1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Не дека сум ЗА голема свадба но сепак би сакала да го одбележам тој ден.
    Нормално дека не со 500 гости,со роднини кои никогаш не сум ги видела, но сепак со најблиските роднини секако дека би сакала да прославам. Ако ништо друго барем младите од секоја фамилија што ќе биде поканета да дојдат па да се направи забава а не класична свадба.
    Секако дека би била облечена во венчаница. За земањето од дома ќе дојдат само зетот и деверот и толку. Друг никој! Без триста адети...па пари во чевли па не знам си што...
    Сепак ќе има прослава. :$
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Зашо бе нејќете пари во чевли :lol: Знаете што пари ќе се изнасоберете :lol: Па и тоа бомбончињата делење, сто гости по сто денари, оп 10 000чиња, кој ви ги дава :rofl: Се шалам, тоа не би го правела никад, ама има адети што стварно пари и носат на снајка еј, види ти паметни нашиве предци :rofl:
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Значи темата е НЕ САКАМ СВАДБА ЗАТОА ШТО... и не ми е јасно зашто коментираат некои што сакаат свадба |( сфаќам дека секој има свое мислење ама има други теми каде што можат да си се искажат. И сите коментираат не сакам ваква свадба, сакам онаква итн. тогаш подобро е темата да биде Не сакам традиционална македонска свадба туку...
     
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    А до кога со стереотипиве? Последен пат кога проверив, девојче сум, а никогаш ниту сум мечтаела за бел фустан, свадби, традиции, салтанати.

    Свадба секако дека да, класична свадба никако. Под второво не подразбирам мажење во двокатен автобус/триумфална порта/галија во Вардар, ами настан кој ќе биде соодветно одбележан, без голема помпа и претеризми, и најважно, во договор меѓу мене и идниот ми маж.

    Јас на пример, не сакам да доаѓаат поворки за да ме земат од дома. Не сакам да ми играат оро пред влез и не сакам на памет да учам обичаи за кои првпат слушам. Непријатно ми е кога сум во друштво на непознати луѓе, значи и далечни роднини не доаѓаат предвид.

    Поентата ми е, воопшто не е точно дека секое девојче (треба да) сонува да стане невеста во бело. Да, можеби е еден од најубавите моменти во животот, ама не ме дефинира ниту мене како личност, ниту мене и идниот маж како пар.
     
    На CameliaMiller, Trendafilka, ljubam и 8 други им се допаѓа ова.
  5. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Неазнам јас излега сум изрод.. Во фамилијата како и обично се прават сите адети до детал абе нема тука бабите ке се насоберат слкдгнлагклг аааааааааааааа ббббббббббббб вввввввввв некој такви песни пеат -.- преглупо ми е..Па тоа со пари во чевлите офф лелее -.- жими мене!!! Или па она со бомбоните ала просење -.- нз глупо ми е мене..А па на последна свадба шо бев зетот беше американец значи незнае ни македонска песна ни оро ни ништо..и најглупо ми беше шо одвај оро стана да игра...Му пеат зете мили зете аа овој мртов ладен си гледа во телефон.. хаха зенам но јас никогаш не сум се замислила во бел фустан..Незнам момички на моја возраст одвај чекаат да пораснат да се мажат а мене сеедно ми е -.- незнам свадба..глупо ми е..ама и тоа со сдетите омг нема јас да се мажам..не не подобро стара мома ке си останам..:worried:
     
  6. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Свадба ДА, но само како збор, поим.
    Инаку овие циркузи што се случуваат за нашиве свадби е вееееј ту мач за мене.

    Јас свадбата би ја одредила вака: Најблиско семејство и најблиски пријатели, покрај некое езерце, на тревна површина, лето, надворешен амбиент, тивка музика, опуштена забава... НО, не сум само јас факторот тука. Така да штом си во таква околина немаш друг избор.
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Вики, реално да ти кажам сонце како мала и тоа мн мала коа бев, одвај сакав барбики, а не па да сакам и да се замислувам ко невеста. Ја незнам кога у мојот живот/детство сум помислила, WOW одвај чекам да дојде тој ден. Never!
    Искрено, да сакам да дојде денот кога ке го имам тој маж до мене и каде што со задоволство ке го земам и неговото презиме. Ама да земам да се клацкам и да рипкам и да гледам непознати луѓе околу мене па и не баш.
    Една вечера најблиските и толку. Глава мирна .
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    A бе вака, сите викате неќам свадба, пари требаат, глупости се тоа, па споредувате земање кредити за тој ден и гладување, а уствари сите сте се наканиле да правите свадба покрај езерце, со 20 најблиски(патем, јас не познавам фамилија што брои само дваесет души, можда во таков круг сум, па камоли 20 души од двете страни, хм, освен ако не спаѓаат во нив само по еден од куќа :?: ), со убава гозба, тивка музика и слично :?: Е како бе, кога во Македонија има само неколку ресторани што нудат и водена површина, или пак имаат дворче напред, во кое можат да сместат неколкумина, и баш замислете, имаат астрономски цени :^) А па да правиш дома, во двор, па ти треба кетеринг служба, па ти треба опрема, па камерен оркестар, кој може да ти наплати и дупло, зависи, па ти требаат осветлување и декор, ехее, триста „глупости“ кои нели ќе ги избегневте со самото тоа што не правите класична свадба?!

    Значи, ок, не сакате класична свадба со земање од дома, со чочеци и стринки тетки од 6то и 7мо колено, не сакате пунџи и тони пудра разлигавена, тоа добро, не сакам ни јас одредени ствари и безпотребен умор, арно ама не кажувајте дека е се до парите, зошто повеќето од вас беа за свадба од соништата покрај плажа која сигурно кошта и повеќе од три обични најобични. Даничап едино, не сакала помпезна свадба со цело село, и го направила тоа, кажала Да само пред нејзиниот животен избор и пред матичното лице. Се друго разјаснете си :)

    И да, јас сум од оние кои сакаат класична свадба, по моја желба и вкус, на радост на оние кои ми значат. :hai:
     
    На JuLleE, Doozy, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Најблиски ако се не значи дека бројката се заокружува на 20. Не знам каде прочита тоа.
    Темата е да си пишеш зошто не сакаш свадба. Јас кажав свое мислење. И само колку за информација блиски може да стигне и до 50-60 тина роднини и уште плус пријатели (зависно од тоа колку ги имаш), а не 200 од една и уште 200 од другата страна.

    А за гостите, преку цела година два реда муабет луѓево едни со други не сврзуваат, се гледаат со фамилија од свадба на свадба, никаков контакт, се одминуваат на пат или од култура едно здраво, како сте и сл., а на свадба први гости на листа. Мислам, малку глупо за мене тоа звучи. Порано кога имаше близок контакт меѓу роднини и пријатели, идење по гости, чекање дома гости, викенди и тн. кога се можеше многу работи да се дозволат, беше во ред свадба со повеќе гости, сите блиски се чувствувале едни со други. Денес првите братучеди не си ги гледам толку често (неколку пати годишно, нели сите со обврски), а не пак со останатите.

    И од секогаш било тој принцип ако ме поканил/а на свадба и јас ќе го/ја канам. Порано се викале затоа што биле други времиња, денес младите наплатуваат за тоа што некогаш нивните родители биле на свадба кај тие роднини.

    И уште нешто, потенцирав дека не сум само јас тука, свадба плаќаат моите, родителите на идниот сопруг, ќе се земат околностите и за тоа колкав ќе биде буџетот и се разбира да не излезат кавги на крај, туку да се најде споразум меѓу двете семејства и секој да си даде мислење и желба.

    Далеку сме ние и многу назад од тоа да си избереш венчавка како што си ја имаш замислено. Имам присуствувано токму на венчавка од сличен тип на оној што го напишав погоре, само што не беше тука во Македонија.
     
  10. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Не сакам свадба затоа што...НИКОГАШ НЕ СУМ ЉУБЕЛА СВАДБИ!
    Без разлика на материјалната состојба.Не зборувам од тој аспект.И кога не би имала и кога би имала милиони - моето мислење околу ова прашање останува исто.
    Зошто?
    1.Не ми се допаѓа идејата да шетам околу во бели чипки,преправена во нешто што не сум.Никогаш себе си не сум се замислувала во таква варијанта.
    2.Мразам исфорсирани забави каде сите се со вештачки насмевки
    3.Свадбарските адети не ги познавам
    4.Македонските ора не знам да ги играм и не се пронаоѓам во тоа чудо
    5.Свадба како настан не ме импресионира,едноставно никогаш не сум сакала да бидам дел од таков event.
    Еднаш одамна, кога го изнесов ова мое мислење пред една моја познајничка, добив презрив,да не кажам увредувачки одговор - Аууу, од кај си па ти, па да неќеш свадба?!!!
    Од Скопје сум.Тука родена, тука израсната.Сум видела како изгледа свадба,да!Ама, тоа не сум јас!
    Секоја чест на сите вас кои сакате свадби.Ви посакувам на сите свадба од соништата!
    Но, почитувајте го и спротивното мислење....на крајот на краиштата за тоа и е темава :)
    P.S. Како беше она...Секое тенџерче си има свое капаче.Епа, моето капаче не сака свадба :D
     
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Добро, а ако роднините не си ги видите на свадбата, тогаш кога ќе ги видите :lol:
    Во контекст на муабетов, сакам свадба да, и тоа класична, ама со мал дел адети. Сакам идниот сопруг да ме земе од дома, ова обавезно. И вака така од моја страна се собираат околу 100 души, роднини и од кај мајка ми и од кај татко ми заедно. А каде се другарките, каде се колешките, каде се цимерките... И од кај дечко ми толку (а да напоменам дека кај нив сите се канат со деца, повеќето кои правеле свадба до сега ги канеле и децата). Плус на дечко ми родителите немале свадба. Само матично и тоа било тоа. И сега кога ќе паднам на муабет со мајка му ми вели: Моите две снаи ќе имаат најубави венчаници бидејќи јас немав и знам како е. Цел живот и е криво на жената што не облекла бел фустан, а не па венчаница. Значи признавам свадба, класична свадба со максимум, преку сила 300 гости. За мене не е свадба кога има 600 - 800 души гости, а верувајте познавам и вакви што правеа свадба со волку гости. За мене ова е гозба, пир. Ама :!: не е свадба ниту со 50 гости, барем според мене. Значи, сакам умерено. И многу ме нервира кога некој ќе рече дека не сака на свадби тетки стринки и баби од не знам кое колено. Се знае, барем кај повеќето, кој се кани на свадба. Браќа, сестри и први братучеди на родителите. А што кога се на пример по 5-6 браќа и сестри? Нема да ги поканиш сите? Ќе ги поканиш. Ова зборам од аспект на роднини, секако тука се колегите, другарите...

    Ова е лично мое размислување и знам дека многу од вас нема да се согласат со ова. Ама јас се водам по онаа - само еднаш сум невеста и сакам да бидам невеста во вистинска смисла на зборот, да ги осетам оние моменти што ги спомена RainBow, радоста кога ќе ми го стави прстенот, кога ќе кажам да, кога ќе го одиграм првиот заеднички танц заедно со нашите најблиски, кога ќе ја видам среќата во очите на мајка ми :inlove:

    Да, сакам да сум невеста :D
     
    На Barbie20, Anouk и babyblond им се допаѓа ова.
  12. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Темава е Не сакам свадба затоа што... а не дека сакаш свадби има друга тема за тоа
     
    На sonce10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Еј па ако има тема таа кажува свое мислење , ако во секоја тема пишуваат истомисленци ќе нема простор за дискусија , се извинувам за офф топик
     
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Прочитај го и вториот дел од моето мислење. Таму објаснив каква свадба не сакам и зошто ;)
     
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Голем фан сум на свадби,можеби поради тоа што секогаш сум одела,и сум фантазирала како би изгледала во таков фустан,цела вечер во центарот на вниманиетото, бла бла
    Ама искрено попрво би ги поканила комшиите,одколку некои роднини шо никогаш не сум ги видела.
    Со нив барем секој ден се гледаш.
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Абе кај има свадби со 500гости? Тоа беше во времето на Бранко, кога беше поевтин животот :rofl: Денес луѓето и не канат многу, а и гостите не идат многу по свадби. Секој со своите желби и соништа. Јас од последниве свадби заклучив дека глупавите обичаи се стварно искоренети. Мислам, имам слика од свадбата на моите и татко ми накитен со пари и ќебе :tmi: а вие се буните за музиката :D И што така мали семејства сте :D па сега ги броев, од прво колено што се вика роднини ги имам 40тина :D
    Кај и да е и каква и да е, ваша ќе си биде и најубава да ви биде. И многу модерно понекогаш не е на арно. Сега прават некои свадби стоенки, до пола столчиња, за да стојат гостите да се мотивираат да играат. :tmi:. Тоа е исто како пари во плико, како да пишува на покана само за играње, ако имаш шината нога не си поканета уствари...и така
    Како и да е, да ни биде на сите убав тој ден и секој со своето задоволен :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    На беспарицава, најарно е да се седнат родителиве и да им се рече „По колку пари планирате да давате за свадба, дајте ни' ги на нас, ве носеме на частење кај сакате." Сигурно парите повеќе ни' требаат нам отколку на неколку маси луѓе кои 5 саати ќе јадат, пијат и ќе те оговараат... и тоа све на твој рачун. :D
     
    На sonce10 и SnowWhite91 им се допаѓа ова.
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Оооо и те како има свадби од 500 и над 500 луѓе. Член од фамилијата ми работи на место кај што се прават свадби. Кравче не по 500, ами од по 800 гости има свадби, и тоа често. И тоа не некој затуцани луѓе, туку богаташи, добро ституирани и разноразни парајлии. Местото не е баш за по евтинки свадби.
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^Абе ние за обичен народ збориме :D ако гледаме така, Амди Бајрам 3дена свадба правеше на брод :rofl: Тие таквите повеќе прават свадба голема колку да се пофалат дека имаат, отколку од мерак стварно за свадбата.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    ^чим више се фалат, на децата нека се пофалат, доста е ;) Ама кој младите да ги слуша :D
     
    На kravce и irena.1 им се допаѓа ова.