Ми треба совет во врска со темава пошто стварно веќе ми се смачи и не знам во што е проблемот. Имам 17 години и досега никогаш немам излезено со машко. Сега ќе речете мала си уште ама не е баш така. Многу ми станува лошо кога ќе ми текне дека другарките со кои се дружам (на моја возраст се) досега имаат излезено со 3-4 машки а и дечковци имаат имано. А јас досега со никого не сум излегнала, а не па дечко да сум имала. Стварно не знам во што е проблемот, значи секој викенд излегуваме и секогаш сум се прикажувала на најдобар начин. Секогаш сум била средена, дотерана, со испеглана коса и секогаш нашминкана. Среќа што моите другарки немаат уште дечковци па имам фала богу имам со кого да излегувам, а да имаа ќе си скапував дома. Не знам веќе во што е проблемот. Ми се смачи веќе да ги слушам муабетите на другарките во врска со нивните проблеми со машките, а јас на нив немам што да им кажам на таа тема. Мислам дека на изглед не сум доволно привлечна пошто сум слаба ама ете имам план да почнам да вежбам. Знам дека после ова ќе речете МАЛА СИ, УЖИВАЈ ама ете не можам да уживам, многу очајнички се чувствувам. Ете дечко можеби не сакам уште сега ама за моите години барем сметам дека не сум мала за да излезам со машко. Ме фаќа страв дека штом уште од сега немам среќа на љубовен план, никогаш нема да имам.
Uzivaj vo zivotot tolku da ti kazam Se ke si dojde koga treba,nisto ne si propustila za 17 godini devojka.... Veruvaj posle ke gi baras ovie godini realno...iskacaj,setaj,pativaj,druzise moj sovet -veruvaj ne e do tebe najiskrajno
Знаеш како викаат "never say never"... Епа немој да викаш и ти "никогаш нема да инам" бла бла. Прво за твое добро не го оптеретувај мозокот со негативни мисли зошто со тоа само ништо нема да привлечеш. Второ, некои луѓе стапуваат во брак по 50 пати додека други цел живот со 1 партнер остануваат. Значи љубовта не е трка па ај кој прв дечко ќе фати тој е најсреќен. НЕ. Можеш дечко да фатиш и пак да се чувствуваш како да си сама, сингл, зошто си се избрзала и со погрешна личност си се фатила. Ај сега да се навратиме малку. Немаш удварачи а си дотерана и пристојна? Епа новава генерација малку сме.. Интровертни. И да видат машкиве некоја убава девојка само ќе зјапаат и срамежливо ќе се затскриваат. Така да можеш ако сакаш и ти да пробаш на некој да му се пуштиш или ако видиш некој што ти се допаѓа една пријателска насмевка е доволна за да ти пријде. Ако се срамиш ок е ќе пријде некој евентуално. Е сега дали ти се трудиш да сретнеш машки? Односно, дали искачаш во друштва или излегувате по други места како музеи, золошки, концерти, или пак се приклучуваш во некакви организации или групи по било што за чисто дружење и запознавање на луѓе? Можеби ти треба некое хоби преку кое ќе можеш да запознаеш луѓе? Тоа седењето по кафичи не е баш начин преку кој ќе запознаеш некој освен ако од друштво не викнат некој нов да ви се придружи ама ретко е тоа. Затоа мој совет е да размислиш каков дечко сакаш да имаш, затоашто кога ќе имаш некаква слика за твој идеален партнер ќе знаеш во каква средина ќе треба да бидеш за да го пронајдеш. Пример другарка моја многу сака уметност па оди по уметнички музеи и изложби каде и се има запознато со момчиња што се уметници. Се надевам ова ќе ти помогне, секогаш можеш да ми пишеш ако сакаш да те ислуша некој. И други кои го читаат мојот одговор се надевам ќе ви помогне ~
Излегуваме во кафич, после одиме во дискотека. Да пријдам прва на машко не можам, многу сум срамежлива и не доаѓа во обзир. Инаку фала на советот.
Кафе и дискотека не се толку места за запознавање. Затоа што потешко е некој директно да ти пријде. Зачлени се во некоја невладина организација, каде што ќе можеш и да среќаваш луѓе и ќе имате контакт поради организацијата, полесно ќе се запознаваш, тебе ќе ти е попријатно да пријдеш некому, а и на машките исто.
Не сте сингл, туку сте во фаза "развивање на карактер" (познато као "loner arc" во мемиња) Гледајте филмови како : -Batman -Taxi Driver -Drive -American Psycho - Fight Club И ного мемиња такви , буквално само такви рилс да имате на инстаграм, да почнете да мислете дека сте главна личност у некој документарец и некоја скриена камера ве снима нон стоп. Кога доволно ќе бидете во таква делузија, потребата за друга личност полека ќе почнува да исчезнува, ќе имате многу цврст карактер и предобра смисла за хумор. На прв поглед ќе изгледа како да сте егоцентрични, али уствари вашето его ќе биде потполно уништено. Многу е веројатно книгата Браќа Карамазови од Достоевски да ви стане омилена, дека расправа кај Големиот Инквизитор како човекот е едно слабо суштество неспособно да има слободна волја, дека моментот кога човек почувствува дека е тотално слободен и независен, првото нешто што прави е бара некој на кој ќе му се потчини и предаде својата слобода. Во денешно време тоа е обично државата и нејзините институции, или во време на пандемијата тоа беше Светската Здравствена Организација која ја имаше улогата на Господ во нашите мали бедни исплашени животи, контролор на нашата слободна волја која толку многу ни тежи, што одбиваме да бидеме одговорни за последиците на било кои наши постапки. А да, ќе бидете и саркастични 24/7, тие околу вас ќе мислат дека сте глупи или со проблеми во психата.
А можеби можеби само можеби едноставно човекот сака дружба смеа и убаво поминато време, секако дека можеш и сам да го имаш тоа особено додека шеташ по улица и се смееш на глас и викаш како ти си главниот лик на овој свет. Но во реалниот свет луѓето се друштвени и едноставно сакаат да си поминат убаво со други луѓе. Нема некоја голема филозофија во тоа.
Ова е чиста вистина, ми требаше време да сфатам зошто е ситуацијата ваква. Пак ќе речам, интернетот. Им даде можност за комуникација која што е брза, сигурна и пред се за мрзливи луѓе. Се нема повеќе емоционална интелигенција, да се запрашаш себе си дека да прашуваш некого сто пати за кафе, а потоа да откажуваш е некултурно и можи да ја повреди личноста. Исто и со дејтовите, ако им се допаѓа симпатијата, бараат изговори да не се видат, од внатрешна паника и пеперутки во стомак. Точно знам како размислуваат, знам зошто е вака, технологијата си го направи своето. Иако може да се користи за добро.
Или ако прашаш ајде да излеземе да се подружиме малку муабетче прошетка кој знае што си прашал. Ќе те изгледа со чуден поглед и ќе си отиде без разлика кој и да е колега колешка обичен познаник. Убаво ми е сам си правам што сакам одам кај сакам ама некогаш ти треба да направиш разговор или едноставно да бидеш во присуство на некое друго човечко суштетство освен себе си и твоето семејство.
Знам, ќе те одбие па ќе си речеш џабе трошење време. Ама пошто па мене никој не ме прашува си викам не ми е тешко мене еве јас ќе си прашам.
Се што напиша е точно, како викаат кога најмалку очекуваш тогаш ти се случува најубавото. Затоа како што кажаа и членките, можеш да почнеш во невладина организација да почнеш да волонтираш, кафе што освен ќе се запознаеш со многу луѓе исто така ќе дтекнуваш и искуство од обуки и семинари кои понатаму ќе ти се потребни за работа, едукација
@Kjutche moze si mnogu ubava i se plasat da ti prijdat se shalam potpolno se soglasuvam so ova gorenapishanoto, slusaj poiskusni i ic ne se zamaraj, toa shto ne si izlegla so nikoj do 17 ne gubish nishto, uzivaj si vo godinite i vremeto
Немој воопшто да се грижиш, се ќе си дојде на свое место за некоја година Инаку сакав да добијам барем неколку мислења од ваша страна, што мислите вие, кога (на колку години) е најдобро да го имаш првиот дечко
I ja sum spremen da zapoznaam nekoja so koja ke ginam do kraj na zivot ... od sekogas sum daval se i nikogas ne mi bilo vozvrateno .. Ama nadezta posledna umira bar taka vikaat
Кајгана не работеше, па залутав тука. Го видов разговоров и уште неколку пораки и морам да дадам еден совет како маж. Ако видиш маж или дечко што ти се допаѓа (овде се обраќам на сите што имаат ваков проблем) на улица, во автобус, или било кое слично место, а притоа да немате разменето некој збор, најдобар начин за кршење на мразот е „пуштање на поглед“ кон момчето. Па може и една насмевка. Секако, мораш да видиш дали ти се допаѓа, дали ги поседува квалитетите што те привлекуваат тебе, не можеш и воопшто не е препорачливо на секое момче да му се насмееш, иако е тешко да се определи нешто во 3 секунди. Оттука, машкото веќе има причина да пристапи, знае дека ако пријде нема да биде одбиен (освен ако не направи некоја глупост, се разбира). Но знајте дека, безразлика дали си жена или маж, треба да научиш да сакаш(љубов кон себе), треба да обрнуваш внимание на телесниот облик (бидејќи на крај, облеката е само начин на кои ние се претставуваме кон другите, телото е тоа што е значително кај двата пола, телото е тоа што одредува убавина). Во однос на годините, немај страв. Машко нема да те избегнува ако до 20 години си немала дечко или нешто слично. „Немањето искуство“ или сличните разговори излегуваат од устите на жени кои немаат толкав срам од развратот. Машко или женско, не е битно - обрнувај внимание на себеси и пробувај да станеш подобар/ра. Во врска - двајцата пробувајте да бидете подобри и обрнувајте внимание на вашата врска, на вашата љубов. Разрешетано и неорганизирано ми е пишаново, но верувам дека ќе бидам разбран.