Форумџика на годината

Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.153
    Допаѓања:
    43.429
    Пол:
    Женски
    Некогаш блиски луѓе скроз можат да ти "наместат" некој пошто се знаете, си знаете тип и сето тоа, или да ти олеснат да се запознаеш со некој/а што ви е заеднички пријател/ка а си се свиѓате. Мене таа пракса ми е нормална, cuz why not?
    А оние што ти местат некој само зашто знаат двајца сингл луѓе и тоа им е единствен критериум, не ги сметам за доволно добри ни да ми бидат пријатели.
     
    На Eunoia, Gosh, Амаја и 6 други им се допаѓа ова.
  2. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Ако не си бараш, нема да знаеш.
    Не можеш да седиш дома и да кукаш сите се никакви, лицемерни, вакви, такви.
     
    На VSkopje и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.543
    Допаѓања:
    60.869
    Пол:
    Женски
    Не сум автоматски против "местење", само повеќето мислам дека ова го прават за да ти "направат услуга", не дека ги заболе ти да најдиш некој. Личноста што сака да ме запознае би требало да ми е мене блиска, а другата личност неа блиска, не некои рандом луѓе. И да нема лутење или оддалечување ако не се бендисаме, што пак е ризик, бидејќи не знаеш 100% како некој би реагирал во ситуација во која не си била со него претходно.
    Најдобро е секој сам да си бара крај краева. :)
     
    На ThePharmacist, FriendOfDorothy и nextredstyle им се допаѓа ова.
  4. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Мене поимот местење ме асоцира на луѓе кои не можат т.е не се способни сами да си најдат партнери.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.065
    Допаѓања:
    82.436
    Пол:
    Женски
    Кажи и дека имаш критериуми кои не секој ги исполнува, дека затоа уште не си во врска.

    Тоа многумина го забораваат, дека не е само ајде најди си некој, туку каков ќе си најдеш. А не, прво оговараат дека некој е сам, после ќе оговараат "види ја кај го најде оној". |(

    А за местење, кога бев средно беше тоа актуелно, сега поретко ама уште слушам такви муабети и идеи за местење и тоа е уствари само прилика за запознавање со некого, па за понатака тие си знаат. Затоа не мислам дека е нешто лошо, напротив.
     
    На Maelina и VSkopje им се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.199
    Допаѓања:
    10.166
    Според мене,

    Мора да ја познаваш личностa и most of all, дали ти рекла да и помогнеш? (heidy)

    Луѓе со рандом карактер многу полесно влегуваат во врски и не им е проблем да сменат партнер. Тоа е затоа што се претежно едноставни, they don't mind anything, не размислуваат многу, комуникацијата со нив секогаш е go with the flow и може да се вклопат со било кој и да се во врска.

    На луѓето кои се екстремно интелигентни и специфични, партнерот мора да им се вклопи како коцка од сложувалка.

    Затоа ако некој изиграва местач, треба да си ја познава блиската личност. Дали сака да и местат некој или тоа би и било навреда на нејзината интелигенција. НО, и да го познаваш тој со кој ја местиш.

    Ит из дат симпл. Но, во такви ситуации повеќе до израз доаѓа емоционалната интелигенција на местачот или отсуството на истата.

    Бидејќи I have yet to meet некој кој изигравал местач, а да знаел да го процени погоре опишаното.

    И најпаметно е да направиш забава со повеќе луѓе и да ги поканиш и двајцата, па ако се запознаат, запознаат, отколку да се оди на кафе со 2 on 1 awkward ситуација.

    А и со оглед на менталитетот тука, никој не е засекиран дека некој е осамен, туку ја имаат таа потреба индиректно да го исмеат, суптилно да го понижат, а во екстремни случаеви,
    и свесно да го туркаат во друштво на лоша личност :*:
     
    Последна измена: 28 декември 2025
    На Annath, Angie1432, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Машки
    Луѓе ви БЛАГОДАРАМ многу!
    Заради вас денес, читајќи ги коментариве како вашите блиски ви местат некој/а за да ве понижат, си ги засакав другарчињата уште повеќе! :inlove:
    Сум имал среќа досега да НЕ ме запознаат со некоја девојка после која би се чувствувал понижен што ме запознале.
    (исто мислам дека вие треба да се оддалечите од вашите вакви блиски)
     
  8. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Не е точно
     
  9. light <3

    light <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2023
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Машки
    На крајот од денот сите се имаме запознаено преку некој и на тоа и мислев , според мене е ок да запознаеш своја другарка со свој другар и обратно
     
    На VSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Запознавање и местење не е исто.
    Друго е да се запознаеш со девојка на случајност ако сте излезени друштво и сам да си превземеш акција, друго е да пробат да ти местат.

    Важи.
     
    На light <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.752
    Допаѓања:
    181.891
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    А-у. Јас на вакви им викам дека „помина моето“ ама користат поинакви зборој. Ако некој ми збора вака мислам дека ќе го подберам „културно“. Какви се луѓе одат на планетава.
     
    На Maelina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Е добро де ќе организираат спонтано , да не биде апла. Две другарки пример ќе се договорат нс кафе, типот "случајно" се нашол во близина и се запознале. .
     
  13. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.752
    Допаѓања:
    181.891
    Пол:
    Женски
    Инаку освен да коментирам како нешто би ме изнервирало ( :D ) да кажам нешто и поконкретно. Јас сакам да запознавам луѓе преку луѓе шо ги знам, така се движам низ границите на проширвање на пријателства (тука иди и запознавање потенцијални партнери) низ призма на луѓе кои им веруваат, на кои јас верувам. Поверојатно е да кликнам со некој шо се дружи блиску со моја другарка, него со некој каде воопшто не се совпаѓаме мое и негово друштво. Ама клучното тука ми е дали се запознаваме за да бидиме другари, зошто би кликнале на то ниво, или едностанво сметат дека сме два сингл пријатели и МоРа да не спарат инаку која е поентата ако немаме партнер? Јас на потенцијални партнери гледам низ призма на то дали ќе ми одговараат како пријател. Ако некој сака да ми мести некој и тој некој клизачи ми влегва - game over. Дури и би седнала да се думам дали воопшто сме пријатели и дали ме познава особата која ми мести некој. Отворена сум да запознам некој зошто моја другарка смета дека би се дружеле/ имале заедничка тема за муабет итн. Постојано ширам познанства. Апсолутно не сум отворена кон то некој да ми мести, па не само да ми мести туку да го напрај очигледно и awkward целото излегвање. Ако некој во склоп на проширено друштво кликни - не мора интервенции.
     
    На Annath и VSkopje им се допаѓа ова.
  14. Creation

    Creation Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Машки
    И на пазар и во автобусот секаде да не набројувам можеш да запознаеш и пријдеш на потенцијален партнер / партнерка ако сакаш сега кога си во врска или брак треба да имаат двете страни толеранција и да ги стишат ''демоните,, незз кој збор да го употребам друг сјајно нема на почетокот е интересно а да се одржува таа љубов и и биде супер цел живот не сум ја пронашол равенката.

    Adjustment Bureau еве филмов има интересно објаснување.
     
    Последна измена: 28 декември 2025
    На VSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Пикси233

    Пикси233 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Јас во периоди кога имам девојка, обавезно спојувам нејзини другарки со мои другари и обратно. Не можам да оставам така да седат сингл, али по мое око проценувам кој со кој би си одговарал хаха.

    Мене никој не ми местел до сеа, ама изгледа не познавам уште таква особа што го има истиот сенс да го напраи истото ко што мислам јас.
     
    На VSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за гестот. Луѓето денес да ти растурат врска, наксреќни ќе бидат. Да те спојат со некого , ни на сон .
     
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.543
    Допаѓања:
    60.869
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека тоа е океј, да се запознаеш со близок на близок, бидејќи ако ти е близок би требало да знае дали би си одговарале со другиот. Но исто така е битно да се види дали како пријатели би функционирале прво, малку go with the flow, не мора одма да има притисок за нешто повеќе.
    Тоа што го реков со рандом луѓе е на пример се наоѓаш со познаник во исто друштво и ти вели "имам сингл другарче да ве запознаам". Тоа би го сфатила и како навреда до некој степен, како да ме сожалува што сум сама и смета дека сум несреќна па ајде да ми направи некое арно. :D А ни ме знае добро, ни знае дали имам/барам некого.
     
    На light <3, nextredstyle и ThePharmacist им се допаѓа ова.
  18. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Добро, те разбирам, ама поубаво би било другарката и дечкото да се допишувааат веќе па да знае он каде се и као 'сличајно' да се појави.