точно така. Моја поддршка за напишаново, ова исто како јас да сум го напишала. Исто буквално. Само би дополнила дека на некои луѓе свадбата им е најголемото животно достигнување. Се задолжуваат со кредити за да најадат и напијат некого, а позади грб тие исти луѓе ќе кажат и исплукаат се-вакво беше, такво беше.... плаќаат кредити 3-5 години и после тоа оскудуваат и скратуваат од се. во најголем број случаи така е. Земаш кредит, правиш свадба, а после тоа се чудиш. Па бебе на пат и плус додатни трошоци.
тоа веке одење по маси и собирање на пари го нема, тоа мајка ми пред 25 години го правела не знам кај го извади тоа и јас кога се мажев немаше ни кокошка кршење ни некои затуцани адети, и да убаво е да се направи свадба со помалце луге и убаво е да се видиш себеси во венчаница иако не си невина повеке но кој како милува
Зошто бе мислите дека луѓе што сакаат свадба единствено достигнување во животот им е свадбата???Знаете колку сте иритантни со вакво размислување,зборување и потценување. Од каде вие заклучивте дека им е единствено постигнување во животот?По што? Од желбата да си направат веселба? Ајде ви се молам,секој си има различно доживување на настани и моменти во животот и не значи ако е спротивно од вашето дека е погрешно,сеЉачко и единствено достигнување. И јас исто не разбирам какви луѓе имате за пријатели и роднини што ќе ви дојдат да се најадат да ви испукаат сеир и да ве оговараат?Најверојатно зошто каните и што треба и што не треба.Кој вели дека секоја свадба во денешно време е преполна со банални адети,лоши тетки што оговараат и светлуцави фустани,тепање за торти,ждерење прасиња и тресење на цицки? Зборуваме за свадба а не за некоја забутана биртија нели? Какви стереотипи имате за свадби да му се дигне коса на човек. И јас не можам да разберам тотално не заинтересирана невеста што се мршти за се живо и диво пошто е многу модерна за свадби,и јас не разбирам како ве задоволува една регистрација и ајт сите по дома па не коментирам толку погрдно како вие овде. Од волку со сила ''модернизирани'' муабети да му пукне незнам што на човек.
Човек на моменти ќе помисли дека не можат да си направат свадба па криво им е што другите прават богами такви навреди , такви условувања на луѓе , страшна работа
За жал адетот со просењето по маси уште го има.Пред 3год на свадба во Велес коа бев прв пат се сретнав со тоа чудо коа невестата не памтам дали пред или после вечерата со едно торбуле идеше од маса на маса и збираше пари од гостите.Баш се чудевме што прави бидејки прв се соочивме со тој адет.Според мене комплетно дебилен пошо ај не е доволен поклонот во плик па на гостите и парите за цигари да им ги земеме од џеб. Како и да е свадба е личен избор.Мене ми е доволно само регистрација во матично (бидејки неејкам венчавка во црква ) и интимна вечера со најблиските во холивудски стил на отворено со Синатра во позадина без орциња и пајдушки.Адети,просење по маси и преку покани,запотени мишки и намуртени тетки од 15то колено НЕ ФАЛА.Што поедноставно тоа подобро .
Тинкербел, ти сите 200 луѓе на свадба ги сакаш и те сакаат подеднакво? Или би морале твоите да ги канат, оти и они им биле на свадба? Оти биле блиски роднини, иако 10 години ги немале видено. Не верувам дека сите 200 просто ги обожуваш и сакаш да споделиш интимен момет (личен) со сите нив? Батерфлај, ако мислеше на мене, дека јас не можам да си направам свадба, па ми е мака, веруј, повеќе мака би ми било да имам свадба. Повеќе пари трошам на шетање низ светот, тоа ме прави посреќна, отколку да играм невестинско оро. Инаку, скоро на секој свадба има просење по маси, тепање за торта, а некаде и на столови ги качуваат момчето и невестата па ко кралеви ги креваат. Па буткање на врата, пари давање, па кумот да игра со прасето...срам ми е да пишувам уште. Само, не треба да се смееме за туѓите желби и потреби. И мене може ми се смеат, дека место свадба сакам да одам20 дена во Италија, на пример, ама ако бевме сите исти, ке бевме завалиите.
^И да сакав да елаборирам на темава, не би можела да го направила тоа подобро од Cka. Анализирано до детал, поткерепно со факти. Уште некој ако ме праша зошто не сакам свадба, отворам фемина и го читам твојот опис до крај
Cka јас немам намера да имам 200 луѓе на свадба нит па моите родители,затоа и реков дека не е секоја свадба со милион души и ред други глупости што ги пишувате низ темава.Јас не паметам на свадба дека сум била и дека некоја невеста збирала пари по маси,не викам дека нема ама не е секоја свадба таква,торта зимале луѓе пристојно никој не се тепал,а кревање на невестата и младоженецот на столче не е македонски адет,така да и тоа го немам видено на наши свадби.И јас исто така не уживам во адети и нема да имам буткања на врата нит па да го испрчам кумот прв на оро со прасе ,ама нема ни да го омаловажам ако некој го направи истото. И точно,не треба да се смееме ако некој сака да си направи свадба или пак ако не сака,она што ме иритира е ставање на сите и се во исти кош.
Интимниот момент е чинот на венчавањето во матично и во црква каде доаѓаат само најблиските. Веселбата потоа со причина не е интимна, туку се прославува интимниот чин на венчавањето. Секогаш во животот можеш да прошеташ некаде на неколку дена, ама прославувањето на соединувањето со твојот вечен сопатник е само еднаш. Патем, ова со огромниве свадби и адети е од старо време, ама нема да постои по години поминати. Еве веќе и мои врснички што прават свадби не се такви. И нормално е дека веќе речиси никој не сака таква свадба токму од причините што се наведени во оваа тема. Ама сепак, зависи како гледате на работите.
Ти држи многу вода муабетот тинкербеллл, не викам не, не значи дека секоја свадба се прави за себедокажување и истакнување нека видат кој е тука кој и колку пари има т.е нема во некои ситуации. Не треба да се генерализира, во секој случај тука сум најподржувач на твоево мислење, ама некогаш од сите тие цирукузи на кои лично некој од нас присуствувал или барем вирутуелно вака читал некои приказни, не може да не се помисли дека некои девојки или жени да кажам не ја сфаќаат свадбата или бракот како најголемо доживување во животот. Донт гет ми вронг, и јас би била среќна тој ден и би правела некоја веселба, само би отскокнала од некои веќе познати практитки. Зашто од се што сум се изнавидела и изначула само ми се згадило од тој настан, фешта, како да го кажам тој собир. Преседаните се тука да не потсетуваат не некои работи, и стојат како примери од практиката. Лично сум викната на свадба на моја врсничка летово, на која за жал нема да присуствувам, а е голема свадба со 100тина луѓе, за мене тоа е веќе голема дешавка, и сум сигурна дека ќе биде една убава свадба зашто ми е мило што ќе стапи во брак без разлика што сме генерација а јас сум далеку од тоа и не сакам да имам таква свадба. Мислам дека би си поминала убаво заради човекот, не заради свадбата а тоа е тоа што е битно нели, луѓето не самиот чин во која сала е или што има за јадење/пиење. Мислам дека ретко кој тука има нешто против свадбите или сака да генерализира дека сите свадби се за курчење, туку дека има такви многу за воља на вистината. Јас ако сакам различно од класичното не значи дека вас или некој друг што сака класична свадба треба да ви се потсмеваме. Јас ни на тие уперпотресените брајдзилас не им се потсмевам, зашто ако јас не сум таква не значи дека сите треба да бидат. Се додека е со услул се и во границите на буџетите на младите мене не ми смета ама воопшто. Додуша и оние што се расфрлаат и ги пружаат нозете подолги од чергата не ми сметаат мене, само искрено не ги сфаќам и не можам да ги сфатам. Мене еден факт повеќе ме иритира, ти што го пиша, што навистина постојат таков тип жени, и за жал не се баш малку, што гледаат на тој чин како не знам какво научно достигнување и што гледаат со потсмев на некои што не стапиле во брак, или не направиле голема свадба или слично. И тоа тука на форумов сум се изначитала какви се не мислења од одредени девојки и жени возрасни да се згрозиш и да се почувстуваш одвратно како жена која единствена причина за среќа и е свадба, брак и деца. Сум против секоја свадба се се споредува со кич настан на годината, ама па и сум против оние кои еднотавно гушат со тоа дека се омажиле и со нивната свадба како да нема друг среќен ден во нивниот живот и сите мора да бидеме сега воодушевени од тој настан и да слушаме за тоа месеци унапред и уназад. За мене се е убаво кога е умерно, кога иде во екстремности без разлика на која страна од екстремностите е не ми се допаѓа. Не судам, нит сакам да ви се потсмевам, ама мора да се соочиме со реалноста дека кај нас многумина така го доживуваат бракот и свадбата и затоа се повеќе почнаа на шега и потсмев да ги фаќаат тие работи.
не посочив никој општо си кажав и пак ке прашам каде го има тоа просење по маси?за другиве градови незнам ама тука во Скопје го нема сум била на многу свадби и го нема, зашто е смешно и срамно , ниту прасиња имало ниту кревање на зетот и невестата и убаво што ке одиш во Италија, ама види некој и свадба ќе си направи и меден месец ке си истера некаде уште поубаво
Хипстер се согласувам во потполност со твојот пост,ете ти многу убаво ме разбра што ми беше поентата и што конкретно ме изиритира. Јас сум голем противник на огромни свадби,на подигнување на кредит за мои каприци,а моите после да го врќаат со години,на безпотребни трошоци за бовчи како божем е последен ден од животот (мислам по банална традиција од тоа бофчите нема),противник сум на оние буткања пред врата и кршење кокошки и ранење на сопругот и ред други работи,ама никогаш не сум ги ставила сите во еден кош,дека сите така прават и дека свадба е еднакво на кич,шљокици,певаљки,тресење,тепање за торти,просење пари.Но,не викам дека го нема тоа,викам дека јас никогаш нема да го направам.Ме нервира кога се зборува со подсмев,за некој што сака свадба а исто ме нервира и кога некој па само за тоа зборува и ништо друго. Обично се воздржувам од коментари на вакви теми,зашто едноставно секој има различно видување на работите и која сум јас да му перам мозок и до покажам со прст дека тоа што го прави е погрешно,но ме наведе да искоментирам тоа гледање со предрасуди дека секоја невеста е забегана и секоја свадба е циркус.
^ Знаеш Хипстер никогаш не вели никогаш . Досегашното искуство ме научило дека често се демантирам самата себе . Иако не ми се јасни и мене брајдзилите и тотално не се совпаѓаат со мојата личност , сепак не можеме да знаеме може и ние ќе бидеме нервозни и возбудени невести и ќе се потресуваме зошто бомбоните имале плава а не бела панделка Можеби и премногу осудуваме врз база на теоретски претпоставки . Едно сум сигурна нема да просење по маси ( јас лично немам видено на ниедна свадба досега) и дефинитивно нема да пишува поклон во плик , сум кажала неколку пати став по тоа прашање. Сакам мала свадба ама кој да знае како ќе биде ,и братучетка ми сакаше мала свадба од нејзина страна имаше 70 гости а од на на момчето 350 гости па види ти сега . Инаку да сакам свадба ,зависи и до финансиите и заедничките желби , ама не сум размислувала многу за тоа кога ќе биде ќе ви кажам што и како било.
Е да ви кажам кога јас се омажив мојот свекор не сакаше свадба, смртни слуачаеви, слаби финансии, и ред други работи и ништо од свадбата, само се регистриравме и во црква и толку, јас после 5 години брак се разведов од многу причини, но ден денес искрено ми е криво што не правев свадба, не сакав некоја луксузна но нешто по скромно сакав. Затоа сега ако решам по втор пат да се мажам ке си правам нешто скромно но важно ке правам хаха
Мене пак едно нешто не ми е јасно - зошто секогаш зборот свадба мора да се врзува за веселби со 300 и кусур гости? Демек ако се 50 гости не е свадба? Според мене свадба е прославата на стапувањето во брак на две личности без оглед на тоа дали младите ќе одлучат тој момент да го одбележат со 20 или 100 гости, во ресторан/рибник/пицерија/двор од куќа или голема сала. Свадбата не ја прават бројот на гостите или величината на салата, туку прославувањето на тој важен настан со вашите гости и желбата да ја споделите среќата по повод тој убав чин со оние кои ги сметате за важни во вашиот живот. Кога надвор од Македонија ќе споменеш дека кај нас свадбите се со преку 300 гости, сите се чудат ко да Берни Еклстоун ги мажи ќерките. Ваму каде што живеам свадбите се со 80-на гости. 150 гости е голема свадба. Над 200 гости се свадбите на високата средна класа, оние убер фенси свадби. Јас отсекогаш сум била противник на гигантските свадби. Гости што ги гледам од свадба до свадба, далечни роднини за кои ми треба 10 минути да ми текне на името, колеги од работа на родителите на младоженците - мислам она WTH Колеги?!? Никад не ми стана јасен тој момент. Бакнување рака немам сретнато можеби преку 20 години. Ги подржувам сите млади кои си штедат за дом/детска соба/реновирање/автомобил/патување од соништата или било што друго и одлучуваат скромно со најблиските да го одбележат денот, наместо да трошат пари (кои ги немаат или се задолжуваат) за да направат голема свадба. Имам едно прашање до оние кои не сакаат да прават свадба - ме интересира што подразбирате под "не правам свадба" (не сакам да навредам некој, само прашувам) - дали после регистрација би дале ручек/вечера за најблиските или свадбата ја замислувате како вие, партнерот, 2 сведока и матичарот?
Веројатно понесени од случките некои девојки тука малку повеќе ја опуштиле креативноста се занеле во описите со зборови кои навистина се претерани, но мислам дека реално вие сите што сте правеле свадби или што си сакате да си правите не треба воопшто да се потресувате и пронаѓате во тие описи, напротив, направети си од душа и со мерак да уживате во нив и да бидат поразлични од тоа што сме научени да го гледаме и вас да ви биде убаво пред се. Зашто реално и журка со 50 луѓе по повод брак е свадба, не значи дека мора да викнеш 300 луѓе за да се вика тоа свадба. Затоа мислам дека ретко кој не прави свадба, зашто сите прават некаква прослава после чинот нели. Така да сите сакаме свадби, ама нормално не по исти калапи. Како што сите сакаме торти, само некој сака со чоколадо некој со овошје, некој на два спрата некој на еден, некој оние што не се печат ги сака повеќе некој обратно итн, ама битно и едното и другото е торта П.С Видиш темава чуда прави, ни ги соедини мислите со еленор,а мислев дека тоа е новозможно. А мими, искрено не верувам дека ќе бидам таква, тоа треба да си роден таков потресен упер по свадби да си брајзила, или разгален до немај каде, па тој ден е мој па има на глава да ви се качам. Ко од песната ја знаеш сигурно-итс мај парти енд ај крај иф ај вант ту Така и они, оп стоп песна си имаат дури Потресена сум јас само за книгите и за ништо друго, дури и за младожењата не се потресувам што го немам, а полека сите почнуваат да скокаат у тафчиња. Секој со својат среќа и со својот ум, јас мојов гледам на други работи да го канализирам, него на плави или розеви бомбончиња. Али се самите си правиме и контролираме нели, така да се може да се спречи пред да се лечи после
Ајде и јас како идна невеста да се вклучам во темава . Како прво не знам зошто некои од вас -не сакам да именувам никого мислите дека свадбата е еден кич само за берење на пари,јадење,пиење и ништо повеќе.Зошто не тргните од тој агол дека некому му значи тоа и дека баш тоа ќе ги направи среќни,дека цел живот сонувале за тој ден,ја замислувале венчаницата и секој детал што оди пропратно со тоа. Да,ние ќе правиме свадба но со максимум 200 души,од кои што 60 се од моја страна само најблиските не ојдевци,дојлевци,нема да ги задолжиме нашите со кредити бидејќи свадбата ќе си ја платимејас и тој со наши средства и трошоците ќе ги сведеме на минимум.Бовчи,просења по маси,кршење кокошка за што искрено прв пат прочитав тука нема да има.Се договривме и со кумот и деверот дека ќе им дадеме по еден прикладен подарок со прикладна сума ,фустан нема да купувам од 300,400,500 евра туку ќе си изнајмам од бутик со пристојна цена(не се потресувам многу околу тоа дали ќе бидам прва или последна што ќе ја облече) битно е што пронајдов по мој вкус,нема да одбереме мени од 20 евра дека имало кој знае какво сортно вино и 5 врсти сувомеснато и 3 врсти месо,туку ќе го одбереме она кое што ќе ни одговара нас и искрени да сме никој не оди на свадба да се најаде и напие.Музиката нема да е од 1000 евра туку ќе е од 250 значи се може да се испланира да не е кичерајско,прескапо и да изгледа како што беше опишано погоре туку ако се направи се со вкус и договор се може да изгледа префинето. Единствено е што сакам да излезам од мојот дом со мојот животен сопатник не дека сакам да се пофалам на комшиите и да речат ја омажија,единствено тоа ми беше желба цел живот од посебна причина и ќе ми се оствари. Никогаш не ми била единствена цел да се омажам и што ќе имам деца да ми се единствен успех во животот,баш напротив денот кога ќе магистрирам и ќе се вработам таму каде што доликува на мојата струка ќе бидам повозбудена сигурна сум. Да бидам исполнета во срцето и душата од секаков агол,е тоа е мојата животна цел. Ги разбирам и тие брајздили кои што се возбудуваат само за тој ден, го почитувам на секому мислењето и желбата,но наша беше тој интимен чин да го прославиме со луѓе кои што сме ги гледале до сега,а и ќе ги гледаме цел живот понатаму. Ќе имаме и свадба и патување на посакуваната дестинација,значи се се може ако се сака
Се согласувам ilipili. Зошто веднаш кревање на галама и бунт,доколку некој си сака да си прави свадба,не ми сте јасни. Дали според вас свадбата значи настан на кој се собираат пари или претставува веселба со најблиските и најсаканите? За мене значи ова второво и кога правев свадба јас си поминав најубаво,без да правам сметки и пресметки кој колку ми донел или колку сум + од истата. Тој ден за мене беше посебен,јас и тој станавме едно и го прославивме на прикладен начин,со луѓе кои не сакаат и ни се блиски во животот. Патување исто така имавме,значи не бевме ни од тоа скратени. А дека мажењето некому претставува единствена цел и единствен успех во животот,не би го коментирала,бидејќи лично за мене во животот има и многу други моменти и достигнувања кои ме направиле или допрва ќе ме прават среќнa,така да мислам дека со тоа што се омажив и направив свадба не мислам дека ги постигнав сите цели за кои сум мечтаела,претходно сум се едуцирала,образувала и сеуште се надрадувам на поле на кариера,патував и порано пред да се омажам,патувам и сега,така да животот е сплет на многу случувања и посебни моменти,од кои мажењто е само еден сегмент од сето тоа.
Јас имам респект кон оние кои што сакаат свадба и истата ја замислувале уште од мали. Впрочем, двете сестри си правеа такви класични свадби со сите пропратни адети бидејќи си имаа желба и тоа си е во ред. Арно ама, моите не се задолжија со кредити за да ги отплаќаат свадбите со години, туку си ги пуштивме нозете колку што ни беше долга чергата Муабетов ми е, не ми се сфатливи оние персони кои што по секоја цена сакаат велелепна свадба, бидејќи тие од мали си се замислувале како принцези. Во ред е тоа, ама малку исав да се има бре. Убава свадба може и со 50-тина луѓе да се истера. Битно е да се одбележи чинот, а не да се собираат и ојлевци - дојлевци и од истите да очекувате да ви ја платат свадбата, свадбеното патување и ако може и некој денар да ви остане за да поживеете некое време со паричките Нека не ве чуди ова последново, вакви личности познавам лично, а и тука на форумов се имам изначитано се и сешто.
Patem zaboraviv da napomenam deka na pokanite koi sto ke bidat od 5 denari nema da pisuva poklonvo pliko, tuku ke pisuva ve molime ne nosete podaroci, tuku samo vaseto nasmeano lice i ubavo raspolozenie. Ne sakame da zarabotime od.svadbata pari ili da dobieme koj.znae so, edinstveno sakame da uzivame vo toj den najdobro i.da sme ispolneti. Jas se izvinuvam na greskite i latinicata.