1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Aко се чувствуваш вака со 27 ...почекај да преминеш 30...
     
  2. Markian

    Markian Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Машки
    Апсолутно не! И треба да се продолжи понатака,обично повекето тука прават грешка,или ке бидам со мојата идеална половина,нека е и некаде во најдалечниот свемир па што, или ке умрам сам,но никогаш нема да бидам со некоја туку така или ради реда,затоа што сите имаат некој.Не,не и не.

    Никако! една или две се повеке од доволно.

    Воопшто не ми е јасно зашто ова го кажуваш во множина како да сте повеке,помалку ми е чудно тоа,зашто така:D

    Можеби изгледа бенигно но можеби да е и во тоа проблемот.

    За она кое го бараш некогаш ке изгледа како да претеруваш но воопшто нека не те загрижива тоа,тоа најмалку е твој проблем. Претерувај слободно ако е неопходно тоа.Целта ги оправдува средствата.
     
    Последна измена од модератор: 15 септември 2021
  3. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    Нема посебна причина, така ми дошло.
     
  4. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    Не ми е притисок општеството за да бидам со некој, самата ја чувствувам таа потреба. Запознавањето не е така лесно, особено не со пандемијата. Јас стварно се чудам каде сите запознаваат луѓе, еве мене тешко ми оди тој дел, а сакам да ширам познанства.
     
    На Dekorado, Guns N` Roses, TheDreamGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    930
    Пол:
    Женски
    Баш исто. Немам можност да запознаам некој, едноставно нема како.
     
    На Dekorado, TheDreamGirl, quattro и 3 други им се допаѓа ова.
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    3.523
    Пол:
    Женски
    Знам те разбирам и јас ширам тешко познанства. Верувам дека се чувствуваш осамено, особено во овие невремиња каде е тешко да најдеш стабилна личност, над сето тоа и пандемија.
    Не знам колку години имаш и дали работиш. Работното место претставува одлична можност да се запознаеш со луѓе. Ако веќе работиш предложи на некој од колегите/колешките да одите на кафе или кино. Ако студираш, имаш многу студентски организации каде се организираат доста настани од секаков карактер (барем се организираа пред пандемијата, сега не знам). Не знам во кој град живееш но во поголемите градови има доста здруженија во кои можеш да членуваш без разлика на годините. Од здруженија за миленици, црвен крст и хуманитарни здруженија до клуб на читатели итн.
    Никогаш не сум била дел од вакви организации, но сум слушнала дека постојат. Доколку некој има препорака или имал искуство, нека сподели.
     
  7. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    Фала ти за советот. Штотуку сменив работа и се држам малку на дистанца, сакам да ги двојам работата и приватниот живот. Освен површни муабети никој меѓу нив не се дружи повеќе.
    Би размислила за здруженија, доколку некој има конкретен предлог, вака немам идеа.
     
    На Tanjamm, x-MajaEsposito-x и Hoping им се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Istiot problem go imam i jas. Jas navistina ne znam kade se zapoznavaat parovite. Sum imala drugarki sto se
    nudele da mi mestat i sekoj pat odgovaram deka ne sakam nikako takvo nesto i deka toa ne e poentata. Pandemijava mene skros me unisti a sega ne mozam ni od doma da iskocam. Uopste ne sum pesimist ama rabotive me teraat da mislam deka ke
    umram sama
     
    На Cookie21, TheDreamGirl, quattro и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    930
    Пол:
    Женски
    Имав обиди за такво запознавање.
    Тогашната другарка (повеќе не се дружиме) верувам со најдобри намери ми предложи да се запознаам со некој нејзин близок. Му спомнала, он сакал да се запознаеме, ми пиша и тоа беше се. Од пишување увидовме дека сме скроз различни и шанса нема ни другари да сме не пак нешто друго. И со други обиди сум имала и мислам дека ретки се случаите вака некој да се најде. Повеќе не се малтретирам на ваков начин, со сила е тоа, не се запознаваш со некој кој ти привлекол внимание туку оти има кој да ве запознае.
     
  10. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Како може така да мислиш како животот да ти поминал а имаш максимум 20 години? Полека малку, допрва ќе запознаваш. Не е крај на светот.
     
  11. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    Знам дека луѓето најчесто викаат ќе се случи кога најмалку очекуваш, ама реалноста не е таква. Ете долг период немав очекувања, не се форсирав, не очекував и пак ништо. Сега кога се трудам истата приказна. А доста луѓе ми го даваат советот да се задоволам со нешто што ќе ми е само океј.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Јас не бев заљубена во маж ми кога се фативме (како велите сега не знам).
    Ама ми се допаѓаше многу како човек.
    По три месеци, сигурна бев дека сакам животот да го поминам со него.

    Давајте шанси на луѓето.
    На сите.
    Од пиење кафе, не се умира.
     
    На Dekorado, Elf, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски

    Za mene e kraj na svet zasto ne razbirate
     
    На Dekorado, Summerbaby и TheDreamGirl им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Извини, ама зошто да е крај на светот?
    Да ти ги имам тие твои 20 години, има цело Скопје да го превртам!

    Да ве фатам со еден стап сите, да ве рушам од мање!

    Ќерка ми вакви глупости треска ко тебе.
    На 15 години!
     
    На S.W.A.G, Snowflake97 и JustBeautiful им се допаѓа ова.
  15. TheDreamGirl

    TheDreamGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2021
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    И кај мене е истата приказна, само зафатени ми се лепат, незнам во што е проблемот, зошто привлекувам само зафатени...
     
    На Dekorado, Summerbaby и JustBeautiful им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.584
    Допаѓања:
    79.065
    Пол:
    Женски
    Не знам колку години имаш, ако навистина имаш 20, зошто би било крај на свет? Животот е пред тебе.
     
    На S.W.A.G и WildMk им се допаѓа ова.
  17. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Мене изгледа тоа ми е проблемот сакам веднаш се` да има... Јас давам шанси ама со никој не гледам иднина или не сакам да замислам иднина... Јасно ми е дека нема веднаш да се заљубам и не ни верувам во љубов на прв поглед, реалист сум апсолутно ама ете нешто ме кочи секогаш и заглавувам во невозможни situationships...
    Се убацив во муабетовв :)
     
    На WildMk, Snowflake97 и Hoping им се допаѓа ова.
  18. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    Давам шанса за муабет, ама воопшто не се создава хемија. Сум била заљубена и го барам тоа чувство, во спротивно мислам дека ќе се чувствувам уште понесреќна ако сум со некој за кого ги немам тие чувства.
     
    На Tanjamm, WildMk, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ThePharmacist

    ThePharmacist Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Машки
    Не мора да значи дека одма ке се создаде чуството на љубов. Некаде треба повеќе време дружење, запознавање и контакт. Остави ги работите нека одат спонтано. Не форсирај ништо. И запамети, подобро сама отколку во лоша врска.
     
    На cresa-jagoda, Beauchamp, Cookie21 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    9.089
    Пол:
    Женски
    Тука ти е големата грешка, што ти го бараш тоа што веќе си го поминала со бившиот, и всушност го бараш него во секоја личност.
    Пушти го тоа во минатото, љувота не се доживува на еден начин, може ќе запознаеш личност што на сосема друг начин ќе ја сакаш од претходниот пат.

    Давај шанса на повеќе личности, излегувај на кафе, онака на лабава дружба и ќе се најде личност што ќе ти остави добар впечаток. Не можеш да очекуваш дека на прв дејт ќе се заљубиш, потребно е малце време да се створи блискост, комуникацијата е најбитна за тоа.
     
    На Elf, WildMk, ThePharmacist и 1 друга личност им се допаѓа ова.