Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мене ако ми верувате, најмногу ми е страв музичарите да не ми ги утнат песните кои сакам да ми бидат на репертоар. :worried:
    Малце сум крипи по тоа прашање и многу сум пребирлива кога слушам кавери на омилени песни ( а такви има многу :D ), крај краева ќе пуштам ЦД со сите на број и оригинал си е оригинал.

    Најсериозно, такво сквернавење на песни само на свадба го има. Па импровизација од завивање, заборавање на текст, јас се нервирам бе луѓе, перфекционист сум што се тиче музика и стихови, мора точно од збор до збор да се знае песната.
    Кај поима немаат од музика овие најчесто повикувани на свадби, па и скапи се мајку му. Од 400 евра нагоре, судејќи по темиве за свадба. Ар ју крејзи ?!? :o


    Од тоа најмногу се плашам, за друго ќе се снајдам. :rofl: Има мноооооогу работи што не сакам на свадба, и јас знам точно што не сакам. Најсериозно не се ни замарам со планови оти глупо ми е, да не додавам уште некој збор да не се најде некој навреден, имам попаметна работа во животот од тоа китенките што форма сакам да имаат. :rofl:
     
    На crazylady, green.eyes, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Е добро сега, ако веќе се сметаат Македонците кои си ја почитуваат традицијата и обичаите закоравени, тогаш што да се каже за оние кои уште посовреме си припишуваат пропало на сопствените бракови, демек современ свет, модерни времиња, и оп, разводи на сите страни, па ете ти џокер во ракав зошто да не правиш свадба :?: А бе ептен се генерализира :^) И искрено, споредбата свадба, односно тој свечен миг на крунисување на љубовта на младите во црква и матично и роденден/слава/именден и слично, ама ич не се совпаѓа :!: Ве сфаќам која ви е замислата, значи без тетки стринки и непотребни трошоци доколку не сте во можност само за да се оправдате пред оние кои веќе ве поканиле на свадба, ама реално, тоа е посебен миг во животот, посебен ден на кој секако сакате да се сеќавате со насмевка на лице :!: Побогу, барем секоја втора од вас еве тука на форумов сум ја прочитала како е благодарна, разнежнета и среќна што некој на кој не би ни помислила и честитал роденден, или еве ние кога тука си упатуваме честитки :?: И сега демек свадба не мора, демек нема да се радувате кога ќе ви честитаат и ќе бидат среќни за вас :?: Па било да е споделен само со најблиските, било и со стомина :) Во ред, не велам за сите, и воопшто постов не ми се однесува на било која од вас, зборувам општо, ама од сите мислења досега, дали две од вас реално си зборнаа дека свадба за нив е бесмислено нешто, другото е се ама не, ова кошта, овие ќе ме оговараат, оние вака, дури и како што рече некоја, сите ставате на тапет она што не чини, а не она што е навистина за тој ваш ден.
    И искрено, се ќе сфатам и разберам, сите немаат можност, некои навистина и немаат желба, ама мене лично би ми било навистина жал да од чиста мира фино лепо си заминам од дома по тренерки, па да спремам свадба само за на документ, а баба ми сирота со нејзините скоро 90 години да не ме види во невестински фустан и да не ми тропне со раце на музиката |( И да не си ја израдувам сопствената куќа која дваесет и кусур години ми пружала топлина?! Недај Боже да не може!

    Патем, модераторот на темава нека одлучи, ама мислам дека е добро да има и мислења „зошто да...“ и „зошто не...“ чисто за да се има дискусија и споредби. Одамна не сме имале дискутабилна тема, макар и смотана ко оваа, да не мрчите после слабо се реметело на форумов :D
     
    На ilipili, JuLleE, vlubena и 2 други им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Ви ова озбилно :^)

    Еве ви жива истина...
    Блиска роднина се мажи и тоа за турчин. Веднаш да си кажам дека зетко е во буквална смисла цар. Додека старите нагодуваа како ќе биде, па што ќе биде, па како ќе комуницираат гостите и остали непотребни нервози, зетко без ничие знаење уплати на Карибите. Си ја зема невестата под рака, авион под газето и магла. Сите останаа со подотворена уста и не зуцнаа ни збор. Тоа беше нивен избор.
    То поштуем :)

    Мое искуство - Со оглед на тоа дека претходно бевме регистрирани и живеевме заедно и не сакавме типична свадба од одење по невестата до сите адети. закажавме само црква и кафана со 150души (вкупно од две страни) најблиски млади. Не теравме род по колена :D туку по оние со кои комуницираме, живееме и поштуваме. И да, ни свиреа другари кои ни го знаеја вкусот на музиката :!: без срцепарајуќи песни.

    И не сакам свадба за да биде ,,леле боже што ќе кажат комшиите,, туку затоа што сакав да биде на мој начин и стил ;)
     
    На ilipili, Lola-M, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Како мала, многу сакав да одам по свадби. Посебно ми беа убави венчаниците, како и секое девојче замислував момент како и јас ќе носам еден ден. Ама никогаш не сфатив каква точно би била мојата венчаница од соништата :!: Со тек на време, дојдов до ситуација, односно мислење, дека свадба е една од работите која најмалку ја посакувам. Доволно ќе биде да се регистрираме во матично и да одиме со најблиските максимум 50 луѓе од двете страни на вечера на некое убаво местенце. Јас лично не би викала на свадба пријатели и роднини кои ги гледам само на свадби и погреби......На чинот „матично„ јас лично би викнала само најблиски роднини (сега ги броев, 25 се) и евентуално 2 другарки. Т.е. барем една мора, старосватицата.......А за останатите луѓе кои ми значат мене и на мојот евентуален иден сопруг, би направила една журка. Е за ова единствено ми доаѓа кеиф да се мажам, за ништо друго! Би изнајмила дискотека или ноќен клуб, нешто малку храна за боцкање, многу повеќе алкохол :D , и нашите омилени луѓе со нас. Колеги, другари, пријатели, братучетки.......И журкање на музика по наш вкус додека не' држат нозете.
    Ова е мојата замисла за „свадба“, ако може така да се каже.....се разбира, доколку некогаш воопшто се случи нешто такво некој ден во мојот живот :^)

    Свадба не сакам затоа што како прво, не сакам на тој ден да ја делам радоста со секого. Доволни ми се оние луѓе кои ги гледам секој ден. Сакам да ја споделам радоста со нив, и никој друг. Не сакам да носам венчаница, о боже какви венчаници гледам во последно време, не можам една минута да издржам во такво нешто :| Свадба не сакам затоа што не сакам, ама стварно не сакам да бидам во центар на внимание на +300 луѓе од кои само 50 сакам да ги гледам во моментот :sweat: Не сакам свадба затоа што сум тапа за играње, не сакам оро, не сакам да играм напред....Тапа сум за играње скроз на скроз, нема да се снајдам во улогата на класична невеста :worried: Друго е вака журка ако се прави, на такво нешто можам да се снајдам со играње, навикната сум од порано :D Со орцата одамна се скаравме. (На секоја свадба се трудев да научам пајдушко, ама не го контам дефинитивно, и се откажав пред неколку години :D ) Не сакам да ме земаат од дома, о тоа никако. Не знам зошто, мене тажен ми е моментот, и знам дека ќе плачам во моментот. Па уште оро пред влез и околу зграда.... :o Не, не сакам. И не сакам свадба затоа што има премногу замарање и малтретирање за само еден ден. Не сакам јас да се малтретирам, а моите најблиски уште помалку. Сестра ми правеше класична свадба, со многу гости, со одреден број адети....и не фала :D Мислам, супер помина свадбата на сестра ми и зет ми, со две раце потпишувам дека нема да присуствувам на свадба на која зетот и невестата повеќе играле и се радувале на својата сопствена свадба од нив....ама не фала. Ми помина времето мене кога сакав свадби и помпезности.
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас сум кажала, додека не слушнам зурла, додека не се заигра во наша чест не се мажам! :!:

    Не стварно, колку ми се можностите толку. Меѓутоа сакам традиционална свадба, сакам луѓето да се веселат таа вечер за мене на македонски традиционални песни, без чочек не ја бидува работата ич! (За во црква не ни споменувам, без тоа нема шанси)

    И сите што зборите кичерај, па непознати роднини, па дрн дрн. Едноставно не повикувајте некој со кој не сте блиски. Не сакате Шабан да го слушате, едноставно е ќе си нарачате музика со одредена содржина и нема да се свири Шабан или Шемса. Нешто што останало од порано, нешто традиционално да не го направам? Мене ми прави ќеф.

    На една свадба кај мој братучед на сред веселба традиционално облечени свирачи со зурли и тапани влегоа во салата. Кога ја засвирија, кога пушти глас зурлата, па душа да ти се наполни до максимум.
    Јас многу ги сакам традиционалниве работи, да ме земат од дома, па да не го пуштаат на врата.. Сето тоа е уживаницја бре какво замарање што ви е. И ако ме боли мене што ќе кажат другите, колку луѓе ќе сум викнела, подобро ич да не се мажам ако е така. Ќе викнам колку што сакам, ќе се облечам како што сакам и ќе уживам кога ќе ги гледам другите како се веселат во мое име.

    Едино, ако не сум во можност да си дозволам таква свадба(финансиски), ако мора да земам кредит за да направам свадба, е тогаш е друго, тоа не би си го дозволила.

    И не е тоа една кичерајска вечер како што ја нарекувате, тоа е вечер кога две заљубени души почнуваат нешто заедничко, а сето тоа сакаат да го споделат со најблиските. А ако тоа вклучува и роднини кои не ги познавам, па ете ми причина да ги запознаам подобро де, можеби од тој ден ќе се сменат работите :)
     
    На sweet-star, ilipili, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    татко ми има 2 браќа и една сестра, мајками има 4 сестри и еден брат така да сакала неќела јас ќе имам голема свадба, роднини имаме еден куп :D кога ќе се собереме ќе биде интересно па јас само за матурска имав 70/80 души не па за свадба :lol: сите личности што ги сакам до мене и со нив да го славам најубавиот ден во мојот живот, па нема поубаво нешто од тоа тоа се најважните моменти за паметење :inlove:
     
    На Miss.Ricci и RainBow им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Jaс па многу сакам традиционална,голема,македонска,со сите салтанити свадба.
    Таква и си направивме.Пред десет години беше,ама да правам сега ,ништо не би променила( само Љубам само би ја повикала да ме слика).

    И сите песни, И Церешна се од корен корнеше(колку и да е тажна,пак ми е дел од традицијата),и сите ора(некој овде тоа го нарече чудо :o ),и сите обичаи,буткање на врати,кршење погачи и сл.-се ми е тоа симпатично и убаво.

    На последнава свадба бев кума,кога им викнав на тоа трубачите да ми свират ,,Врана коња јавам јас,одам по невестата" .Младенците беа нешто постари од мене,заедно живееја,па сепак не отстапија од тоа да направат традиционална свадба.Но тоа е сепак прашање на вкус и начин на живот.

    И сакам да споделувам радосни моменти.Нели имаше некоја поговорка,споделената радост е двојно поголема.

    Единствено нешто што не ми се допаѓа на свадбите, е претеризмот, изобилството на кич и синдромот на ,,видејте ме".

    A како eдинствена негативна придобивка од свадбите се болни прсти и отечени табани(кој колку е по играњето,јас за мене зборам).
     
    На Miss.Ricci, Veki4kaa и Nati.P им се допаѓа ова.
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Мразам лицемерие. Глупаво звучи да, но зошто толкава узбуна за ништо. Да канам некој што не ме видел од повојница, се до покана за свадба скоро и заборавил дека постојам? Не. Како што прочитав погоре, мора ли да да се стави потпис некаде за да се основа семејство? А бурната прослава (со тресење сало, цицки и тако даље) после потписот, ќе го направи брачниот живот подобар?
    Доколку ми светне, тоа ќе биде интимна вечер, со помалку од вкупно 50 гости, само најблиските. Тивка музика во позадина, малку храна и среќни лица.
     
    На tinka-mace, crazylady, softy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Колку сакав таква свадба ама не се прашував јас се надевам ти ќе ја имаш
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    А јас да ви кажувам дали сакам или не сакам,а? Или ќе погодувате :D
    Ееее дали од прва или од 3 пати да погодите....ај ај од прва.
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сакаш ! :D
     
  12. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Несакаш дефинитивно :D
     
  13. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Неееее несакаш :rofl: се надевам ќе ја имаш набрзо твојата венчавка од соништата :)
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    :clap: за одговорите

    Хахах се разбира дека сакам. Сакам тој ден да е наш ден, сакам тој ден да биде посебен, да бидам принцеза (не во смисла со пепелашка венчаница и дијадема на глава), важно е само моето војниче тој ден.
    Сакам да се подготвувам, китеки бонбони се...и со мојата сестра и братучетки мама и баба/тета, па и свекрва ми јатрва ми...да пееме ид а се смееме а не живци да корнам, ако е за така ич не правам свадба.
    Сакала неќеле околу 100/120 гости од моја страна и уште толку од негова (толку имаа и за кај брат му) и тоа само најблиски :!: ете ти 200/240 гости. Сакам тие луѓе со кој ќе се веселам тој ден да знам дека навистина се веселат и радуваат а не дека се дојдени заради јадење и пиење.
    Сакам тато да ме види во бело, да ме изнесе од дома. А не како бегалка без оро....па и сите комшики нека видат што значи весела и убава невеста, а и зетко прав муж....сите роднини мои и негови нека видат што значи ЉУБОВ :inlove: толкава врска мора да се прослави на special начин.
    Сакам да уживам ... и ништо повеќе ... е за тоа сонувам.
    А тоа што јас како девојка имам замисла незначи дека тоа е некој си луксуз. Туку тоа се оние мали работи кои мене ме прават среќна. :)
     
    На despin4e05, Sweetheart87, MarcheloGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Ја утна темава ,пошто темава не е да кажеш зошто сакаш свадба,туку зошто не сакаш
     
  16. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Убаво велиш, се е прашање на вкус и начин на живот!
    Мене да ми викнат трубачи пред зграда и ,,коњи јавам по невестата,, - ќе се забезекнам :D
    Ем песниве не ги знам, ем не знам да играм оро...А и не сакам,бе |(
    Плус го замишљам мојов, костумисан целиот, му иде сакото да го искине и си пцуе у себе :D
    Еднаш да се погледнеме- и готовоооо!Фаќаме магла од таму!И ете ти свадба за паметење :x
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Не не е утната :) хахах. Ако се погледне од друга страна, погодена е темата.
    Наведенот се причините поради кои неможам да не сакам свадба :D ;)
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    elisabeta изгледа дека сите што коментираат овде ја утнале темата |( |(
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.170
    Допаѓања:
    81.691
    Пол:
    Женски
    ... затоа што реално, поимот свадба не ме асоцира ни малку на нешто што ми е по вкус, ами на огромен ресторан, многу пиење и пеење и многу бабиња, дедовци и останати човечиња од 65-то колено кои прв пат би ги видела и голем невестински фустан и слични тракатанци од тој тип. :yawn:
    Шала на страна и секој за себе и со своите желби нели, ама јас ич не сум од тој тип да дигам раце во кафана, да носам венчаница и да се замарам со сите тие адети и салтанати кои треба да ги има секоја свадба.
    Дури и никогаш се немам замислено како невеста. Бре, големото достигнување во животот на една жена - да облече бел фустан. Никогаш не сум ја сфатила оваа филозофија и би сакала да ме поштедат од објаснувања зашто ќе бидам глува за истите. Што и фалело на мајка ми што си била во обичен долг фустан и што направиле скромна собиранка, нетипична за тој период, да не случајно нешто и' фали сега !? :)
    Едноставно не уживам во веселби од тој тип, па колку и да сака нека е модерно спремено и опремено.
    Мене тоа не ми е убаво и не дека не би сакала да си го прославам денот кога со мојот партнер ќе си го кажеме судбоносното „да“, ами кога веќе би го правеле тоа, би било без сите тие горенаведени елементи и на скромен и поекономичен начин.
    Не ми требаат мене тетки на тетка ми и стрина на мајка ми и втори братучеди со кои си немам разменето ниту едно најобично „здраво“ да ми играат на свадба и да се веселат со мене.
    Тоа ми е интимен чин за најблиските и сметам дека и до тоа ќе се придржувам кога еден ден ќе треба да правам прослава од овој тип.
    Моите, неговите, најблиските пријатели од моја и негова страна, најблиските роднини и тоа е тоа.
    По салтанатите во црква или какви и да се церемониите и во матично, правец ресторан на частење - малку хаха-хихи и чао пријатно. Ако се има средства, пре би направила некое патување низ Европа или прошетка до некоја земја по која одамна сме пекале со идниот ми сопружник, него ли да се акаме по ресторани и да бараме кој/а ќе ни пое на свадбу.
    Не сум јас за хихириху по класична македонска свадба, не благодарам. :whew:
     
    На Lolipop23, popi, doubleinfinity и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    25.762
    Пол:
    Женски
    Во однос на ова прашање имам поделено мислење.
    Некои работи сакам, некои не.
    Сакам бел фустан, сакам да се венчам во црква, сакам малце да се пивне и да има веселба, да останат добри спомени од тој ден, но не сакам со традиционални свадбарски песни, бидејќи... тогаш сите ќе уживаат, само јас не. А би требало да е обратно.
    Бидејќи верувајте, јас не знам ниту една од тие традиционални песни ( по свадби ги имам слушнато да, ама сепак ги чувствувам ко нешто страно,непознато за моиве уши ) и на непознато не можам да се опуштам и развеселам, не знам дали ме разбирате.
    Затоа, во однос на музиката, би сакала некој баланс, нешто што ќе одговара и на стари и на млади, а на овие погоре традиционалниве секогаш постарите тетки,стрини се веселат, младите играат механички, и тоа е преглупо.
    Едноставно, не е тоа атмосфера која би сакала да ја гледам и почувствувам на тој ден.
    И едно големо не за адетите. И тоа ми е исфорсирано и вештачки...
     
    На Scar.Tissue му/ѝ се допаѓа ова.