Не сакам свадба затоа што сум интроверт, затоа што не сакам да бидам центар на внимание кој ќе го озборуваат подоцна, затоа што не сум традиционален тип и запознаена со некои свадбени обичаи и затоа што сметам дека е непотребен трошок, а и воопшто непотребен стрес околу сите подготовки и дали ќе биде се' во ред. Матично и тоа ќе биде се'.
Извини Битер што те цитирам, мислам дека смее во темава, само ако сакаш да ми образложиш нешто. Знам дека си верник, зарем не сакаш во црква да се венчаш? Јас лично порано не сакав, сега сакам. Не свадба, свадба како свадба не сакам уште, ама венчавка во црква сакам затоа што ми е ќеиф да зачувам ете некои традиции, не дека нешто на бракот ќе смени истото. Ме зачуде со мислењево само матичар, затоа.
Порано сакав венчавка, ми значеше, нели како верник, ама сега некако не. После смрт на родител и некои тешки семејни ситуации, кој ќе биде покрај мене тогаш? Затоа не, се откажав и од венчавка.
Прво жал ми е за смртта, навистина не знаев Јас мислам дека тоа природно доаѓа кога го имаш "вистинскиот" до себе, нели. Уште сум на мислење дека бракот ни како хартија ништо не менува во приказната, туку венчавката во црква дава едно подлабоко значење на чинот меѓу мене и тој некој. А не сум некој верник, ниту имам партнер моментално. За свадби со зурли и тапани, ниту сум сакала, ниту сакам денес.
Не сакам свадби затоа што немаат логика. Кому му е гајле што некој/а роднина (кој/а сега дознавам дека постои) се оженил/омажила? Како да е некоја голема работа. Не ја сфаќам потребата од толку малтретирање и толкав трошок. Плус, младите што треба да си поминат најубаво ќе се прашуваат кога ќе заврши циркусот, бидејќи свадбите и наликуваат на циркус. Од некоја причина го свртуваш своето внимание кон две кутри души, кои веќе душа немаат од делење лажни насмевки и добивање чудни погледи
На секој му тешко за загуба на близок човек, посебно на родител, секој има тешки ситуации во животот, но тоа не треба да биде пречка да се венча во црква, секој си знае за себе и еден ден секој за себе ќе си одговара за себе.
2015 сум пишала последно. Јас уште неќам (голема) свадба. Неќам да сум центар на внимание, воедно немам толку социјална енергија за цел ден полн настани. Ваљда после мајка ми ќе треба да се справува со коментари зошто невестата била намрштена или дреми на стол. Матично + ручек/вечера со најблиските роднини и пријатели ми е поќе од доволно. Мало и интимно, не интензивно. Сакам традиции и сум апсолутно за чување на истите ама свадбарските традиции ми се од тие кои максимално ме заморуваат, а до сега не сум ни била невеста, само во блиските на младите шо се од утро до мрак таму.
Подобро помала свадба со најблискиот круг, отколку голема па сите да ве зборат. Претходната година бев на 3 големи свадби и сите 3 ги зборуваа (во негативен контекст). А и имаше за шро да се збори. Кај едната ептен слабо јадењето, кај другата тесен ресторанот, кај третата немаше никако расположение кај гостите, како со сила да се дојдени.
Со оглед на тоа што свадбите се трошок, не ме чуди што гостите биле нерасположени. Е сега.... Никој не те присилува да одиш на свадба, ама некој можеби не сака да одбие.
Како некој што правеше свадба, а изгубил родител… татко. Ќе ти кажам дека да, претешко ми беше, помислата и денот дека ете нема да е тука да ме изнесе од дома, нема да е тука да ги пречека сватовите, нема да има песна за него, ме убиваше. Се решивме зашто знам дека тоа беше една од најголемите желби на татко ми, да си ги види ќерките невести, па макар и од таму горе. И знам дека беше тој ден со мене, ме гледаше и плачеше сигурно, преемотивен беше, пре. Ама гордост негова бевме. Не се каам, ќе се каев да не направев.
Па подобро помала забава со 30-50 блиски луѓе. Убава музика, атмосфера и добра храна. Доволно е тоа. Ова со канење 200-300 луѓе па одење по невеста, па тропање на врата, сето ми е малку сељачки, старомодно, со сила и некако исцрпувачки за сите, и за младите и за гостите.
Naprajte si kako vi lezi na dusata mala li, golema li naprajte si go vasiot kejf i ne slusajte ostrana. Jas ne napraviv oti ja poslusav drugata strana, a od sekogas mectaev deka ke si oblecam vencanica bez razlika dali so 50 ili 100 luge.
Јас па жалам што имаше музика. Требаше само ручек да биде. Не сакам свадби. Прво требаше само ние, родителите, кумата и старосватовите. Ама ај да не чекаме гости на честито. И ги поканивме најблиските. Матично и директно во ресторан. Музиката беше желба на татко ми.