Не сака да е во врска..

Дискусија во 'Сингл' започната од Merlin_Monroe, 23 декември 2015.

  1. Merlin_Monroe

    Merlin_Monroe Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Не видов ваква тема затоа ја отворив,ако има нешто слично слободно клуч ставете.

    Па вака,ми треба совет од женска/машка страна што мислите за следново :

    Се допишувавме на фб со еден дечко и по муабетот беше очигледно дека ме свиѓа и јас го свиѓам но бидејќи не е од мојот град прво чекавме да де запознаеме во живо дали ќе се свиѓаме,но додека правевме муабет на фб он спомна као не е за врска сакал да е слободен,а јас реков дека појќе сум за врски не ми е до заебанции.Така се видовме со дечково бевме на кафе и ми се допадна и во живо и јас нему,на заминување можеби сакаше да ме бакне во уста но јас го бакнав во лице бидејќи сепак прв пат се гледаме а и да не помисли оваа ептен залетана,после тоа муабетот продолжи и на фб како и до тогаш,ми кажа дека сум му се свиѓала и се супер впечаток сум му оставила но пак ми напомена дека не сакал моментално да се врзува сакал да е слободен.и да напоменам дека уште пред да се видиме на фб ме праша дали сум имала секс а јас му реков дека тоа прашање ќе му го одговорам кога ќе биде време бидејќи уште не се знаеме до толку и да не го свати ни како да ни како не одговорот.но дечково се нормален муабет ми прави,нe удира на таа тема од тогаш,за некој ден треба пак да се видиме да одиме на кафе и сега моето прашање е што да правам дали да му дозволам да ме бакне ако проба и дали да почнам да излегувам со него,се плашам да не се заљубам,бидејќи лесно се заљубувам,а не сакам да инсистирам на врска да не го напнувам ,што може да планира ?инаку од менe е постар 6 години..ајде ве молам некој совет :|
     
  2. stelaohrid

    stelaohrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Go interesira samo sex ke se sexate dva tri pati i ke go snema ako mislis deka ke se zaljubis a toj definitivno ne e zainteresiran za vrska otkaci go ke se razocaras i ke zapadnis vo uste pogolema depresija te gledam emotivna si ne pocnuvaj nisto tipot ne e za tebe i zapamti po maz i avtobus ne se trca sekogas ide drug :)
     
    На iloveyou29, Love_Macedonia<3, cresa-jagoda и 22 други им се допаѓа ова.
  3. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Мажи има со лопата да ги собираш :D Поголем од тебе 6год -сакал слободен, ти помала од него 6год сакаш врски .. сакаш забава ли да му си? ( Ако не ти смета ..а колку год има ? )
     
    На cresa-jagoda, makgirl, deskarada и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    1.541
    Пол:
    Женски
    Ако ти се бакнува, бакнувај се... немаш потреба од устручавање.... а дали ќе си помисли нешто ич да не те боли дун...то зш он да бил на место нема да праша толку интимно прашање... е сеа ова е мое мислење не дека ти треба да го земеш здраво за готово али мислам дека чим апла ти кажува сака да е слободен , немаш потреба ниту малку да се мислиш дали да го напнуваш или не... тука за мислење нема ништо, он си кажал тоа е тоа... треба да си паметна и да не леташ...
     
    На LaraSolare и Merlin_Monroe им се допаѓа ова.
  5. stelaohrid

    stelaohrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Samo da napomenam imam mnogu iskustvo so internet poznanstva i da znaete deka poveke od polovina mazi sto visat tamu se ozeneti a go krijat toa
     
    На cresa-jagoda, makgirl, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  6. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
    Тиквар еден. Нејќи ни ти бе. Има некој што со гордост ќе те држи за рака а не да се брани оддалеку нејќел да се врзува. Демек некој со синџири го влече "фраериштево".
    Ако ипак натаму бидне нешо повеќе, кажи му фала и спомни му го муабетот за прстот и увото. Нека скапе тикварот, а ти глава горе и лади си ја.
     
    На iloveyou29, cresa-jagoda, Lutka® и 6 други им се допаѓа ова.
  7. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    14.385
    Пол:
    Женски
    Според мене многу кретенско прашање е дали си имала секс :^)
    А ако ти сакаш нешто по сериозно а он не, може онака да пробате како ќе ви биде. Ама ако толку несака врска неможе некој да го натера :) Тоа до него си е.
    Ако сакаш искачајте види како ќе ви биде, само не се улетувај многу за после да не се разочараш ептен :)
     
    На LaraSolare, Nausicaa и Merlin_Monroe им се допаѓа ова.
  8. Merlin_Monroe

    Merlin_Monroe Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за советиве најмногу,инаку јас имам 18 а он 25,сепак јас мислам да почнам да си излегувам со него па шта буде нека буде,нејќам да ми биде криво после што не сум излегла барем ќе си го напраам ќејфот,веќе врска не спомнувам,а повеќе од мување може да сонува само хах. :*
     
  9. Merlin_Monroe

    Merlin_Monroe Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Иии уште едно прашање
    За што да праам муабет наредно кога ќе одиме на кафе?
    Некоја тема нешто?
     
  10. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Машки
    не сакам да те разочарам али врските на далечина се тешки и не поткрепени, тоа него му е јасно а и тебе треба
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    192.161
    Пол:
    Женски
    @Merlin_Monroe не се форисирај бе девојче, зошто брзаш? за каде брзаш? Седи си мадро и трај си, имај трпение. За секоја работа во животот треба да имаш трпение и да оставиш на спонтаноста да си го направи своето.
    Знам дека не би ме сватила ништо од тоа што би сакала да ти кажам и што еден ден ќе стоиш врз својот став од направените грешки, но само едно ќе ти кажам, ако чуствуваш дека треба да имаш нешто повеќе имај, тоа не може никој да те спречи да го направиш, баш ради тоа што ќе го направиш утре ќе бидеш благодарна на својата грешка но.. животот е лекција, ако.
    Направи онака како што сметаш, разговарај за она што ти доаѓа од срце, се на се кога ќе размислиш лесно е и не форсирај не избрзувај со овие драстични покрети за кои што зборуваш.
    А може и човекот ќе се заљуби.. тоа не можеш да го знаеш, многу вакви привидни љубови успеале, ама тоа е до тебе, ти самата треба да се поставиш како цврста и стабилна иако си мала.
    Се може да се случи, не се знае..
     
    На poenta, PaLaVa, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    1.541
    Пол:
    Женски
    Глеј му на кафе :))) мала шала...
    Па за филмови, спорт, омилена книга, како е во неговиот град за живеење, за работа, за одење во странство, за коли, за интересни случки, резили, сеири :))), за Грујо, за бегалциве, за техничката влада, за новиве проекти, за времето:))), за нова година (пред или потоа), за музика, концерти, пијанки, омилени друштвени игри итн итн итн итн...
    Али мислам најдобро е да не се оптеретуваш, природно енка си тече разговорто, ќе си дојде се на свое место кога ќе се видите.
     
    На Lutka®, mami blue и Merlin_Monroe им се допаѓа ова.
  13. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Машки
    за како ќе биде времето до нова год.
     
    На XMaN и kjukli им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.654
    Допаѓања:
    103.969
    Пол:
    Женски
    ^ Јас мислам дека си мала за врскии, немаш почувствувано како е да си слободен да ужива малку. Затоа и се плашиш.
     
    На Merlin_Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    7.758
    Пол:
    Женски
    Ако ти го прави ќејфот лапај го ич не му ја мисли, ама тоа е меч со две острици пази да не вклучиш емоции.А теми за разговор има милион, музика, филмови, работа, факс, дешавки интересни...
     
    На crazylady, Merlin_Monroe, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    74.472
    Пол:
    Женски
    Тој нека му ја мисли за тоа, а не ти...постар е, поискусен и остави нека тече муабетот во таа насока како што тој ќе го води....ти само вклопи се во тоа што ќе го зборува.
    Инаку не се замарај многу, те читам од прееска потресена си цела ко со принцот да излагаш :whew: и дури мене ме фати трема кај што читам...абе опушти се и како ќе биде нека биде, без замарање и нервози.
    Ако треба нешто да се деси, ќе се деси кога и да е :!:
     
    На cresa-jagoda, samovila.red., Oneo и 3 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.654
    Допаѓања:
    103.969
    Пол:
    Женски
    Абе таа се залетала и се свиѓа премногу и сега неможе да се отпушти, целата е стегната и има милион филмови во глава што и како да прави и зошто и вака да биде и онака да биде. Што треба ќе биде.
     
    На Merlin_Monroe и rose60 им се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Многу ми е интересно кога некој ќе рече нејкам врска или пак обратното,јас сум за врска створена и слично.
    Абе чекајте малце другари :D
    Вие уште се запознавате,еднаш се имате видено во живо,а зборите таков муабет.Се океј,имате таков став изградено,ама не се знае како ќе одат работите.
    Може типот ќе се заљуби до уши,па не врска,брак ќе ти нуди (романтична комедија верзија)
    Може нема да ти се свиѓа како се бакнува.
    Може нема да ти се допаѓа нешто од неговото однесување.
    Да не бројам повеќе,почекај малце,,едноставно остај спонтано да тераат работите.Ќе видиш тој дали сака едновечерна забава или му е убаво со тебе и ќе сака нешто повеќе,истото и од тебе.

    А за што да праите муабет,има неицрпни теми.Од филмови,музика и книги,до универзумот и звездите,па до домашни миленици :D
    Инаку јас мислам да не почнуваш тема за политика и религија,според мене тие се некако тешки теми да ги збориш на „дејт“ ,барем не уште сега.
    И да,ако сакаш да го бакнеш,бакни го чоекот,нема казна да платиш :D :D
     
    На cresa-jagoda, jovanovska94, samovila.red. и 21 други им се допаѓа ова.
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    Види девојче настрна тоа што е од друг град ( познавам мн успешни врски на далечина ) момакот кажал дека не е за врска и што ? Сакаш да го убедиш да бидете во врска ? Нема да го убедиш! Дали сакал секс од тебе тоа зависи дали ти ке му дадеш и дали ке потпаднеш под негово влијание ! Или свати го како провод или батали го , а гледам дека си емотивна личност и можеш лесно да се заљубиш , ама со тоа ке бидеш повредена ! Ова ти го кажувам од лично искуство , дечкото не сакаше врска а јас бев заљубена во него до даска , се измував со него не потклекнав на секс и тогаш решив да прекинам секаков контакт со него , и после 2 години ми се појави и ми рече дека сакал да биде во врска серозна со мене WTF: , јас само се изнасмеав и му реков ајде сега СИКТЕР и да не те видам никад , и мило ми е што така постапив
     
    На ku4ence, Viki00, XMaN и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    84.636
    Има девојка или жена...кој сака да се клади...а...:wasntme:
     
    На Мистер_89, cresa-jagoda, ku4ence и 10 други им се допаѓа ова.