Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.322
    Не сакам свадба пошто мраазам кога ќе почне да се игра оро на свадба. Океј традиција е ама мене уопште не ми е весело многу ми е утепано некако. И ако мора да има ора на мојата свадба невеста ќе нема :lol: Поише сакам свадба-журка :)
     
    На S.W.A.G, CameliaMiller, Ekstaza и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    456
    Јас знам што сакам и никогаш не сум се залажувала себе си кога станува збор за свадба.
    Знаете како викаат дека нема девојка што не си ја замислувала свадбата? Воопшто не се согласува!!!
    Јас не сум таков тип на жена. И верувам и дека има и други како мене.
    Премногу ми е комплицирано. Фустани, мустани,костими, трошење пари еден куп за еден ден, расправии кој да се кани кој не, некој се лути што не си го викнал или на кратко не може на никој да му се удоволи...

    За мене пикник или скара (а веѓетарјанец сум :lol: ) би било совршен компромис.
    Во некој парк или викендица во село, дај отворена покана кој сака да дојде, поклони не се ни спомнуваат, освен тоа што секој би донел по нешто (салата,пијалок,месо,благо...).
     
    На Nausicaa, senza.parole, citiesinflames и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    17.293
    Пол:
    Женски
    Собир и ручек во најтесниот круг на семејство на младенците е најдобра алтернатива. Сепак на тој ден почнува една нова етапа во твојот живот. Треба да се одбележи. Со најблиските. Ако викнеш еден братучед а другиот го заборавиш, што ќе биде, ауу, катастрофа. Aко викнеш колешка од работа, а не цел колектив, ауу, бираш страна, страшно не сакаш да се социјализираш.

    Секако некого ќе разочараме, па макар и со 500 души свадба направиле, ама битно нашите најблиски ќе бидат задоволни. Ем не се туткаш во не секогаш толку комотни фустани и костими, ем им посветуваш подеднакво време на најмилите, оние кои највеќе се радуваат со тебе на тој ден. А за друштвото, постои накнадно излегување, кафе, мафе, ова, она...А да не почнам за трошокот на безработицава, тоа е и прилично скапо задоволство за еднодневна фешта...
     
    На crazylady, Ketchup, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    17.298
    ^^ Баш вака направивме и ние. Така сакавме, освен тоа и околностите излегоа така, немаше време за нешто повеќе.

    Како мала нормално си замислував дека ќе бидам невеста, ќе имам ваков или онаков фустан....детски фантазии :D Арно ама, кога дојде свадбата на сестра ми (пред 10 години) сосема го сменив мислењето. Ај за парите не зборувам, ќе ги тргнам настрана.....ама малтретирањето што го доживеа и сестра ми и сите ние, не фала. И јас бев бремена како и сестра ми и на крај памет не ми паѓаше да се малтретирам со милиони разни ситници додека сум бремена. Викнавме вкупно 40 луѓе (по 20-тина од секоја страна), тоа беа луѓе кои ми беа најбитни да се со мене на тој ден. Не носев вечаница, носев бело фустанче во кое се чувствував подобро и „поневестински“ отколку во било која венчаница :D После регистрацијата во матично отидовме во ресторан, имаше вечера за гостите, си поседоа сите колку што сакаа и на крај сите задоволни по дома :D Воопшто не се каам што така направивме, и пак истото би го направила. Одредени луѓе кои не беа на тој ден моите ги собраа дома некое време после тоа, никој од нив не замери што не биле викнати на тој ден на регистрацијата.
     
    На Nausicaa, senza.parole, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    106.008
    Не знам дали е активна уште членката, ама да си кажам - ако сакаат да се оддолжуваат, слободно пак свадба нека си направат.
    Јас не одам на свадби кај небитни личности за мене (некои братучетки и остала раја што само знам дека ми се братучетки), моите биле.

    Јас немам кому да се оддолжувам, и кога ме канат, не го сфаќам тоа како долг.

    Инаку, не сакам класична македонска свадба, и среќа овој мојов се согласува, оти ќе беше покољ :D
    Не сакам адети, не слушам и не сакам народна музика, не сакам бели фустани, не сакам баби да ме лигават, не сакам цркви, не сакам зимање невести, станување во 5 сабајле...

    Тоа потекнува од едно мое правило, цел живот си се држам до него - кој рано рани, треба да си преспие. Па ако станам во 5 да ме фризираат и шминкаат, во 2 ќе треба да преспијам.

    И не сакам да ме пипаат. Не сакам никој да ме пипа. Не одам на фризер и по дома сама се снаоѓам заради тоа. Не сакам светки, циркони.

    Ние се договоривме - моите со сестра ми, неговите со брат му, сите комплет во Грција , на плажа.
    Со коса која е солена, боси нозе, некој лелеав фустан.

    А овие другиве, што им е ќеиф, тоа нека мислат.

    И не станува збор за пари. Туку немам бре мерак на луѓе и ора, ете немам.
     
    Последна измена: 16 октомври 2015
    На S.W.A.G, crazylady, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.395
    Допаѓања:
    106.575
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш го мразев циркусот наречен ,,свадба,,. Никогаш ниту сум се замислувала во бел фустан, ниту сум го сонувала и чекала тој ден, ниту нешто посебно ми значел. Ја мразам цела таа фама што луѓето ја креваат и малтретираат се одоколу со нивната венчавка.
    Уште по несватливо ми е како тоа ништо не се отфрла од традиционалните свадби а се додава се што ке се види и слушне од други места и свадби, што е само трошок плус за нив. Сите се жалат колку им е лоша финансиската состојба, а упорно си создаваат само трошкови. Конкретно за свадбите, коа ке видам колку само пари даваат за декорации, шминки, фризури косата ми се крева. Па коа ке земат да ти објасуваат дека тоа е само еднаш во животот,.. као да некој им гарантира дека стварно е еднаш и ке трае засекогаш и као да немаат живот после таа свадба. Е со првата рата од кредитот земен за свадба одма се мењаат мислења и ставови ама џабе.
    Толку ми е глупаво во денешно време да се оди по невеста коа денешните невести се населени кај момците со години пред свадба па ај после 100 години официјално да ја зеле па и бел фустан да носела ако она више пред пораѓај стигнала... ама традиција де бело треба да се носи. Коа више бел фустан се носи ај и бел чаршаф да постелиме... нели традиција е.
     
    На cresa-jagoda, SuperGirl24, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  8. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.799
    Најинтересниот момент ми е враќањето на невестата дома, за да сватоштините одат по неа на денот на фамозното славење.

    Пред некој ден, терав бош муабети со пријателка, и дојдов до заклучок дека сум била во мала забуна. Веридба е уствари славење, нешто као пробна свадба, ама не со 300 гости, туку со 50, и невестата се преселувала кај идниот маж. А зошто? Епа гостите кога ќе доаѓаат да честитаат свршувачка, како ќе ги пречекуваат заедно, кога она ќе е дома, многу шетање ќе и биде? Сепак, има некоја логика, мој пропуст што не сум го согледала тоа на време.
    А јас, пак, мислев дека веридба е онаа вечера, кога се запознаваат сватовите, само најблиските, родители и браќа/ сестри. Ама тоа било давање збор, а не веридба. Тогаш нели се прави муабет дека свадбата ќе е за неколку месеци, ама невестата си останува дома.

    Исто така, интересен момент ми е и "малку" трудната невеста. Од стомакот не си ги гледа прстите на нозете, потечена целата во лице, ама битно бел фустан носи и невеста е. Наместо да ужива во бременоста, таа свадба планира, божем ќе се пишмани типот, ако ја прават подоцна.
     
    На cresa-jagoda, SuperGirl24, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.395
    Допаѓања:
    106.575
    Пол:
    Женски
    е ова и јас не можам да го сватам еднаш одат, ја земат, се веселат, праат циркус, па после некое време се врака па пак ја земат со пет пати повеке гости и мнооогу поголем циркус... а нели срамота беше да се врати невестата од коа ке ја земат.
    Ај нека тоа шо праат, така сакаат така нека си праат, мерак им де. Ама коа ке си го кажам мислењето околу тоа така бледо ме глеат ко од марс падната.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  10. kristina.k

    kristina.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    16.873
    Пол:
    Женски
    @jovanovska94 па не е кај сите исто. Јас една година останав дома кај моите после веридбата, а и тогаш
    се запознаа родителите и најблиските роднини. Немаше музики, немаше 50 гости и слично, а пред тоа немаше давање збор. По една година на свадбата од дома ме зедоа. И по една година од свадбата останав трудна. :D

    Инаку на темата јас никогаш не се замислував невеста ниту сакав свадба, ама ете попуштив и ја испочитував желбата на мм и на моите најмногу. Сепак немавме голема свадба, најблиските роднини и пријатели и искрено многу убаво си поминав тој ден.
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980 и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  11. butterfly*

    butterfly* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.896
    Пол:
    Женски
    Ne sakame i ne pravime :) .Ne vikam mozebi ubavo e custvoto da se vides nevesta no ednostavno ne sakam,a i mm so toa se soglasuva.Bez navreda sekoj so svoe mislenje no toa samo kaj nas go ima svadba so 500gosti i na kraj ugovaranja vaka bilo naka bilo,dodeka vo dr zemji go nema odat se zapisuvaat i kraj na prikaznata,mozebi ima svadbi no mn mn retki spored mene.Sepak pravam kako sakam jas i mm i kako ni odgovara,a koj sto rekol i koj sto misle za nas (i toa go ima kaj nas ugovaranje zs ne sme pravele,ako ne ste znaele eve vi kazuvam) bas me briga,neka si gledaat za niv.A i da dodadam nesum mn po odenje na svadbi odam epten od sto me ispocituvale i me kanile,i na dalecni ne ni igram taka da narode ako me kanite ednas fala vi ako ne me kanite dva pati fala :D pozz i dobra nok :*
     
    Последна измена: 16 октомври 2015
    На cresa-jagoda, kjukli, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Ne sakam bidejki ne sakam svadbi , mrazam turbo folk , ne znam oro i cocek da igram , ne sakam na moja svadba moite roditeli da si gi povikaat prijatelite nivni od destvoto i nekoi nasi rodnini so koi jas nemam ni zdravo , vie ne znaeete deka lugevo zemaat golemi krediti za svadbi i spalni i pricinja i darovi , toa se gluposti , imam pari ali nema da gi dadam za takov cirkus !
     
    На cresa-jagoda, kjukli, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.395
    Допаѓања:
    106.575
    Пол:
    Женски
    Е за ова и јас се изнаслушав се и сешто. Пред се од јатрва ми, како тоа јас сум изрод и успеав толку да извлијаам на маж ми и на родителите, да ги натерам да биде по мој терк. Па уште повеке ја разочарав што дури ни за регистрацијата во матично не избрав бел туку розев фустан и кремови чевли. А за тоа што не ни помислив да се венчам во црква ...е тек таа реакција не можам да ја опишам. Е дури тогаш излегов стварно изрод, од марс паднат.
     
    На cresa-jagoda, kjukli, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. butterfly*

    butterfly* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.896
    Пол:
    Женски
    :D ma ne se zamaraj,vazna e ljubovta i slogata,a pa da ne zboruvam za nekoi sto gi poznavam a sig i ti gi poznavas sto napravile golemi svadbi a posle 1mesec se razvedile,ne e seta vo svadbata pred narodot videjte me a posle sto sleduva..... kojznae
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bombona23

    bombona23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.735
    Затоа што не сакам традиционални свадби, не сакам обичаи, не сакам ора и чочеци, не сакам непознати луѓе, не сакам толкави трошоци и замарање една година за само еден ден. Не сакам свадба затоа што, сакам јас и мојот иден маж да си се венчаме некаде настрана, сами... И потоа.... сите среќно си живееја до крајот на својот живот. Ди Енд.
     
    На crazylady, cresa-jagoda, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.395
    Допаѓања:
    106.575
    Пол:
    Женски
    е и такви има.. уште ни кредитот не исплатен они се разведиле. за жал се почесто ги има ама и циркусите кај нив се најголеми, па со цели оркестри, па со стомачни танчерки, прасиња печени... а бе да им е криво после зoшто колеле невина животиња :D
     
    На cresa-jagoda, kjukli, anakonda88 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    106.008
    Еј имам една другарка, еднаш ја земаа кога даде збор, еднаш на веридбата, сега уште еднаш на свадбата, трета среќа, може нема да ја вратат овој пат :rofl:
     
    На cresa-jagoda, kjukli, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.799
    @kristina.k тоа и мене ми е сосема во ред. Од тој аспект коментирав дека ми е смешно враќањето на невестата дома, специјално за денот на свадбата иако неколку месеци живеат заедно. Некои постапки се ептен нелогични. Што сега, ради сватовите ли се враќа она дома? Со цел дувачки оркестар, и комшивките од страна, кои за воља на вистината обавезно ги има во кадар. :D
     
    На kjukli, CameliaMiller, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    14.568
    Пол:
    Женски
    Е и јас не сакав ништо од тоа,но ради моите што ептен сакаа да си ги викнат најблиските и така направија,само они кои ги познаваме и со кои си живееме ги поканивме.Инаку немаше ништо од тоа сватови,одење по невеста и такви обичаи и адети.Водев трета светска со сите за да нема никаква свадба но ајде попуштив заради мајка ми највеке.Еднаш дојдоа по мене на веридбата и потоа пак ли на свадбата,им викам колку пати ќе ме земате :D Среќа што немам свекрва која можеби ќе се бунеше околу тоа,но ете помина.
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    106.008
    Абе сите имаме праг на толеранција :)
    Што е до мене, ни матичар да ме регистрира не ми треба :)

    Искрено јас би се регистрирала само ради дм, затоа што ете, на него му значи, моите и неговите не ги есапам многу за вакви лични работи. Јас сум атеист, па според тоа црквата никогаш не ми била во план, ама ако он изрази желба, ради негов ќеиф и во црква би се венчала :)

    Кога бев матурант, татко ми сакаше банкет да прави... му реков прави што сакаш, ама стави слика од мене, јас на такви глупоштини не ти идам.
    И се најде разумен компромис - ем матура во кафич со рок музиче, ем поканети гости колку на него душа му сака (100 души викна, свашта).

    За свадба построга ќе бидам :lol:
     
    На theowndemon, kjukli и muchacha_a им се допаѓа ова.