1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    Не сакам свадба затоа што во последно време имам впечаток дека свадбите кај нас се прават ради реда а не затоа што младите сакаат навистина да го споделат тој убав момент со најблиските.

    Не сакам свадба затоа што од кога го измислија ова со пишувањето на поканите -Сакам поклон во плик ! добив впечаток дека единствена цел на свадбата е да се присобере некој динар отколку да се прослави тој свечем чин.

    Не сакам свадба бидејки ме напињаат нашите обичаи.Знам дека е убаво да се направи,да се запази македонското ,но мене тоа зимање од дома со плех музика,праење бовчи и китење со злата и мал милион глупости кои ни ги носи традицијата ми идат на нерви .

    Не сакам свадба затоа што на свадба се вика мушка тетка од 15то колено кое што последен пат си ја видел кога си имал 1 година и не ја ни памтиш,но сепак мора да биде на свадба бидејки ако нема 150 души у ресторан од двете страни тоа не е свадба.

    Не сакам свадба бидејки нејкам да им го праам кејфот на тие мушки тетки со тоа што ке им оставам простор утре да ме коментираат како венчаницата не ми чинела,не биле удобни столиците во ресторан,не им се допагала храната , музиката била многу модерна и гласна па не можеле да трачаат во текот на вечерта.

    Најбитно од се,Не сакам свадба бидејки со тие пари според мене дадени за глупост,за една вечер во која невестата конечно ке добие потребното внимание и ке биде центар пажња, би отишла негде на страна со идниот сопруг и со најблиските кои би ми биле сведоци и би ја направила "свадбата" во странство.Најверојатно поред вода,каде нема да бидам облечена во некоја кичеста венчаница туку во некое лабаво фустанче,идниот сопруг нема цела вечер да биде стегнат во панталони и ципели и да се осека неудобно бидекјки цел живот е у патика и у фармерка,старосватицата нема 5 месеци унапред да мисли каков балски фустан да шие а кумот како кум он си знае најдобро што сака да носи. :D
    Толку! Ние 2ца и тие двајца пошо се сведоци.Друг не ми треба.Ставаме потпис и после тоа лабаво поролжуваме на вечера во ресторан поред море каде го осекам мирисот на вода и нежно ме милува ветерот.

    Дај боже да ми успее планов. :D
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.416
    Пол:
    Женски
    Јас сум си тип на човек кој сака свадба, е ќе речете што бара овде на темава оваа, бидејќи гледам многу нереални коментари, нема да прецизирам. Сакам свадба затоа што сакам да им го посветам тој ден на сите моите најблиски пријатели и роднини, да им подарам неколку часа забава. Според мене тоа е свадбата. Да им подарам на родителите момент кој засекогаш ќе го паметат, а богами и јас. Но не сакам свадба од која една недела треба да ги одмарам нозете, не сакам свадба од која една година ќе јадам леб и маргарин. Моите најблиски сакам тој ден да бидат ослободени од секакви грижи и само да се веселат со мене. За сите баби и дедовци, но по карактер не по години бидејќи сум решила да не ги малтретирам и да ги викам на свадба туку во нивно име да дојдат младите кои најпрво јас ќе ги познавам а после и ќе ми биде драго што се тука, значи за оние кои се по душа баби и дедовци за адет ќе има некое орце, некое чочече, за старосватицата Македонско девојче, за кумот Ќесето ти изгоре и уште понекоја стара македонска за време на ручек, потоа татко ми и неговите другари на кои брчките им велат едно но прстите не се даваат, ќе удрат по жиците и до крај ќе се свири добар рокенрол. Сите кои ќе дојдат ќе ми донесат некаков подарок, па јас на ним ќе им подарам внимание какво што заслужуваат. Токму затоа ќе имам свадба со 100 луѓе, не со 500, токму затоа ќе биде незаборавно, како што беше свадбата на сестра ми, малте не, на којаморам да се пофалам ја имам главната диригентска палка :lol:
     
    На ilipili, Snow-Queen, Miss.Ricci и 3 други им се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, до сите кои не сакаат да прават свадби... Како вашите родители ќе се „оддолжат“ за сите свадби кај роднини , колеги, пријатели кај што биле? Мене лично многу глупаво би ми било да одам на свадба кај некоја блиска другака или братучеда и , потоа да не ја поканам на мојата свадба... А и не сакам да им создавам непријатности на моите родители, на пример моите родители имаат многу големо друштво, во тоа друштво многу од нивните пријатели имаат ќерки кои сигурно ќе направат некои големи луксузни помпезни свадби, само за да се покажат пред народот , а и такви се по карактер. Моите родители, а најверојатно и јас самата ќе бидам поканета, како после јас да не правам свадба, како моите ќе се оддолжат? Или да не одат на свадба иако ги познаваат или зетот или невестата од пелени и се многу блиски со нивните родители? НА крајот на краиштата тоа е еден од настаните за кој од мали сме мечтаеле сигурно многу од вас го сменале мислењето откога почнале нивни блиски да се мажат па им се смачило им здосадило. Јас на пример 10 години не сум била на свадба и навистина ми се интересни свадбите. Од друга страна и да сакам и да нејќам да правам свадба, пак моите најблиски роднини 20 души, моето друштво 20 души, колешки и др блиски пријатели 10 души, друштвото на моите родители 20 души. Други роднини(чисто за оддолжување, бидејќи моите родители сигурно ќе бидат поканети кај нивните деца на свадба)уште 20. Колегите на моите родители еве уште 20, со некои се блиски, некои чисто за оддолжување. еве скала неќела без 100 души не сум :?: . И да направам само регистрација, пак кога тогаш ќе треба да им се „оддолжам“на сите овие луѓе или да не им укажам чест и да не одам на нивните свадби.
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Можеби затоа што немам излегувано по кафани ниту одено на настани што се одвивале во кафани, па свадбите ми се стварно интересни. Повеќето денес не сакаат свадба, и јас така до пред некое време мислев. Ама мислам дека ќе ми биде криво, ако немам барем дел од нашите свадбарски обичаи. Сакам од дома да ме земат за невеста (комшиите да гледаат и да коментираат колку сум најубава :wasntme: ), сакам да има веселба во ресторан со македонска народна музика (убаво си ги наброја Ангел), сакам чочек и играње на маса, сакам да има пристоен број на блиски луѓе и сите да се весели и убаво да си поминат.
    Не ми е за тоа кој што ќе рече, или да враќам гости или не знам што ти таму, само гледам дека полека изумираат обичаиве кај нас, има некои неубави (ставање пари во чевлите на невестата) ама и убави и сакам таква свадба да доживеам :) (освен ако некој се покаже фин, па да ни уплати романтично венчавање на Малдиви или нешто слично :wasntme: )
     
    На ilipili, Snow-Queen, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Мене ми смета тоа општо профатени мислење,дека сите жени сакат да се мажат,сонувале за тоа од мали незнам бели фустани,приц на коњ т.е по модерно во лимузина, јеа рајт |(
    Ете не се сите жени такви, сапрајс, сапарајс!
    Јас никогаш не сум сонувала нит посакувала.
    Ми се чуделе ме викале фрик,ама тоа е тоа што сум.
    Мене свадбите како настан ми се голем фејк, незнам не верувам одамна у бајки, така за мене свадбата со 500 луѓе сите насмеани, весели, убави, дотерани ми е еквивалент на бајка.
    За парите да не праиме муабет, сум пишала и во други теми колку сулудо ми е.
    НЕ ја сваќам свадбата за нешто убаво и интимно, зашто не е.
    Барем не на тие свадби што сум била.
    И кога некој ќе рече еднаш во живот е, па и еднаш у живот правиш многу работи.
    Еднаш се раѓаш, еднаш живееш.
    Животот е прекраток за да одаваме толку мислења и значење на само еден настан кој треба да биде спорем мене нешто многу интимно.
    Во модерното време бракот не е свето нешто.
    Со толку разводи и чуда, ретко кој више и се нафаќа на брак.
    Не дека го прифаќам тоа, и сметам дека не е океј што до толку се злоупотребува и погрешно толкува бракот, но таа чалма што се крева околку свадбите ми е ту мач.
    Мислам дека ретко кој прави свадба зашто стварно сака, туку зашто сите прават, па адет е или редот е.
    Времето со смени, така и обичаите и навиките.
    Јас сум тотално за мала интимна цереминија, и законски и духовно кој како си милува.
    Јас знам точно што не сакам, и знам дека никогаш нема да ја правам таа фамозна свадба, барем не така каок што многу сонуваат.
    Јас на 7г одини сонував да станам опасен адвокат и да ги бесам криминалците на плоштад :D
    Да тоа сум јас :D
     
    На Lolipop23, CameliaMiller, A-j-a и 3 други им се допаѓа ова.
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Очигледно живееш за други. А што се однаса за долгот, па долгот е исплатен со тоа шо ке стаиш некое евро внатре, шо ке потрошат на фустан одело нз шо за на фризура и сл.
     
    На CameliaMiller, elisabeta и EleMental им се допаѓа ова.
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Резервација во ресторан 6 мес унапред, поготово ако сакаш летно време свадба да правиш.
    Каниш 500 луѓе, како што ги пречекуваш се буткаш со сопругот овие кои се, твои или мои, пошто покането е се живо и диво, од тетки, стринки, комшии, пријатели на твоите кај кои биле на свадба на нивно дете пред 10 години, дури и колеги нивни од работа итн. нели они плаќаат.
    Три месеци ќе се спремам, ќе трчам за кеифот нечив да го направам, no way!
    После свадбата недела-две ќе ти горат ушите пошто гостите раскажуваат како си поминале, па почнуваат да оговараат како невестата на криво го погледнала младоженецот, како тортата незнаеле да ја пресечат, како незнаеле танго да играат, месото било старо, музиката врска си немала, само до пари им било дојдено од нарачка на песни, од типот спремај ме мајко на печалба или па ако имам гости од странство - иселеници, америка пуста да остане, одма преминуваме на иселенички џубокс, нели да се испочитуваат де од уџум дошле за свадбава!
    Кои се свекорот и свекрвата да ги видиме, лелееее како е облечена ау ау срамота жива се натнала во што прво и дошло!
    Вечерта после свадбата утепан, неможеш да стоиш, собираш цвеќиња и како си одат гостите раздаваш.
    Собираш пакети со поклони мислиш којзнае што си добил, тоа сервис за ручавање за 4 особи, па да биде уште потрагично, имаш 2 исти ха,автоматски едниот го чуваш за подарок на некоја свадба. Миксери, пегли, фенови, лажици, вазни, ма што се не си добил. Праќај по мајка ти свекрва ти да носи дома, пошто немаш кај да ги сместиш ти сите, па што ќе се користи си зимаш што не ќе се чува.
    За трошок муабет нема, да се спремат сите, одело, фустан, шминка, фризура, нокти, од музика дома кај младоженецот, па за храна дома, за украсување, китенки, бонбони, за во ресторан, па и таму музиката, па нели пари лепиме ако има и певаљка со нив комплетни да бидат.
    Одиме кај невестата, сите поднапиени доаѓаат прво за алкохол прашуваат како што е редот де по „едно“ ракииче, запотените се пресоблакаат, се бришат, невестата сирота срце ке и пукне чека врата да се бутка, пола од даруваните не се задоволни (секој за подарок не прашува), се вртат ора и чочеци по дома, комшиите - непоканетите да можат на прозор да ѕиркаат, во двор да е- лесно е, сите на ограда закачени! До ресторан патот огромен е, стигаш изморен, стоиш чекаш на кој му текнало на време да дојде или не, да се избацуваш, да се сликаш, секоја баба што ја знаеш и не ја знаеш, да те испошлапа.
    Се тоа, за нечив кеиф, еднаш син/ќерка, женам/мажам свадба мора!
    Ма нема шанси, свадба - Прослава со најблиските и мои и негови, матично неколку дена пред свадба завршено, во црква обавезно, после на фин ручек со виолинчиња, па на авион за некаде далеку! Наместо умор, медениот месец да го уживаме јас и мојот мистер сопруг. А и фина идеја слушнав пред некое време, со родителите наши и браќа-сестри, на одмор некаде заедно, па после терање меден месец! Истите пари се, само овде знаеш за што и кого ги трошиш, од мерак да ги дадеш и да не ти е криво и сите задоволни и насмеани.
    Ете така :)
     
    На babyblond и EleMental им се допаѓа ова.
  8. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Многу е интересен фактот што кога ќе се спомне свадба веднаш се помислува на мнооогу гости од типот тетки, стринки кои што сме ги виделе прв пат во животот и слични работи кои ги имате наведено, да не се повторувам.

    И тоа со право е така затоа што овде тоа е многу често застапено. Се земаат кредити за да се поканат 500 гости, затоа што не знам кој братучед од 5 колено на времето ги викале на нивната свадба нашите баби и дедовци и родители, затоа што мора да се покажеме дека правиме свадба и дека имаме пари нели да повикаме секој на кому сме му рекле здраво во животот и потоа народот да збори колку се’ било прекрасно и колку голема била свадбата.

    Еве јас сакав свадба и правев и ми беше преубаво, затоа што никој околу мене не беше искомплексиран па да повика луѓе што ќе треба да ги запознавам на свадбата. Затоа што ми беше ќеф да си ги викнам најблиските и заедно да го прославиме нашиот најубав ден.

    И јас сум против подарок во плик на поканата, па затоа не ни напишав, не сакав торти- фустани од “целофан“ со кич елементи, затоа избрав други материјали и модел. Сакам да кажам ако не сакате такви работи не правете ги. :)
    Ваш ден е, вие каква покана сакате таква ќе си изберете, вие сте невеста каков фустан сакате - таков ќе носите :inlove:

    Музиката не значи дека ако е свадба мора да се само ора, чочеци, гајди и слично. Ние имаме преубава македонска музика и народна и забвана. Може да се комбинира. Сум била и јас на свадби каде Шабан Шаулич и сличните пеачи беа 99% на репертоарот. Не беше убаво и не можев да се расположам. Ама на вашите свадби ќе биде вие како што и сакате.

    Ако вие сакате веселба со 50 луѓе, така и направете!
    Па и патување наместо свадба е убаво :) И тоа се незаборавни моменти.
    Едноставно правете си како сакате. :hug:
     
    На Snow-Queen, Miss.Ricci, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Еднаш кажав, ај уште еднаш. Како што кажа Ангел, никаде не пишува дека мора да биде се горенаведено... Мене ќе ме земат од дома бидејќи тоа е желба на вереникот, од секогаш му било ќеиф. Ќе имаме 120 гости, од кои 60 ни се друштвото и младите колеги од работа за кои секако би направиле забава ако не е свадбата, а останатите 60 се најблиските роднини со кои ако не секој ден, секоја недела се слушаме и гледаме. Пари по кондури, кокошки, незнам какви глупости нема да има ништо! Целата свадба од двете страни ќе чини 4000 евра, со се убави скапи поклони кои веќе им ги дадов за да не правам ни примопредаја на свадбата, фустанот, кондурите, шминка и фризура се ќе ме чини рамно 10 000, оделото уште толку. Во овие 4 000 евра се влезени и облеките за сите по дома ( мајка ми, брат ми, свеки, свекор ми, золва ми и вереникот), ресторан, убава музика и фотограф. Значи се! Јас и вереникот работиме на страна за странска фирма, и овие пари и вадиме за година и пол, значи доволно е оваа година што сме верени да жиееме само од платит, и немора за ништо да се тесниме ниту пак родителите да ни ја плаќаат свадбата. Дека ни е лесно не ни е, ама беше наш ибор да направиме наша свадба по наш ќеиф, да си ја прославиме десет годишнината со реално најбликите луѓе. Ако ова ме прави старовремска и затуцана, тогаш ОК, таква сум... :^)
     
    На ilipili, Snow-Queen, Miss.Ricci и 6 други им се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    babyblond не сме сите исти, немаме сите исти мечти и соништа, но разликите треба да се прифаќаат и почитуваат. Да се разбереме јас немам одбивност од свадби, или да сметам дека тоа е нешто глупо, лошо, селски или незнам уште што. Кога ќе ме поканат (ако си живееме, ако личноста заслужила) почитувам и одам. Е сега како тие што си сакале и си правеле, јас несакам и неправам и барам моето исто така да се почитува. Неможе се во животот да биде како први, така други. На сите свадби каде што сум била и јас и моите родители сме носеле пари, сметам дека бар така младите ќе си одберат, јас неможам да знам што им треба, па да ги прашувам, па да им е непријатно.
    Мислам дека ако си одлучил да правиш свадба тоа не треба да биде чин на возвраќање на услуга, или збирање на пари. Треба да биде веселба и неколку часа добра забава за гостите.
    Некој ми викаа *ај само така збориш, ќе видиш кога ќе ти дојде редот* епа не е така, еве мене редот ми е сега, значи сега или правам или не. Ние одлучивме скромен ручек. Поразговаравме со родителите, образложвме, они велат ваше си е, како ќе решите така.
    Дискусиите дали треба или не треба свадба можат да се водат бесконечно, на крај сепак секој за себе си е приказна.
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Сакам тој ден да бидам во бело, да бидам со оние кои ми се најмили и најблиски, а не со 300 луѓе кои едвај ги познавам. Сакам свадба, но на свој начин. Без адети, обичаи, бовчалуци други глупости. По невеста само родителите и сведоците(кум старосват), никој друг. Без кршење врати, без лепчиња, кондури пробување и слично. Матично во ресторан, кој стигнал стигнал, тие ќе видат коа ќе кажам да(ко да ќе им пропадне светот ако не видат). За црква искрено уште се мислам. Во ресторан, повеќе од 100 луѓе од двете страни заедно не сакам, претежно ќе бидат млади и повеќе да личи на хурче одошто на класична свадба. Ем волкот сит ем овците на број, ќе биде свадба, сите задоволни, а дали ќе им се свиѓа баш ме заболе.
    Ме нервираат типичните: Специјаленаленален поздрав од тетката од свирипичино со песната зошто си ме мајко родила.
    Нели тој ден е наш и треба да биде како што ние сакаме.
     
    На babyblond, Anouk и nena2010 им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.822
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    Јас сум мажена веке 2ипол години , но само се регистриравме , не правевме свадба , а и мислам дека во иднина не би.
    Како прво , овде во Гр каде што живеам, се е претеризам , адетите се исти како и во Мк , но премногу трошење на пари. Свекрва ми ми раскажуваше што се прави а јас ја гледав со отворена уста (нема такво смајли)
    Бонбончињата морале да се прават со незнам какви украси , па дури некои и сребро ставаат на нив. Потоа поканите една чини најмалку 2 евра , зависи колку украси ке има на неа. |( Фустанот за изнајмување (за еден ден) чини 1500 евра , а ако го купиш , најевтиниот што може да го најдеш е 1000 евра. Па ташни , па чевли , па за кумовите треба поклон нешто златно , прстени ли , златни ланци тракатанци... :| Па се плака во црквата 150 евра , па цвекиња во црквата , фенери м балони , украсување на автомобил ,мора на фризер да се оди на шминкер, а на фризер само 250 евра ке ти земат во ресторан најмалку 3000 евра треба да дадеш (добро зависи од гости колку ке има и колку чинат оброците) Сега кој колку може чергата да си ја испружи толку , но како што свекрва ми ме убедуваше мора така да се направи демек срамот е некои какви свадби правеле итн. Според мене е чиста глупост , па ете венчана сум ако сакам ке одам во црква ке иг соберам најблиските , ке ги однесам во ресторан колку да прославиме и толку. Сепак , јас не би правела ништо повеке. :x
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Да ве разбирам сите, ама никој не ми одговори за тоа оддолжувањето, што го нареков јас, ако не ги викнат кај вас пример, теретот ќе падни на ваш брат сестра да ги вика роднини и други луѓе блиски на фамилијата на нивната свадба, само за да нема лутење, или да се оддолжат. Или со време ,да му кажам на родителите, јас не прам свадба, не одете на свадба кај никој од сега па натаму. Познавам луѓе што правеа скормен интимен ручек за најблиските и после наредните 3 месеци не можеа да здивнат од гости сите роднини што сакаа му дојдоа дома , со поклони , со плоклони во плик како и да е, и пак не заштедија многу, пак мораш и така дома да ги почастиш , а и еве тие 3 месеци раат не видоа, од гости. Пак исто ги фати само ради тоа шо се правеа многу модерни . Јас сум далеку од мажачка имам уште многу време, ама како за матура, така и за дипломска овие 100тина луѓе ќе морам дали ги соберам, дали в кафана или ке прам помала свадба, па после сите дома ќе ми дојдат ,не знам. А ако правам нормална стандардна свадба со 200 души , сигурно нема да биди кич и не знам што со чаши кршење со од земја трескање, тоа не е до душа ни до невестата сепак е до менталитетот и општото воспитување до фамилиите на зетот и невестата.
     
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Одолжувањето е за старите, тие се тие кои се секираат за тоа. Арно ама, јас не придавам значај за тоа, секој прави колку има, е глупото е да кратиш пример едни си ги викнал со деца, други не, а иста е близината. Подобро викни ги сите без деца(не мали деца туку општо) или па викни само младите. Како дечко ми утре на свадба да викне братучед кој го викнал само него, без мене, а ме познава?????За да му се одолжи мора да го викне????
     
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Сакам свадба !. Ама не парада пијанство и кича :D . Сакам да го прославам тој ден со најблиските , пример мене другарките ми се поблиски од некои роднини кои ги имам видено 2 пати во животот . Отом потом кога ќе дојде тој ден ќе инсистирам да бидат најблиските .
     
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    море како не сакам :lol: само да дојде тој ден :inlove: како што пее сузана гавазова - што е свадба, права свадба ќе ви покажам :D е сега па и да не се претерува до толку со листа од 500 гости и фустан како торта,5 кила шминка и фризура како теткица,знам една девојка која се мажеше имаше 500 гости фустан,шминка и фризура претерано |( е тоа не е мој стил, јас здравје кога ќе дојде тој ден сакам да бидам нежна, сакам цела сала да биде украсена со стил, музиката ќе ја одбереме јас и мојот дечко, да не се закачи некој пијан па да ми порачува песни и да ги слушам цело време па да ми ја расипе свадбата тоа се случува само еден ден во животот,тоа е ден кога цело време ќе бидам центар пажња, тоа е денот на душата моја и мој ден - НАШ ДЕН, и ќе биде се како што сакам ја и дечкоми.од тој ден ќе бидам цело време со саканиот и дење и ноќе и да не прославам- море ќе играм нема да седнам :rock: ќе бидам највеселата и најубава невеста :makeup: :wasntme: невеста, само здравје нека дојде тој ден :inlove: па удри бригу на весеље :dance: :party:
     
    На Snow-Queen и Anouk им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Јас бев една од тие што викаа не сакам, свадба, не сакам да гледам луѓе што никогаш не сум ги видела, не сакам ова, не сакам она... Арно ама, дојде време за правење свадба, а тогаш сфаќаш дека не може тоа само туку така да се направи, ај ќе се регистрираме, една вечеричка или ручек и толку. А и исто така сфаќаш дека се радуваш, дека сакаш да го прославиш тој ден, еднаш во животот се случува. Не за џабе се вика, не знаеш кога си се родил, кога ќе умреш исто други ќе ти прават салтанати, ама кога се мажиш е твој ден и вреди како таков да се направи значаен. Е сега, пошто беше моја свадба ја си ја правев на мој начин, тоа што не сакав не се правеше, ама вечерта во ресторанот, кога ги видов сите собрани, сите пријатели, роднини, дошле да го прослават твојот ден, е тоа е стварно посебно чувство. Башка што никој не те тера да седиш со роднини што не си ги видел, ние не ни каневме подалечни.
    Денот си го добива значењето кога ќе се облечеш во бело, ќе го фатиш маж ти под рака, ќе речеш да...
    Јас сега можам да кажам дека тоа ми беше најубавиот ден до сега во животот, нема да ја заборавам топлината, радоста што извираше од сите луѓе, моментот кога ми го стави прстенот, кога го изигравме првиот танц... Се тоа се памети до крајот на животот. :)
     
    На ilipili, Snow-Queen, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    Баш во ова оддолжување е ступидноста на целиов муабет.ЗНачи дека ти би викала луге само затоа што твоите биле кај тие луге на свадба па сега ради тоа и ти ги викаш нив.Мене ми е тоа многу глупо искрено. Кога веке се прави свадба мислам дека тоа треба да биде затоа што сакаш таа личност да биде со тебе на тој ден а не за да и се оддолжиш затоа што ти си била кај нејзе и си ја ставила у трошок . Башка не сфакам зашто размислување да им кажеш на твоите јас не праам свадба па не одете ни вие.Ако јас некого викам на свадба тоа ни најмалку не значи дека очекувам утре да бидам викната кај него.Па се може да се деси.Ако се ипокарам со таа личност по секоја ли цена треба да одам кај него само затоа што тој бил кај мене па да бидеме на рамно со сметката ?

    Тоа е тоа што не ми се допага кај нашите свадби.Секогаш има некои такви очекувања.Носам таков поклон затоа што ти мене ми донесе сличен,те викам на свадба затоа што баба ми и дедо ми биле кај твој внук од 15 колено па сеа редот е на ти го дај ми го да праиме...

    Како и да е секој со својата мисла за тој ден.Сите знаеме најубаво што сакаме и како сакаме да го поминеме тој ден. :)
     
    На CameliaMiller, irena.1 и Rose96 им се допаѓа ова.
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    babyblond не одат така работите, ти кај мене, па сега јас кај тебе. Канењето на свадба не е ни обврска ни должност, туку желба и почит. Ти кога одиш на свадба носиш соодветен поклон за пригодата, а домаќинот ти возвраќа со добра храна, убава музика и атмосфера. И тука си веќе израмнет.
    А што ако твои роднини правеле голема свадба од 500 луѓе и канеле подалечна рода (меѓу кои си била и ти), а ти одлучиш да правиш свадба од 200 луѓе до прво колено да речеме, и тие не ти влегуваат во овој круг, зар треба да се навредат. Јас мислам дека не треба, зошто секој си ги знае своите можности и за колку луѓе може да плати. И никој неможе да ти се налути зошто не си го викнал, едноставно ти си ја знаеш рачуницата.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Без навреда ама стварно не можам да ги сфатам тие што не сакаат да прават свадба.....
    Тоа е ден кој се памти цел живот,нели секое девојче од мало вика Јас ке бидам ваква невеста јас ке носам ваков фустан итн.Сите тие адети кои за некој од вас се селски или невозможни се уствари наша традиција МАКЕДОНСКА. Самото доаѓање по невестата,венчавката во црква,и ред други адети се посебно значајни за нас а најпрво и за нашите родители,па која мајка не би сакала да ја види ќерката невеста....
    Е сега од финансиска гледна точка,ако стварно се нема пари за свадба тогаш е апсурдно да се позајмува па да се прави свадба.
    Зборот ми беше дека јас сум за свадба.... :)
    имам милион примери кои рекле "родителите нека ми ги дадат тие пари што ги планираат за свадба,барем да им видам аир" а не размислувааат дека тој ден е полн со емоции,кои со ниедни пари на светот не можат да се купат,и не можат да се доживеат секој ден....
    Сепак секој има право на избор,дали ке прави свадба или не,ова само беше моето гледиште околу правењеили неправење свадба
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.