Што значи низок? Колку у цм? Џуџе низок или 160цм низок? Сите сме нешто: слаби, дебели, темни, светли, клемпави, пегави, џинџери, мал му бил, голем му бил, дебел бил, тесна, широка, ментално болни што се не. Ако си бараш ќе си најдеш мана сигурно некоја бемка ќе те нервира или мишките ти смрдат. Ти е гајле бе пријателе среди се, упицани се и кога ќе видиш друштво женски улетај таму како да тебе те чекале да дојдеш. Врзи некој муабет нашали се и на своја сметка ако треба биди самоуверен или бар така изгледај дур не ја извлечеш таа што ти се допаѓа од друштвото. Не зезај низок сум бил па знаеш ли колку ниски девојчиња има што несакаат да добијат спондилоза гледајќи нагоре цел живот во својот партнер. Сум идел со кошаркарка јас сум скоро па 1.8 а таа имаше гарант 2м едни рамења у пм лепотица, убави денови.... Само упорноста и храброста се исплатат а знаеш кога ќе ги имаш највеќе и двете кога ќе ја видиш таа што ти се свиѓа. И што ако те одбиваат биди си упорен ќе се исплати верувај.
не јебе леп него упоран? болдов е НАЈЛОШИОТ совет EVER не прај будала од него мајке ти, никој не сака досадии и неразбрани створења.НЕ е НЕ! крај на муабеотот @Marey па брат, бркај некоја со твоја висина, и ја (180) не би со некој 160.Ја испод мене малце да е у френдзоне го ставам, не па за цела глава, не ми треба минион.
Ти па си помисли он одма по тебе тргна. Плус никаде не пишав дека упорните ебат. Ако на некоја и се ебе немораш да бидеш упорен исто е и обратна ситуација. Само напред со френд зоне, имав таков другар се нешто у френд зоне ги ставаше. Левото око и трепкало, криви и биле прстите на нозете а тие деформирани од штикли што да прави, не била симетрична, ниска била, а една протези имаше, дебела била, нозете и биле кратки, да не се објаснувам повеќе ќе се пронајде некој може да ми се наљути а јас ништо лошо не ви мислам. Веќе никој ништо не му мести кој ќе се замара Многу прекрасни особи сум запознал од моментот кога прекинав да се замарам со физичкиот дел. Видете што човек е таа особа а не каква е физички. Што е битно ако е лепотица ако и смрди душата.
А кој рече дека по мене тргнал?Реков дека со мојава висина неќам ниски особи, он исто ако брка двометрашки ќе лапа корпи.Ниедна жена поготово висока, не сака низок маж. Није ово Франција па сеа француски парови ќе глумиме. А тоа ,,не јебе леп него упоран" не го зимај за готово буквалисто, како и да е советот ти е крш.Ако ти си напорен и упорен и мислиш дека е тоа добро-не е брат.Никој неќе досадни мажи а ни жени. Ако некој те одбие треба да имаш достоинство и да се повлечеш, а не да ја давиш ко пичка да не си видел или ко последна да е.Ок? Епа супер убаво за тебе
Муабетот ми беше да не губи надеж ако една му каже Не не значи дека и следната ќе каже Не. А тоа за упорноста и дали не се исплати нормално во граници на нормала мислам дека не си скроз у право. Има девојки што сакаат некој да се потруди околу нив пред да излезат со некого макар и на едно кафе. Има многу хард ту гет со триста филозофии у глава. Со една девојка правев 3 месеци муабет на фб пред да излезам со нејзе и после имав прекрасна врска од 2год. И таму ме ставија во френдзоне сигурно еднаш во тие 3 месеци па после излегов од таа зона. Добро може си имала и некое лошо искуство секакви луѓе газат по земјава. Јас само можам да дадам свое мислење од моја гледна точка.
Заработете пари, осамостојте се, купи кола и женските сами ќе дојдат... никогаш поќе нема да си сингл
Јас мислам најреално е ко че не ме знај никоја како стојам со финансиската состојба, па да видам колку ќе ме сака мене како личност, физички и психички. И за машките важи ама обратно и да покажат колку ги поштоваат жените. Иначе фала за советот!
Повеќето не сакаат. Повеќето сакаат да бидат оставени на раат откако ќе дадат до знаење дека не се баш заинтересирани. А не да не му враќаш некому и упорно да ти пишува зашто си увртел во глава дека глумиш ладна и ти годи тоа...не.
Тотално се согласувам со се што напиша човек сам на себе е најголем критичар. А најчесто она што за нас е “мана” за некој од страна е баш она што го бара. In reality повеќе фактори come into play when courting someone…
Никој неможе никого да натера да постане нешто што тој или таа не сака да биде. Ако си е таква таква си е и обратно. Колку машки има што се ожениле за пари. Јас знам 3ца што ми признале.
Затоа што некои не можат да се помират(или не сакаат) со фактот дека жените бараат машко со мозок, а не со кола, па така се тешат.
Ццц кај се тие борците за полова еднаквост бе? Девојка 160 модел, машко минион #LifeIsNotFair. Другар натепај една 10ка штикла и одма идеш ван френд зон.