1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    16.189
    Пол:
    Женски
    Затоа што уживам во статусот сингл ;).
     
    На Stephen Amell, tel-ef, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    45.653
    Пол:
    Женски
    Има многу случаи конкретно на форумов кога девојки истакнувајќи го својот проблем и барајќи совети спомнуваат " има пари а нема кола- па кој век сме"
    На сите ни е голем плус ако потенцијалниот партнер поседува некои работи, како кола на пр. макар што не е пресудно.
    Мислам дека во тој контекст беше советот на @junec
     
    На Cecko85, Feminka22, Dudo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да ви дае Господ на сите кола.
    И да дојдете да ни кажете после дали било до колата (fingers)
     
    На Ljubova, Hellobeautiful, KateKane и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    393
    Баш ова го дискутирав со еден пријател пред некој ден. Би рекол, веднаш не може да се даде точен одговор дали е нормално или не за една врска имањето возачка и кола.

    Немањето кола и не треба да биде проблем за да почне една врска. Но има едно големо НО.
    Ќе ги поделам во три вида машките.

    Прв вид.
    Ништо не е страшно ако некој е студент и нема кола до 22 години.
    Оправдување е дека Си вложил во себе си, во образование кое веројатно во иднина има шанса да му донесе подобар живот, работа итн.

    Втор вид
    се лица, кои по завршување на средно, не продолжуваат со образованието. Тие е во ред да почнат и помлади со часови за стекнување на возачка дозвола, и да почнат со работа. И овие ги оправдувам.

    Трет вид се машки над 25+ години. Неодамна моја пријателка имаше таков дечко од 25-26 години.
    Пред да го видам, она ми го испофали, бил многу педантен, паметен и незнам уште што друго.
    Еднаш случајно додека бевме 3-4 луѓе ја отворивме оваа тема за возачка и тој вели пред неа, абе не ми треба кола и возачка.
    Аргументи негови беа,
    1. сега секаде може да се стигне во градов,
    2 скапо е горивото,
    3. не одам никаде па не ми треба возачка.

    Со овој тред вид апсолутно не се сложувам. Возачката е потреба и има многу придобивки. Прво Како ќе основа тој утре семејство и со што ќе ги носи децата кога ќе се разболат, или како ќе ги носи на училиште особено во зима ако е тоа подалеку, на точак ли, или ќе чека жената да има положено? Не сме 70та година па возачка дозвола да е луксуз, и да неможеш да ја земеш.

    Второ, Не одел никаде , Па што ќе ти е таков маж во животот? Да те напумпа и да чуваш деца дома после.

    или Скапо било горивото. Горивото нема врска со возачка дозвола. Нека ја земе тој дозволата па колата нека му стои дома. Не мора да ја вози. Само по Потреба.

    Разбирам девојка да нема положено, бидејќи можеби и не е толку потребно,

    Но маж над 25 години да нема возачка, за мене е нелогично и сериозно би размислил, дали би одела со таков. Особено ако има и онака неиздржани аргументи како (скапо гориво, не одам никаде, децата може и со такси итн.)

    Мислам дека за ваква тема треба отворено да разговарате со партнерот.
    Бидејќи додека одиме како дечко и девојка светот е совршен, проблемите се потоа.

    Кога разговарав со пријателката и го кажав ова, таа го отворила овој проблем и го замолила да разговараат.
    Нажалост тогаш, тој не попуштил. И натаму сметал дека тоа е глупост и ќе положел кога ќе имало потреба.
    И толку траеше врската. Пријателкава си замина на време. Разбрала дека станува станува збор за инает и за човек без перспектива
    Се прашувам што ќе се случеше доколку не го отворевме проблемов? Веројатно уште ќе си живееше во идилата дека дечкото и е совршен.
     
    На BossGirl123, christinnn, Kasiopaja221 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.499
    Пол:
    Женски
    Зошто? Ако веќе тргнуваме од тоа дека возачка и кола е потреба?
     
    На Ljubova, KateKane, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    @Albertos
    Се согласувам со тебе.
    Возачка треба да има секој момак.
    Само би додал дека е убаво да не само моците туку и девојките да си полагаат со време.
    Да не зависат од некого.
    Има жени одлични шофери
    А сега едно е возачка друго е кола.
    Треба да си спремен минимум 100е во месецот да ги одвоиш од месечниот буџет.
     
  7. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Сабајлечки се изнервирав од мислењево, не е се во парите и добрата кола, се претпоставува дека дечкиве што пишуваат се млади можда студенти, можда и имаат и добри коли и пари и се , а можда и немаат и сеа ти им набиваш комплекс дека се се решава со добра кола и пари. Со маж ми се запознавме на 21 год. и двајцата студенти и двајцата од да кажам средно ситуирани фамилии , се гледавме буквално секој ден после факултет некогаш со 100 денари во чеп некогаш помалку. Сега сме 29 и двајцата вработени си ја средуваме куќата по наш мерак и замисли имаме убава кола. И да тие времиња кога кисневме по паркови и клупи по цели денови без пари би ги заменила за овие сега кога се гледаме навечер на неколку саати после работа и уморни си легнуваме.
     
    На Cecko85, Dream-Girl, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    39.599
    Пол:
    Машки
    Значи на жена не и е толку потребно да има возачка, ама на маж му е потребно.
    Богати, за што му е потребно на маж, а на жена не? (facepalm)

    Значи за жена ако каже скапо гориво, не оди никаде (оти, нели, тоа е заклучокот по твојата аналогија), оправдано и е. Ама за маж не е оправдано да го каже истото и мора да ја возика таа жена?

    Еј, во 21 век, колку треба да си заостанат за да чекаш некој друг да треба тебе да те вози, затоа што ти сама, како жена, си немала потреба да возиш?

    Па ја поголема навреда досега за женски род немам прочитано.

    Ај ако не одете живејте во Саудиска Арабија каде е забрането жени да возат, и чекаат на мажите.
    А, да. И таму веќе не е така...
     
    На Ljubova, cresa-jagoda, Stephen Amell и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Таа ќе седи дома, шо има многу да излегува, ќе си чисти, готви, за тоа не треба возачка :lol:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    39.599
    Пол:
    Машки
    Секако тоа. Кај се видело жена сама да излегува па и да вози? Што ќе и е тоа? Не и треба. Срамота!

    Ќе го чека маж и/дечко и да си дојде од кафана со другарите со БМВ старо 15 години земено за 5000 еур увоз од Германија за да ја сврти еден круг со колата, а оваа ќе се подмоча од среќа. Бар, додека не му остане дефект и пола година собира пари да го поправи.
     
    На arabella_, Stephen Amell, Mongolka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Јас сакам партнерот мој да има возачка. Имам и јас.
     
    На Ljubova, Feminka22, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Со таа замисла дека женските трчаат по пари и коли навистина се залажувате само. Не знам од каде таа мисла во глава. Добро има такви ама ги има и оние кои сакаат само добар разговор, внимание, почит.
    А кога сме на тема возачка, мислам дека барем накај 26/7 години секое машко секако и девојка би требало да има.
    Зошто до тогаш и да си немал од родители си имал можност сам да си заработиш за да си платиш, и ако си личност што понатака размислува да има семејство и те како е потребна.
     
    На Stephen Amell, Mongolka, Cecko85 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.552
    Допаѓања:
    18.636
    Пол:
    Машки
    Јас имам сто1 кола, одвај 10.000 км извозени, ако имаш и ти таква трка че прајме, ако ме победиш че ти бидам дечко.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Би одела.
    *Да имав помалку од 25.
     
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Неам таква, ќе те победам :rofl:
     
    На Stark и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  16. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    393
    Читајте пред да реплицирате. Каде тоа реков јас дека жена не треба да полага?
    За какви Арабии збориш? (facepalm)

    Зборевме за маж дали треба да има возачка или не !

    Секако дека е добро и жена да има. Не сум рекол дека не треба да има, туку дека не е страшно ако ја нема до 26 година.

    Мене не ми е проблем ако девојката моја нема возачка. Не гледам дека е заостаната, за разлика од маж на 25-26 години. А доколку сака да полага не би и забранил.

    Целиот муабет беше дека тој маж што нема возачка и мисли дека не му треба, а има 26+ години не е сериозен за стекнување фамилија, и треба да се разговара доколку имате таков, бидејќи може многу работи да открие за него и неговиот карактер
     
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    39.599
    Пол:
    Машки
    А зошто маж е заостанат ако нема возачка после 26 години? Зошто нему му треба, а на жена не?
    Која е логиката позади ова?
     
  18. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.738
    Допаѓања:
    21.366
    Пол:
    Женски
    Секој си има критериум за тоа каков партнер сака покрај себе.
    Некој не сака партнер шо пуши цигари, пие алкохол, троши многу пари на облека, технологија или шо и да е друго, не знае да готви, пасивен е итн итн.

    Ете јас не би била со некој без возачка па колку сака и глупаво и потценувачки да звучи. Ни ме интересира шо модел на кола вози или која година е, само да знам дека е активен возач. И сеа ова ако ме прави спонзоруша, нека ме прави ич не ме интересира.
     
    На Albertos, januari19 и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.552
    Допаѓања:
    18.636
    Пол:
    Машки
    Nejcaaam da sum singllll :'(
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    16.189
    Пол:
    Женски
    Ти си активен возач??