Поштена бе 60 годишен да не е? Се зезам... Како и да е, дечкото на "културен" начин ти кажал на што сте. Блок, делит.
60 годишен не ќе да е, таков не гледа поштеност туку дали е физички издржлива да дига и мења пелени. Е сега ако се чувал тој до 60ка туршија у тегла затворена можеби па и таква би барал, поштена бе...Ме пресмеа со коментаров на зезанција што ти е пишан. И мојов на зезанција некако му доаѓа.
Јас не би му обраќала многу внимание,и не би му дала до знаење дека ме погодило тоа што ми го кажал .Каде ги наоѓате вакви бе да знам само?Како и да е,за сега не си му погодна се изјаснил ,речи сакам некој дораснат за мене ,толку .Овој никогаш нема да е таман за тебе,така да сама прецени си кое повеќе преовладува,да или не . Продолжи со животот многу си млада , зборувам од искуство.Некој кој не е за нас,вели една стара поговорка,Бог ќе дозволи да не повреди до степен да го пуштиме да си оди .
Јас бев во врска долго, немам баш искуство со запознавања.. Еве дојде време каде што реално се е достапно и олеснето за да се воспостави контакт ама едноставно некогаш зависи од многу фактори. Мене ми се допаѓа еден дечко, го задледив на инста ете и лајкнав слика што ја стави по некој ден, и тој ме задледи ама не ми пиша или лајкна нешто фа речеме пример што сфатив дека не е баш заинтередиран. Приметувам дека и не ми гледа стори а е вклучен, искрено си помислувам да не има девојка, ама немаше никаква слика.. Кога ќе ми каже некој дека вака се поклапаат сигурно и двете страни се во моментот сингл, заинтересирани еден за друг или едноставно јас имав таква среќа хаха Рандом ликови ми пишуваат ама стварно некои без врска стартни муабети што искрено не ми се враќа ..
А ако веднаш после заследување пише, "ту па и овој досаден одма пишува ко женско да не видел". А вака убаво прави ете ти си таа што си се заинтересирала за него уште повеќе. Мислиш што прави како прави со кого прави. Па дури бараш совети тука.
ahhahaahhq realno sega mi desi taka bev u dolga vrska raskinav pred 7 8 meseci si rekov vcera ajde ke pisam i toa sledeshe hahahahaha ne znam so da kazam
Само споделив ситуација од причина што и не знам баш толку како функционира ‘’онлајн запознавањето’’ во моментов. Да се надоврзам не реков одма да пише туку во смисла дека ете јас сум направила некои чекори додека он не. Секако зошто не пишал и сл има различни причини и фактори кои влијаат, не навлагам многу во тоа чисто така прокоментирав и го напишав тоа што ди го помислив, да би бил ваљда позаинтересиран конкретно за мене би нашол начин да стапи во контакт или да даде некој знак. Во случајов никому ништо, секако секој има и различен пристап најверојатно, некој очекува едно а некој пак не е воопшто таа очекувана личност.
Не е заинтересиран. Машко кога сака планини ќе помести за да биде со тебе. Батали онлајн, излези шетај и запознавај луѓе во живо.
Ти си го заследила, очекуваш тој прв да ти пише, погрешен потег. Од кај знае тој ти со која намера си го заследила сигурно не гледа на гравчиња. Како една ми прати пријателство на фб ја прифатив и дека ретко мене кој ми праќа пријателство си реков чекај да видам што е работата, (порано преку тој профил работев од дома нешро поврзани со дигитална технологија и компјутери) пишувам здраво, како си? Повели. Во тој редослед. И потоа ми стигна порака ај не досаѓај напорен си, и ме блокираше. И јас останав без зборови што штотуку се случи. И глупо се чувствував многу глупо, ништо не направив и не заслужив таков однос со мене. Како и да е. Старк е во право. А и кој фактор си да после едно лајкнување тој да долета на Пегасус пред тебе. Ништо не си направила за да му привлечеш внимание ама баш ништо.
Некако скроз во друга насока се однесе муабетов приметив хаха ама нема врска. Пак ќе повторам, пишав во однос на тоа не знам како конкретно функционира запознавањето онлајн денес, бидејќи јас немам некое искуство во тој дел. Друга работа, со тоа што сум го задледила, добил лајк на слики, можеби ќе отвори пример и кај мене на профил и ќе возврати со нешто слично доколку сака. Трета работа, ништо јас конкретно не очекувам, реков можеби си има причина зошто не направил нешто од тоа ( има девојка, не се запознава онлјан и др лични причини), само го кажував тој момент ете ако некоја девојка задледи некој и таа му лајкне слика како се реагира на тој момент ако постои заинтересираност, ваљда одговорот се чини логичен. Инаку, тоа што ти ди имал со некоја девојка такво искуство не значи дека секоја би ти вратила така, исто како мојава ситуација еве, секој се различно толкува. А тоа со симнувањето sвезди, и дали сум пеивлекла внимание ми е скроз безвезе муабет, искрено никоја девојка претпоставувам не очекува не знам што да направи машкото, едноставно ите како да направи мал потек сметам дека ако и се допаѓа и на др страна секако ќе биде испочитувано и возвратено. Пак ке кажам секој има различно сфаќање за се, и различно би постапил.
Не испаѓа манијак во никој случај, а посебно не во конкретнава ситуација. Ако бил заинтересиран ќе нашол причина да пише, посебно ако девојката го заследила и му лајкнала слики. Пак ќе кажам, не е заинтересиран. Тоа што направила е и повеќе од доволно за машко, доколку е заинтересирано.
Добро еве замисли ти девојка те заследува и ти лајкнува слики. Ако ти се свиѓа нема да и лајкнеш и ти или да и пишеш?
Поискрен одговор од ова амин. Секоја чест на искреноста. Тоа се тие типови на лесни женски кои полудуваат за лајкови Мислиш лајк ти е најбитна работа у животот. Подалeку од такви, не ти требаат
Не, јас си се почитувам самиот себе си и доколку некоја сака да стапи во контакт со мене може тоа да го направи и да ми пише, да ми се јави или да ми каже отворено. Јас гравот го користам само за јадење, не за гледање дали некоја сакала јас да и пишам или не.
Здраво јас сум женско, 23 години имам, јас сум геј, барам девојка.Јас не сум била во врска долго, немам баш искуство со запознавања нови луге. Еве дојде време каде што реално се е достапно и олеснето за да се воспостави контакт ама едноставно некогаш зависи од многу фактори. Мене ми се допаѓа еден девојче, ја задледив на инста и лајкнав слика што ја стави по некој ден, и та ме задледи ама не ми пишала или лајкнала. Приметувам дека и не ми гледа стори а е вклучен, искрено си помислувам да не има и она или дечко или девојка, ама немаше никаква слика.. Кога ќе ми каже некој дека вака се поклапаат сигурно и двете страни се во моментот сингл, заинтересирана еден за друг или едноставно јас имав таква среќа.
Де геј де со колегата секоја чест на времето што го имате за приказни а и на мене што го трошам тука да читам глупости.