Јас би те посоветувала ако ти е убаво да не се навраќаш на бившата негова и да размислуваш дали ја сака. Сепак сите ние во животот имаме бивши, но не значи дека сите се враќаме пак да бидеме со нив, поголемиот дел продолжуваат напред. А и со оглед на тоа што таа го изневерила, не ми се верува да сака пак да биде со неа. Во секој случај и да постојат некои чувства, ти ако му посветуваш внимание, може да направиш тие чувства да исчезнат и да се заљуби во тебе Значи само напред не се мисли
гледам сите се жалите дека сте немале дечковци година-две ....а јас што да речам? јас немам фатено дечко никогаш...се имам мувано само 2пати во животот(колку да не е без ич)...поточно вкупно максимум 5 дена биле посветени од мојот живот на тие многу значајни моменти за мене. дали знаете како е да имаш 18 години а никогаш да не си почувствувала љубов од некој...и како е да се немаш осетено дека му си потребен на некој...на некој што сака да се грижи за тебе...а исто така да немаш осетено и како е да се осекаш сигурно покрај личноста која ја сакаш,во прегратката на таа личност. јас немам осетено ништо од тоа а сум многу емоционална личност...можите да замислите како ми е мене се повеке и повеке запагам во очај...секојдневно се оптоварувам со истата мисла... оваа година и поретко излегувам...веке мии е смачено од истото...се дотерваш 5 сати,ке излезиш,ке ти се пуштат некој мањаци,селани,педерастични,педофили,све и свашта,само тоа што треба не и на крај ке се разочараш... и така веке година дена јас сум сосема друга личост...немам сила да продолжам со животот...немам самодоверба...а и повеке немам ни некаква посебна цел...сета надеж што постоеше во мене до пред една година,сега е веке срушена.единствена надеж што ми даваше волја за живот ми беше мојата најдобра другарка...но нашето пријателство полека се распага...многу сум осамена од секаков гледан аспект...и од страна на пријателите и од страна на љубовта и од семејството...потребна ми е љубов за жал почнувам да верувам дека вистинско пријателство не постои...а за брзо ке го мислам истото и за љубовта ве молам дајте некое советче...немам со кој да разговарам ...на другарка ми во последно и сум досадна со истите муабети само немојте да ми велите дека треба да чекам и дека се во свое време ...оти неможам повеке,се си има свои граници САКАМ ДЕЧКО,па макар и да не е тој "вистинскиот" за мене !
Читам и не ми се верува.Дајте бре девојки,како можете да пишувате постови од ваков тип на 18 години?Како може животот на 18 да ти стежне до таа мера?Овака се чувствуваш дека си немала уште љубов покрај себе?Па како ќе се чувствуваш кога човекот што го сакаш не дај боже ќе те повреди?Ќе се самоубиеш?!Гледам бараш само некој покрај тебе,а не знаеш колку голема врска има каков ќе е тој! Битно е само некој да шеташ за рака? Не би рекла дека е тоа така.Уживај бе девојче премлада си за толкава негативност да блика од тебе..А за другарките-well,face the reality!Другарството денеска е најчесто мисловна именка,не е така само кај тебе,верувај.Ама знаеш колку време имаш да стекнеш нови другарстава?Го имаш најголемото време на свет,го имаш животот пред тебе!Допрва ти следуваат вистинските маки,затоа уживај!
Вака сега...верувам дека ти е тешко, ама ти самата треба да бидеш цврста и да имаш цел !!! сакаш дечко? Ако го бараш толку очајно само повеќе ќе се разочараш....Излегувај, забавувај се !!! Тоа е најважно да праиш моментално....зашто со самото тоа што седиш дома ти запаѓаш у депресија....Друго кажуваш дека немаш со кого да праиш муабет....сега ќе ти кажам нешто друго што ќе те разведри .... имаш 18 години, си 4 година средно, оди на екскурзија, уживај во животот едноставно....ќе почнеш на факултет !!! тоа е сосем друг свет....значи имаш уште многу многу многу работи да завршиш и на кои што можеш да се сконцентрираш...Само те молам не си набивај комплекси дека ти треба дечко итн....А ќе се појави некој кој што е вреден за твоето време, само не треба да се преоптоваруваш со тоа....ако незнаеш од каде да почнеш почни со тоа да излегуваш, да идеш на кафе И ДА СЕ ЗАБАВУВАШ......Значи среди си ги емоциите, застани цврсто на нозе и врати си ја самодовербата...Почни од таму !!!! Ако сакаш да збориш повеќе и да се отвориш а несакаш тука на форум прати ми лична порака ќе ти помогнам !!! Значи врати си ја самодовербата !!! почни да излегуваш и не се жали самата себе....тоа ти е најважно и насмеј се
Не си во право мјау... некои работи не одат со сила, не можам да ти кажам леле оди барај го, само ќе си дојде... и 18 години не е така страшно, иако ние си правиме филмови во глава, како леле леле, а всушност не си престарена и ете не се погодил некој што вреди... и јас сум била слична ко тебе... ништо нема да пропуштиш, се ќе си дојде верувај... немој да избрзуваш и да пагаш во депресии, за да не се каеш после уште повеќе... како што ме советуваа и мене погоре... биди тоа што си, биди секогаш насмеана и убава, некој ќе го забележи тоа!
Целосно се пронајдов во темава доста ми е од тоа постојано single имам 22 и досега само сум се мувала со неколку момчиња и ништо повеќе. ретко излегувам и кога ке излезам ми се пуштаат некои мањаци и сељаци. Имам чувставо како да се што вреди од машките е зафатено. Се чувствувам очајно кога немам со кого да излезам сите мои другарки имаат дечковци и постојано се со нив. Има моменти кога сум потполно осамена немам со кого муабет да направам. А од таквите муабети се во свое време стварно ми е доста. И потполно ги разбирам тие со пишуваат на форумов поздрав до сите. Само едно знам дека машките не знаат да ценат само трчаат по мини здолништа и деколиња, а не по тоа што вреди.
mjauuuuu ти пишуваш како да имаш 35 години па готово за тебе веќе времето поминало и нема надеж. 18 години имаш животот е пред тебе, од што ти е смачено? од излегување,дружење.... не си стара мома па така да размислуваш. Па и тие постарите што се сингл не викаат така, секогаш има надеж, од толку машки валда ќе се најде некој и за тебе.
исто сум и јас и јас сум 21 год и јас до сега сум немала дечко добро само еден на 16год. и јас се затворив дома не излегувам а немам ни другарки имам само една но таа има дечко и цело време го поминува со него заедно одат на работа, заедно после работа за викдендите не излегувам немам со кој? таа и нејзинопт дечко скоро секогаш седат дома а инаку само да ви кажам дека јас сум многу ниска 1,47 и сум премногу слаба (35кг.)
Епа сте го одбрале најдоброто. Седете си дома. Абе луѓе Џеврие си фати дечко а вие уште не (превземено од фб) Сами сте криви...
Море за ќотек сте,туку ај. Девојки,здрави,млади,убави,паметни,`рскавчиња бре од 16,17,21,22... год,чучнале пред компјутер и кукаат немале дечко.Е добро де.Фала богу ,крај на светот не дошол.Има толку многу нешта да се направат,да се ужива во секој ден,да се дружиш,животот е пред тебе.Ќе си дојде и дечко,и мажачка и се што си следува.... Љубов му треба на секого,тоа е факт.Колку и да се правиме горди,нескршливи на крајот од денот сепак ќе посакаме да има некој да не гушне искрено.Ама ни под разно не смее моменталната слабост да не фрли во очај,затоа викам да се сакаме самите себе,да уживаме во љубовта на пријателите,да уживаме во работата/факултетот,а не да се депримираме и да драмиме. Да не изигравам тука Хич,до пред скоро две години и јас лутав од врска во врска,научив многу работи на потешкиот начин,ама не се депримирав,напротив се сакав самата себе си,уживав во секој нареден ден. Значи нема потреба дечкото да биде приоритет во животот,приоритет сме самите ние и точка.Ние сме жени бре а не мушички,затоа нема солзи туку насмевка,позитивна мисла и во поход да се зграпчи денот.Спонтано ќе си дојде се што треба
исто и кај мене, и потполно со согласувам со тебе кога ќе кажат забавувај се! е со кого кога сите другарки се зафатени? кога ќе си излезен никој не те забележува , тешко е стварно , мене најтешко ми паѓа осаменоста, фактот што освен твоите никој не те сака, на никој не му си потребен, никој не мисли на тебе, на никој не му недостигаш ....но тоа е можеби ќе се променат нештата со тек на време
здраво јас сум машко и сакам да ти кажам нешто од машки аспект,верувај и тоа многу дека секогаш има некој кој што те сака па дури и кога тоа ти изгледа невозможно и не очајувај имаш 21 година немој да мислиш дека и на нас машките не не мачат такви работи секој ги има тие проблеми па кога ке се решат ке видиш дека не требало да се нервираш за тоа (ако веке во мегувреме не си најде некој) за брзо време ке пишеш дека си срекна и дека си пронашла некој кој ке биде со тебе поздрав
овие три совети ги сретнав денес на интернет, па да ги споделам со вас, за побрзо да си го смениме сингл статусот, 1."Не гледајте на физичкиот изглед Не треба да се гледа физичкиот изглед, туку треба да ве привлекува таа личност. Ако барате кукла од машкото, тогаш може да го изоставите оној кој може навистина да ви направи да имате пеперутки во стомакот. Како што би рекле бабите - одбирајте со срцето, а не со очите.- ах, но тој изгледот прво привлекува 2."Не барајте да има смисла за хумор Не треба да биде комичар за да ви биде интересно со некој. Се што ви е потребно е да се смеете. Сите се смеат на шегите на комичарот, но на вас може да ви биде депресивно. Најдете врска со човек со кој ќе ви биде лесно да се разберете во секоја ситуација, дури и најсмешната. " - ова се однесува на тој факт што многу ни се досадни ако не знаат да не насмеат 3. Не барајте момче со добра работа Професија како доктор, архитект, пилот нема да ве доведат до никаде. Неговата работа нема да ве исполни вас иако доаѓа со одредени бенефиции. Треба да барате партнер со кој ќе бидете исполнети без разлика на она што го работи. Треба да ви е важна личноста, а не неговата професија.- со ова се сложувам , ама барем вреден нека биде , не за друго , туку од што помислувам веднаш на сметките Вие што мислите за овие 3 совети?
Јас мислам дека ако го чекаме принцот на белиот коњ никогаш нема да си фатиме дечко, физичкиот изглед според мене не е толку важен важено е да личи на човек да има карактер да те сака да те почитува да знае да се однесува со тебе со еден збор, а смисла за хумор нормало дека треба да има но не претерано во умерена мера затоа што некои машки кога ќе почнаат да се шегуваат не знаат да престанат, а псоледното е најважно според мене треба да има добра професија но и кон тоа да не се претерува не можеш да очекуваш да биди милионер затоа што ако гледаш така никогаш нема да си најдиш никој, ќе останеш сама. И важно е да да заработува затоа што само од љубов не се живее иако некои мислат дека се живее се лажат затоа што доколку бидеш во сериозна врска од што ќе живеете така да важна е и финсиската ситуација. А доколку не сакаш да имаш со некого сериозна врска тогаш овие работи не се толку важни .
Ги читам постовиве на 21-2 годишни девојки и се пронаоѓам многу, само што јас имам 17... Имав дечко со кој многу се сакавме, ама раскинавме.. сега сум сингл и многу ми е тешко, а на моменти па се трудам да мислам дека се е ок, и на саат-два ми олеснува. Но сепак ме окупираат мислите дека јас нема да најдам никој, излегувам со другарки, се дружам и се тоа, но... Ми доаѓаат мисли од типот нема да најдам некој за мене, нема некој што ќе ме сака стварно, па како ќе запознаам некој таков, каде. Некогаш си мислам ајде уште една година па на факултет, па работа... си викам таму ќе најдам некој асален, или преку другарка, но сепак во мене владеат мислите дека нема да најдам никој за мене... И знам, карајте ме , ама јас и сама знам дека на 17 години не треба вака да размислувам но ете.... Единствено што ми треба е утешително мислење од некоја постра и поискусна форумџика.. Поздрав
еве неколку совети на кој налетав (ако ги има некој постирано пред мене бришете) Немаш момче? Пронаоѓањето на вистинскиот може да биде комплицирано. Сигурно имате долга листа на барања и очекувања, мислите дека заслужувате некој посебен... ... (што е сигурно е вистина), некој со кој ќе делитe заеднички интереси, дури ќе имате исти хобија и слична работна етика. Без разлика на тоа што постојано се гледате со момци, никако не умеете да ја пронајдете сродната душа, а не ви е јасно зашто? Можеби е време да го промените пристапот. Нормално, не да го тргнете секој можен критериум, туку да се обидете да ја согледате ситуацијата од друг аспект. Променете ја сликата на идеалниот маж Сите ние во главата имаме слика на "идеалниот" партнер. Можеби вашиот господин Вистински е висок и згоден, можеби е духовит, можеби образован или најверојатно се од претходно наведеното. Тоа е одлично, но ако се оптоварувате со потрагата на некој кој ќе ги задоволи сите ваши критериуми, можеби нема да го забележите слаткото момче од вашето соседтсво или шармантниот колега од соседната канцеларија на кои им се допаѓате и едноставно ќе ја испуштите шансата да проверите дали можеби и овие момчиња би биле совршени за вас. Нормално е да се има претстава за тоа со каква личност можете да се замислите во врска, но можеби и не е пресудно доколку тој не сака животни или пак колку е висок. Пред да почнете да очајувате, преиспитајте ги своите очекувања. Размислувајте на долги стази Ако во последно време вашиот љубовен живот е мизерен, размислете што всушност очекувате од партнерот. Размислете добро, посветете си време сами на себе и обидете се да утврдите што ве прави среќни. Понекогаш, кога малку ќе се дистанцираме од проблемите, тие почнуваат да се решаваат сами по себе. На крајот на краиштата, љубовта најчесто доаѓа сама, кога најмалку очекуваме. Проширете го кругот на луѓе со кои се гледате Доколку вашиот круг на пријатели не се променил од гимназиските денови, можеби е време да промените нешто и на тоа прашање. Веројатно ни луѓето со кои работите не се лоши пријатели и сигурно би можеле убаво да си поминете на кафе со колегите. Па следниот пат кога ќе излезете можеби ќе ги запознаете нивните пријатели и можеби токму некој од нив ќе стане вистинскиот. Научете нешто ново На пример, научете португалски. Или научете да возите кола или поченте да вежбате. Сигурно има работи кои отсекогаш сте сакале да ги направите, но никогаш не сте имале време. Сега е вистинскиот момент - слободни сте, имате повеќе време. Тоа сигурно ќе ви ги отргне мислите од фактот дека моментално немате момче. Направете го првиот чекор Ако се држите на принципот дека дамата никогаш не му приоѓа на момчето, можеби треба да размислите уште еднаш. Ова е 21- век и ако вам некој ви се допаѓа - пријдете му, најлошо што може да се случи е да не му се допаѓате. А тоа не е воопшто страшно! Уживајте додека сте сами Ако сте задоволни со себе, зрачите со самодоверба ќе идете привлечни - луѓето сакаат да бидат во друштво на весели, насмеани личности. Не споредувајте Не паѓајте во замка, никогаш немојте да ги споредувате новите момци во вашиот живот со вашето поранешно момче. Ако го правите тоа, тешко дека некој ќе биде спремен на постојано проценување, без разлика на тоа колку му се допаѓате.
советите супер! фала но со овој дел иако и јас се сложувам теоретски, пракитчно не се покажува спротивното дали тоа е особина само на дечковците од мојот мал град не знам , но тука не вреди девојакта сама да иницира било што или ке сакаат само да те измуваат или ништо не сакаат
тоа е нивото на свесност и култура кај народот е на најниско ниво...тој седи на страна се срами да пријде, а ако пак некоја него му пријде ја смета за лесна девојка и мисли дека може да ја има таа вечер во својот кревет....малце го преувеличив али така си е.... девојката која прва ке пријде се смета за дроља и цел кафич ке има погрешно искривено гледање за нејзе наместо да се поддржи таквиот став и начин на дружба, зашто не и да го копираат и другите, без разлика на полот нели
Јас вака ке почнам... се започна една убава септемвриска вечер и траеше 2 и пол години, во меѓувреме имаше и паузи но се беше во глобала најдобро. Само што во последно време почна многу да излегува сам да оди со другари и да се однесува како да не постојам јас, само како да ме извади од ред се слушавме и толку ретко и се гледавме. Сега раскинавме. И двајцата сакавме. Само што јас сеуште го сакам, иако знам дека не треба. Сега ми е страв да бидам сингл страв ми е да го превземам тој чекор.... Можеби звучи чудно но не можам сеуште да сфатам како нашата силна врска се претвори во една брза река која не удави и двајцата во неа. Како и да знам дека ќе продолжам напред и нема да дозволам ниедна машко да се однесува лошо со мене.
Мислам дека причина за ова е појавата на енормен број на лесни девојки или девојки за една вечер ,на кои кога ќе излезат најважно им е некој да ги почасти 1,2,3 пијачки и на крајот на вечерта од диско да излезат со по некој фраер кој ќе им го задоволи сексуалниот нагон. На машките пак ова им одговара бидејќи ефтино поминале и се испразниле,а следниот ден немаат никаква обврска кон дотичната и повторно можат да се видат со другарите ,да изнесат некоја друга од диско со други зборови слободни се да прават што сакаат.Од друга страна пак останатите девојки се премногу едуцирани и начитани и кога дечкиве ќе ги запознаат ги фаќа страв дека не знаат ни 10% од она што ќе го слушнат од девојката,а уште повеќе од фактот што таа успеала да најде пристојна работа ,па дури и да спечали нешто,едноставно таа е независна . Затоа кога ќе запознаете некој дечко ,дозволете му да ве запознава постепено и секојдневно да се изненадува од вас ,од вашата интелигенција ,познавања ,немојте се одеднаш да му испукате ко од пушка . Среќно