшто барем малку успеавме, на таквите девојки мислам на оние кои тоа им е единствената преокупација во најубавите години, да им објасниме дека не е тоа најважното со кое треба да се заминуваат и дека не е ништо страшно ако на 20 и некоја година се синг. :)
     
    На Згодно Момче и Outlook им се допаѓа ова.
  2. Outlook

    Outlook Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    3.662
    Пол:
    Женски
    Vidi samotijata ne e lesna ama znae da bide mn dobar drugar I ucitel, mn podobar od denesnive mazi za zal, prosto ne mozam da se nacudam kolku e niska svesta, IMA I zeni od toj tip, ama povekje se mazi na br. Se izgubi znacenjeto na emociite I ljubovta, brojkata stana vazna kako dokaz za brej sto maz e, a u sustina glusec. Jas koga bev devojce ne bese taka I do tolku verojatno za toa I nie se mazevme pomladi, dodeka zivotot Ne te izgorel Ne ja mislis mn mn ama Sega tesko I za devojkite, tesko I za momcite, ludo izmesteno vreme.
     
    На softy1 и КикиМаус им се допаѓа ова.
  3. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Машки
    Има и едно... Може да си опкружен со илјадници луѓе, а сепак да си сам ! :P
     
    На Jas!, deskarada, Згодно Момче и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Outlook

    Outlook Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    3.662
    Пол:
    Женски
    Toa e poloso :)
     
    На Hristov, deskarada, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    29.180
    Пол:
    Женски
    Сингл сум скоро 3 години. На моменти можеби и ми смета самотијата ама поголемиот дел од времето уживам во истата. Нормално е секој до нас да сака во еден период од животот да има партнер покрај себе со кој ќе споделува убави и лоши моменти, но додека не научиме дека среќата почнува од самите нас и дека првенствено треба ние да сме си доволни за да бидеме среќни па после некој друг тогаш нема да уживаме во животот и ќе се нервираме што сме сингл.

    За да некој не сака прво треба ние да се сакаме и да бидеме најдобрата верзија од себе што можеме да ја понудиме некому. Очајни момци и девојки на кои на чело им пишува дека во тебе гледаат спас од осаменоста никогаш не ми биле привлечни. Очајни девојки кои бараат дечко само за да не се сами,само зошто им дошло време за раѓање, само затоа што сите другарки им се во врски или во бракови не се привлечни никому.

    Луѓе кои се постојано нервозни, депресивни, шират негативна енергија , луѓе кои и светот да го имаат на дланка пак ќе бидат незадоволни не се сакаат себе не може да очекувате дека ќе ве сакаат вас. Ако човек сам себе не се сака, ако е незадоволен од себе , ако не знае сам да ужива во сопствено друштво нема да знае ни во ваше друштво да ужива.

    Живот ми е исполнет со толку убави работи што понекогаш заборавам дека сум сингл. Шетам, излегувам, патувам, трошам, работам, вежбам и понекогаш тоа ми одзема толку време и енергија што мислам дека дечко да имам само терет би ми бил. Да не бидам погрешно разбрана, секако дека сакам да имам некој покрај себе со кого ќе ги правам сите убави работи кои ги носи животот, ќе споделувам убави моменти и насмевки ама ете јас барем не дозволувам тоа да ми е приоритет во животот и да тажам за тоа што го немам наместо да се радувам на тоа што го имам. Научив дека во животот се доаѓа на свое место порано или подоцна, коцките се редат онака јас како што сакам па така знам дека и принцот кога најмалце очекувам ќе се појави.
     
    На Brojka, Hipster, mila1111 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    17.574
    Се обидов да ти ископирам две мои мислења од Скд кои се поврзани со муабетов :)
     
    На Згодно Момче и Outlook им се допаѓа ова.
  7. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.605
    Пол:
    Женски
    srcka nema gajle. barem ne bev od tie zenski skraja da e. tolku imase i seuste ima za ucenje vo zivotot, togas mi bese suvisno da baram nekoj. a mlado cupe da bara po sekoja cena decko e za greota, tolku znaj hhhh bez navreda za bilo koj
     
    На ♡BuBaLe♡ и КикиМаус им се допаѓа ова.
  8. Paris38

    Paris38 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    60
    моментално секој е во нај добрато место каде што треба да се биде ако си сингал значи така вибрираш така и ке бидеш ако си љубов и даваш ке се најде љубов и ке ти возврати ке примаш љубов ,и не треба да се прокупираме со тоа што сме сингал едноставно не мисли на тоа отпушти го и ке дојде само ке дојде љубовта
     
    На Hristov му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Аце989

    Аце989 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Машки
     
    На lunchy, MackaVoCizmi и Doris123 им се допаѓа ова.
  10. MackaVoCizmi

    MackaVoCizmi Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Јас бев две години сама ќе збрлавев, се смував со другар и пак не ја биваше :) И сеа пак сама
     
    На Дискретниот и Аце989 им се допаѓа ова.
  11. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    926
    Amen to that!!! :bow::bow::bow:
    Немам повистинито мислење сретнато. Целосно се согласувам со тебе.
     
  12. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    102
    Моето женско најблиско друштво главно е составено од неколку другарки уште од средно училиште. Со тек на време го „надградувавме“ кругот и со по некој колега од факултет или работа, но јадрото си остана заедно. Првата од нас се омажи неодамна.

    Уште една моја блиска другарка и јас бевме првите што ја видовме во венчаница и прилично се „припотресовме“. Не ни очекувавме дека така ќе изреагираме и дека толку ќе надвладеат емоциите. Беше убава како никогаш до тогаш... И таа возбудена и растревожена, ни раскажува:

    -Многу сум возбудена и среќна. А моите многу емотивно го доживеаја тоа што си заминувам од дома – вели и самата мошне емотивна по тоа прашање, како особено приврзана за нејзиниот татко.

    На тоа двете на шега ѝ рековме:

    -Уживај. И нашите дома плачат, ама дека не се мажиме!

    [​IMG]

    Се изнасмеавме, но реално сликата е таа. Всушност од тие пет-шест девојки што се дружиме, освен невестата што ни се омажи, сите други сме немажени или без партнер.

    И сите се соочуваме со коментари од типот: „Ајде, сине, време е“, „Како тоа не можеш никој да најдеш“, „Не си заинтересирана да си најдеш некој, затоа тоа е така“, „Леле, ќе си останеш сама“, или „Доста одевте, планирате ли да се земате?“, „Сите во зграда се омажија, само вие останавте“, „Ајде, сакаме внучиња“, „Што планирате да правите?“ и слично... На повеќето ви е познат муабетот, сигурна сум.

    Драги родители, сликата е ваква:

    -Не е точно дека не сакаме или не сме заинтересирани да си најдеме некој што ќе нè трпи и сака истовремено или да се омажиме. Едноставно - не е едноставно.

    -Ако во ваше време беше незамисливо да се види машко и женско друштво како два посебни табора, сега е незамисливо да се видат помешани. Таа ќе се прави тактичарка и незаинтересиранa, па дури и дрска, а тој или ќе ја „утепа“ од гледање, ама нема да пријде затоа што – или нема доволно храброст, или го одбива дрскоста, или ја планира само за краткорочно, а таа гледа долгорочно... Или обратно... Работава изгледа како посакувана борба помеѓу „Казанова против Дон Жуан“, ама и двајцата ги нема... Мажите и жените се прилично отуѓени меѓу себе, а хемијата е оптоварена со бројни предрасуди, површности и нереални очекувања, заборавајќи што навистина треба да подразбира вистинска љубов што ќе трае.

    -Жените се „фураат“ на феминизам, самосвест, моќ, а мажите се „фураат“ на тоа дека заслужуваат девојка која изгледа како Жизел Бундшен... Да, се вратиме во реалноста...

    [​IMG]

    -Жените бараат мажи што знаат и да зготват нешто, да помогнат низ дома, да ги гледаат децата заедно, да ја поддржи да гради кариера паралелно. Мажите бараат некоја што безусловно ќе ги сака, нема да му „мрчи“ и да го оптоварува, ќе го поддржува во неговите успеси, ќе ги задоволува сите потреби, ќе има семејство со неа, ама и ќе си ги гледа другарите... Каде е средината?

    -Места во Скопје за излегување? После полноќ? На прсти се бројат. Особено за оние 27+, а верувам и во другите градови е така... А и после 10 до 12 часа работа (бидејќи ретко кој си оди дома на време, или има викенд), единствено нешто за што размислувате е храната и креветот.

    -Супер е што сите сè повеќе обрнуваат внимание на својот изглед, но сè позастапена слика е на мажи посредени од жените. Колку жените и да не сакаат маж што не е среден, сепак не сакаат да е подотеран од неа. Речиси секоја, во еден момент ќе го побара „мажјакот“ кој понекогаш знае да подзамириса на пот, во растегната тренерка и маица, да се изнервира, да покаже машкост, доминантност, колку и да е таа доминантна... Изгледа некои матрици тешко се менуваат...

    -А всушност и едните и другите бараат „нормални“ партнери... Што подразбирате под нормално?

    -Сите сакаат третман на принц и принцеза, па компромис тешко се прави. Затоа, по првата голема кавга, веднаш си се враќаат дома и „сè е тотален хаос! Драма!“.

    [​IMG]

    -А и тие што имаат убава врска, но не се одлучуваат на брак имаат цела листа прашања. Голема е веројатноста дека барем на еден, ако не и на двајцата, работата им е крајно несигурна (под претпоставка дека се вработени), а платата недоволна. Во време кога сè во државата е на климави нозе, какви да бидат размислувањата за иднина?

    -Да се земе кредит многу често е единственото решение да си купите покрив над глава. Ама со претходната точка, кога секој момент би можел да останеш без работа, како би ја платиле ратата, како би се хранеле, создавале семејство...

    -Внучиња? Па со оглед на сè погоре кажано, со оглед на тоа што по 12 часа се работи, ретко кога се гледате со партнерот, едвај дома се прибирате, доаѓањето на нов член, што секако би ви го сменил светот и би внел светло во вашиот живот, е одлука на која младите сè потешко и подоцна се одлучуваат.

    Родители, списокот е голем. Една тема отвора друга и така во недоглед... Ако мислите дека не размислуваме – грешите, размислуваме и тоа повеќе одошто можете да си претпоставите. Не сте единствените што навечер не можат да заспијат. Не сте единствените што се преиспитуваат дали направиле сè што можеле и каде ќе ги однесе утрешниот ден, дали да останат или да заминат, како и каде да градат иднина.

    [​IMG]

    И оние што сега можеби немаат никој, ќе имаат. Сè уште има „нормални“ (по различни критериуми) што ќе си се најдат. Тајмингот е можеби поинаков од оној што вие сте го посакувале, но многу работи не се онакви какви што очекуваме или посакуваме нели? Тоа не значи дека нема да се случат и да бидат добри.

    И тие што не планираат да се мажат/женат, ќе го направат и тоа. Не форсирајте. Доволно е сè исфорсирано.

    Сепак, идеални услови никогаш нема да има. А и да одлучат да не официјализираат, да живеат во заедница поинаква од онаа што вие ја преферирате, нека – важно е дека си нашле некој со кој ќе ги споделат и најтивките мигови и ќе ги водат најголемите борби.


    Превземено од http://fashionel.mk/kolumni/roditeli-zoshto-decata-vi-se-sami
     
    На pupi.girl, Devil's Mistress, teteks и 2 други им се допаѓа ова.