Не само тоа и пола пола регистрација , зелен картон ! Све да биде по пропис ако сака да биде возена од страна на машко.
Што се грабнавте за возачка бе, тоа ли е пресудно? Според мене секој треба да има возачка без разлика дали е машко или женско затоа што, што ако дојде до ситуација да треба да возите, пример да треба некој итно да се однесе во болница? Е сега, на женските повеќе им се простува ако немаат дозвола зашто у врска ''срамота е женско да вози машко'' според некои. А ја по дифолт сум обично тој што вози пошто имам возачка и кола, така да мене исто ми е чудно некој друг да ме вози хаха. А тие што се навредија и одма станаа дефанзивни кога се спомна дека жени паѓале на кола, не се однесува за вас тоа, туку у генерала, секако дека има жени што паѓаат на тоа. А да купуваш кола за да фатиш женска ти е лоша идеја. Ем фрлаш толку пари, ем ке привлечеш некоја материјалистка што ке те користи како таксист.
Voila Решивме дилемата за шо да праи оној со возачка и оној без. Сеа уше некој да си најдеме и немаааа зимаааа за нассссссс
Ти ако не си лажен профил т.е машко, ти че ми бидиш женска и ко че се хавариса колата че ја поправаме заедно.
Едно од најдлабоките прашања кога се запознаваш со девојка , "дали возиш кола?". Многумина го толкуваат како , види ја спонзоруша мора дечкото кола да имал или сака таксиста да и бидам , што е стварно плитко размислување . Прашањето дали возиш кола во повеќето запознавање може за кратко време да им ја пополни сликата за тебе или некои работи да им разјасни , поготово кај професионални жени , кој работат понеделник-петок , и немаат толку време за излегувања. Пример да возам кола , имам бла бла бла , значи како одговорност си имаш да се грижиш и доволно средства да плаќаш за колата секој месец и си нашол начин/заработил да ја платиш таа кола . Друг одговор , имам положено , немам уште моја кола , веројатно си на почеток на кариера ама имаш амбиции и се трудиш да си го подобриш животниот стандард , трет , немам положено , не идам нигде или имам автобус ќе им прикаже друга слика . Друго , ако си срамежлив , кај повеќето го користат да скршат мраз , и некој збор повеќе да ти извадат итн , стварно е глупо да се размислува уште , види ја спонзоруша ме прашува одма за кола дали имам филмот после тинејџерски години.
Тоа е и поентата, што врз основа на тоа дали некој вози кола и има кола се оформува мислење за некоја личност, што нема благе везе со реалноста. Познавам преамбициозни личности, со професии што 90% од луѓето не ни можеле да ги работат, финансиски стабилни, но немаат желба да возат кола и тоа е сосема во ред.
Никаде не реков дека не е во ред да не возат кола , него преку тоа прашање се користи да се добијат повеќе информации за личноста што со која се запознаваш , пишувам во контекст на темата , не дали мора или не мора да се вози кола . На некого му е битно , на некого не му е , секој си има свои критериуми , тука не навлегувам , збор ми беше дека кога се запознаваш со некого , можеби и немаш толку време да ги согледаш тие како што ти кажа "преамбициозни личности, со професии што 90% од луѓето не ни можеле да ги работат, финансиски стабилни, но немаат желба да возат кола" па визуелно и малку инфо што би го добил/а со некои прашања ќе мора да одлучиш дали ќе продолжиш понатака со таа личност , барем така беше пред короната...
Мене ме имаат прашувано машки дали иам возачка, и дали возам.Па што.Не го зиам за лошо.Сега тек земав кола, ама нема одма да ја возам сама.Дур да положам, ме зимаа и ме враќаа, од култура е.Сум се нудела такси да фатам, и тоа се дешавало.Им викам ,,глупо ми е да ми шоферуваш, не работиш за мене да ме возиш":и ми викаат не е проблем. Не ги терам со сила.Ако некој живее во Ново Лисиче пример, нема сигурно да дозволам да дое да ме земе, за да идеме у Центар на кафе, не им е на вода колата.Или на крај краева ќе го почастам кафе.Фер плеј
Многу пофундаментални работи не чинат во машко-женските односи. Посреќно општество ќе бевме дозволата да беше најголемиот проблем.
Не е више финтата да се има возачка и кола... Тоа секој може... Оди ставај бензин да те видам... Дејтинг еволуција низ годините: 1900-1950 Договорени бракови 1951 - 1990 Корзо 1991 - 2005 Диско 2006 - 2021 Интернет 2022 - ? Бензинска
Е ова! Дај боже неговото не поседување на возачка дозвола или пак кола да ми е најголемиот проблем. А нема да биде, ако ми е скоро сѐ друго потаман.. ми треба партнер, а не личен шофер.
hahahah nije istina. Pa toa i od mazive bi go slusnala. Ne e taka. a ustvari prvo sto pravat e da se ligavat po nekoja opnata