1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    7.270
    Пол:
    Женски
    No worries, сега у темава и во дм милион душегрижници ќе ти пишат дека и они исто размислуваат и патем сакаат кафе со некој што исто размислува. Не ми е целта да навредам ама малку се измени поентата на форумов 8):D|(
     
    На Momchilo, Lilkaa, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Женски
    Не се чувствувам навредена, и не, никој не ми се обрати во лп да ми се пожали, уште помалку да ме покани на кафе.
    Не ми е ниту мене целта никого да навредам туку излегува дека вие сте душегрижникот, кој коментира непрозван.
     
    На Aenarion, hjk, Hoss Delgado и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Машки
    Жртва, ако цел живот се мислите дека сте жртва цел живот ќе бидете жртва пошто самите сте се ставиле во положба на жртва. Коментирам во контекст на претходната форумиџика.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Женски
    Вие мене ми реплициравте. Немам потреба да глумам жртва.
     
  5. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Женски
    Немора да значи-нема правила. Како треба да биде, така ќе е.
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    2.471
    За валентајн кај ке идете?:rofl:
     
    На n.lauda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    11.343
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе спреми некое изненадување. :angel:
     
    На n.lauda и Curious cat им се допаѓа ова.
  8. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    2.471
    омгггг се надевам ќе ти земе букет4е:inlove:
     
    На fbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    11.343
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе остане само на букетче. :D:inlove:
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.427
    Допаѓања:
    12.085
    Пол:
    Женски
    Како и лани, нигде..
     
    На Curious cat, sino.o.oka и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  11. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Машки

    Леле извини грешка моја. Ја посочував Селена по грешка кај тебе.
     
  12. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Не сакам да сум сингл, очајно не сакам. Колку и да се убедувам самата себеси дека треба трпение неможам повеќе, не сум во рани 20ти или пак неодамна сум раскинала, НЕ,НЕ и не. Сама сум, немам дечко, немам некој со кој се гледам, не излегувам често, можеби само за викенди, ретко преку недела, плус тоа работам од дома… знам дека грешам со работа од дома, се чуствувам заглавена во една соба, работа, фамилија, работа, спиење- тоа е мојата работна недела… многу сум нерасположена и не се чуствувам океј, сакам да променам нешто, но не знам што и како..
    За промена на работа не доаѓа во предвид, повеќето од овај сектор се од дома така да нема да менувам професија сигурно.
    Ама не сакам да сум сама, ми треба прегратка, ми треба бакнеж, некој за разговор… се прашувам зошто мене ова ми се случува:(
    Еден ден сум добро, потоа три дена не сум, реалноста е таа, колку и да ја избегавам. Знам ќе речете посвети се на себе, посветена сум… гледам филмови, читам книги, се хранам здраво, постојано се надоградувам со ново знаење, често одам на шопинг, салони за убавина и сл.
     
    На Nela678 и Lilkaa им се допаѓа ова.
  13. Lilkaa

    Lilkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2023
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Треба да излегуваш почесто во град по кафичи ноќни клубови и така забавувајќи се себе ќе налета некоја добра прилика за тебе :)
     
  14. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Не живеам во голем град, излегувам ама нема повеќе пуштања, налетвања по ноќни клубови…. Сите стојат здрвени…. А и како што кажав веќе се знаеме скоро сите, на мои години повеќето се мажени, женети така да и тоа отпаѓа…. А и се газам себеси да одам во ноќен клуб кај што не сакам да идам на српска музика со цел да запознаам некој
     
    На iloveyou29, Nela678, Еlinas23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Lilkaa

    Lilkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2023
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Ќе се потрудиш повеќе ќе смислиш некој начин може и сама некаде во Скопје е подруг менталитет може овде и сама да излезеш во некој клуб или кафичи музиката е небитна проширување на познанства е најбитно можеш и сама на одмор Охрид пример се може да се случи треба да пробаш :)
     
  16. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Ќе беше се полесно да бев 20-21 година, ама годините си поминуваат и во еден миг ќе сфатиш во која состојба си…не е лесно да се кажи “ќе направиш нешто”, не ми е време да лутам по клубови за да најдам некој…
     
    На Lilkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    39.458
    Пол:
    Машки
    Зошто се ограничуваш со местото? Како што рече, работиш од дома, значи работиш од каде сакаш.

    Финансии, верувам не се голем проблем?
    Ако не, смени град, смени држава. Откриj нови места, патувај, дури и сама, запознај нови луѓе. Еднаш се живее.
     
    На iloveyou29, Badii, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  18. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Машки
    Клучно е тоа, запознавај нови луѓе. Лесно е да се каже, може е тешко да се направи, ама мора да се проба да се најде начин.
     
  19. ~Maca~

    ~Maca~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2020
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    1.516
    Пол:
    Женски
    Пробај излегувај, забавувај се среди си ги мислите, смени некои работи во твојот живот и најди добро друштво. А другото само по себе ќе си дојде кога нема да ги форсираш работите. Само позитивно:)
     
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    12.353
    Пол:
    Женски
    Е не лесно баш тоа ама да, мора да почне од негде само најтешко е да почне.
    Коа прв чекор ќе се напраи одма подруго е.
    Од комфорт зоната најкомплицирано е да се искочи, тие што не осетиле не знаат, џабе да се збори ќе те гледаат бледо, нема да им е јасно.

    И на самодоверба треба многу да се работи најмногу дури и тоа си е тешкичко бајаги.
    Коа ќе ја добиеш нејзе све после е подруго и ко друг чоек си одма.

    Прво и дали навистина ја исполнува тоа што го работи, колку и да работи и да зима добри пари ако поради тоа не е задоволна и не знае што со себе, заглавена во монотонијата, не вредат ниедни пари на светот.

    @IvvaNeo расчисти прво со ова.

    Сама викаш дека ко да не ти одговара постојаното седење дома и тоа секојдневие, може ти треба промена во тој поглед но не избрзувај со одлуките, полека потруди се да видиш што точно те кочи во животот, може и причината е сосема друга.

    А за годините не се замарај, најмал проблем е тоа.
    Ако се сака на секоја возраст може да се најде и пријатели и партнер. И не мислам дека престарена си нешо колку што ти си мислиш.
    Со другите ич да не се споредуваш зашто секој си е посебна личност, многу мразам споредби и многу ни отежнуваат во животот тие, верувај.

    Може у некој таков глуп депре период си и уше толку ти ја отежнува ситуацијата и желбата и вољата за промена ама ќе биде, ќе се потрудиш и кога ќе си целосно спремна ќе искочиш од комфорот и ќе почнеш да уживаш во животот.
    Само да не се откажуваш и депримираш и никако да не си се прифатиш ваква ко што си сеа, туку да работиш на подобрување, не може се преку ноќ, невозможно е тоа.