Не ми е проблем за машки, али сакам женски пријатели. После раскинот со најдобрата другарка многу е празно. Тоа е
Не е се во клуб, дискотека, нема фајде од таму. @IvvaNeo културни програми изложби, театарски претстави, кинотека, концерти (ако треба и во Скопје со преноќување рече не е проблем во финансии). Инаку и јас сум исто како тебе работа дома работа како песнана, и иако излегувам иако ретко но излегувам на горенаведени места нема луѓето си се затворени во еден круг на пријатели кои не се спремни да се отворат поради разни икс причини и не е баш така лесно на 30+ да запознаваш нови луѓе тие што се пријатели се заедно или од средно или факултет и тоа во младите години. Сега немаат потреба од познанства со нови луѓе и ги разбирам среќни се со тие што се околу нив. Така најглупо ми е да слушам совети лесно е запознај нови луѓе оди ти сакаш да запознаеш нови луѓе но новите луѓе не сакаат да те запознаат тебе. Единствено решение е да се најде некој како себе кој што нема никого, но и тоа е тешко со тоа колку ретки сме. А уште потешко е во малите градови пошто 70% од населението е иселено од тие места.
Од една страна си во право а од друга не. Еве ке ти кажам за моето лично искуство. Како прво јас сум еден од иселениците, кога дојдов овде не познавав никого а и имав доста тешкотии со јазикот, Првите две / три недели бев само дома-работа и работа-дома, потоа пополека почнав сам да излегувам по барови, кафетерии ресторани, плажи етц.. и пополека почнав да запознавам луѓе, реалноста е дека не може да излезеш еднаш или двапати и да очекуваш да запознаеш куп луѓе и да станете најдобри другари. Еве во мојот случај јас познавам многу луѓе од многу градови но мојот круг на другари и другарки е доста мал ( во мој случај е и малку потешко бидејки не ги сакам и не ги користам многу социјалните мрежи ) Еве и минатата година кога бев во Македонија да ги посетам родителите и роднините за 1 месец успеав да запознам луге од Преспа, Охрид, М.Брод, Битола, и од други места и супер си го поминав одморот иако дојдов сам, и мило ми е што и ден денес контактирам со некои од нив. ( П.С и јас сум 30+ а и немам друштво во МК бидејки буквално сите се иселија, жал ми е само што не сум успеал да ја најдам мојата сродна душа )
Не сум 30+, а и имам пријатели, познавам луѓе и од другите градови, никаде не спомнав дека сум затворена личност и дека немам познаници, далеку од тоа. Работата е што не сум сретнала некој со кој би ми кликнали на љубовен план, а околностите ми се такви што не сум во можност да запознавам нови луѓе како што можев порано дури студирав пример…
Тоа и го зборувам нови лица тешко се запознаваат сите се во сопствен круг на пријстели и тешко скоро ич не пуштаат нови пријатели во сопствениот круг на пријатели. Да ти ќе ги запознаеш можеби но површно и ништо посебно. Затоа освен старите пријатели новите познанства потешко се стекнуваат на повозрасни години, години после факс каде сите работиме или се иселуваме.
Не, потешко е да си осамен(а). Може и да си со некој, ама пак да си осамена. Затоа гледај да не си осамена, за сама не е толку страшно.
Ve citam i se mislam dali da prokomentiram ili da ja odminam temava.. ne znam dali sum za ovde.. moze i za nikade ne sum periodov. Nekoj mu e tesko poso nema nikoj, nekoj poso ima nekoj a ne e zadovolen od toa so go ima. Jas fala bogu nemam problem so toa da ostvaram kontakt so nekoja i neretko mi priogjaat, imam drustvo imam so kogo da izlezam ne se zalam vo toj pogled. Ednostavno ne mozam da si go najdam “svoeto”.. ne sum nekoj so bi iskacal so nekoja samo od korist, ne mozam da sum so nekoja a da nemam custva sprema nea ili da ne mi se sfigja takov sum a imam priliki i sansi i imam ubavo mislenje za sebesi taka i se osekjam ama ete ako ne me privlekuva dzabe mi e. Kje pocnam da se zapoznavam ili kje mi se oddaleci ili jas se trgam poso sfakjam deka ne e za mene, nema hemija nekako. Od drustvo me zezaat cesto kako sum prebirliv i “ne sum normalen”. Nemam nekoj golem kompleks so toa sho sum single valjda poso imam 23 ama ne znam sakam nesto iskreno, mi fali moram da priznaam.
Не гледај назад,терај напред,се што е твое ќе дојде,се што не е за тебе ќе си оди,во право време се надевам. Не се разочарувај,не знаеш животот што ќе ти донесе + си премногу млад,цел живот е пред твои очи,живеј го! Не ја мисли многу.
И јас несакам да сум сингл ама тоа е кога јас сакав таа неќеше после кога таа сакаше мене ме фати инает оф боже не оди кај мене никако
И јас сум иста не си единствен и плус баксуз сум, тие што мене ме сакаат не ме привлекуваат, а јас кога ќе видам некој што ми е симпатичен или е во врска или брзо влегува во друга врска. А не сакам да давам надеж на некој што нема да ми е тоа тоа покрај него и треба да глумам заљубена, бидејќи во секој момент би можела да го оставам и може ќе го повреди тоа, а го немам тоа срце да можам да скршам друго.