Хмм како да ти опишам...па искрено повеќе сум во машко друштво отколку во женско и имам некој гард околу мене поставено, завиткан во хумор, сарказам и зафрканции и се имало случено да го спуштам тој гард со машко и на крај јас сум таа повредената, на неколку пати, и веројатно сега е повеќе некој тип на страв и комфор зона. Што знам сега ме замисли малце
И јас како тебе се дружам повеќе со машки отколку со женски. Заебана работа е ко налеташ на погрешна личност. Пробај да не брзаш со пуштање во врска ако не си сигурна, води се по женска интуиција дека тоа машко ќе ти одговара. Мене не ме бива за филозофија и за солење памет, ама чисто како совет , не избрзувај оти ко сакаш нешто да биде, ко на сила , намерно пропаѓа у вода. Немаш потреба од страв , чисто пријателски се договараш за на кафе, си пишувате, се слушате и полека проценуваш дали ти одговара, дали имате некои заеднички интереси. Поздравче и само храбро во потрагата по дечко
Ne saka da kaze deka nekoj i brani saka da kaze deka i fali ljubov da se opusti so nekoj da i bide podrska i sve toa barem jas taka svakam zasto isto se osekam
Добро другар, но тоа што ви фали љубов не мора да значи побрзо да се влезе у врска ради реда колку да се има некоја личност. За се си треба време, треба да си кликнете заедно, мора да помине период додека се испита ситуација дали ви одговара личноста, треба да паднат муабети на работи кои ги сакате, кои не ги сакате, за кои сте спремни да правете компромис. Од ко ќе се погодите од двете страни секој со своите маани и ќе ви биде убаво во присутсво на другата личност , полека се раѓа и љубовта, одма се осеќа тоа.
Сакаш да бидиш наплескан? Никој нејчи ваков, и да запознајш нова девојка, ваков плачко никој нема да сака. Заозбили се и прифати дека е крај. Ти идат моменти кога било добро ама не е така, немој да страдаш и немој да очајуваш.
Udri go od dzid nekolku pati ke se smirish.Ima kurvi zad Mtv, ispijani se, izdrogiraj se ako ne sakash i mislish ne te opushta.Dobro e za psiha to i nema da si povekje neraspolozen
Здраво на сите! нова сум па незнам каде треба да го напишам ова се надевам дека и тука има некој кој би ми поможил.Имам 20 години се допишувам со дечко што бевме во контакт пред една година ништо немаше помеѓу нас освен симпатии.Кога престанавме да се слушаме пред една година мн ми беше тешко и се надевав дека повторно ќе бидеме во контакт па и нешто повеќе ќе биде меѓу нас,јас многу го симпатизирам детето но незнам како да постапам со него,се е во ред зборува како ме сака како ова ке правиме кога ке се врати бидејќи сега е во странство,преубави работи ми зборува и само ме прашува дали и јас него го сакам,јас до сега му немам речено и мислам дека е рано за тоа да му го кажам.Пред некој ден ми имаше речено ти си многу добра паметна поштена јас со тебе сакам ама неможам оти сега како што сум тебе не ти треба во животот,исто и денес ми рече така плус тоа ми рече дека чупе како мене му треба него малце покасно а пред тоа ме прашуваше дали го сакам и што треба да има тој за да биди со мене.Не знам како да постапам што да направам а стварно многу го сакам на некој начин неможам ни со него ни без него.Како би постапиле вие за да дојдете до тоа што го сакате? Многу би ми била драго доколку некој ми поможи поздрав!
Ваљда нашол некоја друга периодов или има во план малку да ,,проживее", не сака некои посериозни обврски па ти го прави филмот у фазон ,,ти си многу фина, а јас сум бед бој, ќе те повредам, почекај ме едно 2-3 години да се разебам наоколу, па ако не најдам нешто подобро од тебе, ќе те оженам пошто си поштена (ама не си ми за сега)". И како може да изјавува дека те сака кога ништо сте немале, се допишувате и се симпатизирате само. Батали го селскиот манипулатор, млада си, посвети си се на образование, патувања, дружења, ќе имаш многу други подобри прилики.
Нема никја друга да имаше немаше така да се понаша го знам добро кога ке има некоја и кога нема,незнам дали треба јас да променам нешто или не, знам дека не треба за никој да се менуваме треба да не сакаат какви што сме ама во овај случај кога веке ми се врати повторно несакам да ја изгубам шансата.
Ама па и ти па/ или ти бе не знам што си, не е ни важно на крајот. Не е селски манипулатор, туку типот е од странство, па за него ако треба има да се смени и прекрои од корен. Е чупе, чупе како ти вели тој му треба поштено чупе како тебе ама за подоцна во животот, ти седи си чекај го....те врти како перки од ветерница. Мафни го, какво менување, уживај си и ако имаш екстра време и не ти е досадно па и ти врти го како перки од ветерница. Само едно не сфаќам како озбилно ги сфаќате вакви одвеани од виорот ликови? Убаво те посоветуваа погоре, кулирај и не му ја мисли многу и дистанца ако не сакаш уште да те врти како перки од ветерница.
Те разбрав јас, странство си е странство. Како беше тоа видеото се мажам за Белгија. Шегата на страна, те манипулира до немај- каде. Ти објаснија што филм ти врти као ти поштена фина, ама не му требаш за сега, а тој бед бој, така да голема си ако имаш околу 20 год. полнолетна добро си знаеш и самата што ти пишуваме. Твое си е како и со кого понатаму и најважно поради што.