1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    А што не е доволно? Јас бев трудна пред да се земеме и бев спремна да ризикувам сама да го чувам детето.
     
    На viol, cresa-jagoda, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Искрено ми се смачи. Деновиве само околу тоа се расправаме. Моја желба беше да нема ништо, само регистрација и најблиските на ручек. Но не бивало, и кумови викаа, ресторан, сега се по ред ми наметнуваат. Никој дури и не ме прашува откако кажав да си прават што сакаат. Вереникот од друга страна се лути зошто сум била без кеиф.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Уште едно мамино галениче. Само безобразлук со такви.
     
    На lovely12, ЕденЧлен, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    26.564
    @Fallen.Angel Девојче те читам долго време и со бременоста и свадбата и се. Твојата свекрва била невеста тогаш важеле нејзините желби. Свадба е единствен ден, твој посебен ден и ти треба да одлучуваш со вереникот, а не таа. Ако уште сега свекрвата почнала да шефува тогаш тешко тебе во иднина. А, и вереникот треба да е на твоја страна, а не мамино синче. Покажи заби на време. Никогаш не е касно да се направат поправки.
     
  5. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Не дозволувај никој ништо да ти наметнува.Тетки,баби,свекрви до кога ќе се мешаат...Разбирам компромиси ама...Ти си важна,гледај си своја среќа.Ти кажав имаш поголем проблем од што изгледа.Запрашај се во каков брак влегуваш
     
    На Снегулк@23, RosettaStone, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Нешто најлошо е нерасположена невеста на нејзина свадба. Онака, да гледаш како и е смачено и досадно.Никако не ужива низ забавата. Свадбата демек се прави за гости, а и на гостите не им е пријатно со таква атмосфера.
    Затоа не правете ништо против ваша волја.
     
    На Избришан профил 156253, candy.cane, Luminary и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Покажувам заби, тоа е проблемот. Кога молчев и прифаќав беше ок, кога ми дојде премногу и си кажав почнав да не чинам.

    @SummerGirl и мене ми беше страв од мамини синчиња. Гледав порано кога свекрвата се мешаше и во други работи вереникот не ја слушаше. И пред скоро време набуцкан од неа беше ми се развикал, но по кратко време си ги сфаќа грешките и ги менува постапките. Не ми признава дека сум во право, но доволно е што некогаш ја трга на страна мајка му светата.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Ич да не се секираш. И мене мојата не ме сака затоа што не и ќутам. Ама баш ми е гајле. Може само да ми се фати. Крајно неспособна е, а се дрзна да ми команда. Селска работа.
     
    На Снегулк@23 и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Го знам ова. Многу добро го знам бидејќи така и ќе бидам. Моите дома ми велат да си одлучам како и што ќе правам, но ако одлучам да попуштам не сакале да ме гледаат намуртена, да сум се смеела кога веќе сама сум се казнувала.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Абе на 25-30+ треба мајка му буквално да нема право на збор во животот негов, а не "не ја слуша". Битно му збори, битно ти ја слушаш. Ја послушал тој или не, тоа што си дава за право да се меша е многу поголем проблем од тоа дали мешањето и успеало. При еднаш, два пати, три ќе ја изигнорира. На четвртиот ќе ја послуша од грижа на совест дека многу пати ја игнорирал. Буквално со кученце се мажиш што уште го тренира сопственикот.
     
    На Избришан профил 156253, candy.cane, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  11. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    .. не сакам адети и традиции..
    .. не сакам да се запознавам со „роднини“ (што прв пат ги гледам) на сопствената свадба
    .. сметам дека се за џабе истрошени пари и дека тие пари би ги потрошиле со идниот сопруг на нешто покорисно пример опремување на дом за живеење или пак заеднички патување со мноогу спомени
    .. не сакам лажни насмевки и вештачки свадбени слики
    .. не сакам ора, зурли, тапани
    .. не сакам да гледам пунџи и накитени теткици на татко/свекор 3ти братучедки :x
    .. не сакам да се малтретирам цел божји ден
    .. не сакам да се преправам дека сум среќна и радосна а не преморена и нервозна
    ... и ред други свадбени глупости
     
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Свадбата е едно од најубавите и најнезаборавните моменти у животот и најважни се невестата и младожењата а не ојлевци и дојлевци. Затоа не дозволувајте да ви го уништат денот со нивните нерационални барања и услови.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Како не се битни ојлевци дојлевци? Ќе се налутат ако не дојдат. Мора некаде да ја однесат правосмукалката што ја добиле за поклон. :rofl:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Не мислев баш за толку далечни ојлевци, за блиски дојлевци ми беше муабетот:D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Јас знам за далечни ојлевци. Се знае. Се канат најблиските.
     
  16. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Затоа што не сакам адети,тоа одење по невеста па цел ден малтретирање ваму таму ,големи глупости ми се
    Не сакам да сум центар внимание, да играм со саати и сите околу мене, па камерата да ме следи цело време леле ми се лоши, да не гледаат сите ,цел ден насмеани фацата да ми се здрви :(
    За парите не ми е проблем, ако имам зошто да не дадам, повеќе ми е за другиве работи
    Може во некој ресторан да се собереме 30 луѓе највеќе и мала прослава, али свадба не.
    И партнерот го сака истото, али кога ќе дојде време ќе видиме какви реакции ќе има :lol:
     
    На ForeverYoung, Skylar, Luminary и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.407
    Допаѓања:
    42.714
    Пол:
    Женски
    Јас како малечка сонував за голема свадба, верувам како и секое мало девојче.

    Од овој аспект, не би. Во странство сме, работиме тука, и доколку нешто правиме ќе треба да биде во Мк, да се организира и планира, а немаме баш време за тоа сега.
    Среќни сме, и фала му на Бога супер ни е животот, па не верувам дека со една прослава ќе се смени нешто, може и без тоа. :wasntme:
    Евентуално би направиле мала прослава-вечера, само со најблиските, без адети и слично (најверојатно и без ора) и тоа би било тоа.
    Помалку трошоци, помалку планирања, мирна глава. :wasntme:
     
    На Избришан профил 156253 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Не сакам типична македонска свадба, но кога дојде време сакам свадбена прослава во мој стил. Без помпезни адети, Ивкова слава цел ден или неколку дена по ред на сто места, со милион луѓе натрупани а ирелевантни, со преглупава типична свадбена музика што се пушта на поголем број свадби и изгледување на поклони и проценка низ пари.

    Сакам нешто едноставно, убаво осмислено, во пријатна амосфера со луѓе кои ги сакам покрај себе, да биде комотно и интересно за сите, со различни жанрови на музика и причини за уживање, без поклони, само присуство.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Преубава идеја.
    Баш и јас вака сакам ,значи не типична свадба него "помодерна" или како да кажам.
    Да викам некои тетки ,стрини што дали еднаш сум ги видела во животот или два пати не планирам хаха
    Битно да сум си со најблиските, и убаво да си поминеме ,да си прославиме.Колку да се одбележи денот а не нешто преголемо, ко што кажа ивкова слава, тоа никако. :D
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Затоа што.. NOONE CARES!!
    Во последно време сфатив дека на никој, освен најблиската фамилија (иако треба да се запрашат мотивите и кај нив) не му е гајле дали ќе направиме свадба или не. Simple as that.
    Имавме навика, одвреме навреме да гледаме свадби на YouTube, чисто да се потсетиме дали го сакаме вистински ова. После 2 минута беше видеото исклучено.

    Целта на свадбената веселба е да се прослави љубовта, новата етапа од животот на младите.
    Тоа што го имам видено со сопствени очи се, изморени лица од работа, од животот кои едвај чекаат да си одат дома, ја прават честа на оние од кои биле поканети, издржуваат да ја почекат вечерата и да си одат со отсечна насмевка, посакувајќи им се добро на младите. Искрено, ме боли душата кога го гледам ова.
    Не го сакам тоа. Не сакам никој да се скратува од лебот за нас да не "испочитува". Не сакам никој да дојде само ради ред, само поради, што биле 1 братучеди на мајка ми/татко ми, само поради фактот што ние или моите родители биле некогаш на нивните деца на свадба. Не сакам ништо на сила.

    Моите и неговите родители сакат свадба единствено (колку што успеав да сфатам) е да ја "завршат должноста" пред светот, да се каже на крајот од денот "Еве направивме свадба на децата".
    Да се почестат колеги, колешки од работа, роднини и сите познаници.
    Ги прашав директно еднаш: Мамо, дали мислеш дека на некој му е гајле/грижа што ние нема или ќе правиме свадба? Мислиш ли дека некој не има во мисли секојдневно и се прашува,damn кога ќе биде свадбата на Н и К?
    NOOONE CARES.
    Родителите немат никаква должност пред никој да се прави прослава "како што треба". Останато е само традиции и непишани правила, кои, од мое сопствено гледиште, стануваат се поизобличени.
    Се венчавме, дадовме збор пред Бога пред да почнеме заеднички живот. Беа само вкупно 10 луѓе. Не ни беа потребни повеќе.

    Останатото, музика, традиции, облека, генерално фрлање на финансии за еден ден, за кој реков, на никој не му е грижа, ОД МОЈА ГЛЕДНА ТОЧКА, само се додава на листата зошто не би правиле свадба.
     
    На jagotka123, Избришан профил 156253, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.