Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.274
    Пол:
    Женски
    Јас сум една од тие кои не сакаат свадба.

    Зошто? Затоа што, како прво, не сум по свадби и веселби, меѓу многу луѓе. Друго зашто тоа автоматски значи дека ќе треба да бидам центар на внимание, па највесела, па најразиграна... Трето затоа што сметам дека е голем трошок и дека тие пари кои би ги дала на свадба, би можела да ги искористам за нешто практично или за мое лично задоволство.

    Не планираме да се венчаме во црква, имаме мал број на драги луѓе кои би сакале да бидат со нас на таков ден, така што планираме да правиме само регистрација со 15-ина најблиски и сето тоа да биде еден интимен чин. Без драми, без огномети, без расфрлање пари и без гужви. ;)
     
    На crazylady, makedonkamak, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.532
    Пол:
    Женски
    Оууу сум заборавила дека воопшто постои темава и дека сум пишала нешто, сега дека ме цитирала некоја феминка ја видов. Иначе да во право е ако сакаат моите да се „оддолжат“ нека ги викнат тие што сакаат на сребрена или на златна свадба, да се здрави, живи, среќни да си дочекаат. Иначе со колку луѓе ќе правам свадба и дали ќе сакам да правам свадба зависи колку ќе ми е полн џебот. Мои врснички уште не им се оладени дипломите од печатница, само за тоа зборуваат, а денар заштеда немаат, некои ни работа немаат. Според мене најлош начин да се започне брак е со кредит. Идеален почеток на кавги, стрес, финансиски проблеми за нешто така ново и кревко, освен ако не живееле и претходно заедно сопружнииците пред бракот.
    Гледам сте спомнале за земањето невеста откако таа е преселена кај зетот. Јас се почесто гледам обратна ситуација и гледам дека тоа е некаков тренд и дупли трошок,( а изгледа и невестите се спанки, како некоја од феминките што кажа дека не и се станува од 5 сабајле), тоа е регистрација во матично и частење на најблиските и сведоците, а по некое време и венчавка во црква и „големата“ свадба, наместо се во еден ден. Мене не ми е јасно, која е поентата кога невестата е веќе мажена, да седи дома и да ја земаат кога таа е веќе мажена?
     
    На crazylady, SuperGirl24, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    106.008
    Многу луѓе бракот во матично го сметаат за веридба, и јас во скоро дознав :)
    Дур не било во црква, не било брак :D

    Смешки, божем овие што одат во црква невенчани се :)
     
    На SuperGirl24, jovanovska94 и kjukli им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    57.249
    Кога сум прашала познати што ги правеле овие глупости, одговорот беше дека така се растеретуваат за ''големиот'' ден:^). За оро веројатно да бидат поодморни(facepalm) оти нели регистрацијата е предолг процес, дури 15 мин. Сами стварање трошкови, задолжување кај СЕСТРА БАНКА (ова ми е ново, го научив баш од такви што преку недела правеа две свадби, а куќата е пред распад). Ама кој ја врти куќата, свадба МОРА да се прави, па последно нека е ако треба.

    Инаку на темава, и јас сум од тие што не сакаат свадби. Сакам регистрација само со сведоците и мојата и негова фамилија. Јас и тој стокмени, една убава фотосесија со необични слики, а не те потпрени на едниот ѕид на црквата, те на другиот, се гледаме во очи, ми ја бакнува раката клекнат на колена, љубов пука од секоја слика те тера дури на плач:|.
    Ручек во убав амбиент, здравица и од повеќе нема потреба. Ако сме во можност за меден месец тоа ми е на листата, ако не... здравје нека има.
     
    На cresa-jagoda, Ketchup, Sesil и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    55.376
    Kaкво е тоа оддложување?! Ко некој ме викнал на свадба и сега јас сум му должник? Ако е за така, ако свадба е за долг да ти направи, не одам кај никој. Иначе, ако е долг, пари носам на свадба, значи они ми должат :)

    Инаку, тоа оддолжување, со други зборови е да не биде срам у народот дека не и напраиле свадба на некоја. Како сите така и она.

    На времето невестата одела кај момчето по веридбата за да научи домаќинлук од свекрвата, нели секоја куќа башка домаќинлук. После си одела дома чеизи да спрема неколку дена.
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  6. nat17

    nat17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    неќам свадба оти мислам дека е нешто непотребно..толку трошоци па викање на луѓе шо прв пат во животот ги гледаш па демек тие најсреќни се за тебе а на улица не те познават па се пијанат играт чочеци пресреќни шо да збораме:?:..даваш толку пари за то дека си ја зел та/тој шо ја/го сакаш и сакаш да го поминиш животот со него а 300 други луѓе шо пола ги познаваш пола прв пат ги гледаш во животот чочек играт за то, да си во центар на внимание неќам, па невеста највесела бла бла, па не ти чини фустанот, фризурата како торта се растури и триста глупости(facepalm)..со тие пари за свадба можи со саканиот да си одиш на одмор на некое егзотично место пример и да си поминиш најубо шо ќе памтиш засекогаш толку од мене.:*
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. galapce

    galapce Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    3.966
    Допаѓања:
    98.612
    Пол:
    Женски
    Seuste nemam odluceno dali navistina sakam svadba.
    Naviistina ne sakam vnimanieto da bide vpereno vo mene,kako da sum pod lupa.Vencavanjeto vo crkva i registracija mi e sosema nesto drugo,i se sostaven del od denot na svadbata no za mene ne spagaat vo svadba.
    Nitu edno od ovie raboti nemam napraveno,a ziveeme zaedno i imame dete.
    SSeto ova izleze radi splet na okolnosti,i pred toa planiravme svadba.Sega veke sum na dva uma.
    Ne radi troskovite,ne se soglasuvam so toa deka e trosok,od pricina sto cel trosok se vraka nazad i mu doaga natigo dajmigo.
    Restoranot sekako se plaka odposle,taka da ne gledam pricina za krediti.
    Epa nemora doma trista ceremonii,pa ketering pa neznam so,za da mora da se zemaat krediti.
    Ubavo e stos e sobiraat cela pobliska i podalecna familija vo ova vreme na brzanici,sto nemozat da se vidat,pa se site tuka na kup.
    Dojdovme do deredje na vakvi raboti samo da se gledame.
    Zetot i nevestata nemozat nikoj da vidat,no tie se tie sto gi sobiraat site na kup.So niven povod i organizacija,familijata e na kup.I site onie sto se kako familija.
    Ova go smetam za eden vid "dolznik"a ne parite.
    Nema vrska sme davale pari pa tie ni bile dolzni,tie ni platile porcija,odnosno skoro za istite pari ne pocastile.A nikoj ne ne teral so sila da odime,neli.
    Znaci trosakot nema vrska.
    Istite pari se vrtat i pak mozeme so tie pari da napravime sto sakame.Toa e samo izgovor.Bez razlika dali svesen ili ne.
     
    На makedonkamak, Luna91, Winter Lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.949
    Пол:
    Женски
    Има разлика од свадба до свадба. Ако некој се реши за таква прослава, не мора да значи дека ќе се канат далечни роднини што младенците прв пат во животот ги гледаат, дека ќе се тераат сите можни адети и дека ќе се послужуваат пирошки :) Јас секогаш раскажувам за свадбата на братучетка ми - славеа во Воденица, имаше прекрасна шведска маса, диџеј и диско топка :rock: Прославата помина незаборавно, ептен беше интересно, се изнаигравме сите. Матичарите дојдоа во ресторанот, а и немаше премногу гости, самиот капацитет на Воденица не е толку голем. Младенците немаа воопшто терет, ниту некое огромно спремање и малтретирање.

    Зборот ми беше, ако се каже свадба, не мора одма да си замислувате класична прослава правена по шаблон. Свадбата може да биде надвор од сите типични замисли, само треба да бидете креативни и свои. На крајот на краиштата, тоа е ваш ден. Одбележете го како ви е волја и желба.
     
    На crazylady, Kala22, Luna91 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. christinnn

    christinnn Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    9.742
    Пол:
    Женски
    Како што иде времето се "понапредни и понапредни стануваме" ,за 10тина години нема ни свадби да се прават ниту ништо.Ајт еден ручек во ресторан( а може и без тоа) како ова да е нешто без врска, и сите по дома. Мене ми е назад зимата што би се рекло, има уште добри 10 години а може и повеќе до мојата свадба, али сум сигурна и стојам на својот став дека ќе правам свадба.Не со 500 гости, туку 200 преку сила најмногу од свете страни.Некако свадбите ми се посебни.Едвај чекам да бидам поканета на некоја свадба, толку луѓе собрани на едно место среќни, разиграни.Баш сеа периодов бев на свадба кај подалечни роднини со кои не се ни имам видено, и оп сега наеднаш сите заедно, ем се запознавме ем се зближивме.Каде ќе се видиме воопшто ако вакви дешавки не се случуваат?Венчавка во црква тоа нормално, без тоа никако.Но, сосем би била друга ситуацијата доколку не сме во можност за свадба.Никогаш не би била неблагодарна и не би ги исцедила моите до последен денар да се задолжуваат(мада што они би го направиле тоа и без да им речам).Ако се нема средства ќе се помине скромно и тоа е тоа.
    А за одмори,цел живот имаме време за тоа.Ете годишнина може да се прослави така.А во брак се влегува еднаш.И да, се влегува со помислата дека тоа ќе ти биде прв и последен пат.Јес да, не знаеш што те чека во животот понатаму, али не верувам дека некој се венчава со помислата дека ќе се разведе и дека после тој партнер можат и други да дојдат.Секако ако се венчаваат со вистинската личност.
     
    На DEBELUSKA и Luna91 им се допаѓа ова.
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    14.095
    Пол:
    Женски
    Сакам свадба ама не ваква.
    Искрено иако многу ги кудиме американците убаво си прават луѓето.
    На една ливада, еден голем шатор свеќичиња закачени висат, 30тина најблиски семејство, најблиски пријатели, лагано музиче нешто во стилот на џез, рок балади, бенд некој можи...
    Милина!
    Или со тие 3-4-5 илјади евра за свадба (лупам ова не знам колку кошта свадба ама помалце од ова не ми оди математиката) регистрирај се и 20 дена одмор муце... Ни свадби ни бакрачи.
     

    Прикачени фајлови:

    На Abrakadabra, Luna91, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.395
    Допаѓања:
    106.575
    Пол:
    Женски
    Овој дел не можам да го сватам:,,Ke се собереме сите роднини со кои или одамна се неаме видено или воопшто не сме се виделе,, - па зошто ви е на свадба некој со кој не комуницирате или воопшто не го познавате?
     
    На crazylady, SummerGirl, makedonkamak и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    597
    OoOOoooo, моја тема :D
    Не сакам свадба затоа што не сакам еден од најважните денови од животот да го поминам за рака со луѓе кои не ме ни познаваат, а камо ли да се среќни за мене (колеги на мајка ми, другари на татко ми, пријателки на нез кој...);
    Aпропо, не би сакала да правам свадба ако фали барем еден од моите најблиски кои се во странство и можеби не би можеле да дојдат тој ден (а овие помалку битните сите на број);
    Не сакам свадба затоа што трошоците се ОГРОМНИ, а со парите кои би ми ги дале блиските нема да ги покријам тие трошоци, а не па да ми остане нешто
    Кога сме кај парите, не сакам свадба затоа што има многу попаметни работи на кои би можела да ги искористам тие 5000+ евра
    Не сакам свадба затоа што додека стигне невестата во кафана има отечени нозе, растурена фризура и расипано расположение (а секогаш се наоѓа нешто да те изнервира)
    Не сакам свадба затоа што не се "корнам од корен", незнам дали свекрвата ќе биде "весела" и не познавам никаков Павле и ми е гајле дали пиел вино или ракија

    Не сакам свадба и тоа за моите родители е сосема во ред. Плус и не ми се допаѓа како ми стои бело 8)
     
    На SuperGirl24 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  13. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Не мора да значи дека свадба е голем трошок. Мојот брат од својата свадба “заработи“ околу 6.500 евра, а дали двете семејства едвај имаа околу 3.000 евра трошок. Значи 3.500 евра во џеб. Плус, за 2.000 евра реновираа фасада на куќа и внатрешност, купија нов телевизор, фрижидер, машина за алишта и им остана уште некој денар.

    Не заборавај дека на свадба се стекнуваат и многу нови пријателства, се зближуваат семејства, се отвораат нови врати за соработка. Знам и свесен сум дека не сите што ти доаѓаат на свадба те сакаат и им значиш нешто во животот, но во секој случај според мене е корисна. Затоа постојат свадби, ресторани, кафани и слично. Многу работи таму се договараат во животот. Колку и да звучи банално така е.

    Секаде во светот се прават традиционални свадби зависно од културата и традицијата што ја имаат. Не мора да значи дека на твоја свадба треба цел вечер да биде народна или турбо фолк музика. Можеш свадбата да ја збогатиш со некој поп-рок состав, отворањето на свадбата да ти биде со некој класичен квартет кој ќе свири познати евергрини половина час. И кај нас гледам последните години има доста креативни девојки коишто своите свадби не ги прават шаблон, туку баш разноврсно и интересно. Поздрав
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.636
    Јас отсекогаш замислував и мечтаев дека нема да правам свадба и тоа го остварив.
    Не одам по свадби, не ги сакам, не се чувствувам комотно, последната свадба на која бев беше во 2009та година и потоа вешто ги избегнував. еве, откако се иставив од МК избегнав едно 5-6 свадби и многу сум среќна поради тоа.
    Јас на младенците ќе им посакам се најубаво, ама не одам на свадба. Несакам, одвратно ми е.

    Мојата регистрација беше само во општина. Ние двајца, кумот, кумата, сестра ми и брат му. И никој повеќе.
    Сакам и во црква кога ќе се венчаваме исто така да биде, да не ми се мкнат церемонии, затоа што навистина несакам.
    Одвратни ми се сите тие церемонии околу свадбата и таа малограѓанштина што се подразбира и доаѓа рака под рака заедно со свадбата.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.274
    Пол:
    Женски
    Види вака Доријан Греј, мене не ми е јасно зошто баш моето мислење е цитирано од сите мислења на темава, кога мање-више сите сме со истиот став во темава. :)

    Драго ми е за брат ти и снашката и за тоа што заработиле на нивната свадба, ама заработиле ТИЕ, а не РОДИТЕЛИТЕ кои ја платиле свадбата, if you know what I mean... Значи родителите од двете страни се ставени во трошок, а заработката ја добиваат оние кои не платиле за свадбата. А ако ~3000 евра не се голем трошок за тебе - тогаш алал да ти е, значи си живееш комотен живот, па кога ме цитираше требаше да ја земеш во предвид и можноста дека можеби нашите родители немаат 3000 еврејчиња фазла да фрлат за нашата свадба. А кревање кредити во тоа име - нема шанси. Ако воопшто имаш претстава како функционира сето тоа со банките и кредитите... :?:

    Друго, тоа со семејствата и зближувањето... Како што веќе кажав, не сум тип на човек кој по секоја цена сака да биде центар на внимание и за таа цел да викнам цела армија на роднини и пријатели кои не ги познавам, за допрва да се зближуваме. А за соработка... Тешко. Не е потребна свадба за некој да склучи било каква соработка.

    За музиката се сложувам, но пак ќе нагласам, не сакам недраги луѓе да ми бидат присутни на тој ден и да ги гледам како седат како мисири бидејќи нема да им пуштам толку народно и турбофолк...

    И тоа... Имам јас идеи за свадби, креативна сум и све, ама тоа за туѓа свадба некој ако го интересира. Не на мојата. Таква е мојата одлука и ништо на светов нема да ја смени.

    Поздрав и до тебе и ти посакувам да имаш и ти свадба од соништата и да заработиш од неа, а и да произлезе некоја добра соработка, бидеќи очигледно си припадник на некои повисоки класни кругови.

    П.С. Навистина многу дарежливи биле гостите кои дошле на вашата свадба, со оглед на тоа што живееме во време на општа финансиска криза и сите се „скржават“ максимално.

    Се' најубаво и поздрав! :hai:
     
    Последна измена: 24 октомври 2015
    На Jordanovska-K, Offspring, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.748
    Допаѓања:
    15.760
    Пол:
    Женски
    Имам пишано дека правев свадба затоа што татко ми инсистираше. Не правев класична свадба. Дента дојдоа кумата, старосватовите и неговите. Моите не чекаа пред зграда. Отидовме во матично, па во ресторан. Исто како да не правев свадба. Не носев ни венчаница. Немавме никакви адети. Беа поканети само најблиските. Имаше околу 50 гости.

    Да можам да го вратам времето назад, не би правела свадба. Парите би ги потрошила за нешто друго.
     
  17. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    8.587
    Не ви било убаво да идете по свадби. Брееј што народ станавме. Ни на мртво плачеме, ни на живо се смееме.
    Мене ми е крајно некултурно да не отидам на свадба (освен ако за тоа нема оправдана причина), ако ми направиле чест да ме поканат.
    Инаку во врска со темава, сакам свадба со најблискиот круг на луѓе што стварно ми значат во животот и со кои сакам да го споделам тој битен момент. Финансиите според мене не се изговор затоа што дефинитивно вложените пари се враќаат, а плус тоа си направил свадба што ќе ја паметиш цел живот. Можеш да патуваш и за други поводи.
    Мое мислење е дека тие фази во животот како крштевка, свадба, погреб треба да се означат како што доликува. Противник сум на расфрлања, 500 гости, венчаници од 1000 евра, клишеа, но ете ваш ден е покажете колку сте креативни и уникатни. :)
     
    На crazylady, DEBELUSKA, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    89.388
    Пол:
    Женски
    ...на чинот со кој ќе ја крунисаме нашата љубов ни е доволна интимна атмосфера и минимален број на најнеопходни сведоци кои со нас ќе прослават, затоа! Кај нас така и бидна. Си имавме план кога, си штедевме одреден период, си набавивме се што ни треба, си закажавме секаде, и ги обавестивме кумовите, родителите и најблискиот криг на пријатели и ги поканивме сите како гости, се на се бевме 30 души, еден ден во матично па на пијачка, наредниот ден во црква и после во ресторан со жива свирка без појачала, сме си поминале прекрасно, опуштено, релаксирано, најубаво. Си имав и венчаница. На родителите не им сме 'должници', си бевме во можност и си имавме желба да си платиме сами, е сега имаше коментари на роднини и пријатели по родителите наши од типот 'сте женеле/мажеле не сте не викнале и сл, не можеа некои да сфатат дека децата сами свадба си направиле без да прават чалами
     
    На SummerGirl, Luna91 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    8.587
    Секој треба да прави како што му е убаво, народот и вака и така ќе си збори.
    Јас знам случај , им се налутиа пола фамилија на родителите на малдите зошто не ги викнале на веридба, а веридба не правеле. :rofl: Само домашните биле присутни . И еве веќе неколку години не им зборат ради тоа. Да да и тоа го има. (facepalm)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    89.388
    Пол:
    Женски
    Да @Luna91, заради тоа и до крај на родителите не им кажувавме, замисли ја реакцијата 'еј, на тој и тој датум ќе правиме свадба'.. а тие одма со коментари да ги каниме тие и тие.... Ние си кажавме дека ние си организираме сами по наше и тие се гости. Имаат уште по некои роднини/пријатели шо не биле канети и се лути, но... така сакавме така си направивме
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.