Zeni 38 godini sum i sum sama.Vaka za ubavo mi e ok no sum svesna deka treba da si najdam nekoj za drustvo. Kazuvajte sto da pravam,kako da se odnesuvam,kade da go baram?
Преку другарки , колешки мажени , толку ли нивните сопрузи немаат другари ергени ? Не е срамота денес , какво време дојде да само добар стројник му е мајката .
Зошто? Не секогаш постои ризик, убаво ќе си се запишеш, ќе се распрашаш малку. Мал е светот. Не викам дека нема ризик, ама тука не ми се верува да има некои такви ситуации. Ние мислиме така поради тоа што многу гледаме по социјални мржи што се случува во светот.
Сепак не. Познанства , не се шират туку така. Од каде да знам , со каква намера е ? Нема поубаво од тоа човек да е резервиран.
A во живо демек ќе знаеш кој со каква намера е? Какви скриени злобни луѓе постојат, нема да ги откриеш што им е намерата, ниту во живо.
До средба во живо , нема ни да дојде, токму поради тоа. Тастатурата трпи се' Се претставуваат во едно светло, а се во сосема трето .
Не. Самотијата е бесценета. Барем главата ми е мирна. Подобро без "пријатели " отколку со еден куп лицемери околу вас.
Тоа е сосема друга тема, ама некаде мораш да запознаеш луѓе, не можеш цел живот сам(а) да го поминеш, и дома затворен, социјализација нешто? Не?
Мирољуб Петрович може да ви биде стројник и ќе ви најде маж има кажано дека наоѓа така, ама зависи дали си доволно добра според критериумите за да ви бара..
Не е баш на невидено сега ќе ви ја опишам постапката, цитирам негови зборови со мои. "Ако имаш ти некој што ти се допаѓа ми кажуваш прво мене, јас проверувам дали е од добро семејство кои му се мајка, татко, баба, дедо, дали има некоја болест пренослива, дали имаат случај на самоубиство.. Одам кај татко му и му кажувам што е работата, прво јас се запознавам со него и ти кажувам дали ќе го биде.. Во случај да немаш јас ти наоѓам маж од добра фамилија после вие можете да се видите неколку пати под мое присуство, без да се допирате можете да зборувате се ама јас седам со вас, може неколку пати така да се гледате и после се венчате... "
За сите заинтересирани што немаат слушнато за човекот, повелете линк. Едит: тргнат е линкот ми се гледал инста. Пишете само на инстаграм miroljub_petrovic_teokratija
Никој не сака да е сингл освен тие што водат инат со самите себе , самотијата станува болест. Лично јас барам врска која нема да ми ја одзема слободата која нема да прави да се осеќам заробено .