Немојте ни случајно да мислите, дека ако некоја ваша познаничка е во врска, дека е среќна. Само она си знае како и е, дали има маки или не. Во повеќето од нас има повеќе страв да бидеш сам, отколку место за љубов. Гледаш насекаде демек среќни двојки ( а којзнае кретенот со кој ја вара, или пак таа дали го искористува за да си ја отфрли осаменоста), срценца на фејсбук, те сакам, љубовни статуси и сл. Ма не е љубов се што на фејсбук гледаш, имаше таква група. Не е работата да фатиш дечко оти сакаш да го имаш, треба да фатиш дечко оти го љубиш.
Многу јасно дека мора да се посветува внимание за изгледот, не само додека си фатите дечко туку и кога веќе го имате, а посебно после долга врска или брак. А секако најважно е да си посветувате внимание заради вас- кога сте си убави на себе- убави сте им и на другите. Тоа не е клише, не е излитена фраза- туку чиста вистина
точно е тоа дека секогаш средена девојка, повеке ке ја ценат...исто е и за машко де...ама и повеке ке ги бркаат
искрено многу подобро е да си сингл отколку да си во врска со човек со кој не вреди да бидеш... а за надворешниот изглед секоја девојка треба да се средува без разлика дали има дечко планира да си фати или воопшто нејке.. живееме во свет во кој надворешниот изглед го опишува човекот.....
Надворешниот изглед привлекува,карактерот задржува.Не работи само на едно,работи на двете.Не само ти,туку сите ние....Што кога ќе бидеме барбики,а нема да знаеме како да се однесуваме. И не е само да фаниш дечко.Од лично искуство ти кажувам дека еднаш си фатив само колку да го имам и од друг да се оттргнам.Поголема грешка не сум можела да направам.Му раскинав после две недели. Затоа не се брзај,се во свое време!
Дефинитивно сакам да запознам некој нов дечко! Различен од предходните со кои сум била! Кај да го барам? Очајно ми треба!
И Јас исто така сакам ама секогаш кога се надеваш ништо не излегува како што очекуваш ! Колку пати само сум средувала тип топ за да си фатам дечко било каков но никогаш никој не ми пријидувал ама сега затоа не барам че чекам сам да дојди сега
Аууууу, не! Полека! Мажите можат да намирисаат „очај“ ко што можат да намирисаат скара на километар! И тогаш се уште потешки за „фаќање“.... Исфрли го тоа „очајно ми треба“ од глава. Звучиш како еден (типично машки) графит кој стоеше испишан на Стив Наумов Студенсткиот дом: „МИ СЕ Е_._, МИ СЕ РИКА!!!!“ Полека, релакс, кога си најопуштена најлесно привлекуваш! Колку повеќе се трудиш, толку потешко ќе најдеш! Поздрав!
Потполно се согласувам со Зоки. Не очајувај, Господ сигурно чува некој посебен и за тебе. За почеток биди расположена, излегувај со насмевска на лицето... Никој не сака да гледа тажни и намуртени лица. Опушти се, најдобрите нешта се случуваат токму кога најмалку очекуваш!
Да ама чекањето убива, а то дали че си фатиш дечко не зависи од убавината туку од каркатерот, колку повеќе чекас толку повеќе потонуваш не можиш се да оставиш само на надежта, мора да превземиш чекор, а има мн. девојки кој не се доволно храбри да го направаат првиот чекор, и се препуштат на надежта дека постои некој за нив таму некаде, ништо не правиш ако стоиш само таму и чекаш. Не зависи од убавината дали ќе бидеш со некој, туку зависи од упорноста, колку си повеќе упорен толку повеќе се исплаќа, а има некој што само седат и го чекат вистинскиот што е сосема погрешно . Со среќа Не плаши се од бавен чекор, плаши се од стоење во место .
Мислам дека имам проблем у тоа шо си го барам совршениот...сакам да има шишка (али и кратка коса не е лошо) , да биде плав со плави очи да биде фудбалер, кошаркар, ватерполист или не е битно, битно спортист, може хип-хопер со дуксер и широки панталони, најк патики, може ваков може такоов...Леле понекогаш се излудувам самата себе!! Немам дечко од август (и не ми ни беше посебно убаво со тој дечко, повеќе беше минлива авантура) и сега викеднов треба да се видам со еден тип шо го имам само еднаш видено...Контактираме преко фб, и стварно е добар...познавам и луѓе што се знаат со него, и во петок ќе се видиме...искрено се надевам дека ќе го засвиѓамм и можеби ќе има барем една од карактеристикиве на кои паѓам! само не сакам да се вратам дома разочарана!
Нема ништо пострашно од тоа да си сам, осаменоста е најстрашното нешто што постои на овој свет, не се плашам толку многу од смртта колку од осаменоста. Осаменоста е тешка, но слободата е непроценлива.
Човекот може да издржи една недела без вода, 2 недели да гладува, со години да живее без покрив над главата, но не може да ја поднесе осаменоста- таа е најлоша од сите страдања. Пауло Коелјо го напиша ова само не се сеќавам во кој роман беше и е целосна вистина
Кога бараш совршенство, барај некој што ќе ти биде верен, што ќе те почитува, паметен, со цврст каракер,шармантен, а не најк патики да носи и шишки да има. Извинете за офф топик
И јас не сакам да бидам сингл еве веќе година и пол сум сингл и некогаш тешко ми паѓа особено зошто скоро сите другарки имаат дечко а јас не.И убава сум и паметна и не сум многу пребирлива ама ете до среќата ли е...а може дека претходнo имав подолга врска па сега потешко се врзувам..Си викам подобро сингл отколку со погрешен...
пааа...млада сум, уба, секогаш расположена и ко ќе ми е најтешко, имам супер смисла за хумор според другите... Јас искрено не се устручавам многу со машки имаме супер женско друштво и супер си поминваме секогашшш...Ама ете и јас понекогаш се запрашвам зошто никој не ме сваќа сериозно ?? Нејќам да се мувам не ми е прифатливо то е дел од мојата личност и зошто некој не можи да ме прифати со се моите морали и мислења за денешницата?
Има едно дете поголемо од мене 3 години и во градот е како главна шема преубав е , сите по него трчат...А јас...Јас сум друга приказна... И покрај то шо сум уба, паметна, забавна секогаш сум сама и незнам зошто е то така...Нвм финтата ми беше го адднав на фејсбук и ми пиша ...Пишевме подолго време и јас летав во облаци зошто тој беше СОН !! И еден ден... Ме викна да се муваме... Јас сакав, премноооооогу сакав ама незнам се уплашив да не мисли дека сум лесна или дека сум луда по него и му реков дека неможам тој ден дека можи за викендот... Поќе никогаш не ме побара.... То е нешто за кое најмногу сум се каела...Ама сепак Don't regret anything you do , cause in the end it makes you who you are...!!! Позз
Хахахаха... Си имам супер пристапи...Да ме верваш ама финтата е машкото да пристапи...Во денешно време се се чека на женското...Машките станаја пички [без навреда на сите машки]... Од нив се шо се очекува е да го напрат првиот чекор...После е лесно... Позз
Кога читам што има напишано целосно се пронаоѓам во тоа, и повеке сум од 2 години сингл , се тешам дека се уште не е дошол вистинскиот момент , се трудам да не мисалм на тоа си го исполнувам времето најдобро што можам. Не сум грда па да не сака некој да биде со мене, барем така мислам. Излегуавм се забавувам со другарки , но никако некој да ми се приближи и да покаже дека му се допаѓам. Имав дечко во кој бев многу залубена , но за жал ми раскина поради друга, иако ме убедуваше колку многу ме сака . Тоа многу тешко го поминав , изостанав многу со учењето после тоа ми се пуштаа и други , но тогаш бев многу повредена и не сакав да помислам на машко. И од тогаш како се да престана . Се чуствувам многу осамено и навистина сакам да запознаам некој , кој ставрно ке ме цени и ке сака да биде со мене , но тоа никако да се случи.... Најмногу ме загрижува тоа што е многу долг преиод и ништо не се менува.. Понекогаш се прашувам дали можеби е проблемот во мене , но никако не можам да најдам решение и што е тоа што недостасува
Не те знам доволно за да коментирам, али ќе ти кажам причина поради која машките би одбегнувале да ти пријдат, па ти може ќе се пронајдеш. Еве на пример излезена си со твоите другарки. Твојата најдобра другарка е насмеана, весела, полна со самодоверба, а ти стоиш така здрвена, внатре во себе тонеш од очај да погледне некој во тебе и да ја сфати твојата вредност, нетрпелива си и замислена. Или пак ти си екстра средена, горделива, скоцкана, исполнета премногу самата со себе, си изградила внимателно неотпорни ѕидови затоа што си многу повредена. Зарем не гледаш како денес стојат работите? Не чекај долго некој да ти пријде, ти му пријди или пак само насмевни му се, покажи ја својата мила страна и дозволи да ја запознае твојата вредност. Не велам дека повторно нема да бидеш повредена, но обиди се и нека не те разочаруваат неуспешните обиди. Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе најдеш некој