Ма каква свадба, не доаѓа у предвид, срање у боја Какви традиции, какви адети, ме заболе ку*ов како требало. Слабо одам на свадби, си признавам , ма јас на обични собиранки што се вели на гости слабо идам, а не пак за нешто друго. Само на кафе денска шема може да излезам ако е за дружење работата. Ме гушат луѓево со прашања до каде сум со животот, еве бе е*ам, убо ми е, шо друго ве интересира за мене? Мразам, страшно мразам кога ме подпрашуваат за мојот живот бидеќи јас никого не прашувам до кај е и со кој е, кој како сака нека живее. @Oxymoron ,ај пиши на темава да видам дали и тука ќе размислуваме слично штом си приметила дека јас и ти сме многу слични , гушки другарке
Затоа што, ќе им одиш на сите, ќе им правиш ќеифот, кога ќе дојде твојот ред, сите нешто не можат, кога им се јавуваш да ги прашаш за присуство се премислуваат секој ден, секоја секунда и на крајот ден пред свадбата ти откажуваат. Или, потврдуваат присуство (еее, како нема да дојдеме, едвај чекаме), па не се појавуваат и фино лепо, ти си плаќаш порции без врска. #свежоискуствоодмојаблиска Не дека ова е единствената причина заради која не сакам свадба, ама луѓето стварно станаа ептен безобразни, освен нели кога на нив им е зорт... И да, не ми се трошат пари на еднодневна циркузијада. Толку многу пари, можат и те како да се пренаменат за попрактични и поубави работи од свадба.
Прво и основно, мразам да играм. На туѓи свадби не играм, не па ли да треба со саати зошто би била невеста, па уште и да ги водам другите. Второ и најважно, мразам да сум центар на внимание. Сум мразела кога во одредени моменти во животот сум морала да застанам пред група луѓе и да зборам, не па ли да треба да излезам пред сала најблиски и да играм. И да ми ракоплескаат. И да треба да сечам торта. И да ме фотографираат. И да ме зјапаат. Трето, не ми се трошат пари. Поради парите би ги вложила во домот, секогаш има нешто што треба да се обнови или што фали. Или во најмала рака, пре би патувала некаде.
Јас обожавам да одам на свадби. Сакам да се дотерам, нашминкам, весела сум, играм, па и ако е некоја поблиска свадба со добро друштво, ептен уживам. Ги знам сите ора, и на забавниот дел, вовчето, кога го носат прасето, абе one-man show сум Но, кога станува збор за мојата свадба, прво мразам да бидам во центар на внимание. Роденден со години славам заедно со една другарка, а матурската прослава (онаа што ја чекаа само за мене, и имаше многу гости) ми беше хорор приказна. Второ, не ги сакам обичаите, особено земањето, поточно „купувањето“ на невестата од дома. Заостанато е и деградирачки, а и планирам да живеам со партнерот пред да стапиме во брачна заедница, па би немало смисла. А и тие свадби што се со земање невеста уште од сабајле траат по 12+ часови, што е напорно за мене како гостин, а можам да замислам како невеста. Сакам да уживам на сопствената свадба, а не да глумам некои обичаи за забава на другите. За крај, парите, стварно би ги пренасочила на нешто друго. Заклучок, би направила мала симпатична прослава, идеално на отворено. Без никакви обичаи, матичното друг ден или на местото на прославата, да почне околу 7-8 навечер и и јас тогаш да дојдам, не да се маткам по фризери уште од 7 сабајле. Секако планирам и сами да си ја платиме со партнерот, за да не мора да бидеме марионети на родителите и да исполнуваме секакви желби. А тотално би можела и без прослава, како ќе се договориме со партнерот. @Herrera, не сум толку хардкор како тебе, ти звучиш како да не планираш да се мажиш Би стапила во брачна заедница воопшто, без свадба?
Најискрено што можам да ти одговорам е дека сум типичен стрелец, си сакам слобода, авантури, странство било која земја, но пред се СЛОБОДА, да ме остават да дишам на раат. Едно време кога бев затрескана во бившиот и од срце сакав да останам со него до крајот на живот, он ебеше на страна. Некои велат времето лечело се, за мене не лечи, болката од таа голема љубов кон него сеуште е присутна на моменти. После сето страдање кон бившиот мислам дека исчезнаа сите планови за брак, семејство, вистинска љубов. Полесно ми е вака мување со нови фаци, секс без емоции, битно имам личности покрај мене, не сакам повторно емоционално да страдам , така да одговорот на твоето прашање би било НЕ за свадба, НЕ за брак, НЕ за љубов оти не постои, НЕ за еден маж во мојот живот, НЕ за деца. Мување - ДА Швалерај - ДА
Сум за свадби, ама онака како што сакаат младите. Ако е тоа само матично и обичен ручек, без трубачи адети и паѓања у несвест. Ако нив им е убаво така, мене уште поубаво. Сум била на секакви свадби. И на огромни, нормални и мали.. Пак ми се најубави оние каде младите се задоволни и не превртуваат со очи. Денот кога се венчаваш е твојата свадба... макар и само вие двајца да сте.. впрочем тоа и е бракот. Вие двајца.
Затоа што сметам дека тие пари може да се искористат за нешто друго и онака свадбите се главен дел за оговарање од страна на роднини итн и најубавата свадба да ја имаш пак ќе се најде некој да тресне нешто, јас лично би отишла на некое далечно патување.
Тебе како да те прочитав некаде дека ќе се мажиш? Јас сум против свадба затоа што мразам да играм со саати, на сите да угодувам, да се сликам 2 саати и да носам бело (никогаш не носам бело) Подобро ќе одам на пат низ Азија со тие пари... И да..и јас сум стрелец разбира се
Јас сум против класична, традиционална свадба. Сум била на мнооогу свадби и многу поубаво си поминувам во сабота вечер
Јас ќе ја имам свадбата која не ја посакував. Баш карневал, циркус и хорор. Се во едно. Е затоа не сакам свадба. Не ги сакам глупите адети и обичаи. Не се веселам никогаш и никаде, и не сакам да правам работи сосила, а ќе морам на свадбата да глумам лудило и да исполнувам туѓи желби.
Не е толку едноставно, а веќе е предоцна. Вчера се испокарав со вереникот кога си кажав што ми пречи. Еве уште ме нема побарано. Верувал он во Господ и морав да прифатам венчавка во црква, за мајка му некои адети имале посебна важност и симболика и морав да ги прифатам и да попуштам. Покрај тие адети произлегува и друго да се направи... Се на се хорор...
Те имам читано и на други теми, и на жалост мислам дека ова е само почетокот на твоите проблеми, тек допрва ти ќе треба да попушташ и да се прилагодуваш на нивните ставови.
Ако твојот вереник не го почитува тоа што ти го сакаш и тоа уште свадба да не ти приреди каква што ти посакуваш а не мајка му шо све сака овде проблемот ти е многу поголем...Што за понатаму во бракот...
Ми велат дека тоа е еден ден и требало да издржам. Неколку пати ми велат дека без потреба правам драми.
Од искуство ти кажувам. Ако попушташ, готова си. Знаеш што е следно? Да гледаш како свекрвата ти го џапа од раце детето.
Тој еден ден колку пати го правиш во животот.Свадбата е нешто за која повеќето девојки сонуваат цел живот и сега коа треба да се направи ќе дозволиш да ти свират како сакаат?