1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Па кој не сака свадба и зошто? Повелете тие што не сакате :)
     
    На Lolo5 и ADOKI им се допаѓа ова.
  2. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Не сакам свадба зошто?

    Јас не сум некој фанатик еден ден да направам свадба ... Едноставно еден потпис црно на бело и тоа тоа попот што зачатил со темјан мене искрено ништо не би значело ... Сметам дека свадбата е повеќе чин кој се прави за другите (читај: стари баби и дедовци кои дрндаат: „заедно живеат, имаат дете а уште не се вечале? цццц СРАМОТА! па ова го немаше во наше време“ :@ итн итн итн) отколку што е за невестата и младоженецот |( . Јас како женско нели сметам дека самото венчавање и правењето свадба е премногу стресно особено за невестата која секогаш е центар пажња од страна на сите и ДОКОЛКУ еден ден се решам на свадба би сакала тоа да биде регистрација само во матично со сведоци и ние 6 души (јас, младоженецот, кумовите и старосватовите) на еден ручек, без сите тие помпезности, фустани, фризури и сл. Онака ќежуал варијанта си облекувам и си фурам :rock: ... А свадба со сите тие салатанати што идат НЕЕЕЕ БЕ БРАТ :shake: :fubar:
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Ekstaza и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Не сакам свадба зошто?

    И јас не сакам класична, голема свадба со многу гости и сите обичаи.
    Од свадбите на кои досега сум била гостин сфатив дека јас кога би била невеста не би сакала такви тортури.
    Цел ден да го поминеш како по шаблон, сега треба вака, па сега така. Не благодарам.
    Секој со својата желба, мене желбата не ми е таква.
    Една мала семејна прослава и ништо повеќе.
    Парите кои моите и неговите планираат да ги потрошат за свадба, нека ни ги дадат. Ние потоа ќе испланираме како и за што ќе ги потрошиме истите.
    Тој ден ќе биде НАШ и не сакам да се одвива по план и пропис. Сакам се да со одвива според нашите желби и побарувања.
    Не сакам да се бакнувам со 300 гости од кои повеќе од пола прв пат ги гледам. Не, не :x
     
    На Lolo5, CameliaMiller, 0306azz и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Не сакам свадба зошто?

    И јас не сакам. Сметам дека не ево ред толку пари да се фрлат во еден ден. Многу луѓе кредит земаат, се веселат еден ден и после 3 год враќаат.Тоа не го оправдувам. Мене ми е битно од утре убаво да си живеам со човекот. Да имам убав брак, да функционираме добро. А свабда , па тоа е повеќе да се покажеме пред луѓето. Сега гледав на фб невеста два пати се пресоблекуваал, во два различни фустани. Сите свадби се шаблон, имаат немаат луѓето се позајмуваат. Јас ич нема да правам отколку да се позајмувам и сите да ме знаат дека е така.
     
    На Lolo5, Lolipop23, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Не сакам свадба зошто?

    Девојки, само да ви кажам, прекрасни сте. И ретки! :!:
     
    На Lolo5, Lolipop23, eloves и 10 други им се допаѓа ова.
  6. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Не сакам свадба зошто?

    Јас не би правела свадба.
    На денешно време тоа е непотребен трошок а и едноставно мислам дека нема потреба а ниту пак имам желба да ја правам и организирам истата.
    Глупаво е да собереш 100 луѓе од кои пола не си ги ни видела ниеднаш во твојот живот некои еднаш или двапати од свадба на свадба и ајдее веселење мислиш секој ден со нив ручек јадеш. Ниту пак сонувам или си ја замислувам венчанцата ниту пак би ме исполнило сето тоа.
    А зашто и мораш да бидеш потпишан негде за да имаш семејство. Бракот не е парчето хартија кое е потпишано и среќата не зависи од тоа колку гости и колку трошок ќе направиш за свадбата. Или семејство не се оформува со парче хартија. Бракот/заедницата би била уште поцврста од фактот дека тој е со тебе затоа што сака да биде а не затоа што некогаш потпишал парче хартија...
     
    На Lolo5, Lolipop23, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Не сакам свадба зошто?

    Зашто е бескорисно давање пари за работи и облека која само тогаш ке се облечат и никад више.
    Зашто мора по дифолт да се викнат и роднини за кои прв пат се слуша и роднини кои и не баш сакаш да ги видиш ама бабата и дедото на еден од апровите се во добри односи.
    Зашто у денешно време наместо да се мисли како да се преживее еден ден, паровте треба да мислат како да угостат 200 души и парите соберени од свадбата се фрлаат за на трошоци. А можело и без нив.

    Најубаво да се викнат најблиските на некоја вечера колку да се одбележи и слично. Зашто раскошна свадба незначи и добар квалитетен брак .
     
    На Lolo5, Lolipop23, antonina и 3 други им се допаѓа ова.
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Не сакам свадба зошто?

    Јас размислувам вака. Тој што си сака свадба да си прави (каква он си намислил дали традиционална, дали журка некоја, дали 100, 200, 300 луѓе како си сака )ако ме покани и ако заслужил јас ќе му отидам, без осуди види ова какво е, види невестата фустанот, леле храната неубава, леле музиката незнам каква ли била. Е сега во обратнава ситуација јас не сакам свадба и очекувам сите да го прифатат тоа без осуди и коментари од типот зошто, како можеш, срамота е. јас и партенерот мој едноставно несакаме свадба и крај.
    Јас од секогаш кажував свадба не правам, едноставно не сум таков човек и нема потреба да објаснувам повеќе. Идеално ми било само ние двајца, сведоците и домашните да отидеме на еден скромен ручек. И сите ми викаа "ај ќе видиш кога ќе ти дојде време ќе направиш, зошто сите како тебе така викаат и после оп ќе си легнат на брашно" Но еве дојде време и јас си останав на своето, а имав среќа и мојот партнер така да размислува (мислам тоа е најважно). Моите родители после еден дооолг разговор во кој се расчистивме, после ден два рекоа дека штом не правиме предвидентите пари ни ги даваат, и ок супер ние тоа не баравме а искрено и не очекувавме. Неговите исто така прифатија, со зборовите штом вие така сакате и готово.
    Стварно не можам да се посветам на настан кој јас не го сакам, ама така требало и затоа што сите така правеле.
     
    На Lolo5, Lolipop23, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Не сакам свадба зошто?

    Мислев дека јас и другарка ми сме фрикови во овој поглед ,но не било така .
    Кога зборувам на оваа тема повеќето викаат леле како е можно да несакаш сите сакаат ,сите прават .
    Кој сака нека прави и кој може да си дозволи финансиски.
    За моја среќа и несреќа финансиски е невозможно да си дозволам ваков сеирџиски трошок за еден ден ,моите нема да ме гњават . Две семејства поголеми фамилии заеднички трошок ќе направат може 7-8 илјади евра ако не и 10 . Опа иха еден ден,стрес 2 месеци пред тоа и незнам колку после тоа.
    Немаш пари да ги подмириш сметките секој месец ,те бркаат извршители ,немаш пари да си дозволиш еден просечен одмор во друга држава ама битно татко ти подигнува кредит за свадба и после црнчи неколку години а ти си принцеза од бајка која трае еден ден .Која бајка ? -Нема бајка.
    Каниш злобни тетки и стрини кои се скарани со мајка ти и им правиш лажни насмевки и тие тебе а ти мислат да ти се скрши штиклата или незнам што. На едно место многу луѓе ,лицемерие ,скарани а на едно место а и пијани . 10 евра за порција и како демек ќе ги си повратиш парите со поклоните . Ни порции ни поклони . Черешна се од корен корнеше и мајка ти во несвест паѓа . Поздрави и честитки ,ако ги нема нема да имаат убав брачен живот младите?
    Ете во матично и во црква најблиските ,закониците и доста е.
    Зошто да се потрошат толку пари за еден толку стресен ден ,кога не добиваш нешто а губиш многу .
    Ако имаат пари старите подобро еден меден месец на некоја подалечна дестинација .
    Баба ми вика: Не е сега бабе интересно ,во сала како во пештера .
    Абе на сред село порано од сите села идеа ме вардеа кога бев невеста .
    Ќе се убијам за вардењето на сред село . И пак се доаѓа до заклучок дека станува збор за сеир и вардење да се докажат сватовите .Младите после немора да имаат пари за леб или пари за да си живеат посебно ,битно е да се направи свадба па после кога нема да се сложуваат 2-3 фамилии во една куќа може и да се разведат ,секогаш има други принцови и принцези таму некаде.
     
    На Lolo5, Umbrella22, Nade-sunrise и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.688
    Не сакам свадба зошто?

    Мене свадбата со повеќе од 20 луѓе ми е претерување и ненормална. Не верувам дека некој човек реално може да има поголем број на блиски луѓе од тој. Не сакам на свадба да ми доаѓаат луѓе што не ги познавам или реално не ги чуствувам за свои. Свадбата е работа за пред луѓе,чисто снобовски чин станат во последно време. Мојата љубов према мажот и среќата што ќе се венчаме сакам да ја покажам само пред луѓе што нешто ми значат. Освен тоа ако веќе имам пари за луксуз и сакам да си приуштам нешто убаво,би земала неколку најблиски и би им уплатила летување/зимување/викенд некаде. На крај краева со парите лупнати за свадба(што ја разбирам како вечер полна нервоза,стрес и извор на дополнителни понатамошни нервози) ќе отидам негде со младоженецот и супер ќе си поминам.

    Атеист сум по убедување така што и венчавањето во црква отпаѓа. Искрено би склучила само граѓански брак и тој од чисто технички причини да имаме еднакво право на децата и да не ни прават проблем при патувања,да не се водиме како различни фамилии. И тоа е се.
     
    На Lolo5, kjukli, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  11. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Не сакам свадба зошто?

    Лично за мене свадбата е промашена инвестиција. :!:
    Не разбирам која е потребата да се поканат 300 луѓе од кои половина не си ги видел никогаш во животот и веројатно и никогаш повеќе нема да ги сретнеш. Иронично е колку пари се вложуваат за свадбата во време каде ретко кој млад брачен пар си има обезбедено услови за живот и егзистенција. Зарем нема попаметен начин да се искористат тие пари... :?: Од друга страна сите оние обичаи мислам дека нема да ги научам и уште 100 пати да ми ги кажат а и не сум некој љубител на народните ора и песни.
    Отсекогаш сум викала дека кога ќе дојде време за нешто вакво може само една мала прослава со најблиските.И да, како што прочитав во претходните мислења најважно е како јас и тој човек ќе живееме заедно. :)
     
    На kjukli, Hipster, DELFIN-15 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Не сакам свадба зошто?

    Добро е, не сум била само јас ненормална :rofl:

    Секогаш сите ме прават луда кога ќе кажам дека не сакам голема свадба и се чудат како е тоа можно |( Потполно се согласувам со Waka-waka, реално блиските не можат да бидат повеќе од 20 -30 души. Зошто па да ми доаѓаат на свадба роднини кои ме виделе еднаш кога сум се родила, а јас нив па никогаш? Не ги чувствувам блиски и сметам дека нема потреба да доаѓаат.

    Брат ми имаше ваква свадба, со 25 најблиски, и искрено, беше многу убаво :) Само најблиското семејство од двете страни и ништо повеќе. Ама затоа пак, после имаше реакции од некои наши подалечни роднини зошто не биле поканети, па они биле многу навредени и лути, бла, бла, бла, бла... |( Мислам, тоа е тој наш простачки менталитет, кај нас се почитува само она сељачкото - минимум 450 луѓе на свадба и секако, со строго шабанска музика која верувам дека младенците прв пат ја чуле на самата свадба, ама затоа пак родителите на младенците запаѓаат во трансови и ронат солзи слушајќи ја :rofl: Мислам, не осудувам никого, ама сум била сведок на вакви свадби во кои младите биле тотално незадоволни, а го направиле сето тоа само за да им угодат на постарите, зошто нели, нив треба да ги слушаме, родители ни се |(

    Всушност, кај нас младенците не го добиваат тоа што ТИЕ го сакаат, туку тоа што го сакаат НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ, кои неретко не чуле за усул и се мешаат во секоја манџа и даваат сугестии за секој детал. Треба да се почитува желбата на самите млади и НИЧИЈА друга.

    Кој како сака така треба да си прави - точка!

    Ма кој сака нека се лути, јас на мојот ден нема да исполнувам туѓи желби, туку ќе изгледа онака како што јас и мојот иден сопруг сме си го замислиле.
     
    На Lolipop23, CameliaMiller, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Не сакам свадба зошто?

    Според ова што го прочитав сите сакате свадба, само не сакате да биде традиционална и голема, ама сепак сакате да го прославите бракот на некој начин:) .

    И модераторите нека го сменат насловот, вака нема смисла- или нека биде Не сакам свадба, затоа што... или пак: Причини зошто не сакам да правам свадба :)
     
    На Mishela и elena.mak им се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Не сакам свадба зошто?

    И јас истото си го помислив... Адети и глупости ќе нема ни на мојата свадба, ќе биде со најблиските 120 роднини од прво колено со кој сме секој ден, пријатели со кои сме секој ден, и колеги со кои сме секој ден. Тоа е мој ќеиф, и никој не ми се меша, односно не дозволувам. Некој треба да ми каже дека тоа е селско, или непотребно, или заостанато, или незнам што? Така се осеќаме и така ќе биде. Секој по својата волја и желба! И ние не сакавме традиционална свадба, ова е повеќе прослава отколку свадба така типична македонска! :)
     
  15. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Не сакам свадба зошто?

    Леле ЕлеМентал, кога го прочитав постов некоја голема топлина ми дојде на душа :angel:
    Иначе гледам не има многу кои идеме контра традицијата :D Браво девојки и од мене :bow: , заедно сме посилни :muscle:
     
    На CameliaMiller, Sexybaby86, elisabeta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    На mimiiiii и SnowWhite91 им се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Не сакам свадба зошто?

    Баш така Елена.мак се треба да биде по сопствена волја и желба и никој нема право да кажува како е правилно, а како не. На крај сите сме различни по карактер и убедување, и разликите треба да се почитуваат. Твојата замисла е со 120 луѓе, и супер, некој сака со 300 и тоа е во ред, јас лично сакам скромен ручек од 20 луѓе најблиски и сакам и мојата одлука да се почитува. И од кожа ме вади кога им го кажувам ова на некои луѓе и реагираат зачудено, згранато, па како, па зар ние нема да дојдеме и слично
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Не сакам свадба зошто?

    Хахахаха :rofl: :rofl:
    Значи го обожавам човеков :lol: Ова не сум го знаела и затоа се изнасмеав.
    Браво Елисабета за постов :rock: :rock: :rock:
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    Не сакам свадба зошто?

    Може копи-пасте на мој стар пост :D ?


    Не сакав свадба зашто сакав стапувањето во брак да е најинтимен чин кој ќе го споделам само со сопругот, никој друг.
    Немав потреба да ја славам и покажувам нашата љубов.
    Целата енергија и внимание си ги посветивме еден на друг.
    Направивме една скандинавска тура која потоа ја повторивме уште два пати, бест тајм оф мај лајф.
     
    На Lolipop23, kjukli, CameliaMiller и 20 други им се допаѓа ова.
  20. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Добро е, јас мислев дека сум малку неарна со паметот бидејќи несакам свадба :lol: а причините зашто несакам? искрено никогаш не сум била таков тип на девојка што сонува за тоа пусто венчавање у бело, со фризура а ла сарма, со сликовање пред врата и 137 нијанси на кармин залепени у образ. Па уште кога ќе ја слушнам Черешна се од корен корнеше |( мене ми е тотално глупо и безвезе да стојам цел божји ден и да гледам луѓе што не сум ги видела никогаш досега, ама баш морале да ми се нацртаат на тој ден |( да не споменувам дека сето тоа ми се непотребни нервози и непотребно фрлени пари у магла
     
    На $ophia му/ѝ се допаѓа ова.