Па нормално дека прво треба да го запознаеш, или одма со тој што ќе го запознаеш сакаш да си во сериозна врска? Не разбирам.
Da sekako deka treba da go zapoznaam no mene mi bese drugo zborot deka densnava mladina sakaat samo avanturi ne sakaat da se vrzuvaat so edna toa sakav da kazam
Да, се согласувам дека денешнава младина гледа повеќе на авантура и не сакаат да се обврзуваат. Но според мене треба да си доволно паметна и мистериозна, што машкото нема да си дозволи да те изгуби ради една авантура. Ќе сака уште една, па уште една, па така ќе сфати дека уствари сака се со тебе.. Сепак, не го негирам фактот дека има идиоти
Ова и не е баш точно. Ти колку и да си паметна тој ако бара девојка само за секс ништо не му значи нит го интересира колку си паметна. А што е жално не е само младите туку и повозрасните многу ги има такви. Очекуваш 30-40 годишен маж да сака да најде некоја за врска ама отворено кажува сакам само секс. Нормално од само запознавање ти не можеш да знаеш дали тој/таа е ок за врска ама важно е каква цел имаш кога запознаваш некој/а, а како што кажав тие мажи целта им е само тоа и не ги интересира друго. Ќе си речеш во мене ли е проблемот што налетувам на такви ама кога ќе размислиш, не е.
Најди нешто што постирал и ти се допаднало и почни муабет право за тоа. -“Здраво. Ми се допадна ова -и опиши што ти се допадна во истото-“ Кратко... во една реченица-две. Може 'ќе трзне', може не. Ама битно ќе пробаш
Хм... ме изненади... Мислев во денешно време се'-сите прават исклучиво онлајн Се имате запознаено некогаш? Си велите барем 'Здраво'?
Еднаш така ,,официјално" што би се рекло, само здраво и име не си велиме здраво вака кога се сретнуваме на улица па тоа и ми е голема пречка како да започнам разговор а да не изгледам очајно?
Ако не зборате, почни само со 'Здраво' на видување... па ако 'трза', наредниот пат додај и подавање рака, па наредниот 'Еееј!! Кај си бе ти?!“ и застани подолг муабет напрај.. После 4-5 'скалила', ќе мојш и да го прашаш дали сака некогаш да седните на кафе и 'да се изнапрајте муабет'
Добро е ако кажат отворено. Ако не полека ќе исчезнат за максимум месец дена. А ако ти со 30+ не знаеш дали сакаш врска нема да знаеш и со 40+.Сите се hoću pa neću, pa neznam možda. Videću al ipak nešto lako ću. Додека не тропне 40тата и тогаш е бргу, бргу дај шта даш само да е помладо, без многу 'километража', не мора да е нешто лепота, и онака за домашна употреба е. А тој ќе си продолжи со шемата на ' вечен ерген' иако косата одамна му рекла збогум а стомакот стигнал до колена. Абе патетика.
Се почесто се се сведува на забава. Дури мислам дека и од такво несериозно забавување од врски без обврски многу девојки остануваат трудни, и потоа завршуваат во бракови поради децата, а тие бракови водат кон развод. Буквално имаат секс по 2 дена познанство, а за тие 2 дена ти не знаеш дали тој има некоја, дали паралелно има некоја пријателка за секс, дали расчистил со претходна врска итн.
И зарем има такви моми, што би го чекале момчето да ги провери сите други за накрај да им се врати? Зарем вакво однесување не е крајно понижувачко?
Имам чувство дека сум единствена што е сингл помеѓу луѓето што ги познавам. Повеќето живеат со партнерот, планираат брак, дете (или веќе имаат), а јас сум сингл повеќе од година дена и почнувам да чувствувам осаменост. Од друга страна, не би била со некој за кого сум свесна дека не сме еден за друг или нема хемија. Дали треба да се помириме со нешто просечно или да продолжиме да го бараме она што навистина ни треба?
Еве и јас ќе се надоврзам на муабетот, сингл сум подолго време, и веќе чувствувам осаменост, како да недостасува дел од мене, немам со кого да разговарам за одредени работи, со кого да се смеам заедно. Имам 27 години, и сите мои познаници или се во врска или веќе и во брак, и тоа придонесува плус на моето чувство за осаменост. Не сакам повеќе да сум сингл, сакам искрена врска и стварно некоја што ќе ми значи и обратно...
@Mongolka @Aleksbonito Мој совет ви е никако да не бидете во врска само ради реда колку да бидете со некој и да не се чувстувате осамени. Вистинските работи доаѓаат во вистински момент. Не очајувајте, не сте само вие. Не треба да ви е притисок општеството околу вас или да се угледувате на некој. Нема правилно време за врска и брак. Кај секој тоа е индивидуално. Не мора да значи дека ако сите имаат деца на 27 дека треба и вие. Терајте си го животот, излегувајте, запознавајте нови луѓе, пријателства а вистинските луѓе ќе дојдат кога најмалце ги очекувате. Колку повеќе трчате и ги мислите работите толку тие бегаат од вас. Опуштејте се и уживајте во животот. На крај краева подобро да сте осамени отколку цел живот да го поминете несреќно со некој што не го сакате.