епа вака, имам дечко година дена. активни сме уште од самиот почеток. имаме редовен секс, 4-5 пати неделно, и прекрасно е. ми ги има научено сите точки, и знае да ме крене и да ме спушти во секунда. ама имааме еден проблем. мрази кондоми. одвратно нешто му се. го намолив еднаш да пробаме и се откажа, дури се налути. знае да се контролира, никогаш не свршил во мене. ама сепак ме утепува помислата дека можеби некој ден нешто ќе тргне наопаку. на гинеколог ми кажаа дека за мене не е препорачливо да користам контрацепсиски апчиња, а мака ми е веќе секој месец да се тресам затоа што и онака немам редовна менструација поради стресови од сосема други причини.. како да му објаснам дека мора нешто да се направи? пробав многу пати со разговор, ама секогаш се лути и ми вели дека си кратам од своето задоволство исто колку што му кратам и на него.. пс. имам 18 години, прерано ми е да си замислам дете во рака..
не сака да користи заштита... едноставно кје му кажес дека не се замислуваш со дете и дека ако и тој не го сака тоа поарно би било да се заштитите.иначе и ние без кондом имаме и кога кје стави мене ме нервира ама си го знае редот пред да му дојде да сврши кога кје го осети дека иде го ваѓа му се има случено два пати само кога мислел полу пијан дека го ставил во анален отвор да сврши во мене ама ништо не се случи.
не сака да користи заштита... Па прашај го едноставно а што ако нешто се случи , што ако останам бремена? Јас незнам колку има тој години но доволно е ти што не сакаш дете. Разговарајте повторно , нека се стави тој на твоето место па да помисли како е да се тресеш секој месец очекувајки го мензисот. И не сакам да те плашам туку да бидам искрена , и во таа предсемена течност има мал број на сперматозоиди што може еден ден да се случи да забремениш. Немој да мислиш дека пазење е тоа што се тргнува од тебе на време, воопшто не е така
не сака да користи заштита... не е само бременост, а што си СИДА; СИФИЛИС; ГОНОРЕА, и други сексуално преносливи болести и инфекции? за малку ке заборавев и ХЛАМИДИЈА-тешко се лекува дури може и да дојде до стерилност ако не сака презерватив да користи-нема односи да имате не попуштај и не се откажувај за твое добро
не сака да користи заштита... Gabsh, дали вреди да ризикуваш да си го упропастиш животот на само 17 години за да му удоволиш на некој (извини на израз) мочко? Ко тој да е единствен за таа работа, друг нема. Шо мразам такви себични мажи кои по секоја цена си мислат на својот ќеф ко пластична кукла да имаат покрај себе, а не човек. Биди среќна што досега гинекологот ти нема најдено некоја инфекција затоа што ги има и тоа многу по земјава ... верувај не е напумпана информација, од тие инфекции почнав дома да се средувам, страв ми е на козметичар да отидам веќе. Башка имам и роднина гинеколог и тој со истава констатација само ми вика „Кај баш најдов јас ќерка да имам. Нема крај на секирациите. Друго е машко, 100х полесно се справуваме со повеќето инфекции. Требаше тоа да го работам за да видам низ што маки поминува едно женско.“ А на овој речи му „или така, или нема секс“. И готово. Зашто да те стегаат шокови секој месец и така не ти е редовен циклусот (a знам што стрес е тоа особено кога имаш активен интимен живот со некој а се`уште не сакаш дете, дури и кога носиш заштита е стрес тоа доцнење). И немојте да се занимавате со сериозни врски на 17-18 години. Радувајте му се на времето кое никогаш веќе нема да ви се врати назад. Претпоставувам матурантка си. Драга моја, ова ти е најдолгото и најбезгрижното лето кое некогаш ќе го имаш во животот. Опушти се, дружи се, размислувај што факултет ќе запишеш и не им се секирај на вакви недозреани...
Многу себично од негова страна, си му го кратела задоволството, а што е со тебе? Ти цело време да мислиш дали ќе се случи беља или не.. Ти си таа што е под стрес, тој не помислува на тоа? Пробај повторно со разговор, мора да те разбере ако не како сто кажа tessie примени и закана од тој тип, нека се лути колку сака, не е во право. Во овој случај ти си таа што треба да се лути искрено, затоа што ти си таа што може да закачи инфекции и триста чуда, за бременост несакам ни да помислувам, плус стресовите што ги доживуваш секој ден
Staj si spirala i ke si bides raaat celo vreme duri i da svsuva vo tebe nemozes da ostanes trudna ke imate prekrasen seeeeks
Tocno taka jas ostanav taka bremena iako sum mazena no sepak morav da napravam abortus nesakan@!@@ zatoa pazete se mnogu
Мене ме чуди фактот што на форумов постојано читам; во долга врска сме, имам доверба затоа не користиме заштита... Себеси не си верувам, не па на дечко ми. Јас немам другар што не си ја изневерил девојката, исто и другари во брак коишто ги изневеруваат жените. И они упорно тврдат дека ги сакаат, ама дека понекогаш станувало монотоно. Па да ви закачи инфекција некоја гадна, па да се клукате со антибиотици да се чудите што ве снашло. Жени што ги знам 20 и кусур години во брак користат заштита само ради тие инфекции, сексуално преносливи болести. Бебе е најдобрата работа што може да излезе од незаштитен однос. Пазете нешто друго да не закачите.
Преферирам секс со заштита,ем од причина од несакана бременост ем од овие преносливо сексуални болести кои демнеат на секој чекор,знаеме колку лесно се закачува инфекција и што уште не,и немојте слепо да верувате на никој и да бидете 100 % сигурни во неговата верност и дека не е преносител на некоја болест
Ние не користиме заштита. Здрави сме, пазиме, немаме потреба од тоа. Кој не е сигурен, нека си користи, јас немам ништо против никого, па така и вие не треба да осудувате. Секој си има свои правила во својот живот.
И кондомот не обезбедува 100% заштита од бременост. Штом си решила да имаш сексуални односи, мора да бидеш спремна за евентуално бебенце
Девојки не дека ги правдам мажите, но некои навистина и не може да користат кондом. Знам за случај кој човекот (долго време е во врска со една девојка) не може да доживе еракција поради кондомот ( се дигнал, става кондом и му паѓа).
Тоа се гасови.Ништо страшно.Од преголема возбуда ти се појавуваат.Не мора редовно,може само понекогаш да се појавуваат.