Спонзорушите не бараат било каква кола, имаат критериуми. Ова твоево, а и јас исто размислувам е нешто што денес не се смета за луксуз туку за потреба. Која и да рече дека не сака дечко со возачка дозвола и кола, или лаже или е во заблуда. Пишете ме во спонзоруши
Не коментирав во темата оти јас уживам во мој сингл статус Ама за муабетот со колата морам да прокоментирам. Прво, изгледа грешни мажи сум фаќала - без возачка. Кола во денешно време е ( тажен) факт дека е потреба ама во последно сум поќе и поќе убедена дека сегде најбрзо се стига како пешак/ велосипедист па еве и со тротинет. Башка подобро и за околината наспроти кола и мене то ми е поголем приоритет. Ама то сум јас. Кола пример океј за поголеми дистанци, а не меѓу град. За мене. Следно шо сакав да коментирам во поглед на возачка е да, преференца е. Ама во исто време пробваме да не бараме од партнер нешто шо не можиме да го нудиме. Ако јас не возам, а не возам ради страв, ептен хипокрит ќе сум да го барам то од партнер иако ќе е олеснителна околност за мене пошто ме фаќа паника зад волан. Од друга страна, пошто нели, возачка е потреба, кога гледаме партнер ( ете ако страв е исклучен) да е амбициозен. Ако нема желба да прај нешто можи да е трн оф и едноставно да не те влечи, макар нештото да е само возачка. Некои го гледат како потреба и минимална амбиција и се поврзва со "ако не го напрај ова, шо други работи не прај" и слично. Исто така мислам дека стравови со возење побрзо се простуваат на жени наспроти на мажи, шо дефинитивно ми е во корист мене, ама жал ми е за некој од спротивен пол во моја ситуација. Поентата на се ова ми е, дали партнерот има возачка или не е, е преференца. Ама трн во око е кога butthurt бациња мислат дека жена можат да добијат само со кола и пари. Мислам сфаќам дека за дел од вас е едина опција ама многу почесто кола и пари не се пресудни за некоја жена да биди со некој маж.
Јас кога возам искрено сеедно ми е дали некој друг вози, а ако некој не вози нормално не му е сеедно.
Па и ја со дечко ми кога се упознав немаше возачка ни он ни јас, јас прва земав, он сега полага и ете и двајцата ќе имаме возачка. Додуша што и дека имам возачка 2г веќе, не ни возам, многу ретко. Како студент моментално не ни имам пари да одржувам кола, уште помалку бензин да ставам постојано, кога немам свои пари, а доволно трошок дома правам со факултетот. Кога ќе дипломирам и работам би имала своја кола да, но уште долго има до тогаш, дм на крај пред мене ќе купи кола и почесто ќе вози. Така да ич нема врска, никогаш не би го оставила зошто во 4г врска до сега немаше возачка и кола. Не е важно дали има во моментот кога сте се запознале, битно е дали има амбиција понатака да полага. Не е евтино баш да се земе возачка, се поскапи се цените, луѓето кај нас едвај месец за месец тераат... Ама да, зборам за 20-28г млади луѓе (повеќето што пишуваме тука сме како што знам таа возраст затоа и пишав), за во иднина, за со фамилија и за со деца веројатно би си требало кола. Ама доволно е и едниот да знае да вози според мене, некогаш е оправдано, некој има страв и нема желба да вози, после викаме секакви будали земале возачки и прават сообраќајќи. Ако некој нема желба и не му се вози, подобро и да не вози, него да го става на сите во околината животот на ризик. Имам многу познаници што имаат можност да полагаат ама не сакаат зошто им е страв од возење и ете, според мене е подобро да немаш возачка отколку да возиш со сила зошто денеска морало...
Секако дека не е пресудно да има кола. Ама ... Пример од блиска особа: фати дечко без возачка и без кола. Никаде не можеа да одат( надвор од град) без да замолат некој да ги однеси. Или со автобус поефтина варијанта или такси, ова за подалечна релација зборувам. Се венчаа , им се роди дете. На полноќ бебе се разболува... ќе вика такси, ќе вика брза помош? Или ќе граба клучевите од кола и директ на болница? ! Јас одсекогаш сум гледала и за иднина. И јас возам и мм вози. Ако не возев јас, ќе требаше да го вадам од работа да не носи на лекар? Стојам на ставот дека колата е По-тре-ба. Без разлика колку е скапо одржавањето.
Не ми е сеедно. И да возев и да не возев пак ќе сакав дечко возач. Пошто сум возач, не сакам да го влечам дечко ми цел живот на совозачко до мене, зошто сум фатила дечко, за јас да го возам насекаде? Ај па ако не да му уплаќам за нокти и еден фустан да му облечам, шојма врска. А ако јас не возев, не ми треба уште еден невозач до мене, да не можиме да мрдниме никаде на шетање и да се влечиме по таксиња. Да не одам подалеку и да спомнувам деца во приказната. Колку сака нека звучи сурово, глупаво, то е мое мислење.
Јас имам комшии кои од кога знам за нив немаа кола и сеуште немаат. Направиле сообраќајка и оттогаш кола не купија, со две деца, секаде си одеа со таксии и замисли уште живи се и без кола се и децата пораснаа и така.
Па "мангупите" толку мозок и имаат, 2 грама. На јачање bmw може да се попали некоја тинејџерка само, и тоа е толку језиво и манијачки, леле мори мајко мила. Идење пред школо и правење на тоа е дно дна, ми нема ништо поодвратно од тоа возрасни мажи да пробуваат така да фатат девојка, о д в р а т н о. Секако дека возрасна и зрела жена нема гаќи да натопи од јачање на некоја кола. Ја замислувам глетката, 2 возрасни говеда кај што си се кикотат, ааа браД идеме да пецаме малолетнички бухуху мож ќе се нафати некоја. Забрана за приближување на школо би им лупнала на таквите.
Да, и јас така пораснав, моите дури сега купија кола. Да ги прашаш, ќе кажат дека биле глупави што толку време поминале без кола. Ама еве сега јас не можам да се замислам без неа. Можеби кога ќе дојде ред да си имате дечиња и да ги влечкате болни по такси и автобуси, ќе се сетите на муабетов
Јас сум активен возач и тоа го очекувам и од партнерот, ако има 26+. До тој период веќе секој работи и може да си купи кола, каква-таква. Поготово ако живееме во поголем град колата и те како е неопходна. Можеби јас нема да можам да возам секогаш, или ќе сакаме да одиме на патување кајшто ќе треба да се менуваме со возење, или ќе ми е лошо ќе треба да ме однесе на лекар, а тек па да не зборуваме ако има и дете во таа приказна. Единствено би имала разбирање доколку партнерот се плаши да вози, или имал некоја ситуација поради која морал да ги пренамени средствата наместо да купи автомобил. А тотално не ми се разбирливи мажите кои што кога чатуваат ми велат дека сакаат да основаат семејство, а притоа не се во можност да купат автомобил, затоа што не се амбициозни да работат повеќе или ги трошат парите на глупости. Семејство не се основа со шушки треба да си финансиски стабилен. Така да, според мене и мажот и жената треба да возат и да поседуваат автомобили.
Не звучи сурово и глупаво, звучи сексистички. Ако колата е потреба, значи секој има потреба од неа. Тогаш неселективно треба да ги џаџнуваме сите без возачка, без разлика на пол. Секако дека секој има критериуми за партнер и возачка е сосема легитимен критериум. Само фактот што ако нема возачка го сметаш за жена боде очи.