Ако не можеле никаде да одат надвор од град нека се стегне и нека положи девојката па ќе одат. Имам речено сто пати и пак ќе речам. Женишта има од петни жили пробуваат да се еднакви, се борат, не дозволуваат некој да ги прави неспособни, докажуваат, иако уште живееме во машки општества. Да се огледуваш на нив и да се гордееш, баш идоли. И обавезно се наоѓа по некоја - амииии ако нема возачка дечкото како ќе ме шета. Божем глупи се жените да положат. Сосила се правиме зависни од маж.
Незнам за другите ама памтам кога имав 17год едвај чекав да почнам со часови за возење, едноставно од секогаш сум сакал да бидам денес на повеќе места во пократок временски период. Фала на моите што го спонзорираа се тоа иако се откажав ако памтам од пари за одмор тоа лето и пари за роденден. Е сега нормално си најдов некоја мануелна работа на дневница кај еден пријател на моите и пак си направив парички за некој скромен одмор од 5 дена. И морам да кажам дека тој некој период од 1год откако почнав да возам ништо не промени во мојот сингл статус. Бар не ништо специјално. Некој one night stand или лапање у кола не го ни рачунам. Така да не е до колата за да фатиш женска бар не во мојот случај. Јбг машко друштво со мерак кон билката ретко налетувавме на асално друштво на девојки што сакаа да не дружат. Откако променив околина и поработив на себе колата си дојде како одлична комоција. Посебно зимно време имаш ново девојче, несака да дојде кај тебе дома уште сме на почеток а сакаме да бидеме приватни колата беше и убаво и топло место за подобро запознавање. Како и да вртиш потреба е. Да не збориме за иднина: бебиња, деца, градинки, школи, тренинзи, приватни часови и what not. Бар до некоја возраст дур не се осамосталат и си бркаат работа сами. Простете на долгиве постови ако уопште некој има нерви да ги чита..
Така е во право си. Ама има женишта и има жени што им фуфка да седнат зад волан. Е оваа беше од вторите.
Епа ете ти си купил кола и си сфатил дека НИШТО не променува во твојот љубовен статус. Многу ми е мизерно кога жени сакаат обавезно да имал тој кола и возачка, а таа кафето да си го плати од дома зема 100 денари. Или чека тој да и го плати. Значи бидете независни колку се може. Не се платите сјајни, не се условите сјајни во државава, ама колку се може. На шо личи тоа да доаѓа од дома да те зема за секој божји дејт со колата. Ептен ми е срамно. Еднаш достоинствено речи - сама ќе дојдам, и 3 автобуси ќе сменам, ама сама ќе ги платам и ќе дојдам. Не сум неспособна, ко што може тој, можам и јас. Овие работи повлекуваат и многу други после. Ко што велите - кола да има мажот пошто дете кога ќе се разболи дрн дрн - така ни кола имаат многу жени, ни куќа своја, живеат со свекрви, едно веце користат сто души пошто никогаш во живот не им текнало независни да се малце. За све да чекам од маж? Самопочит малце женчиња. Машкост не се покажува со тоа дали имал возачка или немал. Машкост не се покажува на сметка на жените. Не треба да се правам јас сосила глупава за тој да се осети ко маж.
Jas ako doznaam deka stavot e vaka demek mora da ima maskoto kola i da vozi, ce i recam da si delime benzino napola, toa so sum ko taksist ne go naplakjam, ce odi kako dobra volja..
Ова е најнормална работа. Има некој шо се шлепа така без да даде скршен денар? Се знае, или бензинот по пола или покривање на другите трошоци за храна и пијалоци или шо и да е друго. Не е должен да финансира некој некого.
А ако...не дај боже...понекогаш малку сакаш ....да те земе... со кола...чисто онака... на џентлменски начин? Срамота е, многу висок стандард е?Да си знам. Денес најголем дел жени возат уште од 18 год., нема нееднаквост во возење кола со децении, што е тогаш проблематично да сакаме дечко со кола? Ко демек ако сакаш дечкото да има кола ти никогаш нема да стапнеш зад волан?Не знам вие кај живеете ама јас буквално не познавам жена што тврди дека никогаш нема да вози и ќе чека цел живот мажот да ја пренесува? И кога спомнувате феминизам...ова е тој површен млак мејнстрим феминизам што се фокусира на глупости а не на суштински проблеми. Жени што мислат дека се феминистички херои ако се побунат зошто знакот на семафор е маж а не жена. Или се вреѓаат ако мажот го плати кафето. Мажи што се водат по мотото нели сакавте еднаквост, зошто не мешаш малтерхехехе. Еве, сѐ си решивме на поле рамноправност, само уште ни остана да ја решиме еднаквоста во возење кола. Убав свет. Чист пример за муабетот што го почнав. Нема везе што на пример за било која жена е многу поризично возење навечер низ автобуси и по улици затоа што сме мета на манијаци, туку побитно е да докажеме поента дека сме girlboss и можеме сѐ што можат мажите - а колку смешно звучи ова само по себе, ако треба да си ја докажувам вредноста секој ден значи нешто не е ко што треба. Така да, заеби што имаме суштински проблем со небезбедност и мал милион многу поозбилни проблеми, само да пазиме мажите да не се навредат од критериумот за кола.
Значи ај те молам препрочитај и размисли дали не игнорираш битни проблеми само за да се докажеш дека "вредиш". Не те напаѓам, ама тоа е цел впечаток што го добив. Ако имам можност некој да ме однесе со кола и намерно си правам потешко не сум херој.
Стварно го мислам тоа што те прашав. Примерот што го даде со малтер Некои работи се физички поневозможни за жена. Некои работи се физички поневозможни за маж. Возење кола не е една од нив, и двата пола се еднакво способни. Зошто да треба да има тој кола за јас да се осеќам безбедно, а да не си земам јас своја кола ако ми е загрозена безбедноста?
Не знам еве и мене не ми јасен тој дел, јас ако возам зошто тој треба да вози кога секаде можам да си одам со кола . Од друга страна ајде ќе ги осудуваме машките што не возеле кола до 25, па над 25 какво машко било тоа што не возело кола, па тој не размислувал за семејство, не размислувал за фамилија и бла бла, смешни муабети. За почеток мислам дека секој треба малку да се ослободи од некои предрасуди, и некоја замислена слика во главата за одредена личност што и како треба да прави. Ништо во животот не е само црно, не е ни само бело. И да толку ви е тешко да прифатите дека ете некој не сака да вози и не треба да ви се клања и да ви дава извештај зошто не сака да вози, а тоа не го право помалку способна личност затоа што не сака да седне зад волан. Повеќе почитувам никогаш да не седне зад волан, отколку да седне зад волан за да остварии нечии критериуми и каприци.
На што се има сведено оваа дискусија, дали некој да има возачка или не... и овие што навистина имаат проблем што сакаат да си го искажат повеќе немаат пристапено до темата.... сериозно бре до возачката ви дојде?
Каде реков дека некој е поспособен за кола?...глупости...и примерот со малтер беше пак во друг контекст? Ај пред да цитирате прочитајте со разбирање, ве молам. Тоа со безбедноста го спомнав во контекст на побитен системски, општествен проблем и ти па се фокусираш на еднаквоста во имање кола наместо да помислиш дека фокусот за рамноправнст го ставаш на погрешно место. Еве да речеме 19 год девојче има 25 годишен дечко, тој си вози редовно кола, таа само што завршила со часови. Според логикава што ја пишуваш, она не смее да му дозволи да ја вози, мора да си купи одма кола затоа што ќе пропадне нејзината независност. Нелогични принципи. Уште еднаш, читајте со разбирање.
Не, не е тоа логиката. Тие ако си се договорат меѓу себе да се развозуваат, нивна работа. Логиката е си ги пуштам нозете колку што ми е долга чергата. Ако тој не вози, а ни јас не возам, нема зошто да му се лутам, кога ни јас не возам. Ако мене ми пречи што не можам да одам до друг град, нејќам бусови и слично, јас си полагам за кола и си возам. Не барам од друг тоа да го стори за мене за мене да ми се олесни животот.
Океј, настрана зафрканција ја наполнивте темава со тоа дали треба да се има возачка или не. А темава е за сите паднати борци и лавици што се осамени. Значи, без разлика дали машко или женско во текот на животот би требало да се оспособи да вози кола и да има возачка. Во дадени моменти некогаш ќе ти излези шанса на работа да работиш работа, со кола/комерцијалист, мораш за побрзо време да појдиш итн. Јас да се мангупосувам пред девојка бла бла, и тоа да ми е као демек ако имам уба кола че имам и женска, епа да ми извините ЕБАТИ ЖЕНСКАТА таква! А искрено да си кажам јас зошто положив дури на 25 години, а верувам и вие ќе бидите искрени. Уште од мали нозе, да речам 15-16 години ми набиваа од дома мислења, пошто беа лузери и не можеа да соберат пари за возачка, ми рекоа дека не ми треба и никогаш нема да имаме кола. Јас од пусто его или не знам шо и да ми беше се лажев самиот себе дека ај не ми треба, не ми е интересно бла бла бла! И така положив дури на 25 години со скоро 80% покриено сето, да речиме татко ми ми даде 100тина евра да ми се најдат, а сеа сум веќе 27. Во најскора иднина ќе си купам и кола. Претпочитам да одам секогаш пешки или со точак, барем мојот град се врти за саат време до два од крај до крај.
И, кој рече дека има нешто погрешно во тоа да возиш кола? јас? Еве ова го потенцирав Јас се осврнав на скроз друг дел од твоето мислење и се надевав дека ќе бидам сфатена ама ооокеј утнав.