Па и јас барам врска, ама не без обврска , како грото од машките што бараат. Не знаат што сакаат, потоа до нас било .
Уште еднаш да се навратам во темава , порано многу повеќе си местеле луѓето се спојувале еден со друг сега тоа малку е подзаборавено , секој стана себичен на некој начин на пр. другари ги сакаат контактите само за нив иако имаат девојка исто и со девојките го сакаат контактот само за нив иако се во врска .Повеќе не се борам со тоа , целосно се вклопив не ми местат не местам сите контакти себично за мене нека останат .
На кој начин се спојувале? Кој кого крие? Што треба сега сите што ги познавам сингл девојки и машки да ги спојувам, што сум јас хуманитарна организација за спојување партнери? Да ако имам јас некој небитно другар/другарка а тебе ти се допаѓа ќе ве запознаам еден со друг од тука натаму е ваше не можам јас со сила да ја/го натерам да ви биде партнер.. А и проблемот сигурно не е ова што некој е сингл или не може да најде она што го бара или не се труди доволно.
Мене ми е навреда ако ми местат, а и да местам на некој/а. Сите кои пробуваат да изиграваат стројник ги избегавам, ете шоу на Алфа, нека се пријават.
Исто. Ми се има случено братучетка да ми рече леле сите објавуваат се вериле/породиле само ти ништо, жал ми е за тебе еве јас ќе ти побарам дечко. И следните недела дена секој ден по некој ми праќаше демек дај да ве запознаам да не бидеш сама. Како магаре се имам осетено. Никој не сака да биде сам, но тоа местење ми е испод секое ниво, као еве ти не си способна сама да си најдеш па ќе ти барам јас. Луѓе што немаат друга работа во животот освен тебе да ти ги берат гајлињата.
Јас не сум имал прилика некој да сакаат да ми местат. Ама сум имал другари кои што ми барале да им предложам, да им најдам девојки, никогаш нема прифатено. Што сум јас продавач, тезга имам со девојки? Има прифатено само ако нему веќе му се допаднала некоја девојка која што ја познавам јас па да ги запознаам, да ги викнам во исто време на кафе со мене да, а да му ја местам па да и зборувам убави работи за него, никогаш. Тебе ти се допаѓа труди се сам..
Него му се допаѓа, ама не знае што сака. Никогаш не сум барала да ми местат, а сакале да ми местат и ме терале да им местам женски на мои братучеди. Еве пример братучед ми 30+ години, на тетка ми синчето, бараа со години да му местам другарка поради тоа што не можел да си најде он некоја саалам. Услов од тетка ми сакала да биде девојка од добра фамилија, значи повторувам, девојка која немала сексуални односи и условот на братучедот да била иста како мајка му, да прави ручек и да меси како неа. Еве веќе 2 години не живеам со нив, немам никаков контакт, ме имаат блокирано од секаде и ме направија жена без морал затоа што не сакав да му местам женска и дека искоментирав дека таква треба да отиде и да си купи од некое албанско село. Мирна глава, јас без морал мажена, он со морал еве по потрага по женска.
Под "спојување" не се подразбира да ги притискате да бидат заедно. Чисто само да ги запознаете . А тоа тезга за девојки е веќе сериозно дело во вистинска смисла
Точно . Повозрасните колешки на работа кажуваа дека, која немала дечко ќе ја запознаеле со некој. Корзото им било на плоштад кај "Пелистер" . Додека сега барем два примери познавам каде што најдобра другарка и го превзела дечкото и сестра на сестра . Па сега вие видете. Сега , да може да ти растури најсреќен ќе биде . И тоа да не е "испод част"?
Разберете како сакате но според мене многу подобро било кога луѓето биле својата социјална мрежа и ги споделувале своите познанства и пријателства со своите блиски .
Сега штом објават дека имаат познаник ерген, познаничка стара мома , со цел да ги запознаат веднаш ги " бомбардираат" со коментари на подбив и потсмев .
Ми се чини дека треба да запознаеш повеќе луѓе надвор од твоето секојдневие, пробај да запознаеш луѓе од интернет, ќе ти го промени животот.
Какво местење, бе? Џабе ќе му местиш другар/ка или роднина на некој кога ни ти не го/ја знаеш најнај ако не живеете 24/7 заедно. Може да е испод мира триста вира.