1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам да сум повеќе сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од zozefina, 28 јануари 2010.

  1. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    imam 22god i sum singl veke 9 meseci, site moi drugarki imaat deckovci veke podolgo vreme, samo jas ne. Iskreno vo ocetokot mi bese tesko, se prasuvav dali nesto ne e vo red so mene ama so vreme se priviknav na single zivotot i sega mi e seedno. Slusam od bliskite kako sum bila pribirliva pa zatoa sum bila sama, a vreme mi bilo za seriozna vrska oti znajs starskite razmisluvanja vreme idi za mazenje, jas velam mozebi sum pribirliva ama nema da bidam so bilo koj samo kolku da imam decko, nema da vleguvam vo vrska so nekoj samo radi reda, toa e sigurno, a i mazenjeto ne mi e na 1 mesto vo zivotot. Vo drustvoto sme 5 drugarki koi zaedno porasnavme od najmala vorzast, non-stop zaedno, se znaevme edna za druga no so tek na vremeto a i so vleguvanjeto na deckovcite vo zivotot se poretko i poretko se gledame i izlegvame, arno postoi FACEBOOK pa da kontaktirame pocesto oti dosega sekakov kontakt ke izgubevme. Izleguvame imame ladies night i so kako so velite sansa da zapoznnam nekogo no nasite ladies nights se so doaganje na deckoto na ednata, na drugata, na tretata..... i tolku od zenskata vecer. Jas gi znam drugarite na site nivni deckovci i so site se druzam taka da nisto i od taja sansa za naoganje decko.
    Zapomnete go samo ova zivotot si teci, ne se vrti se oklu deckovcite ako vi e samo kolku da se ima decko lesno mozi da se najdi kakov bilo, ne popustajte cuvajte si gi "kriteriumite" i ne dozvoluvajte da bidite so nekoj so ne gi ispolnuva zosto nema da uspej(jas bev vo takva vrska i ne bev srekna). Sega mislite mi se daleku od toa deka sum single i sum posvetena na uspeh vo rabotata i gradenje kariera - i srekna sum, mozebi po toj pat ke zapoznaam nekoj so mozi da vlezi vo mojot zivot.....
     
    На Desapointed му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    читајќи по темава дојдов до заклучок дека повеќето се девојки кои пред извесен, релативно краток период излегле од врска и сега некој период се сингл, и на тоа гледаат со некое жалење, со страв кон фамозниот сингл статус, дури се движат на граница тоа да прејде во патетичност и депресија...тоа е мое мислење, немора да се согласувате....

    еве уште неколку интересни факти за доказ дека Девојките кои пред извесно време излегле од врска се попривлечни за мажите.

    - Ако сте сè уште тажна поради прекинот со дечкото, за тоа нема причина, бидејќи научниците носат одлични вести – мажите ги сметаат за најпривлечни...

    ...оставените жени; додека пак жените не можат да им одолеат на мажите кои собрале храброст и ја оставиле својата партнерка.

    Истражувањето спроведено на универзитетот во Мичиган пробало да открие како прекините со партнерите влијае на идните љубовни врски и дошле до многу ветувачки резултат.

    Научниците откриле дека мажите само во случај на сериозни врски ги интересираат деталите за бившите партнери на жената, а кога станува збор за минлива авантура, тогаш сите тие податоци се неважни.

    Психологот Кристин Станик признава дека и самата била изненадена со резултатите од истражувањето: “На почетокот очекував дека личностите кои ги оставиле своите партнери ќе бидат попривлечни поради желбата за преземање ризик.”

    Меѓутоа, истражувањето дало сосема спротивни резултати. Станик претпоставува дека мажите кои иницираат прекин на врската покажуваат вродена особина на водач.

    Таквите мажи автоматски ги привлекуваат жените кои се оставени бидејќи таа ситуација им ветува дека нивниот иден партнер веќе не е загреан за бившата девојка.

    Но, кого жената е таа што ќе го остави својот партнер, мажите ја гледаат како пребирлива личност и носат заклучок дека би можела и нив да ги остави.
     
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Се пријавувам овде. Едноставно ми е смачено од статусот сингл и сериозно планирам да превземам нешто во врска со тоа :?:
     
    На sonuvacka и Srekicka им се допаѓа ова.
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431

    и мене исто а што планираш да превземеш ако не тајна??? :D
     
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431


    Донекаде си во право и ти но сепак понекогаш имаш потреба од тоа да бидеш со некого без разлика дали го сакаш или не ;( Затоа што на секој му е потребен бакнеж една искрена прегратка и љубов макар и лажна. Понекогаш ти иди да вриснеш и да кажеш не сакам да бидам сама повеќе иако занеш дека можеби нема да добијаш одговор од никого ;( Јас имам 21 год и смачено ми е да бидам сама едноствано само на тоа мислам секој ден на тоа колку е тешко да си сама дека никогаш нема да најдам никој, љубоморна сум кога ги гледам другите парови колку се среќни заедно, едноставно сакам да имам некој па макар и да ме лажи барем некакво искуство ќе извлечеш од тоа ќе знаеш да не правиш грешки а вака кога си сам немаш ништо ни искуство ни љубов.
    Подобро да се изгориш од љубов отколку да бидеш без љубов.





    osamenosta e teska no slobodata e nezamenliva
     
  6. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932


    :D :D :D Па сеуште немам испланирано што како, но верувај ми ова вака повеќе не оди. Започнувам од промена малку на друштвото, зашто сум со истите луѓе постојано една година и немав баш многу шанса да запознаам нови. Така да викендов излегувам со колешки од факултет, па ќе видиме што ќе се случи. И во никој случај не се откажувам. Време е веќе да мрднам трошка со задникот и да променам нешто, а не да чекам да ми падне од небо и да живеам со „ што е мое ќе си дојде“. Се е до ставот. :D ;)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. loveme02

    loveme02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    и јас имам 21 год и јас немам дечко..па шо?не е крај на свет..од самиот факт дека цел живот ќе го поминиме со маж,па зошто да не ужуваме додека сме сингл?!:D девојко излези надвор...21 век сме...мажите се најглупавите суштества... :* ...се што ти треба е малку самодоверба...иии...спушти се во акција... :o но ...не заборавај на границите!
     
  8. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Божеееееееееееееееееееееееее..
    Па вие ако седите тука и кукате, ќе ви падне дечко од небо, а ?
    Ајде сега сите ќе легнеме и ќе чекаме судбина да не снајде па што даде Господ тоа.
    Па добро вие нормални сте ?!
    20 годинишни девојки, млади, способни се "забуљале" во компјутер и оф немам дечко, оф немам дечко.
    Па тие другарките ваши што правеле седеле дома и чекале принц на бел коњ да дојде ?
    Никој на светов не е посебен па ни вие.
    Вие ако не комуницирате со луѓе, ако не излегувате па макар и другарките биле со дечковци - не се мртви, вие ако ништо не правите кој ќе прави за вас ? Некој по грешка ќе ви заѕвони на врата и ќе ве побара за жена ?
    Не сте ми јасни..
     
    На loveme02 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Абре луѓе никој не кука.... Само си ги кажуваме маките. :) Дури да се закопувам во себе да го искажам тоа што го имам. А и ниедна девојка не се изјасни дека седи и чека од ведро небо дечко да и падне, фала богу на 19 години не сум стара мома па да паѓам во депресии дека немам дечко. НО тешко е кога си сам посебно да не размислуваш за тоа. Што е проблемот и каде грешам? А времето кога сум сама е баш кога сум пред компјутер. :)

    А далеку од тоа дека јас се затворив дома и чекам на врата да ми дојде принцот.... многууууу далеку. Не ни сакам принц, сакам обичен, пристоен дечко. :)
     
    На nekoja85 и crazylady им се допаѓа ова.
  10. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Па барај го.. Не се кријат машките.
    Превземи нешто, излегувај....
    И не зборував конкретно за тебе. Ја читав целава тема.
    Среќно :*
     
  11. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Знам дека зборуваше општо и јас општо зборував. Немој да ми се лутиш. :) Забележав повеќе совети од повеќе девојки кои се однесуваа на тоа дека седиме ние пред компјутер и чекаме да ни падне од небо нешто. Јас само кажав далеку од тоа. Излегувам и се дружам не чекам на врата да ми дојди никој, но се во свое време изгледа. Фала на советите. :*
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    девојчиња ај не очајувајте на 21 година, јас имам 27 и немам дечко веќе уназад со години.......5 години може поминаа од раскинувањето со мојот екс..... и тоа е :rock: страшно не страшно, и јас не сакам да сум повеќе сингл, али кога не се погодува некој човек на иста бранова должина не се погодува и крај..... ајде може нешто наскоро ќе има ;)
    а башка мислам дека и временцево некако не прави нас женските малце поромантични и си се филмаме како сега би седеле со дечко негде би се топлеле, би гледале филмче, пиеле нешто, грицкале и толку ти е , те мава психата нормално, нема некој кој сака да е сам, бар ја така мислам
    глава горе, ќе се најде капачето кад тад :)
     
    На sonuvacka, nekoja85 и crazylady им се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не ги прочитав сите мислења, ама сакам да им дадам совет на сите сингл девојки кои сакаат да си најдат дечко.

    Најпрво, немојте да излегувате со намера да си најдете некој- излегувајте со намера да се забавувате.
    Верувајте, така ќе бидете многу повеќе приметени, со вашата насмевка и опуштеност ќе привлечете многу повеќе машки погледи, отколку со поглед вперен далеку во некоја точка и вакви :| :worried: фаци- така само ќе делувате очајно.

    И немојте да им титкате или пишувате пораки на секој пола саат на вашите симпатии со кои сте во некаков почетен контакт за да дојдат на вашата маса, и колку ви фалат и слично- така само ќе ги исплашите и пак ќе делувате очајно ;) .

    Жената привлекува машки кога зрачи со смиреност, самодоверба и опуштеност, а не кога очајно бара со нејзиниот поглед некаква машка мета, а ако не ја најде сите што се излезени со неа и се криви за тоа што изглеле во ХХ, а не во ХУ објектот и слично.
    Се додека кукате и плачете над сопствената судбина, нема да имате среќа да се спарите. ^_^

    Сето ова не го зборувам на памет, туку од искуство ;)
     
    На curlygirl, faye, MadHatter и 17 други им се допаѓа ова.
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    и јас излегувам па не ми пријудува никој не знам што е работава со машкиве а далеку од тоа дека седам и чекам некој да ми падни од небо излегувам но се уште не дошол вистинскиот изгледа а иначе могу е тешко да си сам посебно кога седиш вака пред компијутер едноставно психата само кон тоа ти оди ;(
    Иначе не сум грда просечна девојка сум не знам што сакаат ова машкиве веќе аман, а иначе далеку од тоа дека се жалам едноставно само си го кажувам моето мислење. :D
     
  15. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Женски ајде да уживаме :D
    Што е наше ќе си дојде, ај кажете дека не ви се допаша single life ;) :D
    Можда тој вистинскиот нема да го сретнеме во дискотека, како што сите викате излегуваме и никој не ни приоѓа, може на факултет ќе го сретнеме, може на работа, може на роденден кај другарка... Уживајте, што би рекле старите, секое лонче ќе си го најде своето капаче ;) :*
     
  16. MarijaMaci

    MarijaMaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Snajkee ti imas seriozaan probleem,slusaj ja sto kje ti kazu,zemi penkalo i zapisuj,nemoj da se osekas ocajno vi samo treba da se pisete kako vi e facebook odma kje vi najdemo parnera:)
    Thanks for reading...

    [mod-kirilica:1omay2ne][/mod-kirilica:1omay2ne]
     
  17. Cvet1

    Cvet1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Баба ми вели: Не останала страчка без опашка :)
    И јас немав долго време дечко, но секогаш се присетував на зборовите од баба ми и тоа ми влеваше надеж. Некои фаќаат дечковци порано, некои на подоцнежни години, но кога ќе му дојде време на секој(а ќе му дојде, тоа е сигурно). Важно е да не губиш верба. Ова можеби ти е период на "затишје пред бура". ;)
    Е сега, изолирањето од светот не е баш паметна работа, од причина што може да те доведе до подлабока депресија која има свои последици. Мој совет е да си најдеш компензација и да се трудиш да се вложиш себеси во некоја друга област, па и така нема да ти паѓа самодовербата.
     
    На Name и sonuvacka им се допаѓа ова.
  18. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    :^) па каде е моето капаче ? скоро 25 години чекам чекам никако да се доткала до мене
    ...а ми недостигаат прегратки бесмислени разговори некој да сака да ме слуша и гледа , да биде секогаш тука за мене да можам да ги споделувам радостите и тагите и проблемите , да ми помага и советува, да ме сака да ми ги исполнува желбите
    да има на кого да мислам, на кој да му се радувам, со кого да планирам
    .......... ех се тоа ме плаши да не си остапам од критериумите па да прифатам некој што не вреди па да се каам потоа, да сум 100 % сигурна дека ќе дојди баш таков уште 10 години би чекала
    но да не недојди па и попусто сите други сум ги пропуштила :?: :?: :?:
     
    На crazylady и seksi им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.245
    Пол:
    Женски
    Понекогаш е добро да се преиспитаат сопствените критериуми. Нормално дека никој од нас не сака да биде со некого колку да не е сам/а, ама понекогаш нашите критериуми се толку високи што мислам дека ни Бред Пит не би ги задоволил, а камоли некој што го гледаме како секој ден поминува покрај нас кога одиме на работа. Ние жените си знаеме да бидеме малку повеќе нереални (и сметам дека за тоа се виновни бајките и сапуниците) и наместо да тргнеме од себе, секогаш другиот не ни чини. Никогаш немојте да имате преголеми и нереални очекувања - така полесно ќе го најдете она што го барате ;)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Ама со чекање ништо не бива ако чекаш некој да ти падне од небо тоа нема да се случи треба да се бориш затоа што го сакаш а не ако " се што е мое ќе си дојде" иако ни јас не го применувам ова треба да се бориме затоа што го сакаме затоа што вака повеќе не бива.
    И јас скоро 4 години чекам да најдам некој створен за мене но чекањето убива, се зависи од карактерот дали ќе бидеш со некој или не. Ех колку му завидуваам на оние кои знаат да се снајдат кои ќе напраават се за да го освојат момчето од своите соништа ;(