Koj e pogolem materijalist rabotava, na 20god. mozebi I kje recev ne e vazno na koe skalilo od zivotot e nekoj, tek e se pred nego. Megjutoa denes, AAA cekaj malku...toa skalilo zboruva za negoviot odnos kon red raboti, a pred se odnosot kon sam sebe. Taka sto vazno e na koe skalilo e vo zivotot, a koga velam skalilo ne mislam na toa da e "lider bande" ili ne znam Sto, tuku kolku e zadovolen od sam sebe I od plodovite sto gi ima vo zivotot. Covek sto ima dno pozadi sebe, toj od navika na zivot Pak, kje donese dno. Taka Sto bitno e materijalnoto I te Kako bilo bitno.
Neznam moze I si vo pravo, moze I ne, Ali gledano od strana site so se zaedno poradi materialno 90%nemaat toa sto Edna osoba go ispolnuva da bidi strejcen seto e samo gluma za pre drugite, I jas mozam za mene da kazam nikogas ne me interesiralo sto ima partneroz moj mislam materialno, sekogas me interesiralo I taka ce ostani, kakva osoba e
Za zal kakva osoba e golem del kje vidis niz odnosot kon parite I materijalnoto. Edit: ocigledno ne si imal zaednicki zivot I planovi do sega so nikogo spored ova sto go citam, takov vpecatok dobivam. Mlad si ima vreme kje naucis.
Не сфаќам која е потребата да се зафркавате со овој човек. Едноставно не сака да биде сам и сака да се ожени. Мислам и дека си најде жена веќе.
Иначе за темава. Можеби ќе бидам малку демоде ама па цело време да бараш дечко само за да имаш дечко. Сфаќам дека може да имате потреба за секс и слично па за тоа цело време да мислите дека мора да имате партнер. Ама па дечко не е само за секс да имаш со него и да си ги задоволиш потребите. Не е само да си најдеш дечко колку да го имаш, треба да бидеш со него кога навистина ќе ти биде привлечен на секаков начин. Никаде нема да стигнете до тоа да си најдам дечко колку да не сум сама. Можеби самото тоа што сте опседнати со тоа прави да мислите дека имате потреба од тоа а немате. Реално на овој свет има и убави и грди луѓе. За секого има по некој. Пример кога ќе зборува некој како некоја дебела од 100 кила од средно што учела со него имала маж и две деца. А он на 25 години најдолга врска му била два месеци. И ќе ја озборува. Таа што ја вика дебела сигурно не пребирала, си се засакала таква каква што е и ја заскале и други. После прва расправија не рекла ќе си најдам друг. Била свесна за самата себе бидејќи многу гледаат физички изглед и маани. А овие што викаат не можам да најдам дечко. Еве јас ќе дадам пример зашто немам дечко. Затоа што не искачам, не враќам на пораки на машки многу често и знам кога ќе ми стигне порака со Здраво итн. одма да ја избришам. Секој со својте способности и дарби. Мислам дека ако помалку се гледа на тоа како некој изгледа и да си ја преовелучуваме сликата за нас дека заслужуваме подобро. Кога некој ќе ни каже овој е за тебе тротинет. Можеш и подобро. Не треба одма да мислиме дека тоа е навистина така.
Jas mlad hahaha Jas mlad hahaha ne pogresno si me pricenila, a toa si vo pravo deka odma ce procenis koj kakov e koga se vo prasajne finansiite I materijanoto a inakum mozi da sum I od tebe postar
Убаво е кога вака ќе има среќен крај. Моја познаничка на 40 години си најде компатибилен партнер, се земаа за 3 месеци и сега им е супер. Никогаш ништо не се знае. Сега си купија и нова куќа. Им фали уште дете, но и да немаат, тие се среќни и задоволни што се заедно.
Ако луѓето знаат што не сакаат и се објективни, ќе се фокусираат на целта. Компарацијата и гласините ги ставаат во подредена состојба да ја пронајдат компатибилноста. Статусот сингл во најголем дел се доживува као несреќна состојба.
Имам 22 години. Имав некоја врска, прекинавме, и не ми фали. Не ме мачи толку тоа што сум сингл, повеќе ме мачи околината во која живеам и моите најблиски. Верувајте луѓе почнав да ги избегнувам моите најблиски баш ради ова што сакат да делат многу совети од типот ,, Ајде што чекаш, нема совршен,, ,, Бирај, бирај после тебе ќе те бираат,, ,,Ајде нели си фаќаш веќе дечко, време ти е за нешто озбилно,, ,,Братучетка ти на твои години веќе и дете имаше,, Номрално станав дрска со истите зашто си го бранам ставот и се трудам останам позитивна, а тие како да те влечат надолу со такви коментари. Еве од такви луѓе, место во кое се е исто и нема ништо ново, и плус корона која не ограничи сите веќе станувам нервозна. Единствен спас социјални мрежи. Се опседнав самата со фактот дека немам никој. Искрено не сум некоја која не излегува од дома. Излегувам, знам дека изгледам супер, при крај сум со студирање, амбициозна сум и се сметам за интересна. Но периодот од такви работи самодовербата ми е нула. Ми пишуваат дечки, ми се пуштаат, пробувам но постојано нешто фали. Едноставно она што го инвестирам во себе, нормално дека ќе го сакам некој од друг. Едноставно неможам да си ги вклопам она што е потребно за врска, страст, доверба,лојалност.... или едното го има или другото. А неможам да бидам со некој ради реда. Таман ќе се загреам, ќе пробам и упсс навистина не оди, немам никаква мотивација. И повторно одново. Последниот пат кога бев заљубена беше посебно, знаете кога едвај сакате да се видите, кога со срце правите све што правите. Иако бев повредена сакам одново да го доживеам чуството. Исто, многу битно можда ќе ме критикувате ама ми е чудно кога некој во 21век на 25/26 години уште чека од мама и тато, пари за кафе, не вози, не работи, немал возачка, па ако е од друг соседен град нема како да дојдел, па незнам што..... Тоа ме убива од старт.. Ете сепак можеби имам лоша среќа и тоа е... Знам дека нема ништо што може ова секундарно да го смени. Само сакав некаде да си олеснам како ми е скиснато од оваа тема. Ќе морам самата да се натерам да останам позитивна.
Пред се, најголема поддршка до тебе што се браниш и ги одбиваш коментарите на луѓето што ти се мешаат во животот. Крајно време е овој народ да прекине да си го пика носот кај што не му е местото и да погледне малце во својот живот, а не биде зачин во секоја манџа со тие коментари одвратни. И тоа посебно го приметувам кај девојчиња, стално нешто ни коментираат - кога дечко, кога брак, кога деца.. аман доста! Во однос на самиот проблем, за жал тоа е реалноста на таа возраст, знам зашто и јас сум тука негде. Сите што ги познавам се или подолгорочно сингл или веќе се верија и се спремаат за свадба, значи како да не постои средина. Како што кажа, коронава уште повеќе го зацементира сингл статусот зашто нема како да запознаеш нови луѓе, а и да излезеш, шубе ти е да не се заразени. Од она што го имаш напишано, добивам впечаток како да бараш готов ,,пакет” ама мора да знаеш дека такво нешто не постои, а посебно не на наша возраст. Или не се едуцирани, или запишале факс па го завлечкале, или џаболебарат по цели денови на кафе со парите од тато или цел ден се пред компјутер па не знаат асален муабет да направат... со ова не сакам да кажам дека треба да си ги спуштиш критериумите. Сакам да кажам, направи листа на must have особини/навики и од неа не отстапувај. Ама за се друго, мора да си спремна да направиш компромис, не може да очекуваме совршен партнер. Ќе ти дадам личен пример: јас сум во врска три години и од старт до ден денес, луѓето околу мене ми велат дека сум поуспешна од дечкото. Ама тоа што не го знаат е дека тој е највредната личност што ја познавам и никогаш ништо не му е тешко да сработи и тоа вреди повеќе од диплома. Уште повеќе, не знаат дека кога ние се запознавме, работеше на многу пониско работно место, а во текот на овие три години гледајќи ме мене како напредувам, беше поттикнат и сам напредуваше и на работа и со курсеви и академии. Сакам да кажам дека дури и ако на почеток ти се чини дека некој ги нема сите квалитети што ги бараш, може да се стекнат со тек на време (ама внимавај: карактер тешко се менува, ова се други аспекти). Посебно спомна возачка дозвола, ете баш тоа е нешто на кое може да направиш компромис. Па голема работа, ќе земе часови и за два месеца ќе положи, бар тоа лесно може да се смени. Не барајте идеална личност зашто таква не постои. Ќе растете заедно во врските и ќе го достигнат партнерите тоа што го посакувате
Фала ти за мислењето. Се бранам и затоа за сите станав неподнослива, ама подобро така сите треба да си го знаат местото. Значи тешко ми е самата мене, па дури некој да ме опседнува уште појќе. Затоа и ќе ги избегнувам. Значи да напоменам лесно е да се фати дечко било каков, како повеќето што праат, ама навистина е тешко да најдеш некој кој ќе кажеш тоа е тоа. Можеби во право си, се анализирав од страна и вистина како да сакам ,,пакет,, Можеби премногу бирам како што ми вика мајка ми. Ете на 22 признавам да не си снајден со работа, кола, возачка. Ама на 25? Па нели ова е она основното Ете пишував со дечко од соседен град, типот има возачка нема кола, а има навистина стабилна работа веќе 1година. И што? Ете ќе дојде можда со другари неколку пати ама не е тоа тоа. Реално да збориме, каков компримис да правам кога нема едноставно можност да се видиме. Пишување по социјални мрежи со месеци. Запознавам дечко, све супер, страст, хемија 0. Како да испаѓам со другар. Како јас сакам, каде јас сакам. Како само да сака девојка. И како да направам овде компромис. Тој залетан уште од 2дејт, а јас сфаќам дека не е тоа тоа. Плус живеам во град каде можности како што реков запознавање нови луѓе нема. Must have, и погоре имав пишано не очекувам некој си лепотан дечко или нз ти што,сакам кога човек се грижи за себе физички, се поврзувам со човек кога физички ми е доволно привлечен да можам да се замислам со него да правам се, кога осеќам иста енергија, кога ме тера нешто внатрешно за пак да го видам и видам. Значи тоа ми е ете прво нешто. Второ, да сме на некое исто ,,ниво,, комуникациски, доволно да се разбираме. Трето, вистина ми е битно да е самостоен и финансиски стабилен, да не чека од мама и тато. И ова не беше оглас, само сакам мислења, дали мислите дека е too much? И мислам за дечки од 24, 25 нагоре. Зашто свесна сум дека од овие 25 нагоре ретко ги има а камоли моја генерација некој.
mene mi e biten.. pobogu, depilacija sminka nokti ova toa ulagas u sebe i na kraj da najdes nekoj so ne se interesira kako izgleda.. ne ide
Едно а како некој изгледа, а друго е дали води грижа за изгледот и дали се средува. Второво е побитно.
Леле па што ако е погрд? Можеби е добар, има добар карактер кој е компатибилен со твојот, верен е и секогаш ќе биде тука за тебе. Ама не бил убав. Се додека гледаш ти дали некој е убав никогаш нема да бидеш среќна бидејќи и ти ќе најдеш некој убав. Ама па он ќе рече за тебе "Поубав сум од оваа." и така во круг ќе си се вртиш. ДМ е поубав од мене ама па и да не беше мене немаше да ми биде многу важно тоа кога многу се согласуваме и кога можам со него за се да разговарам. Што ќе ти е убав ако не знае две реченици да сврзе? Или се понаша како идиот? За да речат луѓето дека убав дечко си фатила. Не душо така нигде нема да стигнеш ама која сум јас да ти кажам.