1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Ич да не се замараш. Тој што стварно те цени и те почитуа ќе разбере. Тој што само наоѓа маана да се налути, ќе се прави навреден. Во такви моменти сфаќаш кој е кој.
     
    На theowndemon, hermosa и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    И јaс кaкo пoвеќетo не сaкaм трaдициoнaлни свaдби сo нaрoднa музикa и турбoфoлк, игрaње oрa, кaчувaње нa мaси и стoлoви....(facepalm)
    Зa oбичaи дa не збoрувaм, кaј мене дoмa музикa, дoaѓaње гoсти, игрaње кo луди и нели пoсле следувa oбичaјoт сo бричење.:doh:
    Јaс се нервирaм кoгa некoј ме фaќa пo кoсa или лице, не пa дa дoзвoлaм дa ме бричaт, мa немa шaнси. И aј сеa oд дoмa oдиме пред мaтичнo, aмa пред дa се влезе нели мoрa музикa пред мaтичнoтo, сите дa ме гледaaт, пa и дa свирaт сo кoли. :wasntme:
    Зa пaри декa се фрлaт зa свaдби се фрлaт, и тoa нa великo. И кaнaт гoсти кoи млaдите прв пaт ги гледaaт вo живoтoт и демек среќни се, пa душo, пa срце. Мoре мaрш. :talk:
    Искренo сaкaм сoвременa свaдбa, сo не мнoгу луѓе, oние кoи нaјмнoгу ми знaчaт и ме пoзнaвaaт, a не дa кaнaм некoј сaмo лице дa му прaaм - некa си седaт дoмa тие.:nod: Финo лепo, јaс и мoјaтa невестичкa ќе си се средиме oд дoмa и двaјцaтa и ќе се пицнеме кaкo штo сaкaме и директнo вo црквa - тaму сите дa чекaaт, a не дoмa кaрневaл дa прaвaм. Си зaвршувaме тaму рaбoтa и пoсле би сaкaл дa биде некoе местo сo бaзен и убaвo декoрирaнo, сo диџеј или групa штo свирaт зaбaвнa музикa. Дa немa буткaњa, пијaни луѓе и тaкви срaњa. И тaкa...и пoсле тoa сaкaм дa вoдaм љубoв сo млaдaтa, a не дa брoјaм пaри кaкo штo денес прaвaт. :D
    Ај дoстa беше. Фaлa мнoгу, чao, пријaтнo. :hai:
     
    На Annora, Rubiii, butterfly* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Традиционална свадба - неќам, неќам и неќам. Можеби ќе попуштам - не знам, ама сега сум сигурна дека неќам, се надевам ќе делам мислење со идниот ми сопруг. Мала веселба со најблиските кои би се радувале за мојата среќа - да. Свадби каде зетот и невестата не познаваат никој и немаат шанси да запознаат некој роднина од страна на партнерот ми е чист циркуз, глупости. Сакам малце луѓе, најблиската фамилија, најблиските пријатели. Ништо повеќе.
    Особено ми се зацврсти ова мислење кога мајка ми со колешка на работа испадна дека си биле на свадба. Мажите им биле некои ти си колеги и пријатели па се поканиле на свадба. |-) Барем јас сметам дека да, свадбата е убава од аспект дека се веселиш за некој среќен момент во твојот живот, ама да прајш церемонија со 200+ луѓе за мене е апсурдно. Јас како невеста би сакала да бидам со гостите, да им обрнам поддеднакво внимание, да запознам плус човек- два од страна на сопругот. Да има дружба, луѓето да бидат среќни дека се на свадба кај некој близок, а не да чекат да дојди десертот и да си заминат со тоа што „се оддолжиле“.
     
    На crazylady и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    И јас сум од тие што не сакаат традиционални свадби од причина што е премногу.

    Стресување и буквално плашење од денот. Трошоци што се премногу за наш стандард. Гости што не ги познаваш. Играње пред зграда со гајди и чуда пред сите комшии. Камери и фотографии со вештачки пози и фаци. Ова е мојата верзија од пеколот.

    Ако некад се омажам, нема да правам свадба. Ќе отидам во матично со едноставен бел фустан, ќе си ги поканиме најблиските и најмилите луѓе на ручек или вечера и после сè, јас и сопругот со Буба со прикачени конзерви од позади ќе идеме во Италија. (Се надевам ќе издржи толкав пат)
     
    На SunnyGirl2, Belgin1, faye и 3 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Секој со своите размислувања. И јас не сакав свадба, ама ја направив затоа што татко ми инсистираше. Не може да прежали што не правел свадба. Одлучив тоа да биде мала свадба, без адети. Класична свадба, и плус ако има многу гости, е голем трошок. А и ме нервираат такви свадби.
     
  6. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Јас не сакав традиционална свадба и од адети само погача се кршеше. Идење по невеста кога веќе живееме заедно толку ми немаше смисла, како и многу адети што веќе немаат смисла, не дека не сакам традиција, но времињата се изменети. А што мислам за она играње на улица... (facepalm)
    Ќе ја направев и далеку помала, па нека се лутат родителите колку сакаат, но просторот што го избравме бараше да бидат барем 200 гости. Не штедев на изборот на ресторан, услугата ми беше важна, и не штедев на фотограф, затоа што тоа ќе ми остане. Не сакав да фрлам многу пари за невестински фустан кој ќе го облечам само еднаш.
    Секој со своите приоритети.
     
    На Victorian, crazylady, mila89 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Свадба после 30 на некој остров со 10 души.. Толку
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Не дека не сакам свадба воопшто, не сакам таа да наликува на прославата во тунелот. Ме ужаснува и самата помисла да дојдат по мене како невеста и запотените тетки со сармите на глава да ги тресат свадбарките пред врата додека веќе пијаните мужи лепат пари на плех музиката :puke:. Или пак да се тераат таму некои застарени обичаи за ќефот на старите. Моја свадба-мои правила. Тој ден е мој и на мене засекогаш ќе ми остане во сеќавањето, ако на некого не му се допаѓа замислата слободно може да не присуствува. Гостите би биле строго одбрани, подобро 10 блиски со кои ќе си поминам супер отколку да викам братучеди до десето колено кои не ги познавам и комшиите заедно со женските само за да соберам 500 души. Прајте си како што ви одговара, не дозволувајте некој да ви ги диригира најубавите моменти.
     
    На S.W.A.G, Victorian, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  9. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Мене искрено ми пречат гужви и генерално вакви прослави и манифестации каде што има гласна музика и таква врева што мене ме иритира односно ми скока по ганглии. Јас искрено ако некогаш се оженам нема да правам свадба како оние стандардните. Повеќе сум за да ги соберам на едно место оние кои сметам дека треба. Инаку на една свадба не ставија да седиме во близина на звучниците, до крајот на свадбата ми се чини дека оглувев. Поубаво во војна да бев отколку што отидов на свадбата. Две недели после свадбата ми вибрираше и ми ѕвонеше главата. Кога ќе се сетам ми се крева косата на глава. Налет и свадба и се. Од друга страна кога ќе видам дека некои земаат кредити за свадбата да им изгледа маестрално, ми доаѓа во најмала рака да си пукам во колено или да се самоликвидирам. Значи тој балкански менталитет во гроб ќе не отера. Зошто би се расфрлал со пари и би се задолжувал за една обична формалност? Дали некој размислил дека со тоа си ја минира иднината? Ама што знам можеби и не сум во право со мојот став, можеби не сум свесен дека грешам. :?:
     
    На crazylady, SummerGirl и violetblue им се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    Едноставно немам желба за свадба, не уживам во таква музика и атмосфера, ниту пак сакам да бидам центар на внимание и сите да ме бакнуваат, гледаат... Роднини до 5то колено што прв пат те гледаат на свадба и да не си во невестински фустан нема ниту да знаат која е невестата најблаго кажано ме ужаснуваат исто и пијани луѓе/гости што си ја присвојуват веселбата и мислат дека музиката е таму да им исполнува музички желби. Другиот момент кредит за свадба ама пак ич не го разбирам. Ако имам пари во ред ако ми е желба да направам, ама да се задолжувам по банки за некоја си прослава од 5-6 часа нема шанса, подобро ќе земам тој кредит да си реновирам по дома, да се прошетам некаде низ светот, за нешто од што долгорочно ќе имам придобивки. За мене идеално е регистрација во матично потоа на вечера во ресторан со најблиските значи 10 луѓе се на се односно две те семејства да си седнат и да си прослават.
     
    На Victorian, crazylady, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Да го вратам времето назад, би ги почастила гостите со ручек. Свадба не. Не ми беше по ќеиф што правев свадба.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Ние сами си ја финансираме свадбата со момчето, со исклучок на ситни трошкови.
    А зошто? па не сакаме да ги изложуваме родителите на големи трошкови оти секако парите одат кај нас, па би биле во загуба. Не дека немаат, но така си решивме.
    Вака барем ние си плаќаме и да си ги повратиме парите наши си се.
    Многу е убаво чувството кога сам за нешто се бориш.
    И дај со споредбиве вечера со 10 души, патување наместо свадба, реновирање и што уште не. Се се стекнува во животот, многу почнале од ништо па сега финансиски стојат добро. Камо среќа парите да се најголем проблем во животот.
    Сакаме двајцата свадба, без лажни насмевки, двајцата трепериме од помислата. Стресно, но вреди, и не е само еден ден, позитивните моменти ги понесуваш со себе и траат засекогаш... но секој со размислувањата.
     
    На Davidmfo и Milobebence им се допаѓа ова.
  13. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    Од кога знам за себе, одењето по свадби, а и самите свадби на кои сум била до сега, не го постигнале впечатокот кој сум го очекувала.

    Скоро на секоја свадба денес (со исклучок на ретките), го има следново:
    -Премногу луѓе, зошто на мојата свадба да има гости кои реално, еднаш во животот сум ги видела. Или па уште полоша варијанта, не сум ги ни видела, само од муабети сум слушнала дека постојат, и нели нормално роднини ми се:?:

    -Премногу пари за свадба, која е потребата да се потроши огромна сума на пари, за што? За да останат роднините и гостите со отворени усти? Или онаа ''Еднаш се женам/мажам.'' Свадбата може да ти остане во сеќавање и без таа огромна сума на пари.

    Секој има различни размислувања, моето веќе го прочитавте. Јас сеуште стојам на тоа да се соберат најблиските, не мора да се во огромни ресторани со 300/400 гости... Би избрала градина или море.
    Мило ми е што не сум сама во темава, ве поздравувам сите и мислењата воопшто на никој не му се погрешни.:D
     
    На S.W.A.G, Milobebence, P.S.love и 2 други им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Не сакам традиционална свадба со сите тие адети.
    Сакам мала свадба со најблиските личности, а не да се викаат сите до трето колено коишто некои не ги ни познавам, а и мене не ме познаваат.
    И би сакала да правам на некое поинкаво место не во хотел како сите што прават, свадбата да не биде типична како сите. На сите свадби што сум одила до сега се е исто освен младоженците и гостите.
    На крај пак може и свадба да не се права немам некоја којзнае колкава желба за свадба.
     
    На Milobebence, Rama, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Рано ми е за свадба, но сум била на неколку свадби и ми било баш досадно и бесмислено.
    Еден куп пари давање за да им се затнат муцките на луѓето..
    Не би правела никаква свадба.. Доволен е потпис во матично и еден шампањ со потесниот круг на луѓе.
     
    На Milobebence, SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Нит веридба знам што е и како се слави а ни маж ми он од скоро слушна за тоа :D се објаснував цел саат дур му објаснам дека веридба не е свадба а он мислел свадба е :lol:
    Нит свадба сум правела
    Се регистриравме спонтано...
    Надвор од македонија без никого:D
    Од денес за утре, отпосле правев ручек со сведоците двајца и тоа..
    Фустанот од и беј беше и баш се погоди за едно 30 евра
    Отпосле кога требаше да правиме крштевка случајно ни текна и да се венчаме па сошив една фустан во 5 до 12 и бев да земам букетче
    Фризура и шминка кај пријателка најднормално обична
    Оа отпосле седнавме у кафана со кумовите и куп други другари што дојдоа отпосле па супер минавме онака како да не било ништо како да било обична ден посветена со пријатели..

    Искрено, не би можела да се замислам со огромна балска крошна, со шљокици, со куп пудра и шминка, со велови, со венци ј со тракатанци, тоа не сум јас едно што не би знаела тоа да го изведам оти ќе се сопнам :D друго пошо ми е многу срам да треба да ме "зимаат" нема шанса тоа
    Па тие музиките :drunk:
    Оууу не не.
    Не сум јас за тоа
    Или за оро да играм и адети да терам:!:
     
    На S.W.A.G, eta, $ophia и 6 други им се допаѓа ова.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Јас не сакам свадба. Ич.
    Ама Мажот и родителите негови притискаат инсистираат.
    Имат голем сој и се собираат од 2те страни 300 души Најблиските.
    Леллелеле
    Не знам што и како да разубедам. Џабе ми е се. :(


    ( маж- мораше да се регистрираме лани, сега сакаат веселба-свадба и црква) .
     
  18. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Не сакам свадба од причина што не сакам да бидам центар на внимание,главна на вечерта,принцеза од бајка само затоа што сум направила нешто многу нормално-Сум стапила во брак.Тоа е нормален дел од животот и сметам дека љубовта е помеѓу двајца,а не за пред сите.Настрана стресот и финансиските трошоци кои се минимум 1000€
     
    На SunnyGirl2 и Iva9612 им се допаѓа ова.
  19. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Ја не сакам да правам свадба бидејќи повеќето го користат за сликање и да се покаже еве кој се жени и која лепота и еве кој имат пари.. Луѓе мене не ми е проблем за пари да фрлам ама не сакам да правам тоа цел ден да го поминеш за без веза второ не сум по народна музика без навреда и исто така не сакам да ме снимаат, џабе снимањето ко никој немат да го гледа само што ќе фрли пари но дотолку ако правам ќе биде мала прослава и само фотографирање без снимање и да не биде 5-6 сати... Али на сите ви посакувам со среќа, кој како си ја наредил по своја желба
     
    На S.W.A.G и Iva9612 им се допаѓа ова.
  20. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Не сакам свадба традиционална бидејќ : прво не слушам таква музика ,не сакам оро,второ сакам свадба каде ќе се забавуваме ние младите најмногу,а не некој далечни чичковски кој не ги познавам ги гледам прв пат во мојот живот чочек да играат,не сакам да сум во центар на внимание па со некој балски фустан да изигравам кралица на вечерта,не сакам торти на 10 спрата па некоја си маса ускрасена со триста балони,панделки чуда, не сакам да давам 5000 илјади евра за сите глупости за свадба кога можам со помали финансии да направам една мала прослава со луѓето кои биле и ќе бидат покрај мене и после свадбата,да имам некој поскромен фустан и нормална музика,нормално јадење без прасиња на масата,без сите обичаи и.т.н
     
    На Kikiccc му/ѝ се допаѓа ова.