1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.520
    Пол:
    Женски
    И јас не сакав да правам свадба. И маж ми иамше исто размислување како мене. Арно ама, татко ми инсистираше да правам свадба. Не сакав да му кршам атер, па направивме мала свадба. Тоа беше мојот услов ако сака да правам свадба - или свадба со најблиските или нема да има свадба.
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Свадби


    Пролет е време за свадби. Најчесто туѓи. Ама така одма знаеш дека Пролетта дошла на нашиот праг кога на Фејсбук ќе почнат да редат од фотосесијата на Кале или позади матично пошто орото пред влез е ту мејнстрим.

    Секој муабет за свадба почнува исто. Знаеш... мала и културна сакам да биде онака млади, ама нашиве бе напињаат... Си викам како ги напињаат побогу. Ние нејќевме народно знаеш...ама го договоривме Наум Петрески и Зуица гостинка ќе биде знаеш дека нашите сакаа...мхм.

    Матично, строго во Парк. Другите Матична не се важат значи таму не фаќа мајата за долг и среќен брак. Слика со розе позадина од бараката во Парк пошо не беше предвидена за Скопје 2014 да биде во Барок стил. Невестата е таа во хаљината што и е 4 броја помала и некако само на неа и личи дека и стои исто како на онаа на сликата од интернет. Косата е во ниска висока пунџа, да не знаеш тие шо висат дали се распаѓаат или така треба. Деверушите носат едни чудни на глава пошо имаат видено на ТВ дека тоа е шизичко. Во матично се истураат Хихирику финти со тавче, луд камен и останати никад сфатени изреки.

    Црква. Дека најфраероќа е да си во Соборен храм, а и децата имаат кај да се истрчаат внатре.

    Кулоќата почнува после тоа. Оној саат предвиден за фото шутинг. Таа гледа негде во далечината тој со бидермаерот позади... романтично. Една откачена фотка, тие двајца подскокнати, пресмешно за младите. Машките наредени зад него, женските зад неа и се влечат. Па како ви текна ееееј! Веќе навлезени во јака фраероќа и откачени моменти се влага во ресторанот.

    Секој ресторан има свој начин на тадааам! почеток на свадбата. Факели, труби и останати аудио и визуелни шокови што ја најавуваат невестата која што ја видовте пред малку на влез кога и го дававте поклонот. Во плик. Најавено на поканата, пуно јако, како ли им текна!

    Свадбата се почнува со танго, аристократски. Со песна од Тоше. После две танга, додека сфатиш кој е келнерот на твојата маса почнува забавниот дел. Добро Вече че че че. Среќен брак на младите ајде кумот да ја заигра невестата. Невестата не сака народно ама после второто оро си ги извади штиклите и облече Барби влечки за да може фино да го фати пајдушкото Оптан топтан кисело млеко...Е за микрофон ќе се фати старосватицата она увек најбоље пее и ќе испее две песни Зајди Зајди.

    Негде на пола свадба се дешава пирошката, гарнирот тортата. За тоа време е најпаметно да одиш во тоалет кај што се вртат муабетите: ја слушна ли ма што ми рече мајка му? ...кој е ма оној у оделото, црно? ...дезодоранс имаш? И слично. Откако ќе се вратиш на свадбата и веќе осеќаш дека ти се суши мозокот иде преубавиот дел. Сечење на тортата. Па тој спонтан момент кога се мачкаат со шлаг по нос..оп ејјј не очекував еј, баш ме изненади шо ме нашлапа. Гостите со тањири ко да просат. Никад не го сфатив тој дел. Бидермаерот и оние пресмешни мажи откачени шо се џиткаат по истиот. После тортата делот за младите.

    Изненадување на вечерта ди џеј и одма се фаќа вовчето на Моји су другови. Неочекувано исто ко пирошката за предјадење. На ди џејот случајно ќе му се најдат две три цедеа од Аца Лукас и Житораџа грл Цеца. Хаос. Игра рокенрол цела Југославија е рок делот.
    Доколку се праи свадба на онаа нивата шо е каскадна, па орото ти е ко малку со благ наклон таму под шатори, лајк а барбикју. Има и базен. Откачените ќе го фрлат младоженецот во базенот оти тоа е јакоќа левел цепки сме на свадба!

    Деца на свадба..нека се истрча нека си играат!

    Имаш сингл другарка? Сама покани ја, и онака штедиш имаш 300 гости. Најблиските. И седни ја меѓу парови пошо сигурно многу сака да слуша која кога се породила до кога доела и како они праеле свадба. И ако е сама 10 пати кажи и да ја запознаеш со некој слободен пошо она за мажење е дојдена на свадбава. Мажена си? Не! Ај, ќе биде ееј што не било па тоа...

    Свадба е мачење за гостите повеќе него за младоженците. Тие утре ќе бројат пари евентуално ако сите пликови не им беа празни, а ти си прошол онака. Се надеваш дека нема да те викнат да го гледате двдто. Кога ќе ги оптегнат сликите на ФБ обавезно пиши колку јако сте прошле и најбоља свадба евр пошто тоа се очекува. Се преслушуваш у себе уште колку свадби имаш да преживееш кај што мора да одиш. Пошо они нејќат бе ама нивните знаеш напињаат дека...
     
    На tinka-mace, crazylady, Lolipop23 и 40 други им се допаѓа ова.
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Обожавам свадби.

    Но се додека се туѓи. Е толку многу (не) ги сакам.
     
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    И свадбите не се веќе тоа што беа.
    Имаше некој период на иновации внесени во свадбената прослава.
    Ама, кај нас има еден синдром. Што прави комшијата, тоа и јас.
    Па така, кога ќе отидев и на некоја поразлична свадба одма на следната веќе го имаше вметнато тој дел.

    Склоп на народно и турбофолк. Да, дедовците со правото оро играат на песните од Саша Матич и Аца Лукас. А, младиве на другиот крај прават импровизирана кафана - кршат чаши, невестата во средина целата запотена, боса - игра ли игра ,,Сада пао сам на дно'' и ,,Лична карта'' |(

    Пингвин денс - каде без него.
    Виделе на јутјуб, го играат на Западот. Па ајде да не сме покусо.
    Баби и дедовци се фатиле - Де ќерко, покажи како се игра ова (а тие со бастун едвај дошле)

    Опа, да не го заборавам и танцот со кој се отвара прославата. Обавезно со песната ,,Time of my life'' и некој фалш денс, што не личи на танц. Туку колку да помине редот де.

    Толку клише на едно место.
    Толку измешани стилови на едно. Ама мора да бидат задоволени обичаите на свеки(за да не прави проблеми) , и обичаите на ''модерното'' општество. :^)

    П.С Гласам за свадба, по сопствен вкус. Без клишираниве работи. Нешто, индивидуално и својствено за партнерите.
    Да можам да ја наречам свадбава со друго име - одма друга претстава за нештата би имала. Вака не ме потсеќа на нешто што би ме исполнило....
     
    На Lolipop23 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Се си е убаво , само оваа сиромаштија не испоуби речиси сите. Свадбите не се она што беа.Роднините се собираа да се видат, да се развеселат, да поиграат по дворот, онака од душа, а ако било јадење некоја си манџачка, домашен леб, сиренце и понешто блашко не било толку важно.Важно насмевките не беа вештачки како денес, дури и кога се игра сите озбилни како е да е незнам што. :o Затоа и јас сум за скромна свадба со најблиските личности а не со некои 200 300 души што дури и не го познаваш.Да сум најбогатата личност на цел свет не би правела таква свадба за да докажам дека сум успеала во животот. Џабе е Холивудска свадба ако утре парот се испокара и секој на своја страна . Важно е парот кој прави свадба да е срекен и сложен за век, а за свадба не се секирајте многу , и кој што ке рече.Важно е да имате црно на бело дека сте мажени и тоа да се одбележи скромно со луге кои ви значат .
     
  6. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Не сакам свадба зошто сите баби и дедовци ќе ми дојдат. Тогаш биле по 7-8 деца, сега сме по 2. Сите братучеди до трето колено да си ги викнам на свадба, пак поише стари луѓе ќе има :^)

    Ама мама и тато ја плаќаат свадбата, они си ги викаат гостите. Татко ми вика, не ти бранам, викни си ги сите другарки и колеги, ама и јас ќе си викнам кој све сакам. Е јебига...

    Рано ми е за свадба. Сакам да се дотерам, да си се веселам, и со мажето да си се сакам.
    Па свадба еден ден е. Ќе пројде. ;)
     
  7. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Се е тоа добро свадба, но мене ме нервира организацијата т.е треба многу трчање околу свадбата припереми .Па потоа вака било ,онака било , вака требало да испадне. На крај кога ке заврши свадбата после тоа 2-3 пати ке ја изгледаме свадбата и веќе никогаш. Барам така гледам од моиве роднини на никој не му текнало да ја пушти својата свадба да се присети како било тогаш.

    Кога ќе дојде време да се женам ќе и го препуштам тоа на мојата сопруга таа да одлучи дали да правиме голема свадба или да направиме мала свадба со најглавните роднини , најблиските.

    Кога јас би се прашувал би направил мала свадба а потоа нека си одбере сопругата каде сака да одиме на одмор МЕСЕЦ ДЕНА
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Не сакам свадба затоа што мислам дека ако е свадба која што ќе биде како останатите свадби, јас нема да бидам вистинската јас таму кога ќе се одвива истата.
    Еве јас не сум тип кој љуби да игра ора. Јас сум тип кој сака да танцува танго, самба, да скока на брзи рок песни. Исто сакам чалгиска староградска песна. Никакво турбо. Може ете песните на Брегович, ако се сметаат за турбо, ете такви може да има.
    Сакам свадба каде ќе ме видат сите каква сум вистински јас :D. Луда, забавна и немирна :rofl: !
     
  9. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    Би кажала,неќам бидејќи сите останати свадби се исти,со традиционални песни и адети и што уште не |( ..Би сакала еден бел фустан,во црква обавезно,во општина и после една мала прослава со најблиските и секако еднаааа огромна фотосесија за спомен .. На ова прашање имаме разговарано со дечко ми и тој е против тие адети играња и што ти јас знам..така да малечка прослава,венчавка-доволно :)
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ми изгледаат на циркуз.

    Двајца будали и стотина гладни !!!
     
    На tinka-mace, TIGRICA123, lady.v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    успомен за цел живот :clap:
    е сега зависи кој као го свајка тоа или пак на каков наЧин се прави таа свадба :)

    ама на еден наЧин тоа е еден успомен од денот на насето зближување повеке од сто било порано :) мене убаво мие тоа...
     
    На Lovely93 и butterflysk им се допаѓа ова.
  12. Pufce27

    Pufce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    88
    СВАДБА на денешно време стварно е трошок но,ако сте во можност немој да си дозволите да се мажите без свадба ... јас се мажив со свадба и можам да кажам дека тоа беше најубавата свадба на која сум била :rofl: бидеќи бевме највеселите и најзаљубените младоженци на целиов свет :* :inlove:
     
  13. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    Не правам свадба решено, одлучено! Не заради пари и такви работи туку затоа што свадбите не се веќе она што биле. Свадбата се прави за да се прослави љубовта на младоженците, ама како што гледам не е веќе така. Дури ни самите млодоженци не се тука за да ја прославуваат љубовта туку главна цел е да сликаат што повеќе слики и да ги стават на фацебоок за се пофалат (чест на исклучоците!). А и не ја разбирам поентата да се викнат 300 луѓе, од кои 250 прв пат ги гледаш. Па што прават тие 250 на свадбата, зарем ќе се веселат за луѓе што не ги познаваат и што баш гајле им е како ќе им биде понатаму во животот? Дојдено се само за јадење и пиење, па и на тоа замерки фаќаат, немало ова - нечинело она, и само оговараат, не чинела невестата, не чинел зетот, свекорот бил скржав, свекрвата не била убаво облечена, дедото не играл, бабата не знам што, музиката не свирела убаво и итн итн итн... :x (пак ќе кажам чест на исклучоците!).

    Не фала!!! Кога ќе решам да се мажам ќе си ги викнаме најблиските на ручек/вечера да си се провеселиме, а со парите треба да се фрлат за свадба, има месец дена да се шетаме, или автомобил да си купам. Ем тие што ги сакам со мене, ем пак ќе си имам на што да се сеќавам, ем ќе се изнашетам и ич нема да се замарам за тоа што рекле комшиите.
     
    На crazylady, Bescheiden, lady.v и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Паметно. веќе нема блискост ни меѓу роднини, за пријатели да не зборам.Ќе дојдат само за сеир. А и не се малку пари засвадби се троши голема сума и обично луѓето со години тој еден ден го отрпуваат,ама важно да се покажат пред другите.
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Нема да правам свадба поради следниве причини:
    1. Мразам гужви!!!
    2. Адетите на свадбите ми се за гревови, (а ако треба свеки да ја слушам за адети, тешко мене ќе биде)
    3. Пари!!! Ако велат дека се враќаат парите, ама не е така. Само младите можеби се во некоја корист, оти парите од поклоните си ги добиваат, а мама и тато плаќале на свадбата. Ама мама и тато да ги прашате, друг ќе биде одговорот.
    4. Комбинација на 2 и 3. Секој адет можам да речам дека си кошта пари - ова се купувало на кумот, ова на деверот, тие треба ова да ти купат, не знам што (бовчи, дарови, глупости).... Значи кај и јас ќе се осиромашам, треба на душа да ги земам кумот, деверот и старосватот, оти нели по сите адети треба тие премногу пари да истрошат, особено кумот. И плус тој треба да купи нешто големо (минимум 200 евра), пр. спална, фрижидер, шпорет... А од друга страна ако одбие да биде кум оти нема доволно пари, ќе го кренат носот од лутина цела фамилија и од кај зетот и од кај невестата, и цел живот ќе му го памтат тоа.
    5. Џабе сите адети и свадби, кога поголем дел, уште недоисплатен кредитот за свадбата, ќе се разведат.
    6. Најважно!!! Според мене, стапувањето во брак е интимен чин, кој обединува двајца кои се сакаат во заедница, семејство. Не ми требаат 500 луѓе да прославуваат заедно со мене, доволно ми е тој, нашите родители/браќа и сестри и сведоците. Никој не мора да се троши, не сакам да бидам терет на луѓето. Па и кумот, само нека си ја заврши својата работа - заедно со попот да не венча пред Бога! Секако дека ќе си има и ручек во ресторан, ама само една маса, со музика што си свири од ЦД, без гломазни торти и фустани, фрлање букети итн итн. За мене идеално!
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.520
    Пол:
    Женски
    И ние сакавме да направиме така, ама татко ми почна да инсистира. Не сакав да му кршам атер и направивме свадба со 50 гости. Се согласувам со тебе дека свадбата е интимен чин. Треба да се прослави со најблиските, а не со ојлевци-дојлевци.
     
    На lady.v и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам свадба,од никогаш не сум фантазарила како сите девојки од малечка да носам бел фустан и не знам што :rofl: :rofl: не сакам едноставно,стојам сеуште на тоа но ако инсистираат моите премногу и семејството негово, што ќе правам ќе носам.Толку ми се досадни тие адете купување на невеста,бричење на зет со најразни ладни оружја,тоа е малтретирање и трошок само. Сакам со парите наменети за свадба да одам на некое патување и да ги потрошам само за нас двајца ,за кеиф наш,не дека ако се прави свадба не може да се патува ама едноставно се вадам со тоа :lol: ако веќе бидам невеста ке имам несекојдневна свадба,не сакам ора и бел фустан,сакам нешто во помодерен стил,пр во некоја дискотека свадба и сл :rofl: :rofl:
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    И јас имав до некаде вакво размислување 50% бев за свадба другите 50% не за свадба правење (иако моите се изгорени да дојде тој ден)но кога бев кај првиот брачед пред еден месец на свадба кој ми е како брат,и бев на сите адети од почеток до крај,значи неможам да опишам колку убаво ми беше чуството и готова бев да заплачам дури го гледав брачедми музиката атмосверата све беше посебно и тогаш сватив дека ти е АДЕТИ ГЛУПОСТИ како некој овде што ги нарекува не се глупости туку тоа останало од нашата култура од нашите предци,дека треба да се испочитува и дека вистински таков ден еднаш во животот се доживува и целата атмосвера навистина е посебна,единствено не ги оправдувам оние кои прават свадба со 1000 луѓе веке викнале и кој треба и не треба доволни се најблиските роднини и пријатели...
     
    На despin4e05 и badem4e им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.246
    Не сакам свадба од милион причини.
    Прво, никогаш не сум замислувала дека ке бидам „принцезата“ во бело, дека сите ке паѓаат во несвест колку сум убава. Белиот фустан не ми значи ништо, особено што белото означува невиност, а јас одамна не сум невина, иф ју ноу ват ај мин.
    Второ, мажењето не е некој особен успех за кој 400 луѓе треба да јадат и пијат. Повеќе би го прославила сето тоа во интимна атмосфера со максимум 50 луѓе. Луѓето кои биле со мене во добро и во зло, и на кои можам да им се јавам во 2 по полноќ, не тетки кои ги гледам на свадби и погреби и кои ке дојдат за да озборуваат кој како рекол, кој што донел и дали фустанот ми бил убав.
    Трето, какви адети, па черешна се од корен корнеше...Која мома се делела од мајка, кога повеќе од 10 години живеам сама, па сеа ке се делиме... Плус, земање од дома, да видат комшиите со какви коли дошле сватовите, па врата буткање, па плаќање, оти јас сум стока, па ме продаваат...Па оној глупиот обичај со момчето кога ја крши кокошката, ко види колку јак маж сум... Па оро пред зграда, да пукнат комшиите, големиот успех, сум се омажила.
    Па сала резервирање, 400 луѓе, запотени, рипаат и тресат цицки на пајдушко, се тоа оти јас сум решила да се мажам. Од огромна радост, некои чичковци, толку ќе се опијат, што и вратоврските ке ги извадат и ке се гушкаат со сите. За тоа мое ненадминливо дело, еј, ретко која може да се омажи, сите подароци ке ми носат. Па уште и која глупост, да му пишам во покана на некој - дојди да ми играш на свадба, и поклон да ми донесеш, и тоа пари! Немој нешто од срце, што те потсетува на мене, чист кеш, и тоа во плико! Ако е во тутурка, не го сакам! Оти јас сум невестата и тоа е мој ден, и сите ќе правите како ке кажам. Па уште и по маси, да просам, на ти талонче да јадеш, иако си ми донел пари за јадењето во плик, па уште 50 денари, за да ти бакнам рака. Абе алоооо, кај се видело невеста да оди по масите, да бакнува рака и да проси!? Сега, бакнувањето рака го нема, ама просењето тука е. Мислам дека мајка ми ке умре ако ме види како просам по масите...
    Јас не би сакала тие 50 луѓе со кои би прославила, да ми носат подароци. Не ги викам за подароците, ги викам за убаво да си поминат. Јас кога ке им се јавам да дојдат да се журкаме, ке им кажам дека не сакам подарок. Од никој.
    Со оглед на тоа дека сама ке си плаќам се ако правам журка по повод брак, никој не може да ми рече кој и колку да канам. Моите ке бидат поканети, по телефон, нормално. Бидејќи на писмено, не можам да канам луѓе кои ми креваат на телефон во секое време.
    И после тоа, ке одам некаде на шетање. Не да враќам кредит за свадба каде деца ке фрлаат ливчиња од рози, луѓе ке се запотуваат, ке јадат мевце и печен компир, ке се тепаат за торта и ке плаќаат 200 денари за да сликаат со мене и момчето.
    Оти животот е прекраток за шест месеци до детал да планирам една свадба, да се карам со сите, и да се потресувам како ќе биде.
     
    На tinka-mace, Lolipop23, Аliсe и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Морам да признаам, преубаво објаснето и одлични аргументи. Затоа и стиснав „ми се допаѓа“, иако јас сум на сосема спротивната страна од ова размислување. Јас сум си по обичаите и си сакам свадба со сите нишани, барем сега за сега е така. :)
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.