a moze li covek ovde nesto da kaze bez da analizirate? kako prvo se zezam kako vtoro sigurno na femina nema decko da si baram kako treto gledajte si be vasa rabota.. cc sve dusebriznici bree
Ако бараш совет и помош како очекуваш да ти помогнеме ако ни викаш дека не ни е гајле? Па и не ни е. Ама ете да ти се најдеме кога веќе си прашала нешто и си побарала помош. Ама со вакво однесување далеку не тераш. Викаш гледајте си ваша работа а бараш да ти се даде совет.
Вака како ги објаснуваш работите, јас немам чувство дека бараш многу. Ама можно е да не даваш шанса подолго. Понекогаш луѓето се срамежливи и затворени и потребно е повеќе од еден-два дејта за да ги запознаеш убаво. Од друга страна, првиот дејт може да биде и ужасен и после тоа ќе знаеш дека не треба да даваш повеќе шанси на таа личност. Можеби пробај да бидеш поотворена за комуникација, ама не го сфаќај тоа толку озбилно, во смисла мора да се најде сега тој ,,вистинскиот”. Знам што ќе кажеш - добро, до кога со луѓе што си играат играчки, во одреден момент бараме и сериозна врска. Ама најчесто кога многу многу сме фокусирани да најдеме некој, баш тогаш не се погодува ниеден асален. Јас се запознав со сегашниот дечко во период кога уопште не се замарав за љубовниот живот - студирав, имав разни активности и одлучив да почнам да работам и немав никаква идеја за подолгорочна врска искрено. И баш тогаш се погоди да се запознаеме на работното место. Сакам да ти кажам, пробај да се фокусираш на други аспекти од животот (не прочитав дали студираш или работиш), започни да се занимаваш со некое хоби - и така се запознаваат луѓе или излегувај повеќе со друштво. Ама не оди со помислата - почнав сега ова да го правам и тука ќе запознаам некој. Олабави се од идејата и можеби и спонтано ќе се случи нешто.
Ме заинересира твојата објава, па морам да пишам ... Па ако не сакаш да бидеш слободна , искористи ги приликие, претпоставувам имаш мин.10 обожаватели кој индиректно ти се пуштат , не чекај користи го моментот ... СРЕКНО
И јас бев така до скоро. Толерирав колку можев, но ми скисна и од денес и официјално сум сингл, но не ми смета не се оптоварувам многу со тоа
Налетав на темава и си реков ај да пишам и јас. Да ви кажам искрено имам 21 год, машко, и последно излегување со женска особа ми беше пред скоро 2 год Љубовниов живот, ај да не речам ми е дно дна. Моменталнава состојба уште толку ме доотепа. Не сум некој дебил или nerd,кој шо незнај еден муабет да напрај, излегувам скоро секоја вечер во чаршија по кафе-шеми, вработен сум, финансиски добро ситуиран, не се пијанчам секоја вечер, не лудувам со колата,за разлика од тие шо ги гледам ко че бидам излезен пуштив малце пивски стомак од ситуација и залегнувањето шо не снајде, но не е ниш страшно ПРоблем ми е мене шо ме фаќа ептен страм, кога че пристапам со женско во живо, едноставно ко здрвен сум Секој совет е добредојден *цигарчиња си "пијам" но секој си има по некоја мана??
Биди само природен.. Дури и ако си срамежлив по природа.. За секое лонче има капаче.. Ако ептен ти смета тоа што си срамежлив, поработи на комуникациските вештини .. Иначе не сум сингл, ама вие што сте сингл сте среќни луѓе
Јас ќе си дозволам малце да те ругам. Ти маж си .. докажи се , срам ако имаш немора јавно на некое стори на девојче што ти парира во однос на изглед и се пиши и , и да не успее пробај на друга и со некоја ако е тргне муабетот викни ја на кафе после некој ден. Биди маж. Тоа ви фали на вас мажите машкост. И да те одбие некој да не ти врати не е крај на свет. И ќе ве молам коментари на луѓе кои се во врска да не пишуваат како би сакале да бидат сингл. Ако сакаш да си има начин , преќини ја врската, брак е друго ама ако не ти е убаво преќини ја врската.Најлошо е на осамени личости да им велиш еј што ти е убаво сингл да си и јас би сакал така... мислам дно дна ви е муабетов.
Во целост ди во право,ако не бидене со една , ке биде со друга,трета...само да не се откажува...А за тие пто пишуват дека сакат да бидат сами , дека било подобро така , само се фурат...
Мислам дека целта на форумот е да се даде конструктивна критика (добра и лоша) и да се помогне доколку некој има потешкотија на некое поле, се надевам во иднина ваквите коментари ќе бидат бришани. Одмагаат на луѓе.Има многу осамени луѓе и на некој начин треба да се помогне.А коменари абе убаво ти е сингл, и јас би сакал така се многу ниски. Ко јас имам некој ама не го сакам, ме нервира таму имам уште некои што ме молат, ама на вас осамените моногу убаво ви е. Има теми каде што се дава совети за луѓе во врска, да за сфанат дали таа врска им има иднина или не ( дали нештото погрешка го протолкувале или имат потреба друг да им ја каже вистината и сличо.)
И јас не сакам да сум синлг, па тоа е што е Многу тешко пуштам луѓе во живот, а кога веќе ќе ги пуштам се поврзувам јако. И погодете што се дешава? Јас сум повредена на крај, и уште потешко ми е да се отворам на наредниот. Ајде малку да пишувам на пуштање на фб Не сум толку одбивна, еве ќе почнам муабет. Ама кога гледаш дека дечкото е шупак и дека не знае да врзе 2 реченици или ми се пушта со некои глупи фрази како средношколец, а тип во 30тите, и си викаш: - Па чекај, јас заслужувам нешто повеќе, а не само да имаш дечко колку да се рече Моите родители се малку од пострата генерација што не прифаќаат дека светот се менува, дека не секој сака и може да се омажи на 23 години, ама многу ме малтретираат за внуци Дури на моменти знаат да кажат дека здравјето им се расипало од нервози зашто не можам да си најдам некој. И сето тоа резултира со нервоза и стрес од моја страна Дури понекогаш ми иде да се фатам со некој, да се омажам, да родам дете само за они да се среќни Тоа ќе резултира со развод на крај, ама битно они внуче да добијат Не можам, се осеќам дека психички ќе пропаднам уште малку
Не секогаш работите ѓи добиваме кога ги посакуваме во истиот момент, родители како родители од грижа не сфакат дека стануваат токсични. Ама во моментов едно ќе ти порачам. Не си ја спуштај цената. Бирај, и барај некој што ќе тге третира како дама и без пороци. А истовремено прати и гледај ги луѓето колку од нив се тргнале од тебе кога тие имаат некој ,а кој останал, кој и во тие моменти кога нивниот живот е многу кул ти бил подршка. И како што велат око за око, зуб за зуб.