Кога ќе почнеш да дискутираш со некој и кога ќе видиш дека мислењата ви се поклопуваат, ви оди муабет, исти работи сакате и слично ќе видиш дека воопшто не е битно дали сте се запознале онлајн или во живо.
Јас сепак мислам дека што повеќе излегуваш, се дружиш со луѓе дека е поголема веројатноста дека ќе сретнеш некој. Некој спомна погоре дека е среќа тоа. Среќа е и тоа ама па со затварање дома ништо не праиме. И тие што ме контактирале онлајн, ме виделе негде во живо (најголем дел). Понекогаш и среќата треба да ја бараш ако сакаш да ја најдеш.
Абе сега, чим помалку излегуваат заради пандемијата и интернетот е опција. Зошто да не ги искористиме алатките кои ги имаме?
Да, зборам за погоре некој имаше пишано и да одиш на курс и да се здружиш со луѓе можда нема да бидат во твој стил, нема пак да го најдеш она што го бараш.. Ако немаш среќа. Не дека не е така ама па боље ишта него ништа. Ќе запознаеш можда пријатели не мора сродна душа што пак е нешто. Иначе да скроз се согласувам. Денес барем е лесно да се запознаваш и тоа со луѓе од цел свет.
Излегуваш со луѓе и се додека не си најдеш карактер кој ти одговара не правиш никаков чекор повеќе освен разговор ако не сакаш последици.
Мене па скроз ми се океј онлајн познанства. Дм со години го имав на социјални мрежи пред првпат да ми пише, ептен некој глуп муабет ни беше првиот, кој би рекол дека еве веќе 3г врска тераме. А, излеговме на најдругарско прво кафе чисто онака после толку месеци муабети, да видам шо чоек е у живо. Давајте шанса на онлајн запознавања, некогаш стварно има луѓе што вредат и баш ќе имате клик. Баш како што пишавте ептен е среќа да најдеш некој на помлади години и да ти се погоди. Самата секогаш си викам каква среќа сум имала што толку рано го запознав него и така ми се погоди успешна врска, од неполни 17 сум со него и да имам пак избор да бирам, пак би си ја избрала оваа една долга врска место повеќе пократки искуства. Може и таков човек сум, сакам стабилност и сигурност, ама и човекот ми се погоди, секако не би останала у долга врска или општо било каква врска ако партнерот не ми е по ќејф само за да не бидам сингл. Ама ете да не прифатев тогаш да се запознаеме у живо, може и ја уште сингл ќе си бев. А, иначе секогаш си бев домашар и интроверт, не ни искачав нешто многу ни кога немаше корона, дури сама се чудев како испадна врската. Придобивки од социјалните мрежи. И другарки си имаат најдено дечковци преку инстаграм пример, во коронава особено тоа е како место за запознавање број 1 сега, а и не мора да значи дека ако се запознаеш во живо со некој нешто подобар ќе испадне него некој што си го запознал на интернет. Секако на кафе ќе искочите и ќе видите каква хемија и енергија има меѓу вас во живо.
Јас ја спомнав среќата како фактор. Секако дека со затворање ништо не правиме. Не мислев за екстреми. Навистина да се оди во крајности не е добро. Ама некој погоре пиша ако упорно трчаш по нешто, тоа уште толку бега. Има и такви случаеви. Знам луѓе кои по секоја цена форсираат да одат на кафе, со надеж дека ќе сретат пријател на пријателот, па може ќе им се допадне. Има и луѓе кои многу форсираат на тој начин, дај да запознаат нови и нови лица, и пак без ефект, се наопаку испаѓа. Само не треба да се очајува. И се сложувам дека нема ништо лошо да се запознаеш со некој од социјални мрежи. Јас сум запознала така повеќе луѓе, сме пиеле кафе, па и да не биднало ништо, познаник плус и тоа е тоа. Имав и една врска така, со дечко кој го запознав на Фејсбук. По 2-3 месеци комуникација на интернет, се запознавме, па врска, и дури имаше потенцијал таа врска да прерасне во нешто посериозно, но не во 5 до 12, туку некаде во 10 до 12 се расипаа работите.
Е то е ризик што доаѓа со било која врска. Никој не може да ти гарантира, дека 100% ќе останеш со конкретниот. И после 20 години заедно, знам дека е можно се' да се сј*би. ... не дај Боже.
Комунициравме едно 2-3 месеци, веќе имав претстава за дечкото, па дури потоа се запознавме во живо. Ризик за секоја врска има, да, дури и 100 години да го знаеш некој. Не се знае утре што носи денот.
Денес кога светот е дигитализиран, посебно со пандемијата скроз префрлен онлајн, каде повеќето луѓе комуницираат онлајн, работат онлајн и поголемиот дел од времето го минат онлајн секако дека најголеми шанси има да се запознае личност токму онлајн. Дури и да се знаеш со некој во живо, комуникацијата ќе биде онлајн. За полесно запознавање треба и поголема отвореност и приступачност. Доколку како личност си затворена и не превземаш акции да запознаваш нови личности, од небо сами нема да паднат. Се е до attitude-от.
Си се допаѓаат еден на друг, ама никој не презема прв чекор. Ич не можам ова да го разберам. Ако сакам нешто, прашувам дали можи. Кој и да е одговорот, не губам ништо.
Љубовта е дефинитивно среќа и нема правила. Може без да ја бараш да ја најдеш ама ако не ја наоѓаш така, треба сам да си ја бараш. Ако ми се допаѓа некој не знам зошто не би му пришла или пишала на чет. Еве пример јас со сегашниот дечко се најдовме тогаш кога не ја барав љубовта напротив, ја бркав, бев повредена. После скоро година дена пријателство бидна нешто. А бидна зошто тој беше во групата на луѓето кои си ја бараа среќата, за разлика од мене која не ја барав во моментот. Имам еден куп другарки кои се запознале со дечковците на случаен начин ама имам и такви што им се допаднал дечко, им пишале и сега ене ги пред брак.
Овие мажите се за еден стап и да ги грабниш ! Ниту онлајн не превземаат нешто, ниту пак во живо, и на крај ако успееш некако со некој во друштво да напрајш муабет ќе ти речат: "Не мислев дека си ваква", "изгледаш кренато", "мислев дека не би била со некој како мене".. Абе ме гледаш излезена, ме гледаш, зборни, напрај муабет. Ги имаме и социјалните мрежи, сега е се таму веќе, ако ништо поќе ќе пишиш, ама не бе не!
Dobra tema.. da bevme 2000ta ova kje bese kanal na mirc32 pa asl pls those were the days Date.mk e prilicno fresh mk site za zapoznavanje ( ne sum nikako related so sajtov, ne mi e celta reklama )