Млади сме убави, зошто се тешиме со тоа дека нема да го најдеме вистинскиот АЈДЕ ОТВОРЕТЕ ОЧИ ... ПС Браво Тања за постот
Љубовта не е да го најдеш совршениот, туку оној кој не е совршен да го направиш совршен за тебе. Браво тања за постот, ми се допадна и си тотално во право. Не е се во убавината, колата и куќата на 3 спрата.
Девојчики, ќе дојде и тоа што го сакате. Верувајте и јас истото го мислев додека бев слободна. Се спремав за излегување по 2-3 часа, цел ден мислев што да облечам за на крај џабе да е се, да се разочарам и таа вечер да се изнапијам ко коњ. Ама ќе си дојде се со ред, после секое лошо иде доброто. Сега, што да речам... Сето тоа за кое мечтаев додека бев слободна го имам покрај мене... Некој кој е цело време со мене и неможе во денот да издржи а да не ме види, некој кој ме гушка, кој се грижи за мене... Ќе дојде се со ред, сигурно нема стари моми да останете Не очајувајте, ќе го запознаете оној кој ќе ви го освои срцето исто како што ми се случи мене, само што го видов прв пат, знаев дека е ТОЈ вистинскиот, тој за цел живот... И веднаш по првиот бакнеж си кажавме дека се сакаме. Верувајте нема поубаво од тоа... Не се разочарувајте, бидете си пак секогаш дотерани, убави и насмеани... Некој ќе го забележи тоа...
hmm i jas sum singl ama ne se razocaruvam...najloso nesto e da se izoliras i da pagas vo depresii ..:// kako sovet mislam deka toa sto sme singl treba da go svatime kako prednost..) ne si obvrzan i sloboden si da zapoznavas licnosti od sprotiven pol da se druzis i da uzivas..samo treba da se socime deka problemot e vo nas..namesto da se zalime na toa kako izgledame i kako nikoj ne ni se pusta bi trebalo da prezeme akcija..sega i ne e neobicno zenskoto da go napravi prviot cekor prijdi mu na onoj koj ti se doaga daj mu doznaene deka mu se dopagas nema nisto loso vo toa (iako i mene mi e nekogas tesko ili cudno nz kako da kazam.. toa da go pravam bidejki sum povlecena) treba da si ja zgolemime samodoverbata da veruvame vo sebe deka sme ubavi taka i drugite ke go mislat istoto..treba da si posvetuvame poveke vnoimanie sebesi.. da se doterame i sredime..nova frizura ednostavno samite da se pocustvuvame ubavo vo sopstvena koza i sekogas da bideme nasmeani raspolozeni ..inaku i jas neznam kako da zapoznaam nekoj decko na pr vo moeto drustvo sme samo devojcina..iskacame i so maski ama poretko no koga ke razmislam site imame bratucedi mozeme da iskocime so niv i nivnite drugari..taka ke zapoznaeme nekoj nov i intersen a i samite ke im bideme interesni na onie koj ne ne poznavaat..potoa mozeme da pocneme da odime a fitnes..tamu ke zapoznaeme zgodni momci i ke si ja odrzime linijata..ima mn primeri samo e potrebno volja i se ke bide dobro !
Најважно е кога си сингл да не кризираш, поради тоа што на тој начин само ги зголемуваш шансите да си останеш сингл. Другите можат да намирисаат дека си очаен/очајна што си сингл, колку и да се обидуваш тоа да го скриеш. И тогаш те избегнуваат уште повеќе. А ко за беља, штом ќе си фатиш девојка/дечко ете ти ги сите што претходно ги немало и ти се јавуваат на телефон „Па кај си? Се изгуби? Те нема.... Ај да се видиме“ Да пукнеш од мака. Си викаш „Е кај бевте бе до вчера“! Совет: не се опседнувај со сингл статусот, во моментот кога ќе престанеш да го правиш тоа ќе си најдеш некој. Концентрирај се на други работи во животот.
^^^Зоки, браво за ова! Сосема е точно. Секогаш е така, некој марфиев закон изгледа - кога најмалку очекува човек, тогаш се случуваат чудесни работи. Само опуштено и уживајте во тој статус секој миг без да си ги оптеретувате мислите и оп! некого ќе сретнете. Мислам дека секогаш повеќе привлекува весела, насмеана и задоволна цура отколку потиштена и натажена. Тоа секогаш се гледа. Па и крај краева, не е толку лошо да си сингл
Se pronajdov megu mnogu od postovite pa morav da kazam i jas za mene i da pobaram pomos Pred 5 godini se zapoznav so edno momce za koe i den denes cuvstvuvam nesto. Togas toj mi prijde i se zapoznavme. Sakase da se muvame ama jas go odbiv prviot pat bidejki ne me interesirase ... otkako oladi toj po 2-3 meseci mi se zasviga i togas jas mu pustiv "vodicka" Se dogovorivme da se vidime i bese bas denot na vljubenite se sekavam. Togas prv pat se muvavme. Potoa se gledavme niz grad bidejki i dvajcata sme od istoit grad, no onaka bevme samo na zdravo. Po godina i nesto pak se smuvavme na negoviot rodenden. Toj gi ostavi drugarite i dojde so mene, potocno mi zvonese da se vidime, no toa bese 2-3 veceri samo i tolku ... potoa toj si fati devojka i bese so nea nekoi 7-8 meseci i otkako raskina pak pocna da me zagleduva, i koga bese so nea toa go pravese, no ne tolku cesto. Slusnav deka i po drugari zborel deka mu se svigam, no zosto ne mi se udvara nemozam da sfatam. Pred mesec povtorno se muvavme i mu rekov deka ne sakam da bide za edna vecer i toj mi rece deka treba da se zapoznaeme malce podobro za da izleze nesto poseriozno... a se znaeme veke 5 godini. Isto taka koga bev na odmor i toj bese na istoto mesto i mi se javi da se vidime ama jas nemozev i mi rece deka koga ke se vratime ke se slusneme za da se vidime, no nisto I pred nekoj den go vidov so dete od 13 godini kako se muva, a toj ima 20. Stvarno ne mi e jasno sto treba da napravam za a bide so mene. Sum probala da bidam i so drugi maski, no pametot mi e sekogas vo nego. Ve molam za nekoj sovet
^^ Од мене совет да го игнорираш.Да си комуницираш и шмекај си други момчиња..Овој е несериозен.Едноставно знае дека може да те добие кога сака.Стани недостапна за него.Кога ќе види дека се ладиш ќе те бара ама не попуштај пред него.
Ова за што збориш се вика педофилија....бегај подалеку од него! .....Уствари чекај малку....ти имаш 18..си го сретнала пред 5 години....значи и со тебе на 13?
Pa za mesec sum 19 i jas veke vo 19 se racunam A togas imav 14, a toj bese 15. Bevme mali togas i jas i on ama sega kako moze da otide so dete ne mi e jasno
^ Хех, како може? Може, затоа што не му е гајле. Мислиш нему тоа ДЕТЕ му значи нешто? За едно мување добра му била. Се надевам не и за нешто повеќе. Добро ти рече Џули, игнорирај го. Нека се чувствува заборавен.
И заборавив да ви кажам. Кога и да има во моја близина некое машко тој не го тргна погледот од нас. Еве пред недела време бевме излезени машко и женско друштво игравме така се забавувавме и овој мојов го викна дечкото што играше со мене, му збореше нешто и потоа дечкото отиде на другиот крај на масата и несмееше ни да ме погледне А има и еден дечко што стално си пишуваме и ми се пушта ( постар е од мене 7 години ), ама овој мојов и брат му на тој што ми се пушта се најдобри другари. Ми се свиѓа дечкото, не да не и не ми претставува баш некоја пречка што е толку постар од мене, туку она другото. Незнам некако глупо ми е. Значи животов ми е шпанска серија Plsss help me ако воопшто може
Еве и јас стално порано се жалев зошто сум сингл. Си фатив дечко, одевме неколку месеци, кои главно ми беа со нервози. И јас не сакав да му раскинам, за да не останам сама, али се случи и тоа ми пукна филмот. Поарно е да си сингл, отколку во врска со некој што не те заслужува.
Едно време постојано ми пречеше што сум сингл ама потоа кога си се запрашав со кој би била еве штом толку сум запнала за дечко-не ми падна никој на памет.Јас не се ни чувствувам моментално способна некој да сакам вистински,а за површна врска не ми паѓа на памет да почнам.Сега не барам очајно некој за да ми го снема тој статус сингл,ама сепак не ми е сеедно.Другарките мои имаат дечко и мене ми е малку криво што јас немам.Дури веќе и ми стана глупаво кога некој ќе ме праша дали имам дечко постојано да одговарам не.Aма не сакам да почнам врска само поради тоа,па така да ќе продолжам да си го чекам оној кој ќе го сакам искрено и ќе заслужи да биде со мене.
Да точно е подобро д си сингл отколку со некој што не те заслужува, но јас мојот случај ни незнам каде спаѓа Се ми се чини дека овој првиот игра " Нема да е со мене, но со друг па никако " и се труди да го оттргне секој кој што ке ми се приближи . А овој вториот сака да е со мене, а мене ми е глупо дека брат му е најдобар другар со првиот... затоа ви велам како шпанска серија ми е животот Ако имате било каков совет ми е добредојден.
uste sum single da ve informiram..... otkako pocnav poveke da se trudam okolu mojot nadvoresen izgled se pojavija zainteresirani da go smenat toa, dodusa uste nema nekoj bas so vredi da se proba..samo sakav da vi kazam deka za nov decko mora da se posvetuvas na svojot nadvoresen ubav izgled