1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Зашо у три теми го пиша истово?
     
  2. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Незнам така ми дојде во моментот :) Сметав дека во овие теми ќе се пронајде некој или ќе го утешам . Поздрав!
     
  3. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Предпоставувам со добра намера го направил тоа, јас само тука го прочитав.
    И да кажам дека ме мотивираше на некој начин пораката која што ја напишал
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Баш ми е мило ,тоа и ми беше целта. :)
     
  5. sasha from bratz

    sasha from bratz Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2022
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Можеби глупаво звучи ова да го кажам но,мило ми е што гледам дека има и други како мене.Во моето друштво и околината сите си тераат свој филм или скокат од врска во врска или се во долга врска,само јас црна овца8).Премногу пребирам и сите ми велат дека треба да му дадам шанса на некој.Од страна и покрај тоа што воопшто не изгледам така (некои дури ме нарекуваат и курва) само јас си ја знам вистината.И покрај тоа што некогаш мислам дека не сум loveable и се чуствувам осамено,многу добро знам што очекувам и сакам од мојот иден дечко и врска.Се што е наше ќе си дојде,некогаш дури и подобро од тоа што сме го замислиле.Јас во ова верувам секогаш кога ќе се осетам осамено,мој совет е верувајте вие и не се разочарувајте сите си имаме различен пат во животот.;)
     
    На Nela678, nikolamark85, tessie и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Mikskmk

    Mikskmk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    Zdravo kako si iskren da bidam i mene mi e smaceno da sum single
     
  7. The Kole.MKD

    The Kole.MKD Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Машки
    И јас
    Не сакам да сум повеќе сингл
     
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    18.466
    Пол:
    Машки
    I mene mi e smaceno ni pavloviceva ne pomaga za plsukajcive
     
    На Ekvador му/ѝ се допаѓа ова.
  9. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Машки
    Не само што ми е самчено што сум без девојка веќе година дена туку и смачено ми е што сум тотално сам...
     
  10. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Каде наоѓате дечковци девојки сега во 2022?
     
    На anastyle, martine и Aleksbonito им се допаѓа ова.
  11. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    На интернет е шемата викаат. :DПола парови што ги знам од последниве години се од инстаграм запознати.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ахаххаха мене никој нигде не ми пишува а на Тиндер повеќе од здраво колкава си кај живееш не стигам подалеку
     
    На Andrej02, tessie и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  13. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Чудно. Јас иако имам долга врска и слики со партнерот редовно на инстаграм се наоѓа некој да пише иако не сум ни заинтересирана. Кај другарки што се сингл исто е полн инбоксот, редовно совети за дејтање делам.
    Активна си на социјални мрежи? Имаш многу следачи? Ако имаш профил со 150 луѓе што ги знаеш, тие не верувам дека ќе ти пишат. Непознати сингл мажи најчесто пишуваат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Имам повеќе од 500 следачи и имам секакви машки убави неубави нормални и ненормални и најчесто ми пишуваат неубави рандом машки со кои немам ниеден заеднички пријател. И да активна сум да сега не постирам секој ден ама пак активна сум
     
  15. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев сингл, прифаќав понуди за следење од машки што само ми се свиѓаат и би им дала шанса. Веднаш да исфилтрирам непожелни пораки и незгодни ситуации. Знаев и ја да пратам на некои што ми се свиѓаат и имаме слични интереси покана за следење, нема срамота во тоа. Сум пишувала со многу, бев на неколку дејтови, но немав хемија со никого.

    Во тоа време со дечко ми преку инстаграм се зближивме, со години познаници бевме и ништо немало меѓу нас. Ми пиша да ме праша за една журка што имав објавено, па имал познаници што биле во таа дискотека, да сме оделе заедно друштво и така се фативме после. Има моќ инстаграм за фаќање дечко. :D
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    За оваа ситуација од погоре, еден другар кажа еден муабет еднаш, така не ептен напиен, ама сијаличките почнаа више. Му држеше продика на еден друг што е во врска а бакна друга таа вечер. :envy:Вика : ,, Секогаш кога ќе се најдеш во добра врска, тогаш наоѓаат најубави девојки да ти пишуваат пораки. Тоа од горе е, како во вицон со Мујо и Хасо, демо снимка за пеколот, после со гаранција ќе продолжат да не те рецкаат 2 посто, а некој од горе те тестира дали тоа испратено дејче за мерак со сите нишани што е, го заслужуваш. ":D

    И така е. Имаат луѓево ненаситна потреба од внимание, а работата е цела енергија емотивно да ја посветиш на еден/една. Во спротивно, таа веќе постоечка конекција се нарушува. Затоа што сѐ е енергија.

    ...

    На темава, веќе сум во позрели години и толку ми е пукнат филмот од непотребни ситуации, не верувам дека сум спремна некого да го казнам со... себе си. (facepalm)
     
    Последна измена: 7 август 2022
    На Billy Idol, Orthophill, LoneWolfGuy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Машки

    А што ако се најде некој што е спрeмен да биде казнет, или пак се дрзне да те казни со самиот него. Хаха
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Хахаха. Уствари океј сум. Само сакам да бидам третирана и како човек и како жена ако сум со некого и да знам на што сум.

    Ама по неуспешен брак со првата љубов и врска што за малку ќе отидеше до олтар потешко верувам на луѓе. Мене казни доста ми се, а од горенаведеното, фактот дека 10 години и више сум посветила на 2 луѓе, баш не сум во расположение за играчи што би ме казниле условно речено. Тешка сум за оние коишто не се замараат да стекнат доверба. За другите, рака в оган ставам. Ова ми е принцип за сите врски во животот. До роднини.
     
  19. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Машки

    Јас за тоа не ни зборував тоа не треба да се каже тоа треба да се подразбира, јас мислев на тоа што некои луѓе мислат не се доволни за другите имаат многу маани па со тоа што ќе бидат со тие ги казнуваат пошто имале нели многу маани. Кога дамо во реалноста тие се потценуваат, мислат само најлошо за себе а тоа не е така и се наоѓаат со некои со исти или слични мислења или различни мислења па им ги отвараат очите ги просветлуваат што би се рекло дека всушност ништо не било така како изгледало.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Колку убаво си напишал. :clap:
    Тие со такво мислење за себе си се всушност плен на токсични партнери, машки или женски.

    Ги проектираат личните слабости и несигурности врз друг. Баш тоа го немам доживеано, оти обично се ладам и повлекувам ако не сум вреднувана, додуша имаше обид за тоа од една личност преку негови блиски, но кај мене не делува оти во моментот се ладам при такво нешто. Други има пример, упорно се трудат да се допаднат, го прифаќаат како предизвик, а битката е одамна загубена. Дури и да го/ја добиеш, се губиш себе си, како кога Ариел потпишува договор со Урсула морската вештерка (сѐ си мислам тоа беше приказна за токсични врски. :D)

    Ова со казнување повеќе беше шега за тоа дека на матеница дувам откако ме изгоре млекото.
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.