1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Не бе kravce, баш оти за обичен народ збориме. Обичниот народ прави големи свадби, ај да ги речам големи иако тоа е релативен поим. И тоа само поради фактот што ќе се труди да им угоди на сите, да не се посрами пред другите, да не биде утре тема на оговарања и муабети. Баш оној што нема ќе се труди да се покаже. Не за да се пофали, не за да се покаже пред другите, ами за да си го обели образот и да не биде утре ден тема на муабет. Тоа е нашиот закоравен и заостанат менталитет, што балкански што македонски :doh:
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Тема на муабет и така ќе си, дали по добро или лошо, или најлошо :D
    И не знам зошто мислите дека треба некому да се „оддолжувате“ за сите свадби на кои сте присуствувале (или вашите родители). Тие луѓе сакале тогаш да ве поканат, и тоа го направиле. Вие сте отишле - што значи сте покажале почит, а сте однеле и поклон, не е дека само сте ги искористиле за јадење и пиење нели?
    И што ако во моментот имам пари за само 100 луѓе, а сум била кај 200 на свадба? Дали тоа значи дека ќе треба да позајмам пари за да ги викнам сите за да не пукни срам?
    Јас не би, не знам за вас, секој за себе :)

    Ние свадбата ја направивме неконвенционално, во конвенционален ресторан :D Немаше земање невеста (пошто заедно си живеевме), немаше стандардна фото сесија, црквата беше стандардна, а ресторанот пола пола :D Матично имавме направено 6 месеци претходно, со фамилиите само.

    И да, на свадбата немавме „стари“, си ги викнавме другарите, пријателите и децата на старите, со објаснување дека „Само ограничен број и само млади ќе има“. Не допре до мене ниту едно негодување, можеби старите си го јадоа стапот, кој знае :D
     
    На kravce и Hipster им се допаѓа ова.
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846

    :rofl: супер баш ми се допаѓа како сте направиле
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Не знам тоа, јас од лично искуство зборувам :) не сум била на свадба што броела толкав број на луѓе, кој патем е огромен, ОГРОМЕН, не знам у кој ресторан ги собира :D може ги местат како сардини :^) па за да станеш од место треба под маса да лазиш :D Само знам дека од моја околина и пријатели и роднини, ако немале доволно пари крателе на гости, а не додавале само за да се покажат. А и дојдовме до некој период кога луѓето живеат програмирано дома-работа-дома и она оговарање по комшии е преостанато на бабите и дедовците. Јас се повеќе гледам свадби со 100тина луѓе и се намалуваат, па баш ме изненади таа огромна бројка од 400, 500. Селските свадби биле порано такви :)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.199
    Пол:
    Женски
    Не ми се свиѓа ова твое генерализирање. Јас сега баш имам многу пријатели, роднини, во тој период сум, што прават свадби. Сите си тераат свој ќеф, она старото баш почна да се искоренува. Мислам дека не сме веќе толку закоравени, затоа и не ми се свиѓа ова што го кажуваш.
    И не се веќе толку големи свадбите, такво е времето, луѓето повеќе гледаат колку можат да си дозволат, еве на последниве пет-шест свадби немаше толку луѓе, беа поскромни. Вие сите што пишувате тука против свадба го изоставувате најважниот дел, прославувањето на љубовта, се сконцентрирате само на тоа дека сите сакаат да се фалат, да се покажат, бла, бла, кичерај не знам што, ама не е така.
    Сепак, кој како сака, така си прави. Тоа си е наш ден, па ако не сакате да ја споделите среќата со другите, не сакате да имате нешто за паметење ваше си е. :)
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Има, има се уште и такви свадби :D конкретно за свадбата од 800 гости што ја споменав, цела таа „драма“ се одвиваше во Скопје и тоа не од луѓе кои имаат многу, туку просечни луѓе, со просечни примања. Јас лично не бев, ама моја блиска личност беше :D информации од прва рака :D
     
  7. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Не сакам свадба затоа што за џабе ќе арчиме пари. Со тие пари со сопругот ќе си одиме на некое патување. Само блиските би сакала да ги почастам, нешто како слава, роденден.

    Порано правеле прослави и викале луѓе што два пати во животот ги имаш видено, роднини, баби дедовци што пред лопата на гробарот му бегаат и веза немаме кои се, ама битно ги викнале и дошле на свадба . |(
    Дефинитнвно и ако веќе напињаат родителите за свадба ќе има строга селекција на луѓе. Максимум 100 луѓе ( по 50 од мене и него).
     
    На elisabeta и ancetupance им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.199
    Пол:
    Женски
    А ти врз основа на таа една свадба го категоризираш целиот македонски народ како закоравен и заостанат? :)
     
    На kate21 и elena.mak им се допаѓа ова.
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Не. Само дадов еден пример дека се уште се прават такви големи свадби. Тоа е за мене голема свадба, а не свадба од 200-300 луѓе. За мене овие вториве се нормални свадби. Кажав и дека свадба од 50 луѓе за мене не е свадба. А да бидеме реални, и тоа како сме далеку далеку поназад во менталитетот од другите.
    И не генерализирам, нормално дека има исклучоци, ама во глобала тоа е мислењето на повеќето во Македонија. Почитувам и други мислења, ама моево не го менувам и цврсто стојам зад него ;)
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.199
    Пол:
    Женски
    Значи, поради тие ненормално големи свадби, кои се и премногу ретки, ти мислиш дека сме закоравени и не го менуваш таквото мислење.
    Ок, само да сме начисто. ;)
    И се надевам дека сите тука што сте набројале разно разни причини зошто не сакате да правите свадба, ќе пишете како поминала истата некој ден. :)
     
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Реинбоу не мислам така само поради овој пример што го кажав погоре, верувај. Од секој можен аспект го формирав тоа мислење, гледам што се случува и како се случува.
    Уживај мила ;) го почитувам твоето мислење, иако еве донекаде не се совпаѓа со моето.
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    ^Реин во едно не си во право, не би рекла дека тие помпезни и големи свадби се ретки.
    Т.е незнам за вас што е голема свадба, не констатиравме некоја рамка за мала и голема.
    Да тоа е релативно, но сепак има некој општоприфатен стандад нели.
    Мене голема свадба ми е се над 100 луѓе.
    И не ми се допаѓа, и се надевам дека нема да правам таква зашто навистина несакам.
    Несакам ни да играм оро, па пред влез боже сачувај, нит од дома да ме зима,нит да се буткаат врати, ништо несакам. Едноставно тоа не сум јас, не сум таков тип на човек кој сака традиција и традицинални работи.
    Свадбите одсекогаш се правеле искрено не само за веселба,туку и да се покаже на народ дека се има пари,да застарено мислење е ама не и искреното.
    Уште се прават такви свадби, сум била сведок на една таква, врст 5 аурс оф мај лајф.
    И да се разбереме, не го пишувам ова за некој да се навреди дека тоа е нешто грозно, не е, ама не е ни по мој вкус ни по моја желба.
    И на другите девојки гледам не има барем 10тина.
    Глобализацијата и модернава технологија донесоа многу алтернативи и многу нови начин на прослава.
    Не мора да значи ако не е традиционално е лошо или не е достојно.
    А за парите да не праиме муабет,пак ќе кажам, мене ми е претеризам, многу непотребно потрошени пари,за мене. И не, гајле ми е дали ќеми донесе свадбата други пари и вредни поклони, ако праите свадба за поклони и за пари, поарно ич не правете.
     
    На drugarka, Mishela, Lola-M и 3 други им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^ Без оро на улица :o молим ви се, дедо ми на сите внуки пред мене тапани им викна, да го поживее Господ и јас да си дочекам :rofl:
    Се тоа си е личен избор и мислам дека нема потреба од конфонтација, зошто некој би правел нешто што не го прави среќен, за да ги задоволи другите? Има време, здравје, дур да се испомажиме (ако се, оти едно време не ми се ни мажеше :D ) којзнае колку идеи ќе смениме. Јас барем немам никаква замисла ниту пак размислувам на таа тема до детали. :^)
    Ај на ви една за смир, и турете по една чашка ракија :wasntme: :D
    http://www.youtube.com/watch?v=I_juk-Hhjrc
     
    На ilipili, Snow-Queen, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    ^ Да де баш така, не дека и јас немам некоја посебна замисла,ама знам што не сакам :rofl:
    НЕзнам што сакам ама знам што не сакам ]:)
    НЕзнам дали било нагласувано таа свадба посебно од братучетка ми која нејзината свадба ја направи како незнам каков догаџај на планетава, па така и можеби имам одбивност од тогаш.
    И сум видела што е гадзила брајд, па малку ми е страв од таквите :D
    И тоа што викаш, да не не се мужиме на крај, па да не биде џабе смо се надали :rofl:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.199
    Пол:
    Женски
    Па дискутираме само, нема потреба од ракија се уште. :rofl:
    Мене нормална свадба ми е околу 200 луѓе. Зависи сега кој колкава фамилија има, па колку се бројат најблиските. Ако мајката или таткото има 6 или седум браќа и сестри... свадбата е веќе голема.
    И да се разбереме, ниту јас не ги сакам адетите, гледав да бидат минимални, а и вие ако не сакате не мора да ги правите. Ама, дали сакате некаква свадба или никаква свадба? Пошто темава е не сакам свадба, значи не сакате никакви салтанати, сакате само регистрација и тоа е тоа.
    И да, се согласувам со Кравче, ќе ви се смени мислењето додека дојде времето, иако сега сте убедени дека тоа нема да биде, ама се си има удел, времето, момчето, фамилијата...
     
    На Snow-Queen, kate21, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    За мене СВАДБА е тоа баш свадба со по 200-300 луѓе и јаче.
    Инаку другото е интимна веселба.
    Што знам, 50 души од по двете страни, е некоја си интимна веселба.
    Значи сум за некоја си веселба, па мора да го покажам фустанот после тоа малку да го размрада гзот :D
    И да ракија ќе има,сигурно! :!:
    Уште на почеток по една, ете ми традиција, ракија, бест дринк евер 8)
    Aко нема ракија за невестата нема сваба,ќе му бегам :rofl:
    И музиката тотално ми е различна замисла ама тотално!
    Кај ќе најдам само саксафон, гитара и усна хармоника у бенд незнам, ама ќе се снајдам.
    Ако дојде време де,ќему ја мислам,млада сум,барем за брак не сум созреана.
     
    На Doozy и kravce им се допаѓа ова.
  17. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Сум била и на свадби со сите можни адети од утро до мрак, и на посовремена варијанта, свечен ручек и коктел забава. На вторава невестата воопшто не носеше ни бел фустан туку нешто праска/шеќер нежна пастелна. Убаво сум поминала и ваму и таму, но вторава опција ми беше многу поубава и повкусна. Немаше шеснаесто колено роднини што ги гледаат вторпат во животот младенците, буквално најблискиот круг роднини и пријатели и немаше ни стотина гости.

    Свадба од 500 луѓе не е свадба, како и свадба од 50 луѓе не е свадба, нема апсолутно никакво значење за луѓето кои решиле да ја прават таа свадба. Ако сакам да викнам 20 луѓе, толку ќе викнам и ќе се омажам и да, ќе се вика свадба.

    Лично, не ми се допаѓаат оние "пепелашка" фустани со градите притиснати во корсет до брадата. Не ми се допаѓаат ората од моја соба до пред пред влез/куќа. Обичаите иако повеќе пати сум ги гледала, ниту ги знам сите, ниту па имам желба некоја. Што е до мене радо би пошла во матично во панталони и сако. Би си го прославила денот со луѓе што ме сакаат и ги сакам, не со пријателка на пријателка на стрина. Моите се земени пред сто години па далеку пред нивното време беа со свадбата, ни помалку ни повеќе него диско место кафана. Ѕверови, секој пат кога ја гледам свадбата ме расположува, цело друштво, огромен куп насмеани и среќни млади луѓе, торта огромна. Толку искрена емоција јас немам видено на ниедна свадба досега, како на една обична видео лента.

    АКО се мажам, би направила свадба, но не во конвенционална смисла и минус најголемиот дел од вообичаените работи.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^ На една свадба кај што бев, кај невестата пред врата стоеше татко и и од исто шише на сите им нудеше ракија...и сите си пивуцкаа :| од шишето :| не дека има врска со темава, ми текна уз муабетот :D Нека не биде толку на почеток ракијата, нека седнат луѓето, дајте им чаши :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Порано како помала си замислував дека еден ден ќе правам свадба, ама со текот на времето (последнава година поточно) се откажав од таа идеја. Летово бев со момчето кај негов другар на свадба. Гледајќи ги сите траканици, му шепнав на дечко ми: Знајш шо, и јас не сакам свадба. (и тој: told ya! :D) Aма сепак има некои работи кои сакам да ги направам: да се венчаме во црква, да носам невестински фустан (складен, фин и елегантен), да се собереме 50 луѓе вкупно од двете страни и да се почастиме во некој ресторант фин и мал и утредента некаде на одмор да си шибниме само ние двајцата.

    .
    .
    .
    .
    за неколку години ќе ви пишам шо ќе биднит и како ќе биднит :D
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    ^Ќе мијат чаши па и ти, вака на шишето, башка ако е домашна немаш гајле сама си праи дезинфекција :rofl:
    Се пресмеав хахахха :rofl:
    Свашта има, некои се стварно претерани,ама препретерани.
    Читам некои си китенки што праат јас несфаќам зашто им се, од која корист.
    Али добро, секој со свои верувања и свои ставови.
    Мене само едно ми е апсурдно,што девојки во 7-8 месец прават свадба и тоа онаа свадба што трае 6-7 саати со сите салтанати и незнам со кој памет ги тераат со сила,а ги тераат :tmi:
    Се гледа дека одвај стои мачно и е,ја тераат да игра и да се качува на маси.
    Е тоа ми е претерано.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.